Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Марусио Покетино изјави дека неговите играчи можат да постигнат резултат, во кој никој не верува – да станат светски прваци. „Зошто не ние? Мораме да веруваме дека можеме тоа да го оствариме. Мораме да сонуваме. Мораме да испратиме добра енергија и позитивни емоции до луѓето и тие да веруваат и да не поддржат, изјави Покетино на прес-конференција. Тој пораката јавно ја објави на собирот на ...

Македонската А-репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик, гостувањето кај Република Ирска. По натпреварот со Данска, репрезентативците се фокусирани на корекција на грешките и подигнување на формата пред новиот дуел. Љупче Дориев смета дека тимот одиграл квалитетно прво полувреме против Данска, но дека еден неочекуван момент го променил текот на натпреварот. – Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме против ...

Екипата на Сан Антонио без многу проблеми стигна до нов триумф откако ноќеска славеше против Милвоки со убедливи 127:95. На овој начин ја продолжија серијата од осум победи или 13.та победа на последните 14 натпревари. Од самиот почеток Сан Антонио ја најави победата, а предводник беше Виктор Вембањама, кој дуелот го заврши со 23 поени, 15 скокови и 6 асистенции. Екипата на Сан Антонио имаше дури седум кошаркари, кои постигнаа двоцифрен број ...

Возачот на Ферари Луис Хамилтон сезонава има 33 бодови откако првата трка во Австралија ја заврши на четвртото место, а во Кина има подиум (трето место). Притоа истакна дека тој и неговиот болид се подготвени сезонава. – Не сум изгубил, она што го имав. Чекор по чекор, се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму има предност. Заостануваме и се трудиме тоа да го намалиме и сигурно ќе дадеме се од себе, изјави Хамилтон на прес-конференција ...

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембањама според последниот „пресек“ изби на лидерската позиција за освојување на МВП наградата. Доколку успеа да ја освои оваа престижна награда на крајот од регуларната сезона во НБА лигата ќе го собори рекордот на Дерик Роуз. Роуз во 2011 година имаше 22 години и 191 ден со што е најмладиот освојувач на престижната награда. Но, играчот на Сан Антонио 22-риот роденден го прослави на 4.јануари годинава што ...

Првиот белгиски тенисер во историјата кој влезе во АТП Топ 10 Давид Гофин објави денеска дека ќе ја заврши професионалната кариера на крајот од оваа сезона. -Моето тело конечно го плати данокот на сите овие години тенис на највисоко. Повредата на коленото што ја претрпев минатата година одигра одлучувачка улога во мојата одлука да престанам, порача 35-годишниот Гофин во видеопорака на социјалните мрежи. Професионалец од 2009 година, Гофин го ...

Кошаркарите на Денвер потешко од очекуваното стигнаа до нова победа, а предводник беше Никола Јокиќ, кој оствари „трипл-дабл“ 33 поени, 15 скокови и 12 асистенции. Вкупно 31.ви сезонава. За Денвер ова беше петта победа во серија и со скор 47-28 (победи-порази) се на четвртата позиција на Запад. Инаку, гостите Јута Џез кои се меѓу најслабите екипи во третиот период имаа водство од 14 поени. Словенецот Лука Дончиќ беше предводник на својата ...

Новото издание на „Трофеј Македонија“ и оваа година ќе се одржи во Охрид и ќе биде во женска конкуренција. Претседателот на РФМ Александар Стефанов на Собранието објави дека годинава ќе настапат селекциите на Србија, Црна Гора и на Хрватска. Ова претставува повисоко ниво или Балканско првенство. Сите четири репрезентации речиси редовно учествуваат на големите натпреварувања, а планирано е да се одржи во месец септември за време на неделата на ...

Редовното Годишно Собрание Ракометната Федерација на Македонија го одржа денеска, а претседателот Александар Стефанов не го криеше задоволството што ракометот останува спорт број 1. Тој во своето обраќање го презентираше тоа што федерацијата го работеше во изминативе 12 месеци, на резултатски, но и на организациски план со акцент на вклучувањето на ракометните легенди Индира Кастратовиќ и Филип Миркуловски како координатори на националните ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска. Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди ...

