Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Комплетна анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација се одјави од Винтертур со две победи и едно реми, но пред сè, со јасна слика за сопствените можности и слабости. Турнирот беше вистинско „чистилиште” за избраниците на Кирил Лазаров. Видовме моменти на тотален системски колапс, но и моменти на неверојатна ментална цврстина и голманска брилијантност. Против Бахреин: „Победа со капитенски блесок” Првиот тест против ...
Македонската тениска гордост, Лина Ѓорческа, го дозна патот до главниот ждреб на првиот Гренд Слем турнир во сезоната, Австралија Опен. Ждрепката во Мелбурн сакаше нашата најдобра тенисерка веднаш на стартот да се соочи со еден од најтешките можни предизвици во квалификациите. Прва пречка: Австријката Сиња Краус Ѓорческа (моментално 209-та на ВТА листата) во првото квалификациско коло ќе ги одмери силите со 4-тата носителка во квалификациите, ...
Изминатата ноќ во НБА лигата донесе неверојатни резултати, огромни бодовни разлики и индивидуални мајстории кои долго ќе се прераскажуваат. Вембањама пресилен за „келтите“ во Бостон (95:100) Виктор Вембањама уште еднаш докажа зошто е најголемиот феномен во кошарката. Иако имаше бавен старт, младиот Французин постигна 16 од своите 21 поен во второто полувреме, вклучувајќи го и клучниот „фејдавеј“ шут на 19 секунди пред крајот за победа на Сан ...
Арина Сабаленка потврди дека е апсолутен владетел на тениските терени во Австралија. Светската тенисерка број еден ја одбрани титулата на турнирот во Бризбејн, совладувајќи ја Украинката Марта Костјук во финалето со убедливи 6:4, 6:3 за само 79 минути игра. Ова е трета титула за Белорусинката во Бризбејн (по 2023 и 2025 година) и нејзина 22-ра во кариерата, што претставува совршена најава за претстојниот Австралија Опен. Демонстрација на сила ...
Барселона продолжува да доминира со шпанскиот фудбал под водство на Ханси Флик. Во реприза на минатогодишното финале во Саудиска Арабија, Каталонците славеа со 3-2 против Реал Мадрид, освојувајќи го својот 16-ти пехар во ова натпреварување. 𝗟𝗮𝗱𝗶𝗲𝘀 𝗮𝗻𝗱 𝗴𝗲𝗻𝘁𝗹𝗲𝗺𝗲𝗻, 𝘆𝗼𝘂𝗿 𝗦𝘂𝗽𝗲𝗿 𝗖𝘂𝗽 𝗰𝗵𝗮𝗺𝗽𝗶𝗼𝗻𝘀. pic.twitter.com/qsVZ4QBeZI — FC Barcelona (@FCBarcelona) January 11, 2026 Лудило во судиското продолжение на првиот ...
Ако некој се прашуваше дали паузата во Бундеслигата ќе го забави ритамот на Баерн Минхен, денешниот натпревар даде брутален одговор. Баварската машина не само што не забави, туку го прегази Волфсбург со историски 8-1. Во сенка на овој резултат, но со подеднакво импресивна доминација, Борусија Менхенгладбах го реши Аугсбург со 4-0, најавувајќи подобра 2026 година. Ова е преглед на денот во кој видовме дури 12 гола на два натпревари. Алијанц ...
Анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со две дијаметрално спротивни лица во последниот натпревар на „Жолтиот Куп” во Швајцарија. Од комплетен „распад систем” и безидејност во првите 30 минути, до фанатична борбеност и одговор на судиските неправди во второто полувреме, нашите ракометари успеаја да извлечат реми (29:29) со гол во последните секунди од натпреварот. ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Апатија во одбраната ...
Лудилото во Саудиска Арабија нема крај, а Рафиња игра натпревар на кариерата! Во момент кога тензијата на теренот зовре и жолтите картони летаа на сите страни (Валверде, Ерик Гарсија, Асенсио), Бразилецот повторно ја презеде одговорноста. Во 73-тата минута, Рафиња се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот. Топката го закачи дефанзивецот Раул Асенсио, го промени правецот доволно за да го фати Тибо Куртоа на „крива нога“ и заврши во мрежата ...
Во светот на SportStation.mk, ние имаме „нулта толеранција“ за мешање на политиката во спортот, користење на државни ресурси за евтин популизам или незаслужени привилегии. Меѓутоа, понекогаш животот пишува приказни каде што гестот е поважен од бирократијата. Ова е една таква приказна, за човекот кој не мрдна ниту мускул 90 минути, а сега ќе се движи со стил. Од трибина во луксузен теренец Мишел Кука Мболадинга, навивачот на ДР Конго кој стана ...
Зимскиот сон за ФК Работнички заврши, но будењето во Градскиот парк донесе сурова реалност наместо свежа енергија. „Романтичарите“ денеска и официјално ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната, но наместо нови лица, во соблекувалната ечи тишината на испразнетите шкафчиња. Новиот стратег Муарем Муарем, кој ја презеде „жешката клупа“ на 25-ти декември, ја изврши првата прозивка во можеби најделикатниот момент од поновата историја ...
