Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, потврди уште еднаш синоќа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во говорот на 76. редовен Конгрес во Ванкувер. -Секако, иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство. Морам да го кажам тоа, потврдувајќи уште еднаш за оние кои можеби сакаат да слушнат нешто друго, да напишат нешто друго. Секако, Иран ќе учествува на ...
Дуелот меѓу БиХ и Македонија е закажан од пред еден месец и ќе се игра во Сараево, а од босанската федерација денеска информираа дека има промена во терминот. Поточно, наместо во 18:00 часот, како што беше првично закажан, натпреварот ќе започне од 20:45 часот. – Со согласност на двете федерации, има промена во терминот на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија. Место претходно планираното време од ...
Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во Евролигата против Хапоел Тел Авив откако славеа на домашен терен со 86-82. „Кралевите“ покажаа кој е кој уште од самиот почеток па веќе по првата четвртина имаа позитива од 27-18. До крајот избраниците на Серџо Скариоло само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 86-82 и водство од 1-0 во серијата. Кампацо со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај ...
Првиот човек на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствува на 76. Конгрес на ФИФА кој се одржува во Ванкувер, каде заедно со генералниот секретар Леонид Јандреоски и македонската фудбалска легенда Горан Пандев активно учествуваат во носењето на важни одлуки за иднината на светскиот фудбал. Претседателот Масар Омерагиќ истакна дека на Конгресот главен фокус е ставен на финансиската стабилност и развојните политики, како и ...
Германскиот кошаркар Исак Бонга би можел да го напушти Партизан оваа лето. На 38 натпревари во Евролигата, тој имаше просек од 9,9 поени, 5,6 скока и околу 14,3 индексни поени на натпревар, додека во АБА-лигата имаше просек од малку помалку поени, 7,4 на натпревар, што го прави еден од најкорисните кошаркари во црно-белиот дрес. Инаку, тој има клаузула во договорот што му овозможува да го напушти белградскиот клуб во случај да му се исплати ...
Скот Паркер поднесе оставка од функцијата менаџер на Барнли, објави официјалната веб-страница на клубот. Четириесет и петгодишниот Паркер беше на чело на тимот од летото 2024 година. Тој има искуство и во Клуб Бриж, Борнмут и Фулам. Барнли освои 20 бода од 34 натпревари. Тимот ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата, иако до крајот на првенството има уште четири кола. Се очекува до крајот на денот раководството на Барнли ...
Барањето од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да добие полициска придружба за време на неговиот престој во Ванкувер за состаноците на организацијата е одбиено, објави АП, повикувајќи се на градската полициска станица. – Официјалните поворки со сообраќајни запирања се наменети само за шефови на држави. Бидејќи раководството на ФИФА не ги исполнува стандардите за „меѓународно заштитено лице“ што би оправдале таква придружба (затворање ...
Возачот на БК8 Гресини рејсинг, Шпанецот Алекс Маркез, победи на денешната трка во рамките од Мото ГП шампионатот на трката за Големата награда на Шпанија во Херез. Маркез дојде до својата прва победа во сезоната со време од 40:48,86. Тоа беше негова четврта победа во кариерата во „кралската класа“. Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Бецеки од Италија, со заостанување од 1,903 секунди зад победникот. Третото место му ...
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Меину (21), потпиша нов договор со клубот до 2031 година, со што завршија месеците неизвесност околу неговата иднина. Англискиот репрезентативец имаше претходен договор до 2027 година, со можност за продолжување, но клубот и играчот се одлучија за нова, долгорочна соработка. Меину е продукт на младинската академија на клубот, а се проби во првиот тим во 2023 година. Во еден период од оваа ...
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа тежок пораз во Монпелје во четвртфиналето, на Европслата лига. Без двајцата најдобри играчи Јака Малус и Дмитро Хориха, црвено-црните, издржаа едно полувреме, во второто целосно потонаа, па конечните 33-23 се реален резултат. Иван Чупиќ, жали што на најважниот натпревар оваа сезона го немаше целиот ростер на располагање. „Игравме добро дефанзивно и бевме многу дисциплинирани во првото полувреме. Се ...
Првиот центар на Реал Мадрид, Еди Таварес, најверојатно нема да биде достапен за тимот до крајот на сезоната. Таварес се повреди во првиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија со Хапоел. По три минути игра тој не можеше да го продолжи натпреварот, а еден ден подоцна, по прегледите, пристигнаа лоши вести за неговата повред. Реал, објави дека на Таварес му е дијагностицирана руптура на медијалниот колатерален лигамент (MCL) на левото ...
