Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Она што требаше да биде нов почеток за Далас Маверикс по заминувањето на Лука Дончиќ во Лејкерс, се претвора во вистински дебакл. Ентони Дејвис, кој пристигна во Тексас токму како дел од супер-трејдот за Словенецот минатиот февруари, се соочува со нова неколкунеделна пауза. Овој пат во прашање е оштетување на лигаментите на левата рака заработено на дуелот против Јута. Според извори на „The Athletic“, повредата е сериозна и во моментов се ...
Иако неговиот тим претрпе пораз на гостувањето кај Портланд (111-105), Кевин Дјурант ја одбележа вечерта во најсилната лига на светот. Со тројка во третата четвртина, суперѕвездата на Хјустон Рокетс официјално се искачи на седмото место на вечната листа на стрелци во НБА, надминувајќи го митскиот Вилт Чембрлен. На Дјурант му беа потребни 15 поени пред почетокот на мечот за да го собори рекордот на Чембрлен (31,419 поени), а дуелот го заврши ...
Организаторите на Австралија Опен потврдија дека легендарниот Стен Вавринка ќе добие специјална покана („вајлд-карта“) за настап на првиот Грен слем во сезоната, што воедно ќе биде почеток на неговата последна година во професионалниот тенис. Швајцарскиот ветеран, кој има 40 години, во декември најави дека 2026 година ќе биде неговата „последна прошетка“ низ турнејата. Вавринка токму во Мелбурн во 2014 година ја освои првата од своите три ...
Африканскиот Куп на Нации (АФКОН) 2025 ќе добие нов шампион. Рекордерот по бројот на титули, репрезентацијата на Египет, во спектакуларен натпревар во Агадир го совлада бранителот на трофејот, Брегот на Слоновата Коска, со 3:2. Ова беше пресметка на ефикасноста против поседот. Иако „Слоновите“ доминираа на теренот и креираа шанси, „Фараоните“ предводени од брилијантниот Мохамед Салах ги казнуваа грешките и покажаа шампионски карактер. Мармуш ...
Македонија одигра нерешено со домаќинот Швајцарија (29:29) на последниот меч од Жолтиот Куп, со што го освои второто место на пријателскиот турнир. Сепак, нашите репрезентативци повторно се „разбудија“ во вториот дел, а победата ја бркавме во последните моменти од мечот. Сепак, во моменти кога изгледаше дека може и да го изгубат натпреварот, одличниот погодок на Марко Митев нè спаси од пораз. Погледнете го погодокот во самиот финиш! ...
Ако имате слабо срце, не гледајте натпревари на Њукасл Јунајтед оваа недела. Само три дена по епскиот пресврт против Лидс (4:3), „Страчките“ и Борнмут режираа нова драма во ФА Купот која заврши со 3:3 по 120 минути, а победникот се реши дури по изведувањето на пенали (7:6). Херој на вечерта беше голманот Арон Рамсдејл, кој против својот поранешен клуб одбрани дури три пенали во рулетот и го испрати Њукасл во четвртата рунда. Од 0-0 до 3-3: ...
Како што и очекувавме, сензационалистичките најави од таканаречените „етаблирани“ спортски портали низ државата, кои секојдневно се тркаат за клик повеќе, повторно се покажаа како обична дезинформација. Веста дека турскиот гигант Трабзонспор наводно доставил понуда од 1.5 милиони евра за крилниот напаѓач на Вардар, Роџерс Мато, експресно беше демантирана од самиот клуб. Раководството на „Црвено-црните“ реагираше брзо на социјалните мрежи. ...
Натпреварот во Хајденхајм заврши без победник (2:2), но ќе се памети засекогаш поради моментот на чиста генијалност во 15-тата минута. Напаѓачот на домаќините, Марвин Пирингер, постигна гол кој веќе се врти на сите најавни шпици ширум светот. По нафрлената топка од Шепнер, Пирингер покажа неверојатна акробација со која што ја смести топката во мрежата на немоќниот голман на Келн. Ова е дефинитивно еден од главните кандидати за наградата ...
Саботната програма во германската Бундеслига донесе вистински огномет од голови, неверојатни пресврти и една голема лекција за актуелниот вицешампион. Штутгарт го понижи Баер Леверкузен на гостински терен, додека на другите терени видовме драми и доцни голови. Еве што се случуваше попладнево и вечерва на германските терени. Леверкузен 1-4 Штутгарт: „Швабите“ го решија мечот за 45 минути Дербито на колото се претвори во егзекуција. Штутгарт ...
Австриското дуо составено од Јан Херл и младиот талент Штефан Ембахер издоминира на првиот „Супер Тим“ натпревар во Светскиот куп оваа сезона, одржан во полското скијачко светилиште, Закопане. Ова натпреварување послужи како идеална генерална проба за новиот формат кој ќе дебитира на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина следниот месец. Апсолутна доминација на „Орлите“ Австријците беа класа за себе. Уште по првата рунда создадоа предност ...
