Кога е најтешко, најдобрите стануваат легенди. Филип Кузмановски вечерва во Хернинг не одигра само натпревар, тој испиша историја и одигра нереален меч на паркетот. Со нестварни 15 погодоци (од 18 обиди), нашиот капитен го израмни рекордот на својот сегашен селектор Кирил Лазаров за најмногу постигнати голови на еден натпревар за репрезентацијата (рекорд поставен во 2009 година). Кузмановски беше вистинско „торнадо“ на теренот, решавајќи ги ...

Кризата во Франкфурт кулминираше со отказ! Екипата на Ајнтрахт во неделата официјално го потврди заминувањето на тренерот Дино Топмелер (44), само два дена по разочарувачкото реми од 3-3 против Вердер Бремен, каде „орлите“ испуштија водство и примија гол во 94-тата минута. Раководството на клубот, предводено од спортскиот директор Маркус Креше, оцени дека „развојот на тимот оди во надолна линија“ и дека е потребен „нов импулс“. Eintracht ...

Павле Атанасијевиќ беше еден од „тивките херои“ на вчерашниот трилер против Португалија. Кога повредите на неговиот брат Петар и на Иван Џонов ја оставија левата крилна позиција празна, Павле без размислување се пресели на линијата и одигра партија за паметење. Со четири гола (три во клучниот втор дел), бекот на Еурофарм Пелистер покажа дека за него не постои „невозможна мисија“. По мечот, во емотивна и искрена изјава, тој го сумираше она што ...

Уф… Емоциите полека стивнуваат по онаков „инфаркт“ натпревар, но кнедлата во грлото сè уште е присутна. Што да се каже, а да не се погреши? Најпрво, капа долу за момците на терен, капа долу за стручниот штаб на чело со Кире Лазаров и Столе Стоилов. Тие вечерва покажаа како се гине за националниот дрес. Но, мора да се каже и едно гласно „УА“ за ЕХФ и делењето на правдата. Дали сме пристрасни? Не, не сме. Ова што денес го видовме во Хернинг е ...

Македонската ракометна репрезентација замина на одмор со негатива од два гола против Португалија (13-15), но резултатот на семафорот во „Јиск Банк Боксен“ не ја отсликува реалната слика на теренот. „Фалангата“ покажа дека има капацитет, има желба и, што е најважно, има игра да се надигрува со фаворизираниот противник. 𝑯𝒂𝒍𝒇-𝒕𝒊𝒎𝒆 ⚡️ 🇲🇰 13:15 🇵🇹#ehfeuro2026 #puregreatness #handball pic.twitter.com/JrDZuGQh2f — EHF EURO (@EHFEURO) ...

Ракометарот на португалската репрезентација и еден од најдобрите млади бекови во светот, Мартим Кошта, со голема доза на почит зборува за Македонија пред денешниот дуел во Хернинг. Иако Португалија влегува како фаворит по победата над Романија, Кошта смета дека „црвено-жолтите“ се многу посериозен и поквалитетен противник. Португалскиот ас го анализираше нашиот настап против Данска и потенцираше дека напаѓачкиот потенцијал на тимот на Лазаров ...

Еден од најискусните во нашиот табор, Никола Костески, верува дека Македонија е подготвена да го поправи впечатокот во нападот и да стигне до посакуваниот резултат на денешниот дуел против Португалија. Иако одбраната против светскиот шампион функционираше солидно во големи периоди, реализацијата беше она што ни пречеше за подобар резултат. Костески смета дека токму тука лежи клучот за успех: „Бевме добри во одбраната против Данска, но ни ...

Њукасл пропушти златна шанса да се пробие меѓу првите пет екипи во Премиер лигата, откако одигра само 0-0 на гостувањето кај последнопласираниот Вулвс. Тимот на Еди Хау, кој се бори за место во Лигата на шампионите, делуваше безидејно и без инспирација во натпревар кој мораше да го добие ако сака да се смета за сериозен кандидат за елитното друштво. Нападот на „Страчките“ е во сериозна криза Најголемите критики по мечот одат на сметка на ...

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, беше еден од клучните фактори за големата победа на Валенсија на тешкото гостување кај Хетафе со минимални 0-1. Во натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, „лилјаците“ успеаја да освојат три бода во битка полна со прекини, повреди и тактичко надмудрување, а мрежата на Димитриевски остана недопрена. Ова е исклучително важен триумф за тимот на Карлос Корберан, кој со овие бодови се ...

Германската Бундеслига уште еднаш покажа зошто е една од најузбудливите лиги во светот. 18-тото коло донесе спектакуларни пресврти, драми во судиското надополнување и демонстрација на моќ од лидерот на табелата. Баерн Минхен го понижи Лајпциг со неверојатно второ полувреме, Борусија Дортмунд преживеа шок против Сент Паули благодарение на капитенот Емре Џан, додека Вердер и Ајнтрахт приредија вистински трилер во петочниот термин. РБ Лајпциг ...

