Лондонскиот премиерлигаш Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголем финансиски минус во една година во историјата на англискиот фудбал. Претходната најголема загуба во една сезона во износ од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер Сити во сезоната 2010/11. Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави уште еден рекорд и продолжува да ја „полни“ историјата на НБА лигата. На дуелот со Кливленд во победата на својот тим 127:110 постигна 14 поени со 5 скокови и 6 асистенции. Ова за Леброн Џејмс беше 1.229 победа во кариерата и стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА лигата. Тој така успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар, поранешниот играч на ЛА Лејкерс и Милвоки. ...

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. Дваесет и седумгодишниот ракометар игра на позицијата десен бек (202 cm, 108 kg) и ќе го носи дресот со број 23 следната сезона. – Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се сретнал со играчи на иранската фудбалска репрезентација и потпретседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Мохамад Наби. – Многу ми беше драго што се сретнав со играчите на иранската фудбалска репрезентација пред нивниот пријателски натпревар против Костарика. Имав можност да разговарам со играчите, како и со Мехди Мохамад Наби, прв потпретседател на Иранската фудбалска ...

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер остана без пласман на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампиони, откако вечерва беа убедливо поразени од германскки Фуксе Берлин. Во финалето од квалификацискиот турнир што се одржа во хрватскиот град Пореч, битолчани беа поразени од Фуксе Берлин, чии врсници беа подобри во текот на целиот натпревар и славеа со 51:21. Без разлика на поразот, македонскиот младински шампион покажа дека во Битола ...

Селектор на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа впечатоците за триумфот над Италија (1:1 4:1 на пенали) синоќа во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Нашата репрезентација имаше некои проблеми на почетокот на првото полувреме. Ни недостасуваше организација, не бевме таму каде што требаше да бидеме и не можевме да се справиме со противникот. Затоа дозволивме многу контранапади. Но, верувавме во себе од првата минута и ...

Портланд ги победи Лос Анџелес клиперси утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 114:104. Гостите клучната предност ја остварија во втората четвртина која ја добија со 28:15. За Клиперс ова е прв пораз по петте врзани победи. Резултати на другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта вторник кон среда: Орландо – Феникс 115:111 Бруклин – Шарлот 86:117 Детроит – Торонто 127:116 Хјустон – Њујорк 111:94 Милвоки – ...

Кошаркарите на скопски ТФТ испишаа вечерва нова страница во клупската историја, откако обезбедија дебитантски настап во полуфиналето на АБА 2 лигата, триумфирајќи во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето против Златибор на гостински терен со 90-80. Македонскиот состав одлично го почна натпреварот и по водството од 28-15 по првата четвртина, на средина од вториот период ја зголеми предноста на +15 (30-15). Сепак, Златибор одговори со ...

Шефот на делегацијата на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, го коментираше неуспехот на тимот да се квалификува за Светското првенство во 2026 година по нивниот пораз од Босна и Херцеговина во последниот плејоф натпревар (1:1, пенали – 1:4). – Ова е деликатен момент. Ни треба време да ја процениме ситуацијата. Сезоната завршува во јуни, па затоа е исправно и фер кон Федерацијата, претседателот и сите што ни веруваа ако ...

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ почина во Белорусија на 51-годишна возраст. Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година. За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб. – Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и ...

Селекторот на Шведска, Греам Потер, го коментираше триумфот од 3:2 над Полска во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Неверојатна вечер. Да се биде дел од тоа беше едноставно воодушевувачки. Огромна чест и неверојатно искуство. Многу сум среќен за тимот. Беше тешко, но неверојатно сум горд на тимот. Беше драматичен натпревар, беше тешко да се контролираат емоциите и она што беше во прашање. Имаме талентирани играчи во тимот, но ...

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница. Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. „Азурите“ ...

Италијанскиот возач во Ф1 Кими Антонели ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Тој во квалификациите имаше најбрз круг – 1:28.778 минута. За комплетна доминација на Мерцедес во квалификациите се погрижи и вториот возач на овој тим Џорџ Расел, кој ќе стартува од првиот ред – втората позиција. Ова е првпат по 2018 година возачите на Мерцедес да го имаа првиот ред на стартот на трката во Сузука. Третото место ...

Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...

Дефанзивно ориентирана и со само еден удар кон противничкиот гол, македонската фудбалска репрезентација одигра вечерва во Даблин нерешено 0-0 против Ирска во пријателски натпревар на двете селекции кои минатата недела со порази во полуфиналните баражи останаа без пласман на Светското првенство. Македонскиот селектор Гоце Седлоски направи четири измени во почетниот состав од дуелот во четвртокот против Данска во Копенхаген, давајќи им шанса на ...

Во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Мис вечерва со жрепка беше одреден составот на групите во претквалификациите за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2029 година. Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Ц заедно со романија и Естонија. Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза. Претквалификации за Евробаскет 2029 ГРУПА А: ...

Англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем го назначи вечерва Роберто Де Зерби за нов тренер, потпишувајќи долгорочен договор со италијанскиот стратег, под услов да се исполни стандардната постапка за добивање работна дозвола. Назначувањето на Де Зерби доаѓа по отказот што лондонскиот премиерлигаш му го врачи на Хрватот Игор Тудор претходно оваа недела. „Пресреќен сум што доаѓам во овој фантастичен клуб, еден од најголемите и најпрестижните во ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години без освоен бод го заврши настапот во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во завршното трето квалификациско коло загуби во Крањ од домаќинот Словенија со убедливи 4-0. Избраниците на селекторот Влатко Колев беа во негатива од два гола по првото полувреме, откако Јереб ѝ донесе водство на Словенија во 11 минута, а Балажиќ во 42 минута ја зголеми ...

Оклахома сити ноќеска го победи Детроит пистонс во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата со 114:110. Канадскиот бек на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар, беше најефикасен на натпреварот со 47 поени. Оклахома Сити ја запиша својата трета победа по ред. Тимот е лидер во Западната конференција (60-16 победи-порази). Детроит е на првото место во Источната конференција (54-21). На другите натпревари во најсилната кошаркарска лига на ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар против Ирска во Даблин, во пресметката на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство 2026. Од почетните 11 кои истрчаа на теренот во четвртокот на гостувањето во Данска, Седлоски за вечерашниот натпревар се одлучи за две нови имиња во искусниот Велковски и дебитантот Фетаи во дефанзивната ...

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер ги елеминираа врсниците од Данска, совладувајќи го тимот на Алборг со 24:23 и утре ќе играат финале со Фуксе Берлин. Со денешната победа, битолчани, како лани така и годинава обезбедија пласман во финалето на турнирот на млади ракометни шампиони. Турнирот за пласман на „фајнал фор“ во Келн, годинава се одржува во Пореч, а по денешната победа на германскиот младински шампион Фуксе над Загреб, утре во ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2027, совладувајќи ја попладнево Ерменија на гостински терен со 2-0 (1-0). Ѓоргиевски од пенал донесе почетна предност на гостувањето во Ереван во 45 минута од пенал, додека конечниот резултат го постави Љатифи во 75 минута. За избраниците на селекторот Горан Станиќ ова е втора победа во квалификациската група Ф, и двете ...

Клупска суспензија му се заканува на Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач не се појави на тренингот на Наполи и покрај тоа што се повлече од репрезентативните обврски поради повреда, соопшти денеска калчолигашот од Неапол. Наполи потврди дека Лукаку не се појавил на клупскиот тренинг, најавувајќи можни дисциплински мерки против белгискиот напаѓач. Лукаку не отпатува со белгиската репрезентација на подготвителните натпревари во САД за да ...

Денвер нагетс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс со 116:93 во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, со дабл-дабл ефект од 25 поени и 15 скока го предводеше својот тим до триумфот. Денвер го доби својот шести натпревар по ред. Се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција (48-28 победи-порази). Голден Стејт (36-39) е на 10-то место. Тимот на Бруклин ја прекина серијата од 10 ...

Поранешниот капитен на бугарската репрезентација и долгогодишен претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, почина денеска во Софија, на 63-годишна возраст. Михајлов беше хоспитализиран од ноември минатата година, кога доживеа мозочен удар, а последните неколку недели беше во кома. На Светското првенство во1994 година, Михајлов беше голман на бугарската репрезентација што стигна до полуфиналето и на крајот ...

Кевин Де Брујне, фудбалерот од средниот ред на Наполи, коментираше за својата иднина со белгиската репрезентација. – Немам планови да се пензионирам од репрезентацијата по Светското првенство 2026. Сè додека се чувствувам добро, ќе продолжам да играм за националниот тим, изјави Де Брујне за „Трајбал Фудбал“. На Светското првенство, Белгија ќе игра во група со Египет, Иран и Нов Зеланд. Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред одигра ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, објави дека не планира да го стави во игра фудбалерот од средниот ред Џуд Белингам на пријателскиот натпревар против Јапонија. Дваесет и двегодишниот играч на Реал закрепнуваше од повреда на тетивата што го остави во солзи на почетокот на февруари. На 22 март, тој влезе како замена во победата од 3:2 над Атлетико Мадрид. – Мислам дека е преголем ризик да се стави Белингам на теренот. Јас сум наклонет кон ...

Ото Адо е отпуштен од функцијата селектор на репрезентацијата на Гана, објавено е на веб-страницата на Фудбалската асоцијација на Гана (GFA). – Фудбалската асоцијација на Гана (GFA) изразува искрена благодарност до Адо за неговиот придонес во тимот и му посакува успех во неговите идни напори. GFA ќе објави нов селектор навреме, се вели во соопштението. Овој месец, Гана загуби од Германија (1:2) и Австрија (1:5) во пријателски натпревари. ...

Манчестер јунајтед е блиску до постигнување договор со дефанзивецот Хари Мегваер за продолжување на договорот, објави „ESPN“, повикувајќи се на клупски извор. Продолжениот договор на 33-годишниот Англичанец најверојатно ќе биде една година, односно до 2027 година, со опција за уште една сезона, што би можело да го задржи на „Олд Трафорд“ до јуни 2028 година. Сегашниот договор на Мегваер истекува во 2026 година. Преговорите меѓу неговите ...

Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
84%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
69%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.45
79%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Цинк

3.44

Злато

166450.52

Платина

66712.80

Рутениум

55395.74

Паладиум

49215.93

Кобалт

45.39

Родиум

324722.54

Калај

49.88

Алуминиум

3.53

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Бакар

12.14