Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, И.К.(51) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Како што се наведува во полицискиот билтен, при нападот тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...
Лишен од слобода гостиварец кој возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес. Од МВР информираат дека вчера во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот. По ...
Во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, компанијата dm drogerie markt продолжува со активности за раззеленување и уредување на дворовите на воспитно-образовни установи, кои се реализираат во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). На 23 и 27 март беа спроведени нови акции за пошумување во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, при што беа засадени вкупно 133 ...
Во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, компанијата dm drogerie markt продолжува со активности за раззеленување и уредување на дворовите на воспитно-образовни установи, кои се реализираат во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). На 23 и 27 март беа спроведени нови акции за пошумување во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, при што беа засадени вкупно 133 ...
Малолетничка од Скопје која во полиција била пријавена за исчезната била пронајдена во стан во Гостивар. Лицето во чија сопственост е станот било уапсено. - На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар. Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека дадена била насока до директорот на ЈП „Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, дека останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. „Ова правило останува да важи за цел Аеродром! ...
На вториот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ) во петокот, во рамките на детската програма, беше емитувана песна за „Голема Албанија“ насловена „Албански територии“. 13-годишното девојче, кое ја пееше пената, беше облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“. Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора… „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето ...
Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја ...
Министерството за внатрешни работи информира за посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје. „На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје“, велат од МВР. Од таму апелираа до ...
Денеска започна судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2. март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Овој случај целиот месец ја бранува македонската јавност поради начинот на кој дошло до трагичниот настан, за тоа како Стојанче се однесувал кон својата сопруга, но и како постапувале надлежните органи. Со свој коментар по повод почетокот на судењето, излезе и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, вели ...
Жена од Крушево е повредена откако со тврд предмет била нападната од зетот, односно сопругот на ќерка си. - На 29.03.2026 во 19:25 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода У.Т.(47) од Крушево затоа што околу 17:30 часот во семејниот дом физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава ...
Општина Ѓорче Петров набави ново мултифункционално возило, наменето за поефикасна работа во одржувањето на јавните зелени површини. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се пофали дека возилото е веќе на терен и дека воведуваат поодржлив пристап кон животната средина преку мулчирање - процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот. „Во таа ...
Изминатиот викенд случај на семејно насилство во Драчево бил пријавен во полиција. Уапсен е маж кој се заканувал на сопругата. - На 28.03.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Л.(56) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга, соопштија од МВР. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава против сторителот ...
Царинската управа денеска информираше дека Царинарницата Штип лани остварила значителен раст во приходите, во однос на претходната година. Царинарница Штип, како што посочија од Царинската управа, наплатила 7,8 милијарди денари приходи во 2025 година или за 267,8 милиони денари повеќе од претходната година. „Вкупно, на ниво на цела царинарница, изречени се 6.980 записници по откриени нелегални дејствија, по кои се донесени решенија за ...
Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23.03 до 29.03.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...
Полицијата го уапси 27-годишениот жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка. Ова се деталите од полицијата за несреќниот случај на семејно насилство. - На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од ...
Во ноември месец 2025 година, инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, каде при контролата било утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите биле донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена, а во случај доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапела ...
Објава на социјалните мрежи во која се алармира за продажба на производи со краток рок на траење во пресрет на Велигден предизвика реакции кај граѓаните. Скопјанка во својата објава тврди дека во маркет се нудат производи со краток рок, кои, како што наведува, се поставени на украсени и промотивни штандови. „Да внимавате кога купувате производи, особено пред празници, еве сега за Велигден, украсени и промотивни штандови со подметнати стари ...
Повозрасна жена-пешак завршила во болница откако викендов била удрена од возило „шкода“ на крстосница во Аеродром. - На 28.03.2026 околу 09:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од сервисна улица и бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К.(68) од Скопје удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Т., констатирани ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел - одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...
Синоќа во организација на фолклорното студио „Плетеница” а под покровителство и целосна поддршка на Општина Бутел во спортската општинска сала Антон Димитров се одржа целовечерен концерт со македонски ора. „Македонскиот фолклор е нераскинлив дел од духовноста, врска меѓу минатото и сегашноста. Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој не се останува рамнодушен“, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко ...
Општина Карпош објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за членување во Совет за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош. - Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во Општина Карпош преку давање мислења и препораки за прашања од интерес на женското претпиемништво и родовата рамноправност, ...
Случајот со исчезнати 39.000 евра од банка во Тетово отвора сериозни прашања за безбедноста и внатрешните контроли во банкарскиот систем. Според информациите од полицијата, кривична пријава е поднесена против 31-годишна вработена во филијала на банка, која, наместо да ги уплати средствата на сметката на клиент, ги присвоила. Станува збор за сума од 39.000 евра, кои 59-годишен жител на Тетово ги депонирал на 3 ноември 2025 година. Дел од ...
Со влегувањето на Венера во Бик, започнува период кога љубовта, уживањето и стабилноста добиваат поголемо значење. Photo by Leah Newhouse Венера е планета што природно владее со Бик, па нејзината енергија тука се изразува силно и природно. Во следните недели многу луѓе ќе почувствуваат поголема потреба за сигурност, блискост и вистинска емоционална стабилност. Ова е време кога се ценат едноставните задоволства – природата, вкусната храна, ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре дел од Скопје ќе остане без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Според најавата, прекините ќе се реализираат во неколку временски интервали и на повеќе локации во градот. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите на „Техномаркет“, „Старџим“ и „Кам“ на булеварот „Босна и ...
Убиството што вчера ја вознемири јавноста во Виница е расчистено, а против 80-годишен грчки државјанин ќе биде поднесена кривична пријава за убиство. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28 март околу 16:11 часот било пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница е пронајдено безживотно тело на 56-годишен маж од виничкото село Липец. „Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на ...
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против двајца 39-годишни поранешни сопружници од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 март 2026 година во семејната куќа. „На 09.03.2026 во семејната куќа во Гостивар, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените“, се наведува во соопштението на МВР. Во текот ...
Тешка сообраќајна незгода се случила вчера напладне во Скопје, во која тешко е повредена малолетничка. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 28 март 2026 година околу 12:30 часот, на крстосницата од улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“. „Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘опел астра’ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И.(55) од Штип и детски тротинет, управуван од ...