Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кошаркарите на Црвена Звезда Меридијанбет стигнаа до својата 12-та победа во Евролигата (12-10), откако со фуриозен финиш го совладаа Милано на гостински терен со 96-104. Иако италијанскиот тим имаше контрола над резултатот во поголемиот дел од мечот, „црвено-белите“ одиграа перфектни 10 минути кои ретко се гледаат на ова ниво. Чудесна последна четвртина: 14-34! Милано замина на полувреме со солидна предност од плус 11 (55-44) и го чуваше ...
22-то коло во Евролигата донесе неверојатни возбудувања низ цела Европа. Додека некои фаворити ја оправдаа улогата, други потклекнаа пред домашната публика, а видовме и крај на некои неверојатни негативни низи. Милано – Црвена Звезда 96:104 Српскиот тим приреди неверојатен пресврт во градот на модата. По негативата од 11 поени на полувреме, „црвено-белите“ ја добија последната четвртина со неверојатни 34-14 за голем триумф. Прочитајте го ...
По денови на хаос, конфузија и ПР-акробации, се чини дека сагата со Роџерс Мато се ближи кон својот крај. Според најновите информации кои доаѓаат од Шкотска, премиерлигашот Хартс започнал нова рунда преговори со Вардар за да го ангажира репрезентативецот на Уганда уште во овој преоден рок. Иако првичните најави за „милионски трансфери“ во САД се покажаа како неточни, Вардар сепак ќе добие одредено обештетување. Но, прашањето е, по која цена ...
Додека Македонија се подготвува за утрешниот дуел против светскиот првак, во јавноста излезе новиот документарен филм „Founding Fathers“ (Основачи), кој ја открива ДНК-та на данската ракометна машина. Филмот е емотивно патување низ еволуцијата на овој спорт во Данска, раскажано од оние кои го изградија патот до врвот. Легендите и новите ѕвезди на иста маса Документарецот ги спојува иконите како Ларс Кристијансен, Каспер Хвидт и Ласе Сван со ...
Фудбалот понекогаш е многу повеќе од игра, а вечерва во Сантандер, пред почетокот на осминафиналето во Копа дел Реј, видовме момент кој долго ќе се прераскажува. Фудбалерите на Расинг Сантандер му оддадоа почит на новиот шампион на Суперкупот на Шпанија, Барселона, формирајќи почесен шпалир (Pasillo) при нивното излегување на теренот. Зборот на Хосе Лопез вреди злато Тренерот на Расинг, Хосе Лопез, уште пред два дена најави дека неговиот тим ...
Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, е на добар пат да се врати на терените многу побрзо од очекуваното. Иако првичните прогнози за неговата повреда на коленото беа песимистички, Србинот уште еднаш покажа дека е скроен „од друг материјал“. Враќање на теренот до крајот на јануари? Како што пренесува инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, Јокиќ веќе започнал со тренинзи со топка и индивидуални вежби на теренот. Иако се предвидуваше ...
Македонскиот репрезентативен плејмејкер, Ненад Димитријевиќ, уште еднаш покажа дека е играч за големи натпревари. Во 22. коло од Евролигата, неговиот Баерн Минхен го совлада грчкиот гигант Панатинаикос со резултат 85-78 (25-24, 15-19, 18-21, 27-14), предводен од маестралната игра на нашиот кошаркар во клучните моменти. Ова беше трета победа по ред за Баварците на домашен терен во „САП Гарден“, а посебна тежина има бидејќи доаѓа против тимот ...
Шпанија потешко од очекуваното стигна до првите бодови на Европското првенство 2026. Во премиерниот меч од групата А во Хернинг, „Црвената фурија“ славеше над Србија со 29-27, но натпреварот покажа дека нашиот северен сосед под палката на Раул Гонзалес ќе биде „тврд орев“ за секого. Иако Шпанците водеа во текот на целиот натпревар, Србија во ниту еден момент не помисли да се откаже. Уште во овој прв натпревар можеше да се увиди ракописот на ...
Фудбалскиот свет во Франција е во шок по трагичната вест која пристигна од Корзика. Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб АЦ Ајачио (AC Ajaccio), Алан Орсони (71), беше убиен на 12 јануари за време на погребот на неговата мајка. Инцидентот се случил во селото Веро, на околу 30 километри од Ајачио. Според информациите од локалните обвинители, Орсони бил погоден од снајперски истрел додека присуствувал на последното испраќање на својата ...
Кавалирс – Сиксерс 133:107 Донован Мичел одигра партија од највисок калибар и го предводеше Кливленд до убедлива победа во Филаделфија. Со 35 поени, 9 асистенции и целосна контрола на темпото, Мичел беше нерешлива енигма за одбраната на Сиксерс. Победата, сепак, беше засенета од повредата на Дариус Гарланд, кој го напушти теренот во третата четвртина по незгоден пад. И покрај отсуството на Гарланд во финишот, Кавалирс немаа проблем да го ...
