73-годишна скопјанка вчера изутрината била насилно ограбена од лице кое претходно и се понудило да и помогне и да ја испрати до нејзиниот дом. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и ...

Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка и активистка Ведрана Ѓорѓевиќ повика да се спасат и згрижат кучињата на чичко Драги кој почина пред две недели. Кучињата кој ги чуваше тој, во пансионот може да останат уште еден месец, а потоа нивната судбина е неизвесна. - Зад себе остави нешто навистина вредно, многу спасени и сакани животи. Неговите кучиња, за кои се грижеше со цело срце, моментално се сместени во пансион. За жал, таму можат ...

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзините две малолетни деца со месеци биле малтретирани од страна на таткото. Како што пријавила, насилството се случувало кога децата биле на видување кај него. - На 02.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него, информираа ...

Вчера во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во ...

Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. „Овој значаен проект за нашата општина го реализираме со средства од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Просторот пред салата го трансформираме во прекрасно и ...

Во населбата Козле, во општина Карпош, наскоро ќе биде отворен Центар за дневен престој на лица со попреченост, соопшти Општината. Станува збор за простор кој ќе обезбеди стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини за корисниците. Проектот е резултат на соработка меѓу Здружението за здрав раст и развој „Неуроклиник“, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Општина ...

Бремена жена без да поседува возачка дозвола со „пежо“ се судрила со друго возило на една тетовска улица. - На 2 април 2026 година, околу 16:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода, информира СВР Тетово. Во несреќата учествувале две патнички возила – „киа“ и „пежо“. Возилото „пежо“ го управувала 36-годишна жена од Тетово, која не поседувала возачка дозвола. Поради претрпен стрес, а имајќи предвид дека ...

Овој викенд носи силни емоции, разговори што можат многу да променат, но и моменти кога ќе треба да застанеме и да размислиме каде одиме и со кого. Photo by Honest Paws on Unsplash Меркур во Риби во тригон со Јупитер во Рак носи оптимизам, идеи, планови и разговори за иднината. Но, Венера во Бик во квадрат со Плутон во Водолија може да донесе тензии во љубовта и односите, љубомора, недоразбирања или борба за контрола. Месечината во Шкорпија ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово информираше дека Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој добил Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. „Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и ...

Од скопски Водовод ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат полесен, поедноставен и побрз пристап до услугите. Креирајте профил на веб – страница и искористете ги следниве поволности: -Преглед и плаќање на сметки (без провизија) -Пријава состојба на водомер од 01-ви до 16-ти во месецот -Активирање на услуга – добивај е-сметка -Ажурирање на вашите податоци, ...

Лишена од слобода жена од село Скудриње која била барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци. Од МВР информираат дека вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишиле од слобода А.А.(45) од Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од ...

Волонтери од Црвениот крст при Град Скопје заедно со активистот Андреј кој стана познат под псевдонимот „Градинарот“ го „светнаа“ кејот во центарот на главниот град. Ова фрекфентно место, се чини, не може да остане чисто подолго време. Токму затоа, во пресрет на убавите пролетни денови, овие луѓе ги засукаа ракавите и го исчистија овој дел од отпад, трева и гранки и покажаа што значи да се биде општествено одговорен и корисен за средината во ...

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата, додаваат од општината, се наменети за следните сервиси и услуги: -Индивидуализирани услуги со асистивна ...

Утре(4. април) во центарот на Скопје ќе се одржи Свечена Лазарева поворка по повод празникот Лазарева сабота. Поворката ќе тргне во 12:00 часот напладне. Собирно место е дворот на храмот „Св. Димитриј“, а поворката ќе се движи до храмот „Св. цар Константин и царица Елена“. - Пред почетокот на Поворката, пред храмот „Св. Димитриј“ ќе се делат врбови гранчиња на сите учесници, а за најмладите ќе има и мало изненадување. Ве покануваме сите да ...

Оглас за продажба на стан во Скопје предизвика „шок“ на социјалната мрежа „X“. Во огласот се наведува дека стан во Мичурин, со површина од 30 метри квадратни, се продава по цена од 90 000 евра. Во цената е вклучен и паркинг пред зградата... Станот има и мал балкон! Но, цената?! Реагираат „твитерџиите“. Како може како прво да живее човек во 30м стан? - праша твитерџија. Еден човек или можеби за канцеларија, размислува друг. 3.000 евра од ...

Во недела (05.04.2026) со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булевар „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булевар „Илинден“ до крстосница со булевар „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус, информираат од МВР. Од таму посочија дека поради тие причини, Единицата за безбедност на патниот ...

Поради дождовите, заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини, кои апелираа дека е потребно таа да се преврива. „Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира“, информираа од ...

Граѓаните во понеделник, на 6 април, ќе имаат можност за својата здравствена состојба да поразговараат со тим составен од гинеколог, ортопед, дерматовенеролог и инфектолог, а студенти по медицина ќе вршат мерење на крвен притисок и гликоза во крвта. Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од9 до 15 ...

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Ерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател (Јн. 11: 3, 5, 11). Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и ...

Главниот град на Македонија за прв пат ќе биде домаќин на едно од најзначајните младински спортски натпреварувања Светското училишно првенство во ракомет 2026, кое ќе се одржи од 21 до 29 април, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за спорт. Со овој престижен настан, главниот град ќе стане центар на светскиот младински ракомет, обединувајќи млади спортисти од повеќе земји, со ...

Овој ден носи мешавина од оптимизам, длабоки емоции и можни тензии во односите. Photo by Alexey Filipposky on Unsplash Тринот меѓу Меркур во Риби и Јупитер во Рак носи големи идеи, визија и оптимизам. Ова е добар ден за планирање, за разговори за иднината и за размислување за нешто што сакате да го развивате на подолг рок. Луѓето можат полесно да ја видат поголемата слика и да поверуваат дека нешто е возможно. Но, квадратот меѓу Венера во ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода, соопштија од Град Скопје. Оваа донација, според соопштеното, ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој. „Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од сабота (04.04.2026), стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. „Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот ...

Доцна синоќа уапсен е 26-годишник од Турција кој престојувал во Скопје за кражба на велосипед од зграда во скопски Аеродром. - На 01.04.2026 во 22:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ф.Ј.(26) од Турција, со престој во Скопје. Тој се сомничи дека во периодот од 30.03.2026 до 01.04.2026 од ходник од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром одзел велосипед од ...

Три лица се повредени при судир меѓу возило и камион на патот Градско-Прилеп. - На 01.04.2026 во 18:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Битола и товарно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(61) од село Горно Оризари, битолско. Во несреќата со тешки телесни ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Х.Ј.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 09.03.2025 на улица „Рибник” во Штип, пријавениот сопрел патничко возило „пежо“ во сопственост на правен субјект, претставувајќи се лажно како полициски службеник, при што го одзел возилото и ...

Млад кавадарчанец е повреден откако со возило се превртел на пат со возило кое го возел без да има положено и под дејство на алкохол. - На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани ...

70-годишен возач со „голф“ прегазил пешак на улица во Тетово. Како што соопштија од МВР, вчера во 15:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Вонвардарска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.Р.(70) од Тетово, удрило во пешакот Б.С.(46) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на ...

Тепачка мешу затвореници во затворот Идризово резултирала со повреда од остар предмет кај еден од нив, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59