Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, верува дека тимот треба да се подобри во одбраната. – Очигледно треба да се подобриме. Имаме јасна идеја што сакаме да направиме на Светското првенство. Треба да останеме смирени и собрани, бидејќи целиот тренерски персонал и Бразилската фудбалска конфедерација се убедени дека сме на вистинскиот пат и на вистинското место. Мислам дека досега завршивме добра работа. Во добра ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека организацијата нема резервни планови за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. – Живееме во реалниот свет и разбираме колку е тешка ситуацијата за иранската репрезентација, но работиме и ќе се погрижиме тие да ги играат своите натпревари на Светското првенство во најдобри можни услови. Нема план Б, Ц или Д – само план А. Живееме во сложен ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по дополнителните пет минути остварија победа од 97:93 во дербито на 21.коло од МТел Супер лигата против Работнички. Двете екипи одиграа неизвесен натпревар со чести промени на водството, кое го имаа двете екипи. Првиот период им припадна на гостите со 20:13, а првакот возврати во втората четвртина со 29:23 и на полувреме Работнички водеше со 43:42. И третиот период беше во знакот на шампионот 20:15 за ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) не планира да ги зголеми цените на билетите за Европското првенство во 2028 година, објави денеска „Атлетик“. Според истиот извор, цените на билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европското првенство во 2024 година. Билетите за секторите „Fans first“ и „Category 3“ ќе чинат 30 и 60 евра, колку што изнесуваат цените на Европското првенство пред две години во Германија. ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Авива“ во Даблин, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете поразени селекции во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство. Селекторот Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција потенцираше дека, и покрај разочарувањето од високиот пораз од Данска во Копенхаген во четвртокот, тимот мора да остане силно мотивиран, ...
Секој натпревар во државниот дрес е важен, истакна голманот Столе Димитриевски на официјалната прес конференција во Даблин пред утрешниот натпревар на македонската репрезентација против Ирска во пресметка на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Димитриевски наведе дека по поразот од Данска (4:0) во четвртокот во Копенхаген, за избраниците на селекторот Гоце Седлоски следи нов предизвик во кој ...
Македонската фудбалска репрезентација вечер гостува во Даблин каде ќе игра пријателски натпревар со Република Ирска. Ова ќе биде дуел на двете поразени селекции од полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство 2026. Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“, кои често имаат големо влијание врз текот на натпреварот. – Јас сум ...
Фудбалската репрезентација на Косово доби денеска награда во износ од 500.000 евра од Владата на Косово за пласманот во финалето од плејофот за Светското првенство 2026. Репрезентацијата на Косово се пласираше во финалниот бараж, откако во четвртокот во полуфиналето ја победи Словачка со 4:3 во Братислава. Косовските фудбалери утре во Приштина ќе играат против Турција, а победникот ќе избори пласман на Мундијалот што ова лето ќе се одржи во ...
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објави денеска прес-службата на актуелниот германски првак. „Баерн Минхен и Рафаел Гереиро меѓусебно се согласија да не го продолжат неговиот договор, што истекува на крајот од сезоната“, се вели во клупското соопштение. Гереиро му се приклучи на Баерн од Борусија Дортмунд во летото 2023 година. Оваа сезона, 32-годишниот Португалец одигра 23 натпревари ...
Седум години по авионската несреќа во која загина фудбалерот Емилијано Сала, францускиот трговски суд денеска донесе конечна одлука со која го отфрли барањето на Кардиф Сити за отштета, со што заврши повеќегодишниот спор меѓу велшкиот клуб и француски Нант. Аргентинецот Сала загина во јануари 2019 година кога авионот „Пајпер Малибу“ со кој патуваше од Франција до Велс, откако договори трансфер од Нант во Кардиф, се урна во Ламанш во близина ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре против Ерменија ќе го одигра осмиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Горан Станиќ во четвртокот претрпеа висок пораз на гостински терен од Италија со 4-0 и во пресрет на гостувањето во Ереван се на претпоследното место во квалификациската група Ф со три бодови, освоени против Ерменија на домашен терен во октомври лани. „На ...