Натпреварот меѓу Келн и Баерн Минхен во Бундеслигата донесе сцени какви што ретко се гледаат дури и на германските стадиони. Иако на теренот видовме пресврт и нов историски рекорд на Баварците, главната тема по натпреварот е неверојатното пиротехничко шоу на домашните навивачи кое предизвика деветминутен прекин. 🤩🇩🇪 FC Köln at home to Bayern Munich tonight! pic.twitter.com/BEzPOQchZH — 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 ...
Актуелниот европски владетел, Франција, ја започна одбраната на титулата на ЕП 2026 со стил. Во Осло, „Триколорите“ ѝ одржаа лекција по ракомет на Чешка, славејќи со убедливи 42-28. Ова беше демонстрација на сила. Французите постигнаа 42 гола, со што го срушија сопствениот рекорд за најмногу постигнати голови на еден натпревар на Европските првенства (претходниот беше 41 гол во финалето против Данска во 2014 година). „Чистење“ уште на стартот ...
Германскиот голман со контроверзна изјава ги навреди соседите пред големото дерби, но Австријците не му останаа должни: „Долеа масло на огнот, сега ќе види кој е кој!“ Пред натпреварот меѓу Германија и Австрија на Европското првенство во ракомет, кој се игра во четврток (20:30 ч.), атмосферата е зовриена до точка на прекипување. Главната провокација пристигна од легендарниот германски голман Андреас Волф, кој упати тешки зборови за стилот на ...
Ракометната еуфорија повторно ја зафаќа Македонија! Нашите ракометари ги финализираат последните подготовки пред стартот на Европското првенство, а Ракометната федерација на Македонија преку видео ги сподели моментите од последното „гланцање“ на формата. Избраниците на Кирил Лазаров влегуваат со голема мотивираност и нова енергија, подготвени да се соочат со европскиот крем. Пред нас е исклучително тешка група, но македонските ракометари ...
Иако поминаа неколку години откако официјално се повлече од професионалниот тенис, Роџер Федерер докажува дека неговата врска со белиот спорт е нераскинлива. Швајцарскиот маестро пристигна во Мелбурн на Австралија Опен 2026, каде веднаш стана главна атракција. Специјален настан во сабота Федерер не е во Мелбурн само како гостин во ложата. Тој е дел од неколку промотивни настани, но она што најмногу ги возбуди навивачите е најавата дека Роџер ...
Додека вчера некои медиуми ги пренесоа шпекулациите дека Новак Ѓоковиќ го напуштил тренингот по само 12 минути поради болки во вратот, таквите гласини се далеку од вистинската слика на теренот. Буквално. Денес 10 кратниот шампион на Австралија Опен лесно го победи Францес Тифо со 6-3, 6-4 во сетови на експо натпреварот во Род Лејвер Арената, како подготовка за главниот турнир. Интересен момент се случи на мечот кога од трибините некој извика ...
Тренерот на голманите на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, легендарниот Марио Келентриќ, во опширно интервју за хрватскиот медиум Net.hr говореше за својата нова животна епизода во Скопје. Хрватскиот стратег, кој веќе стана миленик на навивачите поради својата посветеност, ги сподели своите впечатоци за квалитетот на македонскиот ракомет, работата со „црвено-црните“ и очекувањата од претстојните предизвици. „Лигата никогаш не ...
Тензијата на меч-поинт во Грен слем финале е тешко да се опише, но синоќешниот „AO 1 Point Slam“ на Род Лејвер Арената донесе нешто досега невидено. Џордан Смит, аматер од тенискиот клуб „Касл Хил“, го направи невозможното – го елиминираше Јаник Синер и стигна до главната награда од 1 милион долари. Формат кој ги „скрши“ професионалците „1 Point Slam“ е специфичен нокаут-турнир каде секој меч се решава со само еден единствен поен. Овој формат ...
Новиот стратег на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се соочи со „оган“ од критики по неговиот прв натпревар на клупата, во кој второлигашот Албасете ги исфрли „кралевите“ од Купот на Шпанија. Иако неговото назначување пред само два дена предизвика скептицизам, овој пораз само ги засили сомнежите кај навивачите. „Јас ги носев одлуките, јас сум одговорен“ Арбелоа по натпреварот не бараше изговори за тоа што во Мадрид ги остави Мбапе, Белингам, ...