Само пред три дена, Габриел Мартинели беше распнат од англиската јавност. По обидот насила да го изнесе повредениот Конор Бредли од теренот на дербито со Ливерпул, многумина го нарекоа „идиот“ и „неспортски играч“. Но, во фудбалот, најдобриот одговор секогаш се дава на теренот. Бразилецот денеска го постигна својот прв хет-трик во дресот на Арсенал, предводејќи ги „топџиите“ до пресврт и победа над Портсмут во ФА Купот. Артета: Тоа е ...
Кризата во Манчестер Јунајтед го допре дното. По срамната елиминација од Гримсби во Лига купот, тимот кој моментално е без постојан тренер, синоќа испадна и од ФА Купот по поразот од Брајтон со 1-2. Ова е првпат од сезоната 1981/82 Јунајтед да ги заврши настапите во двата домашни купа уште во нивната почетна фаза. Иронијата да биде поголема, пресудниот удар го зададе поранешното „дете“ на клубот, Дани Велбек, кој постигна прекрасен гол пред ...
Големото дерби на италијанскиот фудбал помеѓу Интер и Наполи на култниот „Џузепе Меаца“ целосно ги оправдува очекувањата, а во главна улога е македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас. Натпреварот започна пеколно за Наполитанците, но токму Елмас беше архитектот на враќањето во игра. Резултатот е е 1-1. Интер удри прв преку Димарко „Нераѕурите“ на отворија средбата фуриозно. Уште во 9-тата минута, по една брза акција, Федерико Димарко се најде на ...
Фудбалот е сурова игра, особено кога играте против Реал Мадрид. Барселона доминираше во финишот на првото полувреме, Тибо Куртоа правеше чуда на голот бранејќи ги ударите на Ламин Јамал и Фермин Лопез, но на пауза се заминува со егал (1-1). Токму кога се чинеше дека Каталонците ќе одат на одмор со заслужена предност, „Кралевите“ изведоа смртоносна контра во втората минута од судиското надополнување (45’+2). Младиот Гонзало Гарсија одлично го ...
Ако мислевте дека голот на Винисиус во 45+2. минута беше врвот на возбудата, тогаш првото полувреме од Суперкуп финалето во Џеда штотуку ве демантираше. Ова веќе не е само фудбалски натпревар, ова е боксерска пресметка со спуштен гард! На полувреме резултатот е неверојатни 2-2, а она што се случуваше во последните 180 секунди ќе се раскажува долго. Левандовски за кратка радост на Барса Само две минути откако Реал израмни, Барселона одби да ...
Додека Арсенал се погрижи секоја надеж за изненадување да трае само пет минути, „Чеканите“ на Нуно Еспирито Санто мораа да играат 120 минути руски рулет за да го избегнат срамот во Лондонското дерби. Ова е прегледот на попладневната програма од 3. коло на најстарото фудбалско натпреварување во светот. Арсенал: Хет-трик на Мартинели и историја за Марли Салмон Микел Артета направи дури 10 измени во стартниот состав, но тоа не го спречи Арсенал ...
Финалето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија донесе вистинска драма уште во првото полувреме. Додека живата во термометарот во Џеда покажува пеколни температури, на теренот „гори“ меѓу вечните ривали. Само неколку моменти откако пропушти колосална шанса по магичното додавање на Ламин Јамал, Рафиња покажа менталитет на победник. Бразилецот не дозволи промашувањето да го демотивира. Во 36-тата минута, по една молскавично брза контра, ...
Милан продолжува да „кашла“ во трката за Скудетото. Во натпревар кој мораа да го добијат за да останат во чекор со Интер, „Росонерите“ едвај стигнаа до бод на гостувањето кај Фиорентина (1:1), и тоа благодарение на голот на резервистот Кристофер Нкунку во 90-тата минута. Ова е второ последователно реми за тимот на Масимилијано Алегри, кој сега заостанува два бода зад лидерот Интер, но „Нераѕурите“ имаат натпревар помалку (дербито со Наполи ...
Светот на алпското скијање беше сведок на недела за паметење во која двајца олимписки шампиони ја потврдија својата доминација на две од најкултните патеки во Светскиот куп. Додека Марко Одермат стана бесмртен во Аделбоден, Клемен Ноел ја пронајде вистинската форма пред Олимпијадата на ноќниот спектакл во Мадона ди Кампиљо. Аделбоден: Одермат го надмина Стенмарк, емотивно враќање на Братен Швајцарската машина Марко Одермат испиша нови ...
Лече ја прокоцка предноста и дозволи Парма да си замине со цел плен од „Виа дел Маре“, а главни виновници за поразот се непромислените потези и црвените картони на домашните фудбалери. Она што започна како совршено попладне за Лече, се претвори во вистински кошмар. Домаќините водеа повеќе од еден час, но на крајот беа поразени од Парма со 1-2, останувајќи без бодови и без двајца клучни играчи за следните предизвици. Шок старт и солзи за Банда ...
