Марк Андре Тер Штеген ќе биде надвор од терените од два до четири месеци, затоа што заминува на операција на мускулот. Тоа значи дека тој најверојатно нема да може да се опорави навреме за да биде дел евентуално и од составот на Германија за Мундијалот во САД, Мексико и Канада. https://www.facebook.com/share/186P165xwW/ Германецот мина само десетина дена како позајмен играч во Џирона од Барселона, пред да се повреди и да се врати на Ноу Камп. ...

ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација. Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања. Европското првенство У16 – Б ...

Десетици илјади навивачи ги поздравија вечерва на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во центарот на Загреб членовите на хрватската ракометна репрезентација за освоениот бронзен медал на Европското првенство, а контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон настапи на дочекот организиран од Владата на Хрватска, и покрај забраната од градските власти. Томпсон изведе многу од своите песни, но не и контроверзната „Бојна Чавоглаве“, која започнува со усташкиот ...

Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата. Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“. Белингем почувствува непријатност во задниот мускул на левата нога пред почетокот на натпреварот, а за време на загревањето се ...

Кошаркарите на ТФТ попладнево како домаќин го совладаа тимот на Студент МТел со 107:79 (29:18; 21:14; 27.24 и 30:23) во дуелот од седмото коло од АБА 2 лигата и со тоа стигнаа до петтата победа со која обезбедија пласман во четвртфиналето. Гостите поведоа со 7:0, но кошаркарите на ТФТ направија серија од 18-0 за водство кое го зголемуваа во текот на целиот натпревар. На полувреме македонскиот претставник имаше предност од 50:32. Во вториот ...

Шведскиот тренер Оскар Хилемарк потпиша договор со Пиза до јуни 2027 година, наследувајќи го Алберто Џилардино, кој беше отпуштен на 1 февруари. Пред да се приклучи на Пиза, Хилемарк беше тренер на Елфсборг, овој тим го водеше од летото 2024 година. Пред него е тешка задача, борбата за опстанок во Серија А. Пиза е претпоследна со 14 бода, откако забележа само една победа во 23 кола од Серија А. Моментално се на четири бода од безбедната зона. ...

Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс му дава поддршка на Пол Џорџ за време на неговата суспензија. Кошаркарот е суспендиран на 25 натпревари. Џорџ ја одржува својата форма тренирајќи со тимот. – На Џорџ му е дозволено да биде во тимскиот објект, да учествува на тренинзи, загревања и така натаму. Тој беше со нас на утринскиот тренинг. Сакаме Пол да биде што е можно повеќе вклучен во кошаркарските активности и да биде подготвен да му помогне на ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра. Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше ...

Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона. Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари. Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно ...

Фудбалскиот клуб Арсенал се обиде да се засили во самиот финиш од зимскиот преоден рок, но не успеа. Како што открија медиумите од Германија, Арсенал го контактирал Леон Горецка за време на јануарскиот преоден рок. Германецот се заблагодарил на понудата и повторил дека ќе ја заврши сезоната во Баерн Минхен, а потоа како слободен играч ќе бара нов клуб. Од истата причина тој во текот на јануари ја одби и понудата од Атлетико Мадрид и Тотенхем. ...

Атмосферата со соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, иако дојде до промена на тренерската позиција и Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо. Новиот тренер Арбелоа е под голем притисок. Проблем е што беше дочекан со одреден оптимизам, а дел од играчите го чувстуваат како привремено решение. Изненадување беше одлуката Дени Себалос да не биде во игра против Бенфика, а таквата одлука дополнително ја разниша довербата на тренерот. ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа впечатоците за синоќешниот натпревар со Челзи во реваншот од полуфиналето на Англискиот лига куп. „Топчиите“ победија со 1:0 и се пласираа во финалето. – Беше важна вечер и заврши совршено за нас. Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар. Арсенал се бореше многу добро и разбра што треба да направи. Тоа беше натпревар каде што многу суптилни детали играа одлучувачка улога. Победата на овој турнир ...

Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“. Тој кон крајот на ланската година јавно искажа незадоволство од менаџерот на Арне Слот, а потоа неколку натпревари беше и на клупата. По враќањето од АФКОН, се врати во првиот тим со добри игри. Ситуацијата се меѓу Ливерпул и Салах се смири, но тој најверојатно во летниот преоден рок ќе ...

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, ги сподели своите замисли за можноста да игра на нивото на Новак Ѓоковиќ на 38 години. Во финалето на Австралија опен 2026, во неделата, 22-годишниот шпански тенисер го победи Србинот со 2:6, 6:2, 6:3 и 7:5. -Се надевам дека ќе можам да ги достигнам неговите години, предизвикувајќи ја следната генерација и играјќи финалиња на Грен слем, изјави Алкараз за „Марка“. Титулата во Мелбурн беше историска за ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја сподели својата длабока емотивна врска со каталонскиот клуб и ги пофали условите за работа и атмосферата таму. – Кога првпат го посетив „Камп ноу“, си реков дека еден ден ќе бидам на оваа клупа. Многу го сакам овој клуб. За мене, тоа е најдобриот клуб во светот. Навистина го ценам животот во Барселона. Луѓето се многу љубезни кон нашиот тренерски персонал. Неверојатно е да се работи тука. Имам фантастичен ...