Домаќинот Мароко преживеа вистински трилер во Рабат, совладувајќи ја Нигерија со 4-2 на пенали (по 0-0 во регуларниот дел и продолженијата), за да обезбеди пласман во финалето на Африканскиот куп на нации (АФКОН) 2025. „Атласките лавови“ ќе се борат за својата прва титула по далечната 1976 година, откако последен пат играа финале во 2004 година. Боно како „ѕид“, Ен-Несири за делириум Човек на одлука беше голманот на Мароко, Јасин Боно, кој ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши својот настап во квалификациите за Австралија Опен по вистинска драма во три сета. Во второто квалификациско коло, Лина по голема борба која траеше повеќе од два часа, беше совладана од Словенката Тамара Зиданшек со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 7-5). Сјаен старт и надеж за трето коло Ѓорческа влезе во мечот максимално фокусирана и со агресивна игра успеа да го диктира темпото во првиот ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја започна 2026 година. Во шестиот круг од АБА 2 лигата, „сино-белите“ паднаа на домашен терен пред екипата на Војводина од Нови Сад со резултат 73-78 (18-16, 11-29, 28-18, 16-15). Натпреварот беше вистинска „ролеркостер“ драма. МЗТ беше во „нокдаун“ по катастрофалната втора четвртина која ја загуби со 18 поени разлика, заминувајќи на полувреме со негатива од 29-45. Херојскиот ...
Африка ќе добие спектакуларно финале! Домаќинот Мароко и бранителот на тронот Сенегал ќе се борат за златото на АФКОН 2025, откако преживеаја драматична полуфинална вечер. „Атлас Лавовите“ го скршија проклетството и по цели 22 години (од 2004) повторно се во финале, откако на пенали ја елиминираа силната Нигерија со 4-2 (0-0 по 120 минути). Во другиот меч, Садио Мане беше човекот на одлука за Сенегал против Египет. Јасин Боно – Херојот на ...
Садио Мане уште еднаш се покажа како „кобниот“ човек за Мохамед Салах и неговите соништа за континентална титула. Во реприза на финалето од 2021 година, Сенегал славеше над Египет со минимални 1-0 во Тангер, со што „Лавовите од Теранга“ ќе имаат шанса да ја бранат круната во големото финале против домаќинот Мароко. Еден потег на мајсторот го реши патникот во финалето Натпреварот беше типично тврд и тактички надмудруван, каде Сенегал ја имаше ...
Она што требаше да биде „бомбастична вест“ за милионски трансфер, за помалку од неколку часа се претвори во меѓународен срам и ПР катастрофа за најтрофејниот македонски клуб. Додека ФК Вардар официјално слави прифаќање на понуда од Спортинг Канзас Сити (САД), реалноста која доаѓа од Шкотска и Америка е сурово поразлична. Хартс тврди дека има потпис, а Канзас тврди дека се повлекле. Во средината на овој хаос стои еден клуб кој објавува ...
Олимпијакос продолжува со својата застрашувачка форма во Евролигата, откако вечерва среде Белград го понижи тимот на Партизан со неверојатни 66-104. „Црвено-белите“ од Пиреја доминираа од почеток до крај во салата „Александар Николиќ“, нанесувајќи му на српскиот тим еден од најтешките домашни порази во историјата. Блицкриг во втората четвртина Иако првиот период навестуваше егал борба, Олимпијакос ги скрши домаќините со серија од 12-0 на ...
Само 48 часа по ненадејната смена на Чаби Алонсо, Реал Мадрид доживеа еден од најголемите срамни порази во поновата историја. Во дебито на Алваро Арбелоа како нов шеф на стручниот штаб, „кралевите“ беа елиминирани во осминафиналето на Копа дел Реј од второлигашот Албасете со 3-2. Одлуката да се одморат ѕвездите се удри од глава Арбелоа реши во Мадрид да ги остави најголемите ѕвезди – Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Родриго, потценувајќи го ...
Денешната програма во италијанскиот шампионат донесе две сосема различни приказни за фаворитите. Додека Кристијан Киву со Интер најде начин да ги освои трите бода, Наполи на својот „Диего Армандо Марадона“ не успеа да ја пробие одбраната на Парма. Интер 1-0 Лече: Пио Еспозито е херојот на Киву Интер стигна до трите бода на „Џузепе Меаца“ во натпревар кој нема да се памети по убавина, но ќе се памети по дебитантскиот гол на младиот Франческо ...
Арсенал носи предност од еден гол (2-3) по првиот полуфинален меч од Карабао купот, но Челси останува „жив“ благодарение на фантастичниот Алехандро Гарначо. Натпреварот го одбележаа неверојатните киксови на голманот Роберт Санчез, но и борбеноста на тимот на Лијам Росениор кој одби да се предаде. Санчез му „подари“ предност на Арсенал Трагичар на вечерта беше голманот на „сините“, Роберт Санчез. Уште во 7-та минута, тој лошо го процени ...
Ѕвездата на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, нема да оди на операција на левата рака и се очекува да се врати на терените за околу шест недели, соопштија официјално од клубот. Со ова се стави крај на неизвесноста која траеше неколку дена, откако американските медиуми почнаа да шпекулираат дека сезоната за него е завршена. Брутален одговор на социјалните мрежи Пред официјалното соопштение на тимот, самиот Дејвис реши да ги земе работите во свои ...