Подготовките во Анталија донесоа тежок резултатски удар за ФК Вардар. Најтрофејниот македонски клуб вчера претрпе убедлив пораз од чешкиот прволигаш ФК Јаблонец со резултат 2-6 (0-4). Сепак, она што повеќе загрижува од самиот резултат е вкупната слика околу клубот, од организациските пропусти, преку хаосот со Роџерс Мато, па сè до тивките заминувања на играчи кои беа најавувани како засилувања. 1 Лекција од Чешка: Фудбалска и ...

Македонија вечерва (18:00 часот) против Португалија излегува со „цел арсенал“. По синоќешните најави, сега е и официјално – селекторот Кирил Лазаров за клучниот дуел во Хернинг ќе ги има на располагање најискусните, Никола Митревски и Жарко Пешевски. Ова е огромно засилување за нашиот национален тим по воведниот пораз од Данска, особено ако се знае значењето на овој меч за пласман во втората фаза. Митревски – човекот кој ја има „шифрата“ за ...

Европското првенство (ЕП 2026) продолжува со пеколно темпо. Денешниот ден, 18 јануари, ги носи вторите натпревари во групите Б, Д и Ф, кои можат да ги промовираат првите патници во главната рунда, но и да ги испратат првите патници за дома. Група Б: Македонија ќе се бори со силната Португалија По воведниот пораз од Данска, Македонија денеска на поправен испит. Дуелот против Португалија (18:00 ч.) е директна пресметка за бодови кои веројатно ...

Македонската ракометна репрезентација денеска го продолжува својот настап на Европското првенство 2026. По воведниот пораз од светскиот првак Данска, пред избраниците на Кирил Лазаров е можеби најважниот предизвик во групната фаза – селекцијата на Португалија. Ова е натпревар кој директно ги отвора вратите кон втората фаза, а историјата на нашите дуели ни вели дека не чека неизвесна и жестока битка. Лазаров: „Поуките се извлечени, одиме на ...

Фудбалската репрезентација на Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп на нации 2025 во Мароко, откако по подобро изведување на пенали ја совлада селекцијата на Египет со 4-2. Регуларниот дел од натпреварот на стадионот „Мохамед V“ во Казабланка заврши без голови (0-0). Херој на „Супер Орлите“ беше голманот Стенли Нвабали, кој во пенал-рулетот ги одбрани ударите на двете најголеми ѕвезди на Египет – Мохамед Салах и Омар Мармуш. ...

Ждрепката за женскиот дел на Австралија Опен 2026 е официјализирана, а светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка, веќе ги знае пречките кои стојат на нејзиниот пат до враќање на титулата. Белорусинката цели кон трет трофеј во четири години, но ждрепката не беше нималку милослива кон неа. Проектирано полуфинале: Сабаленка против Гоф Сабаленка би можела да се соочи со својата голема ривалка Коко Гоф во полуфиналето, што би била реприза на ...

Европското првенство 2026 започна со голема возбуда во групата Е во Малме. Фаворизираната Хрватска, и покрај проблемите, успеа да ја совлада жилавата Грузија со 32-29 (15-14 на полувреме) во натпревар кој понуди многу повеќе неизвесност отколку што покажува конечниот резултат. За Хрватска, која е актуелен светски вицешампион, ова беше тест на карактерот во првиот меч без легендарните Дувњак, Карачиќ и Пешиќ. Грузија, во својот само втор ...

Лос Анџелес Лејкерс потврдија дека Лука Дончиќ нема да биде во составот за претстојниот натпревар против Портланд поради болки во левиот препона. Ова е сериозен удар за тимот на Лејкерс, со оглед на тоа што Словенецот игра во нестварна форма оваа сезона. Проблеми со повреди во Лос Анџелес Дончиќ, кој во моментов е лидер во лигата со просек од 33,4 поени по натпревар (дополнително со 8,8 асистенции и 7,9 скока), му се приклучува на Остин Ривс ...

Најдобриот ракометар на светот, Матијас Гидсел, беше незапирлив на отворањето на Европското првенство против Македонија (36-24), постигнувајќи 8 гола од 9 обиди. Иако нашата одбрана се обиде со „фластер“ и повремено поагресивна игра, Данецот по натпреварот изјави дека очекувал многу потешка битка. Во разговор за данските медиуми, тој се осврна на тактиката на Кирил Лазаров, „тепањето“ од македонските дефанзивци и неговите чувства по мечот. ...

Кавалирс – 76ерс 117:115 Тајсон со меч на кариерата, Мобли ладнокрвно во финишот Џејлон Тајсон ја одигра најдобрата партија во кариерата со 39 поени и беше клучниот фактор во драматичната победа на Кливленд во Филаделфија. Кавалирс, ослабени без Дариус Гарланд, покажаа карактер враќајќи се од негатива од 11 поени во последната четвртина. Филаделфија имаше контрола во завршницата, но серија грешки и агресивна одбрана на Кливленд ја сменија ...