Ливерпул официјално потврди дека младиот десен бек, Конор Бредли, заработил сериозна повреда на коленото за време на дербито против Арсенал во четвртокот. Повредата е од тешка природа, па Бредли ќе мора да биде подложен на операција во следните денови, по што следува долга рехабилитација. Клубот не постави временска рамка за неговото враќање, но јасно е дека Слот губи важна алка во тимот за подолг период. И покрај оваа лоша вест, тренерот на ...
Додека фудбалскиот свет го чека првото „Ел Класико“ за 2026 година во жешката Саудиска Арабија, температурата во ложите е под точката на замрзнување. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на само неколку часа пред финалето на шпанскиот Суперкуп, отворено призна дека институционалните врски со вечниот ривал Реал Мадрид се целосно прекинати. Оваа изјава долева масло на огнот во и онака тензичната сезона меѓу двата гиганти, одбележана со ...
Македонската ракометна репрезентација со одличен учинок се збогува од Швајцарија, завршувајќи го традиционалниот „Жолт куп“ без ниту еден пораз. По двете победи над Бахреин и Украина, избраниците на Кирил Лазаров денеска ремизираа со домаќинот Швајцарија, но вистинската потврда за добрата форма стигна на церемонијата по мечот. Нашиот капитен, Филип Кузмановски, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот! Бекот на битолски Еурофарм ...
Годините се само бројка за Линдзи Вон. Американската суперѕвезда, иако има 41 година, докажа дека сè уште е најбрзата жена на скии. Вон триумфираше на скратениот спуст во австрискиот центар Заухензе, стигнувајќи до својата неверојатна 84-та победа во Светскиот куп. Ова е втора победа за Вон откако се врати од пензија, и четврти подиум на четири спуст трки оваа сезона. Со ова, таа се зацементира како главен фаворит за златото на Олимписките ...
Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) отсекогаш била строга, но приказната на еден корисник на Reddit не враќа во далечната 1950 година, кога работите се решавале малку поинаку. Неговиот дедо, играч на аматерскиот клуб Грејс Атлетик, бил дел од скандалот со таканаречените „пари во копачки“ (boot money). Во тоа време, на аматерите им било забрането да примаат плата, но клубовите биле снаодливи, играчите по натпреварот наоѓале плико со пари во ...
Кога снегот ќе го завее теренот, а натпреварот „виси на конец“, што правите? Ако сте Жерар Пике, сопственик на ФК Андора, ја земате работата во свои раце! Поранешниот ас на Барселона ги засука ракавите и лично се фати за лопата за да го исчисти теренот на „Естади Национал“, кој беше покриен со 28 сантиметри снег. Но, не застана тука. Пике упати повик до сите граѓани на Андора да дојдат и да помогнат за да може мечот против Културал Леонеса да ...
Сите знаеме дека ФА Купот е магичен, но приказната за Маклсфилд е веројатно најлудата досега. Откако шестолигашот го шокираше светот со победата над Кристал Палас (2:1), сопственикот Роберт Сметхурст даде изјава која веднаш стана вирален хит. На прашањето како се одлучил да го купи клубот, тој без влакна на јазикот призна: „Го купив клубот преку Rightmove (веб-сајт за недвижнини) по четири дена пиење. Искрено, не се ни сеќавам дека го купив! ...
Кризата во Тотенхем не познава граници. Екипата на Томас Франк доживеа уште еден тежок удар, овојпат пред своите навивачи, откако Астон Вила славеше со 1-2 во третата рунда од ФА Купот. Поразот значеше не само крај на надежите за трофеј во ова натпреварување, туку и сериозно зголемување на притисокот врз данскиот стратег, чиј тим има само две победи на последните 13 меча. Натпреварот заврши со грди сцени и општа тепачка меѓу играчите на двата ...
Екипата на Рафаел Паладино ја оствари најдобрата серија оваа сезона, совладувајќи го Торино со 2-0 на „Гевис“ стадионот. Клучната фигура на натпреварот беше Шарл Де Кетеларе, кој конечно стави крај на својот голгетерски пост кој траеше неверојатни 118 дена. И покрај бројните отсуства поради повреди (Беланова, Бакер) и настапите на Африканскиот куп на нации (Лукман, Косуну), Аталанта покажа дека има доволно ширина во ростерот за да ги освои ...
Најдобрите двајца тенисери во светот во овој момент, Јаник Синер и Карлос Алкараз, ја подгреаја имагинацијата на фановите со најавата дека наскоро би можеле да ги здружат силите и да настапат заедно во двојки. Иако нивното ривалство веќе се споредува со она на Федерер и Надал, двајцата млади шампиони покажаа дека имаат одличен однос и надвор од теренот. Пред нивниот егзибициски меч во Јужна Кореја (10 јануари), на прес-конференцијата беше ...