Ветеранот во НБА-лигата, Џејмс Харден го објасни своето заминување од Клиперс. Триесет и шестгодишниот кошаркар беше разменет во Кливленд за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор во втората рунда на драфтот. – Не сакав да ја загрозам иднината на Клиперс. Им треба шанса правилно да се обноват и да добијат право на драфтот. Го гледам Кливленд како можност за победа на Истокот. Тие имаат одличен тим, тренерски персонал и сè друго. Колку и да сакам ...

Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата. Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој. Откако се појави на сцената во 2023 година, ...

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче на својата официјална веб-страница објави дека го ангажира францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте. Триесет и четиригодишниот Французин се приклучи на тимот како слободен играч откако го раскина договорот со Ал-Итихад. Канте потпиша договор со турскиот клуб до 2028 година. Фенербахче претходно го обвини Ал-Итихад дека го попречил трансферот поради проблеми со документацијата. Сепак, клубовите ...

Тренерот на Челзи, Лиам Росениор, се осврна на поразот од 1:0 од Арсенал синоќа во реваншот од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Доминиравме каде што сакавме во второто полувреме, но ни недостасуваа квалитетни шанси. Кога притискате толку силно како што притискаше Челзи, секогаш може да се прими гол во последните минути од судиското продолжение. Арсенал знаеше дека денес ги очекува тежок натпревар. Мислам дека имаше јасни подобрувања ...

НБА-лигата ги прогласи бекот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, и крилниот центар на Бостон селтикс, Џејлен Браун, за најдобри играчи во јануари во Западната и Источната конференција, соодветно. Дваесет и шестгодишниот Словенец им помогна на Лејкерси да победат во 9 од 16 натпревари. Тој имаше просек од 34 поени и 7,2 скока. Дваесет и деветгодишниот Американец ги предводеше Селтикс до резултат од 10-6 минатиот месец, со просек од 29,2 поени, 7,9 ...

Лос Анџелес клиперсе се согласија да го разменат крилниот центар Џејмс Харден со Кливленд Кавалирс за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“. Триесет и шестгодишниот Американец очекува продолжување на договорот. Тој ќе заработи 39,3 милиони долари оваа сезона и има 49,2 милиони долари загарантирана за следната сезона. Дваесет и шестгодишниот Гарланд е во третата година од петгодишниот договор од 197 ...

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја забележаа 16.победа во Евролигата, откако синоќа во Белград пред повеќе од 20 илјади гледачи го совладаа Хапоел Тел-Авив со 87:75. До триумфот „црвено-белите“ стигнаа по извонредната последна четвртина која ја добија со 25:6. Гостите од Израел во последниот период влегоа со водство од 69:62, но првите поени ги постигнаа дури по седум и пол минути. Во победничкиот тим најефикасен беше Џордан Нвора со 22 поена, ...

Арсенал е првиот финалист во Лига Купот на Англија. „Топчиите“ синоќа го победија Челзи со 1:0 дома во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување. Поранешниот фудбалер на Челзи, Каи Хаверц, го постигна единствениот гол во 90+7 минута. Првиот натпревар заврши исто така со победа на Арсенал (3:2). Така, тимот предводен од тренерот Микел Артета се пласираше во финалето. Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрување на реваншот меѓу ...

Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет. Местата за одржување на фудбалските натпревари се движат од стадионот на Њујорк Сити, кој е во изградба и треба да биде завршен во 2027 година, до постојните стадиони во МЛС лигата во Охајо, Тенеси, Мисури и Северна Калифорнија. Натпреварите од ...

Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги оцени изгледите на тимот за шампионската титула во сезоната 2025/26. – Мислам дека сме во добра позиција. Секако, сè уште имаме работа да направиме. Но, мислам дека имаме одличен тим, изјави Дончиќ за „Basketball Network“. Оваа сезона, 26-годишниот Словенец одигра 40 натпревари, со просек од 33,6 поени, 8 скока, 8,8 асистенции и 1,5 украдени топки. Тимот од Лос Анџелес, со ...

Откриени се деталите за расправијата меѓу Лос Анџелес клиперс и Џејмс Харден. Според колумнистот на „Клач Поинтс“, Брет Сигел, Клиперс се „шокирани“ од објавената желба на Џејмс Харден да го напушти клубот. И покрај ова, двете страни работат на пронаоѓање нов тим за бекот. Според друг новинар, Томер Азарли, 37-годишниот Харден се надева дека ќе добие двегодишно продолжување на договорот од 80 милиони долари по оваа сезона, но „Клиперс“ не се ...

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички. Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – ...

Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб. Како што е наведено во соопштението, Барселона официјално изрази подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, да учествува во почетната фаза од ...

Францускиот фудбалски репрезентативец Дајот Упамекано (27) треба да потпише нов договор со минхенски Баерн, со важност до јуни 2030 година, јавија денеска германските медиуми. Германскиот првак веќе некое време е во преговори со францускиот дефанзивец, чиј тековен договор истекува на крајот од сезоната. Медиумите тврдат дека Упамекано наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Баерн, што ќе вклучува клаузула откупна клаузула од 70 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.34
61%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.14
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
71%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
3.09
63%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
65%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
71%
1030
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
68%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.29

Цинк

3.27

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Калај

50.04

Иридиум

229769.28

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14