Повеќе од 75 проценти од навивачите во Премиер лигата не ја поддржуваат континуираната употреба на ВАР технологијата. Ова го покажуваат резултатите од анкета спроведена онлајн во периодот од 26 февруари до 23 март со која биле опфатени речиси 8.000 навивачи на врвните англиски клубови, соопшти денеска Здружението на фудбалски навивачи (ФСА). Според анкетата, 75,7 проценти од испитаниците не ја поддржуваат употребата на ВАР системот во ...
Ракометарите на ГРК Охрид ја постигнаа и седмата победа сезонава во ЕХФ Европскиот куп откако попладнево во Атина го победија Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар со 31:26. Македонскиот претставник има максимален ефект во европскиот куп и седум победи од седум натпревари. Ракометарите на ГРК Охрид од самиот почеток покажаа дека се подготвени за триумф и имаа целосна контрола над резултатот. Домаќинот Олимпијакос немаше ниту еднаш ...
Иранската фудбалска федерација ја информираше Светската фудбалска асоцијација за уништувањето на спортската инфраструктура во земјата. – Со длабоко жалење и тага ве известуваме дека како резултат на нелегалната воена агресија врз светата земја на Исламската Република Иран е предизвикана сериозна штета на спортската инфраструктура, особено на иранскиот фудбал, стои во писмото на Федерацијата до ФИФА – објави Иранската новинска агенција ISNA. ...
Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер е сè повеќе разочаран од статусот во тимот од Лондон и е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед. Според „The Sun“, 23-годишниот Англичанец, производ на академијата на Манчестер сити, е незадоволен од промените во тактиката на „сините“ и се шпекулира дека ќе му недостига играње покрај Николас Џексон, кој моментално е на позајмица во Баерн Минхен. Елиминацијата на Челзи од нокаут фазата во Лигата на ...
Тотенхем размислува да го назначи одбранбениот фудбалер Бен Дејвис за привремен тренер, објави „Телеграф“. Триесет и двегодишниот Велшанец се смета за еден од најпочитуваните играчи во тимот. Тој моментално студира за тренерска лиценца. Дејвис е надвор од терените од јануари поради повреда на глуждот. Оваа сезона одигра пет натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол. Во текот на вчерашниот ден, Тотенхем објави раскинување на ...
Во пријателски фудбалски натпревар одигран синоќа во Ландовер, САД, Франција ја победи Колумбија со 3:1. Дезире Дуе постигна два гола за Франција, 20-годишниот крилен напаѓач постигна гол во 29-та и 56-та минута. Маркус Турам исто така се запиша во листата на стрелци (41. минута), а имаше и едбна асистенција. Единствениот гол за Колумбија беше дело на Хаминтон Кампас во 77. минута. На турнејата во САД, Французите во четвртокот го совладаа ...
Во спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи попладнево, во 17 часот по локално, односно 16 часот по македонско време, ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос, натпревар за кој од охридскиот тим велат дека се максимално подготвени и ќе го дадат својот максимум, јави дописничката на МИА од Атина. Спортската сала што машкиот ракометен тим на Олимпијакос од ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Даблин, каде во вторник ќе одигра пријателски дуел против репрезентацијата на Република Ирска. Поразот во баражот о Данска сè уште е болна тема за македонските фудбалери. Данска покажа дека е квалитетен ривал. По примениот гол имавме неочекуван пад и сега мора да се фокусираме и тоа да го отстраниме. Ни претстои дуелот со Република Ирска – пријателски натпревар нема. Треба да покажеме ...
Арина Сабаленка успеа да триумфира на Мастерсот во Мајами и со тоа направи голем подвиг. Таа во две недели победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами и на двата турнира на сите мечеви загуби само два сета. Сабаленка во финалето ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:4). Првиот сет тенисерката од Белорусија го одигра речиси без грешка, а во вториот сет Гоф ја стабилизираше својата игра и успеа да направи брејк ...
