Пари во плик или подарок, се најчестите форми на корупција во здравството покажува истражувањето на организацијата ЕССЕ. Дел од испитаниците во анкетата кажале дека сами се понудиле. Во други случаи им било побарано поткуп. „Здравствената заштита се сведува на трансакција во која тие што имаат пари ќе платат и ќе добијат, а оние што немаат ќе останат без навремена здраствена заштита што ја продлабочува нееднаквоста во пристапот до ...

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1. Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута. На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, ...

Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за 30 отсто на тригодишен максимум откако Иран почна напади врз клучната енергетска инфраструктура низ Блискиот Исток. Цената на суровата нафта во 9:30 часот порасна на 97,189 долари за барел, а цената на нафтата „Брент“ за 6,45 отсто на 114,187 долари. Европските фјучерси на гас за април на отворањето на амстердамската берза ТТФ се ...

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собранието, а министерот за здравство Азир Алиу очекува постапката да заврши за еден до најмногу еден и пол месец. Законот првично беше најавен да почне да се применува од 1 март, но беше одложен по реакциите и забелешките од угостителите и тутунската индустрија. Една од главните новини што сега се најавуваат е обврската влезот во ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари, пресмета Сојузот на синдикати. Споредена со вредноста на кошницата за февруари која изнесува 67.382 денари, тоа е зголемување за 436 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, мартовската кошница се зголемува на 83.193 денари. „Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“, велат од ...

Царинската управа започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година ипол, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до ...

Нецел месец по основањето во 2022 година, компанијата „АР Груп“ склучила преддоговор со „МКМ Експрес“ за купување на деловен простор од 637 квадратни метри, плус гаражни места, за вкупна цена од 1.451.393 евра. Меѓутоа, купувачот воопшто не го уплатил авансот, по што двете страни склучуваат анекс со нова динамика на плаќање, која повторно не ја почитува купувачот. Набргу потоа, тие склучуваат и втор анекс, по што „АР Груп“ врши две уплати од ...

Владата утре на вонредна седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата. -Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, велат од Владата. Со ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јасно порача дека ќе го заштити единството на партијата и нема да дозволи ВМРО да ја руши од внатре. „Суштината на оваа партија е да се постигне консензус, да се изгради консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година ипол време. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините. Тој упати апел власта да ги прифати законските решенија со цел, како што рече, да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да се намалат цените на горивата и на храната. Според него, треба да се свикаат итни ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кадар именуван на оваа функција во јуни 2024 година. Одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар околу ова апсење, членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, потенцираше дека законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на партиската припадност. „Ова е определбата на ...

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС. Станува збор за човек кој работи во српската ПР ...

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на денешната прес-конференција од седиштето на партијата упати потсетување до новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за јавно објавените скандали и индиции од нивна страна, за криминал и за бизнис шемите на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката. „Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, ...

Војната на Блискиот исток и неизвесноста кога таа ќе заврши, ги принуди голем дел од бизнисмените своите фирми да ги префрлаат во Сингапур. Неколку влијателни медиуми и светски експерти пишуваат дека Сингапур станува новото Дубаи и дека голем број на банки, компании и инвестициски фондови го селат својот капитал во Сингапур. Бизнисмени од Македонија и од регионот имаат сериозни бизниси во Дубаи па и тие веројатно размислуваат своите ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заемот од 90 милијарди евра (103 милијарди долари) за Киев и за новите санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките на руска нафта преку Украина. – Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука која е во корист на Украина – изјави Орбан при пристигнувањето на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел. – Унгарската ...

Брод е погоден од неидентификуван проектил рано утрово во Оманскиот Залив, источно од Обединетите Арапски Емирати, во близина на Ормускиот теснец. Инцидентот, кој се случил 11 наутички милји источно од Хор Факан, предизвикал пожар на бродот, според Центарот за Британска поморска трговија UKMTO WARNING 024-26 Click here to read the full Warning⤵️https://t.co/8cnsC5gjR0#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/DrUjTAtIsz — UKMTO Operations ...

Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток. Полицијата го објави соопштението на социјалната мрежа „Икс“ откако земјите од Заливот ги зајакнаа контролите на местата поврзани со иранските напади. Приведените се од различни националности, наведува полицијата. Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за ...

Соединетите Американски Држави може да испратат маринци за да ги заземат иранските острови за да го отворат Ормутскиот теснец, објавуваат американските медиуми. САД веќе ја испратија 31-та морска експедициска сила, која брои до 2.500 војници, на Блискиот Исток. Островите во Ормутскиот теснец и Персискиот Залив, вклучувајќи го и клучниот остров Харг низ кој минува до 90% од суровата нафта на Иран, се идентификувани како потенцијални цели за ...

Претставници на Пентагон вршат детални подготовки за евентуално распоредување американски копнени сили во Иран, изјавија за Си-Би-Ес извори запознати со дискусиите. Високи воени команданти поднесоа конкретни барања насочени кон подготовки за таа опција, додека претседателот Трамп разгледува чекори во конфликтот предводен од САД и Израел против Иран, велат изворите. Претседателот Трамп разгледува опции за распоредување копнени сили во ...

Германија од мај минатата година од своите граници вратила околу 30 илјади лица. Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета дека е потребно и натаму остане практиката за проверки на патниците на границите, бидејќи се уште е голем бројот луѓе на кои не им е одобрен влез во Германија. Полициските синдикати пак бараат олеснување на мерките. Министерот Добринт застана во одбрана на воведената мерка за засилени гранични проверки, што ...

мериканскиот претседател Доналд Трамп оцени дека актуелниот конфликт со Иран претставувал „голем тест“ за НАТО, тврдејќи дека на овој начин се потврдиле неговите долгогодишни критики за нерамномерното учество на сојузниците. Во интервју за „МС НОУ“, Трамп изјави дека не е задоволен од одбивањето на европските земји да се вклучат во обезбедување на поморските рути во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека САД со години носеле најголем товар во ...

Неколку дена по посетата на претседателот Александар Вучиќ, насмевката на осумгодишниот Андрија Кнежевиќ од Бајина Башта не му се одлепува од лицето. Момче кое се бори со ретката и тешка болест Мојамоја (ММБ) носи радост која, како што велат неговото семејство, доаѓала од срцето, од луѓето, од верата и од остварување на сонот. На Андрија му е дијагностицирана болеста во 2025 година, додека првите симптоми започнале кон крајот на 2024 година. ...

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека „апсолутно нема причина за загриженост“ за посетите на Грција поради кризата на Блискиот Исток и изрази надеж дека до клучната летна туристичка сезона, прекините на летовите на долги релации преку Персискиот Залив ќе бидат завршени. Во интервју за весникот на грчката заедница во Австралија, Неос Космос, Мицотакис нагласи дека Грција е безбедна земја за туристите, од чие присуство економијата во голема ...

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност. Пред една недела, Србија веќе ги намали акцизите за нафтените производи за 20 проценти, што, според Вучиќ, ја чинело државата 35 милиони евра месечно. Тој откри дека земјата лани собрала околу ...

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава. Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија ...

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландски. Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на ...

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите кажа дека неговата работа ќе биде согласно Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Савески се заблагодари за поддршката и коректните ставови во однос на неговата професионални аспекти. Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене ...

Петмина кандидати влегуваат во трката за едно слободно место во Државната комисија за спречување на корупцијата, откако досегашната членка Цвета Ристовска поднесе оставка поради предмети поврзани со судир на интереси. Интервјуата со кандидатите се закажани за утре во Собранието, а изборот ќе се врши преку процес што вклучува претставници од невладиниот сектор и народниот правобранител. За позицијата конкурираат Борче Стојановски, Милка ...

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против Фехми Стафа, осомничен за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Според обвинението, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра со намера да посредува и да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија во Апелационен суд Скопје, со цел да се донесе одлука што не би ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.69
61%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
90%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
89%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.62
65%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
53%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
52%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.58
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15