Саботната програма од 20. коло во италијанската Серија А донесе многу возбудувања, голови во судиското надополнување и важни бодови за екипите од горниот дел на табелата. Рома ја продолжи потерата за врвот, додека Комо и Удинезе мораа да се задоволат со реми во драматични завршници. Рома трпелива, па експлозивна: Суле и Коне стрелци На „Олимпико“, Рома долго се мачеше да го скрши отпорот на Сасуоло, но на крајот славеше со 2:0. Гостите ...
Репрезентацијата на Нигерија покажа шампионски менталитет и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот Куп на Нации (АФКОН) 2025. Во Маракеш, „Супер Орлите“ одиграа тактички беспрекорен меч и го совладаа Алжир со 2:0, благодарение на фуриозниот старт на второто полувреме. Ова е 16-то полуфинале за Нигерија во историјата на АФКОН, каде ќе се соочат со домаќинот Мароко во натпревар што веќе се најавува како „финале пред финалето“. Осимен ја ...
Македонската ракометна репрезентација со драма, карактер и фантастичен финиш го заврши настапот на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија. Во директниот дуел за трофејот, избраниците на Кирил Лазаров одиграа реми 29:29 против домаќинот Швајцарија, што ни го донесе второто место на турнирот поради послабата гол-разлика. Ова беше натпревар со две различни лица, лошо прво полувреме и херојско враќање во вториот дел, предводено од голманите и играчот на ...
Македонската ракометна репрезентација е пред последниот и најтежок испит на турнирот во Винтертур. По победите над Бахреин и Украина, избраниците на Кирил Лазаров вечерва (18:00 часот) играат против домаќинот Швајцарија во директна пресметка за освојување на „Жолтиот Куп“. Ова е одлична можност за „црвено-жолтите“ да ја подигнат самодовербата пред Европското првенство. Традицијата е апсолутно на наша страна, на досегашните седум меѓусебни ...
ФА Купот уште еднаш покажа зошто е најмагичното фудбалско натпреварување на светот. Шестолигашот Маклсфилд приреди една од најголемите сензации во историјата, елиминирајќи го актуелниот бранител на трофејот и премиерлигаш, Кристал Палас, со резултат 2:1. На стадионот „Мос Роуз“, тимот предводен од Џон Руни (братот на Вејн Руни) испиша историја. Маклсфилд стана првиот нелигашки тим по 117 години што го исфрлил актуелниот шампион во ФА Купот! ...
Денешниот натпревар помеѓу Чарлтон и Челси во рамките на ФА купот носи многу возбуда поради дебито на Лијам Росениор на клупата на „сините“. Сепак, историјата на овие два клуба крие една од најневеројатните анегдоти што некогаш се случиле на фудбалските терени – приказната за Сем Бартрам и „невидливиот“ натпревар. Датумот е 25 декември 1937 година. Местото е „Стамфорд Бриџ“. Челси го пречекува Чарлтон, но Лондон е прекриен со толку густа ...
Со заминувањето на „сенаторите“ како Дувњак и Карачиќ, товарот на лидерството во хрватската ракометна репрезентација паѓа врз плеќите на Лука Циндриќ. Пред стартот на Европското првенство во Скандинавија, членот на Веспрем се чувствува подготвен, мотивиран и воден од советите на најголемите. Циндриќ, кој некогаш жареше и палеше во дресот на Вардар, открива која е тајната на успехот, лекција научена од легендарниот Ивано Балиќ. „Еднаш, многу ...
Она што требаше да биде историски момент за македонското судење со два пара на едно Европско првенство, се претвори во вистински кошмар. Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе драстична одлука да ги отстрани Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од ЕХФ ЕУРО 2026, обвинувајќи ги за фалсификување на видеата од нивната физичка подготовка. Според официјалното соопштение на ЕХФ, постојат цврсти докази дека снимките од задолжителните кондициски ...
Младиот чувар на мрежата, Иван Галевски, беше „џокерот“ на Кирил Лазаров кој целосно го смени текот на натпреварот против Украина. Со влегувањето на почетокот на второто полувреме, Галевски веднаш ја „заклучи“ мрежата, овозможувајќи ѝ на Македонија да направи серија и да стигне до заслужен пресврт. По натпреварот, тој не го криеше задоволството, но остана цврсто на земја, потенцирајќи дека ваквите натпревари се клучни за калење на тимот пред ...
Ерата на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед заврши по само 14 месеци, оставајќи зад себе уште една огромна дупка во клупската каса. Иако Португалецот пристигна како еден од најперспективните млади тренери во Европа, неговиот престој на „Олд Трафорд“ беше исполнет со тензии и лоши резултати, што ја принуди управата предводена од Сер Џим Ретклиф да го прекине договорот многу порано од предвиденото. Отказот на Аморим значи дека Јунајтед ќе мора ...