Ерата на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид продолжува со полна сила. Според информациите од шпанскиот весник АС, аргентинскиот тренер ќе остане на чело на тимот барем до крајот на следната сезона (2026/27). И покрај зголемените шпекулации во последните месеци за можна разделба по завршувањето на тековната сезона, клубот и тренерот постигнаа цврст договор за одржување на нивната врска уште една година. Оваа одлука конечно ги отфрла сите сомнежи ...

егашниот клуб на најдобриот фудбалер на сите времиња со потег за почит.Интер Мајами ќе именува една од трибините на својот нов стадион по Лионел Меси, објави клубот. 38-годишниот Аргентинец потпиша со клубот од МЛС во 2023 година по престоите во Барселона и Пари Сен Жермен. -Традиционално, почитта е насочена кон минатото. Се гради од носталгија. Од сеќавање. Оваа е различна. Оваа е родена од сегашноста. Од она што се случува токму сега. Од ...

Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона и им порача на Каталонците да започнат преговори со Италијанците. Оваа вест ја објави во петокот Фабрицио Романо, а “Марка“ денес потврди дека Бастони ги прифатил сите услови на Барселона, која ќе му понуди повисока плата од онаа што ја има на „Џузепе ...

На петте синоќешни дуели од 34.коло на Евролигата два завршија по продолженија и во двата играа претставниците од Србија, Партизан и Црвена Звезда. Во Белград Партизан по две продолженија ја совлада Валенсија со 110:104, додека „црвено-белите“ откако изборија продолжение во дополнителните пет минути беа поразени од Барселона со 92:88. Вредна победа за пласман во плеј офот постигна Жалгирис победувајќи го лидерот Фенербахче на негов терен со ...

УЕФА објави историска промена во распоредот на своето најпрестижно натпреварување. Почнувајќи од овогодинешното финале во Будимпешта, финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се игра во традиционалниот термин од 21 часот, туку ќе започне во 18 часот по централноевропско време. Одлуката е донесена за да се подобри целокупното искуство за навивачите, тимовите и градовите домаќини, објавува Goal.com. Целта на промената е финалето да се ...

По паузата поради ЕХФ неделата и настапот на репрезентацијата ракометните суперлигаши со натпреварите од 3.коло од плеј офот го продолжуваат првенството. Сите три натпревари од оваа рунда ќе се играат во Скопје, но два се попладнево, а дербито во четврток. Во 18 часот е почетокот на дуелите Алкалоид – Тиквеш и Бутел – Еурофарм Пелистер, додека дербито Вардар – Охрид се игра во четврток (2.април) поради настапот на охриѓани во ЕХФ Европскиот ...

Ракометарите на Охрид со максимален ефект и шест победи од шест натпревари „влегуваат“ во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против грчки Олимпијакос. За разлика од претходните ривали Олимпијакос е секако најквалитетниот ривал, екипа која пред две сезони беше финалист во ова натпреварување. – Направивме анализа на играта на Олимпијакос и на последните тренинзи работиме на тактички план. Тие се квалитетен состав и на секоја ...

Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0. Уште еднаш “Фуријата“ покажа зошто е веројатно најдобрата селекција во светот. Четата на селекторот Пауновиќ еднаставно немаше никакви шанси. Ојарзабал со два гола и Муњоз покажаа кој е кој. Во Базел вистинска голеада, Швајцарија – ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро, ја отфрли можноста да остане на „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната во Премиер лигата. Јунајтед во јануари објави дека Касемиро ќе го напушти „Олд Трафорд“ на лето, кога ќе му истече четиригодишниот договор. -Сè уште навистина уживам во времето кое го минувам во Манчестер Јунајтед. Овој клуб е голем и навивачите беа одлични кон мене, но не сум се предомислил, рече Касемиро. ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја отфрлил понудата да седне на клупата на Манчестер Јунајтед и ќе потпише нов договор со актуелниот европски првак, објави денеска лондонскиот весник „The i Paper“. Јунајтед наводно ја разгледувал можноста 55-годишниот шпански стратег да го преземе клубот од „Олд Трафорд“, но, според весникот, Енрике сака да остане во клубот од Париз. Јунјатед во јануари му врачи отказ на Португалецот Аморим и за привремено ...