Кошаркарите на Хјустон победија против Лос Анџелес Лејкерс со 99:93 и го намалија резултатот на 2-3 во плејоф серијата.Џабари Смит Џуниор постигна 22 поени, Тери Исон додаде 18, а Рокетс избегнаа елиминација втор натпревар по ред со победа над Лејкерс. Алперен Шенгун имаше 14 поени, девет скока и осум асистенции за Хјустон, кои ја вратија серијата на домашен терен. Хјустон победи на два натпревари по ред и покарј тоа што не играше водечкиот ...
Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски ја презеде репрезентацијата на Таџикистан. Тој, во четвртокот, официјално беше промовиран во селектор на 103-та репрезентација на ФИФА листата. Во објавата на социјалните мрежи, на Фудбалскиот сојуз на Таџикистан, се потенцира дека Ангеловски ја однесе Македонија на Европското првенство во 2020 година. Исто така се наведува дека тој ќе го подготвува националниот тим за настап на првенството на ...
Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, во големо интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за времето поминато во Интер, причината за неговото заминување, како и за споменувањето на трофејниот клуб во контекст на скандалот со судиите во Италија. За почеток, тој коментираше за можната вмешаност на „нероаѕурите“ во скандалот околу судијата Џанлука Роки, кого противниците на Интер го сметаат за близок до неговиот поранешен клуб. „Тоа ме шокира. ...
Ветеранот, Ешли Јанг, пред во јули да наполни 41 година ќе стави крај на 23 години долгата професионална кариера. Кариерата ќе ја заврши во Ипсвич. Јанг има импресивна кариера. Помеѓу 2003 и 2020 година, тој беше важен дел од тимовите на Вотфорд, Астон Вила и Манчестер Јунајтед, со кои ја освои Премиер лигата во 2013 година, ФА Купот во 2016 година и Лигата на Европа во 2017 година. Потоа следеше италијанска авантура во Интер следната ...
Сан Антонио, по Оклахома, е вториот тим што избори место во втората рунда од плејофот во НБА лигата. Спарс се пласираа во полуфиналето на Западот откако го добија петтиот натпревар од серијата против Портланд со 114:95. Сан Антонио веќе имаше плус 20 на полувремето – 65:45 и до крајот едноставно рутински ја завршија работата. Фокс имаше 21 поен, Шампањ 19, додека Вембањама имаше дабл-дабл со 17 поени и 14 скока. На спротивнатастрана, како и ...
Сезона без трофеј секогаш предизвикува бура во Реал Мадрид, а две такви се рамни на катастрофа во најславниот клуб во светот. Иако поединци одиграа значајни натпревари, покажаа добра форма во текот на целата сезона, испаѓањето од борбата за трофеите предизвика сериозни анализи во и околу клубот. Во центарот на вниманието е Килијан Мбапе, кој индивидуално има исклучително добра сезона, но тоа не беше доволно за тимот да ги постигне ...
Големата драма во Мадрид доби ново поглавје. На крајот од натпреварот против Атлетико Мадрид, Арсенал не доби пенал, што предизвика бурна реакција од тренерот Микел Артета, кој тврди дека одлуката е „против правилата“. Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите заврши со 1:1, но главна тема стана ситуацијата од 78-та минута, кога Ечебери Езе, падна во шеснаесетникот по дуелот со Давид Ханцко. Судијата Дани Макели, прво покажа ...
Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за договор во кој би понудиле играчи плус пари за да го реализираат трансферот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, тврди „Газета дело Спорт“. Според овој извор, Јунајтед би можел да ги вклучи Мануел Угарте, Маркус Рашфорд или Џошуа Зиркзе во разговорите како дел од понудата за португалскиот репрезентативец. Милан наводно е отворен за продажба на Леао ова лето, а клубот е подготвен да разгледа понуди. ...
Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во Мадрид. Арсенал поведе со голот на Виктор Ѓекерес од пенал во 44-та минута, а Атлетико израмни преку Хулијан Алварез во 56-та минута, исто така од пенал. Натпреварот беше обележан со бројни шанси и дури три одлуки за изведување на пенали, од кои една беше поништена по интервенцијата на ВАР. „Беше чист пенал врз Езе, не разбирам зошто ...
Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, физички го нападнал Бен Вајт, дефанзивецот на Арсенал, откако тој го прегазил грбот на Атлетико на теренот на стадионот „Метрополитано“. Инцидентот се случил по напнатиот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој заврши 1:1. BEN WHITE STEPS ON ATLETI CREST AND SIMEONE REACTS 🚨🚨 On his way to the tunnel, the Arsenal defender accidentally stepped on the club’s badge, and Simeone ...
