Гевгеличанец е уапсен откако при вршење на семејно насилство ја повредил сопругата. - Завчера ноќта, во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото, информираа од полицијата. Лицето е задржано во ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија. Како што информираа од јавното претпријатие во објава на социјалните мрежи, локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставувало „црна точка“ каде што континуирано се одлагал отпад на јавни и сообраќајни површини. „ЈП ...

Денес се одбележува 27-годишнината од почетокот на агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), во која, според неофицијални проценки, загинаа околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци за 11 недели. Во бомбардирањето, кое траеше 78 дена, државната инфраструктура, комерцијалните објекти, здравствените установи, медиумите, културните споменици и воените објекти беа сериозно оштетени. Годишнината од агресијата на ...

Во време кога културата сè почесто се мери со бројки, а не со влијание, Македонскиот народен театар останува едно од ретките места каде уметноста сè уште значи дијалог, емоција и преиспитување. Под водство на директорот Никола Кимовски, МНТ се обидува да го зачува својот идентитет, но и да се отвори кон нови генерации и современи изрази. Во интервју за „Скопје Инфо“, Кимовски зборува за предизвикот да се балансира меѓу традицијата и ...

Хармоничниот аспект меѓу Месечината во Близнаци и Венера во Овен носи лесна и пријатна енергија во комуникацијата и односите. Photo by ROMAN ODINTSOV Ова е ден кога разговорите течат природно, идеите се разменуваат брзо, а соработките можат да донесат вистински напредок. Наместо да се работи изолирано, многу повеќе може да се постигне преку заеднички активности, совет од пријател или краток разговор што отвора нова перспектива. Атмосферата ...

Во класичното обложување, правилата се строги – еден промашен натпревар значи изгубен тикет. Без разлика дали си погодил 5, 10 или 20 натпревари, исходот е ист: заминуваш без добивка. Но, не и во Евротип. Токму Евротип ја менува играта и ја редефинира логиката на обложувањето. Наместо „сѐ или ништо“, овде постои и трета опција – да добиеш, дури и кога не е сѐ погодено. Реален пример го потврдува тоа. Играч успева да погоди 20 од вкупно 21 ...

Возило „ауди“ било опожарено среде ноќ во Сарај. - На 21.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот во с.Сарај, скопско, било опожарено патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(64) од село Сарај, а кое било паркирано во неговиот двор. Пожарот го изгаснал сопственикот со неговиот син Б.А., а повредени лица нема, информираа од полицијата. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила ...

Стружанка кривично ќе се гони за насилство врз дете. Нападнала малолетничката во парк. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.М.(35) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „насилство врз дете“. На 06.03.2026 во паркот на поезијата во Струга, пријавената физички нападнала 15-годишно девојче од Струга, информираа од полицијата. Стружанка кривично ќе се гони за ...

Ресенчанец се скарал со неколку лица во спортска обложувалница, па бил натепан на паркинг простор од нив на подрачјето на Аеродром. Со едно од лицата се познавал. Синоќа во 20:35 часот во СВР Скопје, С.Т.(32), со престој во село Претор, ресенско, пријавил дека околу 20:30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија во спортска обложувалница, бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно ...

43-годишен скопјанец кој престојувал во Центар за бездомни лица пријавил дека во неговата соба бил физички нападнат од малолетник кој исто така престојувал таму. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:30 часoт во СВР Скопје, М.П.(43) од Скопје, со престој во Центар за бездомни лица во село Чичино Село, скопско, пријавил дека околу 18:00 часот во неговата соба бил физички нападнат од малолетник, кој, исто така, престојувал ...

Кривично ќе се гонат две лица од Струмица за производство и продажба на дрога. Како што информираа од полицијата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) и Ш.А.(31), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. - На 14.10.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со ...

38-годишник од Василево кривично ќе одговара затоа што тешко повредил сообраќаец кој го стопирал на пат. ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, известија од полицијата. - На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за ...

Возач од Скопје е тешко повреден откако со „голф“ се судрил со возило „бмв“ во Ченто, Другиот возач избегал од местото на несреќата. - На 22.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов - Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ...

50-годишна скопјанка се здобила со тешки повреди додека извршувала работни задачи во продавница во трговски центар на центарот на Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.Б.(50) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи во продавница во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс ...