Возачот на Мекларен Ландо Норис, се осврна на техничките проблеми што го спречија тимот да учествува на главната трка во Кина пред десетина дена. И двата болида имаа проблеми со батеријата. Според „Motorsport.com“, болидот на Норис имаше проблем поврзан со софтверот, што предизвика дефект на компонентата на моторот. – Секако, ова е несреќна ситуација за нас како тим. Фактот што и двата наши болида не успеаја да ја започнат трката не ги ...

Германскиот тенисер Александер Зверев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако го надигра Аргентинецот Франсиско Серундоло со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2). Со оваа победа Зверев закажа нов меч со Јаник Синер од Италија, што значи и реприза на полуфиналето од Индијан Велс од пред неколку дена. Ова ќе биде нов предизвик за Зверев бидејќи на последните десет мечеви Синер има исто толку победи без загубен сет. Во второто ...

Голема улога ќе одигра одбраната на двете екипи, во комбинација со учинокот на голманите, посочи капитенот на ракометен клуб Олимпијакос Петрос Кандилас во пресрет на првиот четвртфинален натпревар со РК Охрид во недела, што атинскиот тим го игра на домашен терен, јави дописничката на МИА од Атина. – Пред нас имаме два многу тешки натпревари со Охрид, првиот во недела на наш терен. Станува збор за тим со многу голем буџет и квалитетен состав. ...

Екипата на Шарлот успеа да слави победа на еден од трите ноќешни дуели од НБА лигата со 114:103 против Њујорк и на тој начин да ја прекинат серијата од седум победи. Најдобар поединец на дуелот беше Кон Кнупел со 26 поени и шест постигнати тројки. На тој начин стана најмладиот кошаркар, кој во една сезона стигнал до бројка од 250 тројки, а беше и на чекор до „трипл-дабл“ бидејќи дуелот го заврши со десет скокови и осум асистенции. Важна ...

Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути. Гостите од Гостивар беа рамноправен ривал во најголемиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и двоцифрена предност (72:61) на седум минути пред крајот. Домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на ривалот и на крајот забележа нова ...

Минесота ноќеска на домашен терен го победи Хјустон во натпревар од регуларната сезона на НБА дома со 110:108, по продолжението. Минесота заостануваше со 95:108 во продолжението. Сепак, на крајот го надмина дефицитот од 13 поени и победи. Ниту еден друг НБА тим не надминал толку голем дефицит во продолжението откако лигата почна да води детална статистика во сезоната 1997/98. Минесота е петта на табелата во Западната конференција со рекорд од ...

Тениски терен од земјена подлога ќе биде поставен на стадионот на мадридски Реал, „Сантијаго Бернабеу“, што ќе се користи за тренинг за тенискиот ВТА турнир од серијата 1000 во шпанската престолнина од 20 април до 3 мај, објавија денеска организаторите. Теренот ќе биде достапен за тенисерките во периодот од 23 до 30 април, кога Реал Мадрид нема на распоредот домашни натпревари. „Поставувањето земјен тениски терен на еден од најважните ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘. Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони. „Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. ...

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами откако во полуфиналето ја совлада шампионката на Австралија опен Елена Рибакина. Таа во полуфиналето беше поуспешна со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Ова е нов триумф за Сабаленка во меѓусебните дуели откако претходно ја победи и во финалето на Индијан Велс. Сабаленка стана четвртата тенисерка од 2000 година која успеала да игра финале на првите ...

Иранските власти им забранил на своите национални и клупски спортски екипи да патуваат во земји што официјален Техеран ги смета за непријателски, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Министерството за спорт, кое наведе дека одлуката е донесена водејќи се од загриженоста за безбедноста на спортистите. „Присуството на национални и клупски екипи во земји што се сметаат за непријателски и не се во можност да ја обезбедат безбедноста на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
84%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
69%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.45
79%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Злато

166450.52

Калај

49.88

Сребро

2840.84

Платина

66712.80

Цинк

3.44

Паладиум

49215.93

Кобалт

45.39

Бакар

12.14

Иридиум

253540.09

Рутениум

55395.74

Алуминиум

3.53

Родиум

324722.54