Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекува животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години. Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед. -Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. ...

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Србија, Владан Петров и судијките Добросав Миловановиќ и Наташа Плавшиќ. Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателите на двата суда изразија заемно задоволство од средбата и се согласија да работат на унапредување на соработката, особено земајќи ...

Македонија навистина не знае да ги цени своите инвеститори. Формула 1 откажа две трки, во Саудиска Арабија и Бахреин поради војната на Блискиот исток. Тоа е кога не го послушавме Заев дека во Македонија ќе се гради стаза за Формула1 .Големата награда на Муртино сега ќе беше реалност, коментира авторот на „ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Македонија навистина не знае да ги цени своите инвеститори. Формула 1 откажа две трки, во Саудиска ...

Во партиско соопштение на СДСМ, од партијата наведуваат дека нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Како што велат од СДСМ, ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во ...

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, истакна во гостувањето во емисијата “Стадион на Канал 77” заменик претседателот на Владата и министер ...

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) презентираше серија предлози за ублажување на притисокот врз цените на нафтата за потрошувачите, вклучувајќи работа од дома и избегнување на авионски патувања. Предлозите доаѓаат откако агенцијата овој месец се согласи на рекордно ослободување на нафта од стратешките резерви како одговор на последиците од војната меѓу САД и Израел со Иран, објави Ројтерс. Американско-израелската војна со Иран доведе до ...

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо ...

Оваа млада Месечина им носи можност на сите да започнат ново поглавје, но припадниците на три хороскопски знаци ќе имаат чувство како универзумот посебно да им се насмевнува… Клучот е да ја препознаат шансата и да не се двоумат да ја искористат! Младата месечина во астрологијата е симбол на нови почетоци, свежи идеи и можности што доаѓаат ненадејно, но во вистински момент, а следната ќе ја имаме на 19 март. Месечината ќе го започне новиот ...

Најголемите руски мобилни оператори денеска ги известија своите корисници дека мобилниот интернет е привремено во прекин во одредени делови на Москва, наведувајќи ги безбедносните мерки како главна причина за оваа рестрикција. Како што јавуваат новинарите на Ројтерс од руската престолнина, најголемиот мобилен оператор во земјата, МТС, испратил пораки до корисниците во кои се вели: „Со цел да се гарантираат безбедносните мерки во вашиот реон, ...

Папата Лав XIV упати остра порака до медиумите и политичките актери, предупредувајќи дека војната не смее да се прикажува како видеоигра и дека новинарите не смеат да станат алатка на пропаганда. Во обраќање до вработените во италијанската телевизија ТГ2, папата нагласи дека улогата на медиумите е да ја прикажат реалната слика за страдањата што ги носи секој конфликт. „Новинарите треба да ги покажат страдањата што војната секогаш им ги носи ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија остварил средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ. Како што информира вечерва преку својот фејсбук профил, на средбата било разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, за регионалната соработка и европската перспектива. -На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната ...

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично превезуваше повредени во трагичниот пожар во Кочани, беше откриено спомен-обележје како траен знак на благодарност за неговата пожртвуваност. Тој почина по исцрпувачката работа, откако со часови бил на терен помагајќи во спасувањето на повредените. Гоцевски, долгогодишен возач во Итната помош, во кобната ноќ бил меѓу првите што реагирале и непрекинато ги транспортирал ...

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо поделби. Не директно ко напудените Шилегов и Деспотовски, го преупреди раководството дека едноумието не е партиска демократија. Во објава, Макрадули направи ретроспектива на периодот од 2013 година, кога СДСМ беше во опозиција и под силен притисок, потенцирајќи ...

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат. Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и најмалку енергетска ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел. -„Добар ден од Брисел, ве поздравувам од името на ВМРО-ДПМНЕ, два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија“, изјави ...

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти, објави денеска Државнот завод за статистика. Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 ...

„Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го избира Ацо Ристов на чело на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите. Кој е Ацо Ристов? Поранешен градоначалник на ВМРО во Радовиш. Сопруг на судијката Данка Ристова која претходно беше избрана за членка на Судскиот совет. ...

И покрај фактот дека се приближуваме кон календарската пролет, снегот денеска покри голем дел од Хрватска. Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, снег има кај метеостаниците Завижан и Парг-Чабар, а камерите на Хрватските автопатишта покажуваат бројни коловози покриени со снег. Поради снегот и дождот, патиштата се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата, а Хрватски автопатишта предупредуваат на зимски услови во Лика и ...

Германија е особено силно погодена од зголемувањето на цените на бензинот во споредба со остатокот од ЕУ. Работна група формирана од германската влада се обидува да го спречи ова, но исто така да ги разоткрие она што го нарекува манипулации од страна на нафтените компании. Ескалацијата на конфликтот во Иран ги зголеми цените на горивата низ цела Европа, но во Германија тие се зголемија многу повеќе отколку на други места – бензинот се зголеми ...

Исплатата на субвенциите повторно го отвори најболното прашање во македонскиот аграр: дали државата навистина има систем за поддршка на земјоделците, или само периодично гаси пожари со задоцнети уплати. Иако во изминатиот месец биле исплатени околу 30 милиони евра, земјоделските здруженија тврдат дека на терен и натаму останува значителен долг, кој според нивните пресметки се движи околу 70 милиони евра. Најгласни во предупредувањата се ...

Нема да успеат обидите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова денеска на прес-конференција го порача портпаролката на опозициската партија, Богданка Кузеска, додавајќи дека СДСМ останува обединета со нова сила и нова енергија, а единствена во борбата против криминалната власт на премиерот Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, обидите за рушење на СДСМ доаѓаат откако е разоткриена ...

Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Изборот на Савески го поддржаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на ...

Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. И оваа година како лани, не поминаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија (ЛДП), со кои покрај забраната за движење, сторителот на насилство ќе биде обврзан да носи електронска нараквица за следење и предупредување на жртвата. ...

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ. „Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да ...

Вицепремиерот Александар Николоски на денешната седница за избор на нов Јавен обвинител потсети дека сегашната заменичка генерален секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, имала план преку судски одлуки да го забрани дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и да ја прогласи партијата за терористичка организација. „Оваа што е генерален секретар на НАТО целта ѝ беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“, ...

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа ...

Црногорец е упапсен во САД. Фатен е дека работи за чеченскиот лидер Кадиров. Групата таргетирала познати дисиденти од Чеченија, пишува „Ало,.рс“. „Имам луѓе кои би платиле многу пари за да се уапси ова лице и други како него и да им се предадат. Досега имам три или повеќе лица кои се бараат за апсење… Добиваме по 1,5 милиони американски долари за секое лице. Ни треба соработник кој нема да бара многу, но ќе ни ги даде тие информации, а ...

– Напаѓачот на ПСЖ, Квича Кварацхелија, одговори на постигнувањето на три гола против Челзи во двомечот од осминафиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26. Дваесет и петгодишниот Грузиец постигна два гола во првиот натпревар против лондонскиот тим (5:2) на 11 март и додаде еден гол во реваншот (3:0) на 17 март. – Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично. Мора да продолжиме во овој дух и да работиме напорно. Секој ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.69
61%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
90%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
89%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.62
65%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
53%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
52%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.58
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68