Хернинг е во знакот на ракометот, а македонската репрезентација денеска ги полни батериите по натпреварот со светскиот шампион. Селекторот Кирил Лазаров реши да го откаже денешниот тренинг со цел играчите да добијат неопходна свежина за она што следува – пресметката со Португалија која може да биде одлучувачка за нашите аспирации на ова Европско првенство. „Данска е минато, поуките се извлечени“ На денешниот брифинг во Хернинг, Лазаров беше ...

Анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација го претрпе очекуваниот пораз од светскиот првак Данска (36-24) на отворањето на Европското ракометно првенство. Иако бодовите против ракометниот гигант не беа императив, она што загрижуваше на натпреварот беше техничката немоќ во нападот и леснотијата со која противникот ги казнуваше нашите грешки. Уште од самиот старт во Хернинг стана јасно дека ова ќе биде долга и тешка вечер ...

Навивачите на Наполи и македонската јавност можат да здивнат. Иако сликите од „Диего Армандо Марадона“ кога Елиф Елмас побара измена во 57-мата минута изгледаа загрижувачки, првичните вести од Италија се позитивни. Нашиот „дијамант“ беше еден од клучните актери во тешката победа на Наполи над Сасуоло од 1-0, со која шампионот ја прекина серијата од три нерешени средби. Елмас беше директен иницијатор на единствениот гол, но мечот го заврши ...

Реал Мадрид успеа да го совлада Леванте со 2:0, но првиот натпревар на Алваро Арбелоа како тренер на „Кралевите“ во Ла Лига помина во неочекувано непријателска атмосфера. Навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекаа својот тим со бели марамчиња и силни свирежи насочени кон ѕвездите како Џуд Белингем, Винисиус Јуниор и Федерико Валверде, но и кон претседателот Флорентино Перез. Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо во понеделникот, застана во ...

Манчестер Јунајтед 2-0 Манчестер Сити Мајкл Карик уживаше во совршен почеток на својот втор мандат како привремен менаџер на Јунајтед, нанесувајќи му тежок пораз на градскиот ривал кој сериозно ги разниша неговите шампионски амбиции. „Олд Трафорд“ зовре во второто полувреме кога Брјан Мбеумо и Патрик Доргу ги искористија контранападите за голема победа. Сити доминираше во поседот, но повторно изгледаше јалово во нападот – Ерлинг Халанд сега ...

Удинезе 0-1 Интер Интер продолжува со својот сигурен марш на врвот на табелата, овојпат со минимална победа на гостувањето кај Удинезе. Херој на „Нероазурите“ повторно беше Лаутаро Мартинез, кој во 20-та минута одлично се снајде по асистенцијата на младиот Франческо Пио Еспозито и со прецизен удар донесе три бода. Овој триумф беше еден вид „одмазда“ за поразот на Интер од овој противник во август, со што тимот на Кристијан Киву го потврди ...

Денес, во Манчестер не се оди на работа. Денес не се пазари, не се пие кафе со „погрешните“ пријатели и не се прашува за ништо друго освен за – Дербито. „Театарот на соништата“ е подготвен за уште една епска битка каде 90 минути ќе одлучат дали градот ќе биде обоен во крваво црвена или во небесно сина боја. Од „бучни соседи“ до господари на Премиер лигата Се сеќавате ли кога Сер Алекс Фергусон со потсмев ги нарече Сити „бучните соседи“? Тогаш ...

Во рамките на 21-то коло од италијанскиот шампионат, Пиза и Аталанта одиграа нерешено 1:1. Иако гостите од Бергамо веќе ја гледаа победата во своите раце по доцниот гол на Крстовиќ, упорноста на домашниот тим се исплатеше во самиот финиш. Доминација на Пиза без реализација Домаќините влегоа во мечот со огромна енергија и беа подобар противник во поголемиот дел од првото полувреме. Идриса Туре и Хенрик Мајстер константно вршеа притисок врз ...

Бојан Миовски е во неверојатна форма. 26-годишниот македонски репрезентативец беше централна фигура на вечерашниот натпревар, демонстрирајќи ја својата голгетерска класа и испраќајќи го Ренџерс во петтата рунда од Шкотскиот куп. Рутина во првиот дел Ренџерс влезе како апсолутен фаворит, а Миовски се погрижи тоа да се потврди на теренот уште во раната фаза. Првиот гол пристигна по една брза акција со „еден допир“, кога топката по неколку ...

Пред 15.000 гледачи во распродадената „Јуске Банк Боксен“ арена, Данска ја потврди својата доминација. Сепак, овој натпревар ќе остане запишан во аналите на македонскиот ракомет благодарение на Мартин Серафимов. Десниот бек на нашата репрезентација, кој беше најефикасен со 6 гола, го постигна 1.000-от гол за Македонија во историјата на Европските првенства. Шампионско темпо на Данците Данска ги искористи своите најсилни оружја – брзата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
53%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
59%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
51%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.37
60%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
59%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
36%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
55%
1031
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
51%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.29

Злато

163613.54

Калај

50.04

Родиум

368126.05

Рутениум

45750.51

Сребро

2648.90

Бакар

11.75

Цинк

3.27

Кобалт

66.14