Хрватскиот тренер Игор Тудор и премиерлигашот Тотенхем се договорија за прекин на соработката. Воедно се заминувањето на Тудор заминуваат и неговите помошници Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи. Оваа тројка изминативе шест недели беше на клупата на Тотенхем. Во кусото соопштение од клубот од Лондон пишува: „Се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикардо за нивната работа изминативе шест недели“. Тотенхем останува на 17. место на табелата со 30 ...
Генералниот директор на Евролигата Чус Буено најави сериозни промени во системот на натпреварување. Можно е зголемување на бројот на екипите, но сè ќе биде познато кон средината на месец април. Тој се осврна и на политичките случувања, кои имаат директно влијание врз ова натпреварување. „Не го менуваме ставот за екипите од Русија. Истото важи и за Израел и Дубаи, но ја следиме ситуацијата секојдневно“. Првиот човек на Евролигата истакна дека ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер во само две недели успеа да постигне две победи против Германецот Александер Зверев на Мастерс турнирите. На турнирот во Мајами синоќа во полуфинале го победи со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6(4)). Ова беше негова 11.та победа во серија и сега против Зверев има скор од 8-4 во победи. За вториот носител Синер сега останува уште финалниот меч и со евентуална победа ќе стане првиот тенисер по Рожер Федерер, кој успеал ...
Со натпреварот меѓу големите ривали на мак-баскетот МЗТ Скопје Аеродром и Работнички што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано 21.коло од МТел Супер лигата. Натпреварот е од исклучителна важност да двете екипи особено што бодовите се пренесуваат и во следната фаза од натпреварувањето. Актуелниот првак МЗТ Скопје А. е второпласиран и за да ја продолжи трката со лидерот ТФТ ќе мора да победи во дербито, додека за ...
Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера. Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша: „Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се ...
Селекторот на Романија Мирчеа Луческу е итно пренесен во болница, соопшти Фудбалскиот сојуз на Романија. За време на техничкиот состанок пред последниот тренинг Луческу се чувствувал лошо, а на тренингот состојбата му се влошила. На самото место медицинскиот тим му пружил прва помош. Луческу потоа е префрлен во болница на дополнителни прегледи. Во четвртокот Луческу ја предводеше Романија во баражот со Турција во Истанбул, каде неговата ...
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е суспендиран и ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим. Причината за суспензијата е 16.та техничка грешка што ја доби сезонава што автоматски значи еден натпревар пауза. Словенечкиот репрезентативец ќе го пропушти дуелот на неговиот тим против Вашингтон, а ќе може да игра против Кливленд. Тој техничката грешка број 16 ја доби на натпреварот со Бруклин во саботата, кога постигна 41 ...
Екипите на Алкалоид и на Еурофарм Пелистер постигнаа победи на денешните дуели од 3.коло од плеј офот Супер лига. И двата тима ја потврдија фаворитската улога и запишаа нови два бода. Алкалоид го совлада Тиквеш со 40:25, а избраниците на тренерот Кирил Лазаров постепено рутински стигнаа до победата, а во 39.минута првпат стигнаа до двоцифрена предност 25:15. Во завршницата на дуелот ја имаа и најголемата серија од 6-0 за убедлив триумф. ...
Италијанската фудбалска репрезентација во вторник (31.март) против Босна и Херцеговина игра еден од најважните дуели за нив во последните години, откако „азурите“ не учествуваа на последните две Светски првенства. Проблем за Италија направи и лошото време во БиХ и снегот кој падна во Зеница каде треба да се игра натпреварот. Селекторот на Италија Џенаро Гатузо се реши за промена на планот и по инспекцијата на луѓе од италијанската федерација ...
Фудбалската треска на Косово станува сè поголема во пресрет на бараж дуелот Косово – Турција што ќе се игра на 31.март (вторник). Домаќинот Фудбалската федерација на Косово се соочува со сериозен проблем. Капацитетот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е 14.000 места, а побарувањата за влезници се десет пати поголеми и дека стадион со капацитет од 140.000 места би бил премал за да ги прими сите заинтересирани. Фудбалерите на Косово направија подвиг ...