На 28 ми март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот културен центар [MKC]во Скопје ќе се одржи третиот по ред концерт на Stefani & The Upper Room – концерт што прераснува во традиција и симбол на духовно обединување преку музиката. Овој концерт претставува повеќе од музички настап. Тоа е вечер исполнета со песна и силна порака за надеж. Публиката ќе има можност да ужива во изведби на госпел и современа христијанска ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска во објава на социјалните мрежи денеска информираше дека хаварисаните возила во Кисела Вода повеќе нема да го узурпираат јавниот простор! „Инспекциските служби на Општина Кисела Вода се на терен и започнаа со лепење известувања за отстранување на возилата во неупотреблива состојба. Врз основа на мапирањето направено во соработка со месните заедници, ги лоцираме сите точки ...

Во изминатото деноноќие лишени од слобода биле 11 возачи за безобѕирно управување возило. Седум од нив возеле без дозвола, а тројца со активна забрана. Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, тројца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и ...

Грижата за еднакви можности е нашата должност, а почитувањето на различностите - вредност што нè прави подобро општество. Иако 21 март е Светски ден на лицата со Даунов синдром, за Град Скопје инклузивноста е секојдневна борба, наша искрена заложба и пат по кој чекориме со одговорност и човечност, истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук. „Денес, во Скопската Зоолошка Градина, заедно со здруженијата ...

Во јануари 2026 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 46.617 денари, што е за 8,3% повисоко во однос на јануари 2025 година. Зголемување е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (+12,9%) Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила (+11,1%) Преработувачка индустрија (+10,5%) Намалување на платите, споредено со декември 2025, е забележано во секторите: Транспорт и ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника. „Денес го потпишав договорот со економскиот оператор за изградба на нова модерна поликлиника. Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук, каде нагласи дека ќе го оствари ветувањето. Градоначалникот ...

Општина Карпош од денеска започнува со спроведување на акцијата со која ќе се субвенционира 30 проценти од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ најмногу до 5.000 денари. Од Општина Карпош посочија дека право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед, трицикл или карго велосипеди започнувајќи од денот на објавување на повикот. Во објава на ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагира на, како што велат, загрижувачката состојба во Централниот регистар, каде што од вкупно 40 реализирани унапредувања, ниту едно не било доделено на припадник од албанската заедница. Од партијата оценуваат дека ваквата ситуација претставува сериозно прекршување на принципот на правична и соодветна застапеност, кој е еден од темелите на функционирањето на институциите во државата. „Фактот дека во ...

Гостиварец почина во болница откако со Брза помош бил пренесен на лекување. Вчера во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал. - Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, ...

Вчера полицијата уапси малолетник кој управувал со возило на булевар во Тетово. - На 22.03.2026 во 04:12 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишија од слобода 17-годишен малолетник од село Милетино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал и ...

Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски утрово во објава на Фејсбук истакна дека Општината дава конкретна поддршка за инклузивно образование и е меѓу првите општини во Македонија што обезбедила просторни и технички услови за одвивање на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. „Ова не е само институционална соработка, туку јасна потврда ...

Вчера околу 17:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат село Клечовце - село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. -Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на ...

Инцидент во саботата вечерта во Гази Баба. Маж бил нападнат од друг маж кој го удирал со кундак од пиштол. - На 21.03.2026 во СВР Скопје, Т.М.(44) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од И.„Н“, кој потоа го удирал и со кундак од пиштол, информираа од полицијата за случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидент во саботата вечерта во Гази Баба. Маж бил ...

По овој изминат продолжен викенд, наскоро уште еден. Следниот мини одмор ќе биде за големиот христијански празник - Велигден кога ќе се одмара четири дена. Неработен ден за правсолавните верници во земјава ќе биде 10 април - Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за до крајот на 2026 година. За сите граѓани на ...

Четиригодишниот Давид Самарџиев од детската градинка „Пролет“ од скопски Карпош, го освои првото место на Ликовниот конкурс на тема: „Безбедни играчки – јас сум среќно дете“, од вкупно 77 доставени ликовни творби во категоријата од 4 – 6 години, информираа утрово од Општина Карпош. Како што посочија од таму во објавата на Фејсбук, станува збор за ликовен конкурс кој го организирал Министерството за образование и наука - Биро за развој на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
92%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
77%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.97
83%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
88%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.95
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
61%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Калај

53.60

Кобалт

45.39