Во натпревар полн со тензија и доцни возбудувања, Реал Сосиедад успеа да освои три огромни бода на гостувањето кај Хетафе, славејќи со 2:1 во 19. коло од Ла Лига. Ова беше прва победа за новиот тренер на Баскијците, Пелегрино Матарацо, и тоа на најсладок можен начин, со гол во длабокото судиското надополнување. Браис Мендез со еврогол, Хуанми врати надеж Гостите први зададоа удар. Во 36-тата минута, Браис Мендез постигна спектакуларен гол со ...
Иако Украина имаше контрола над резултатот во првите 30 минути, на крајот мораше да му подаде рака на подобриот противник. Еден од клучните играчи во украинскиот табор, Игор Турченко, по натпреварот истакна дека квалитетот на македонската репрезентација пресудил за конечниот исход. Турченко призна дека брзиот ритам на Украина не бил доволен за да се скрши отпорот на избраниците на Лазаров во текот на целиот натпревар. „Беше ова тежок ...
Ноќта во НБА понуди сè што ја прави лигата непредвидлива. Од Мемфис до Лос Анџелес, сцената беше подготвена за уште една богата кошаркарска приказна. Тандер – Гризлис 117:116 Оклахома Сити Тандер испрати силна порака дека овој тим не зависи од имиња, туку од карактер. Иако влезе во второто полувреме со минус 21 поен, Тандер трпеливо и методично почна да го јаде водството на Мемфис. Џејлен Вилијамс беше константа во нападот со 26 поени, но ...
Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, упати жестоки критики до раководството на ВТА (WTA) поради „нехуманиот“ распоред на турнири. По победата над Сорана Кирстеа во Бризбејн, светската број еден не ги штедеше зборовите, нарекувајќи го актуелниот календар на професионалните тенисерки „целосно лудило“. Проблемот лежи во задолжителните турнири од серијата 1000 и 500, кои ако се пропуштат, носат строги финансиски казни и одземање на ...
Бајката на Рексам продолжува. Велшкиот клуб, во сопственост на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени, направи сензација во третото коло на ФА Купот, исфрлајќи го премиерлигашот Нотингем Форест по изведување на пенали. Натпреварот на „Рејскорс Граунд“ беше вистински трилер кој заврши 3:3 по 120 минути игра. Херој на вечерта беше голманот Артур Оконкво, кој одбрани два пенали во рулетот и му донесе победа на својот тим од 4:3. ...
Анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација ја запиша и втората победа на „Жолтиот куп” во Швајцарија, совладувајќи ја Украина со 31-26. Иако по првите 30 минути ситуацијата изгледаше загрижувачки, избраниците на Кирил Лазаров покажаа две сосем различни лица и со фуриозна игра во продолжението стигнаа до заслужен триумф. Прво полувреме за заборав: Премногу грешки, малку реализација Натпреварот започна со брзи пробиви на ...
Кошаркарите на Баерн Минхен пружија достоен отпор, но не успеаја да направат изненадување во Пиреја. Олимпијакос, предводен од фантастичниот Саша Везенков, славеше со 95:80 во 21. коло од Евролигата, прекинувајќи ја мини-серијата од две победи на германскиот тим. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за првпат доби шанса во стартната петорка на Баерн, користејќи ги отсуствата на повредените плејмејкери. Везенков незапирлив, Обст ...
Петочната вечер во Евролигата помина во тотална доминација на домашните екипи. На петте одиграни натпревари од 21. коло, гостите не успеаја да извлечат ниту еден триумф, а најзвучни беа убедливите победи во Жалгирис и Барселона против екипите од Белград. Жалгирис Каунас 99-67 Црвена Звезда Литванскиот гигант му одржа кошаркарска лекција на тимот на Јанис Сферопулос, решавајќи ги дилемите околу победникот уште во првиот дел. Жалгирис одигра ...
Кристијан Киву, човекот кој со заштитната кацига стана симбол на борбеноста на Интер како играч, сега ја пренесува таа енергија и покрај аут-линијата. Раководството на Серија А официјално го прогласи Киву за „Тренер на месецот“ за декември 2025 година. Ова е огромно признание за романскиот стратег, кој го презеде кормилото на „Нераѕурите“ минатото лето и веќе во декември покажа зошто е вистинскиот избор, со три победи на три натпревари, го ...
Домаќинот на Африканскиот Куп на Нации (АФКОН) 2025, репрезентацијата на Мароко, со стил и авторитет обезбеди пласман во полуфиналето. Пред преполните трибини на стадионот „Принц Мулај Абдела“ во Рабат, избраниците на Валид Реграги славеа со чисти 2:0 против Камерун, кршејќи го долгогодишното проклетство против овој ривал. Ова беше натпревар во кој „Лавовите од Атлас“ покажаа дека се зрели за титулата, доминирајќи од првата до последната ...