Кошаркарите на Бург ја освоија титулата во кошарларскиот Еврокуп. Францускиот тим во два натпревари го доби Бешикташ. Минатата недела победија во Истанбул со 72:60, а пред своите навивачи, вечерва, во неверојатна завршница, славеа со 73:71. Со триумфот во Еврокупот обезбеди пласман во Евролигата, но прашање е дали клубот ќе реши да игра во елитата поради финансиите. Бург го предводеа Кокила со 18, Мокока со 17, Мичел и Мекдауел Вајт со по ...
Атлетико и Арсенал, на „Метрополитамо“ во Мадрид, одиграа 1:1 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Реваншот, наредниот вторник, во Лондон, ќе го одреди финалистот. Во второто полуфинале, пред реваншот во Минхен, ПСЖ има преднст 5:4 против Баерн. Она што се очукуваше тоа и го понудија Атлетико и Арсенал. Многу борба, трчање и пред се тактично надмудрување на Диего Симеоне и Микел Артета. Во првото полувреме, имаше само ...
Нејмар зборуваше за своите надежи за претстојното Светско првенство, откривајќи дека сонува за финале помеѓу Бразил и Аргентина. Бразилската ѕвезда нагласи дека играњето за националниот тим на најголемата светска сцена останува една од неговите главни мотивации во кариерата. „Финале помеѓу Бразил и Аргентина! Би било фантастично“, рече Нејмар, потврдувајќи дека турнирот е секогаш во неговиот ум. „Секако дека размислувам за Светското ...
Актуелните европски шампиони ќе играат без еден од најдобрите поединци во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн во Минхен. Десниот бек, Ашраф Хакими, ќе биде надвор од терените „во следните неколку недели“ откако се повреди за време на драматичната победа на неговиот тим над Баерн во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Хакими ги одигра сите 90 минути и му асистираше на Кварацкелија, додека ...
И дефинитивно Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) немаше милост за фудбалерот за кого Челзи даде 100 милиони евра. Имено Михајло Мудрик (25) е казнет со четиригодишна забрана, а неговиот случај за допинг сега е упатен до Арбитражниот суд за спорт (CAS). Крилниот напаѓач на Челзи првично беше суспендиран во декември 2024 година откако беше позитивен на допинг. По одлуката на ФА, случајот наводно беше упатен до CAS, каде што беа разменети ...
Фудбалската јавност во Шпанија се чини дека е изненадена од веста за драконската казна за голманот на Сарагоса, Естебан Андрада, кој беше суспендиран на 13 натпревари поради физички напад врз противнички играч! Инцидентот што го обиколи светот се случи на крајот од дербито помеѓу Уеска и Сарагоса. Андрада, кој веќе имаше жолт картон, влезе во вербален конфликт со судијата Дамас Аркедијан, а потоа го турна капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо. ...
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед , Маркус Рашфорд, кој е позајмен од Барселона, не сака да го напушти шпанскиот клуб. Претходно беше објавено дека Барса сака да го позајми Англичанецот или да ја намали откупната клаузула од 30 милиони евра. Според „Марка“, Рашфорд сè уште не е информиран за ваквите преговори. Сепак, тој сака да остане во Барселона и следната сезона. Рашфорд одигра 28 натпревари во Ла Лига оваа сезона, постигнувајќи ...
Синоќа во Париз, во 1/2 финалето во ЛШ екипите на ПСЖ и Баерн Минхен одиграа епски меч, веројатно најдобриот во историјата на фудбалот. Постигнати беа 9 гола во победата од 5-4 на „Паркот на принцовите“ за домашниот состав. 😁👆🏼 Luis Enrique to Vincent Kompany: “You saw the game from the stands! Did you like it?”. “No!”. 😂@CBSSportsGolazo 🎥🔝 pic.twitter.com/1GiPLC5E4V — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 28, 2026 Луис Енрике, ...
Роналдо е познат по тоа што тренира и до четири часа дневно и јаде шест мини-оброци богати со протеини. По тренингот посветува посебно внимание на закрепнувањето, а во неговата рутина често се споменуваат сауна и ледени бањи. Една негова фотографија од сауна кон крајот на минатата година собра повеќе од 22 милиони лајкови на Инстаграм. Без шеќер, без тестенини и без леб Според Бароне, исхраната на Роналдо се темели на авокадо, свежа риба, ...