Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
18-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат. Сообраќајката се случила вчера на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, а повреден е и сопатникот. - На 30.03.2026 во 07:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица, гевгелиско, патничко возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(18) од Гевгелија, излетало од ...
Вчера во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода А.К.(38) од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е ...
Вчера пред полноќ инцидент во скопска Шутка. Уапсен е маж кој оштетил службено возило, а нападнал и полицаец. - Вчера во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираа ...
Внатрешната контрола при МВР констатирала сериозни пропусти во работењето на дури 39 полициски службеници во случајот со Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка трагично го загуби животот по пад од зграда. Од МВР соопштуваат дека утврдените пропусти се поврзани со начинот на постапување по претходно пријавено семејно насилство во ова семејство. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе го ...
Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите. Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи. Од Општина Карпош информираат дека обуките ќе се ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска започнале широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1200 метри квадратни. Оваа делница добива целосно нов лик - пешачка патека со ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска извршија увид во изградбата на новата спортска сала во ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“. Градоначалничката на Кисела Вода во објава на Фејсбук нагласи дека градежните работи се во напредна фаза и веќе се заокружени 60 проценти од предвидените зафати. „На површина од 650 квадратни метри подигнуваме современ ...
Под влијание на циклонска активност, утре и во четврток се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен, односно над 30 литри во четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на ...
При претреси во Гостивар пронајдени биле дрога, оружје и муниција. Од МВР информираат дека вчера во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на улицата „Балиндолска“ и во негов стан на улицата „Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени биле 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња ...
Од Град Скопје известуваат дека поради временските услови традиционалната детска манифестација „Априлијада 2026“ ќе се одржи во ГТЦ кај дуќанот Бенетон. Настанот започнува во 10:30 часот. Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии. Програмата ќе вклучи и настапи на балетската секција при Детскиот културен ...
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, порача градоначалникот на Општина Центар, ...
Никој не сака да ја урива доградбата на надградба врз станбена зграда на скопски Бит-пазар. Инспекторите од Општина Чаир констатирале дека се работи за дивоградба и издале решение за уривање, но на тендерот за избор на фирма за уривање не се пријавил никој, пренесува „Телма“. Општина Чаир на почетокот на овој месец распиша тендер за избор на фирма за уривање на бесправно изградени објекти на територијата на општината, вреден 3 милиони ...
Во период кога енергетските пазари се соочуваат со чести ценовни осцилации, геополитички влијанија и неизвесност во снабдувањето, за компаниите прашањето на избор на снабдувач со електрична енергија станува сè поважно. Во такви услови, бизнисите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност, предвидливост и партнер кој добро го разбира функционирањето на енергетскиот пазар. Енергетските кризи од изминатите години покажаа дека ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за утре најави вистинска детска забава - маскенбал по повод 1. април. „Подгответе ги најкреативните маски - на 1 април нè очекува вистинска детска забава! Домот на култура ќе биде исполнет со шеги, смеа, боја и енергија“, сподели Стојкоски во објавата на Фејсбук. Тој исто така најави и награди за најкреативните маски, забава со жонглери, диџеј и улични артисти. Маскенбалот ќе се ...
Синоќа, жители на Ростуше доживеаја непријатен момент откако голема мечка се појави на паркинг во селата, прошета меѓу возилата и предизвика вознемиреност. Кучињата во околните дворови почнале гласно да лаат. Мештаните успеале да ја снимат мечката, a видеото набргу се појави на социјалните мрежи, каде јасно се гледа дека се работи за голема мечка. Според првичните согледувања, мечката најверојатно подоцна се упатила назад во шумата. Нема ...
Гостиварец е уапсен по полноќ, се сомничи дека го убил татко си. - На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на ...
Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315–386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот Ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господа. Тој имаше две тешки борби: од една ...
Судија на претходна постапка одреди 30-дневен притвор за 27-годишник од Росоман, осомничен дека ја убил сопствената мајка во семејниот дом. Мерката е донесена по предлог на Обвинителството, кое отвори истражна постапка за кривично дело убиство. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци информираат дека станува збор за дело сторено со умисла, при вршење семејно насилство. Според првичните сознанија, осомничениот ја нападнал мајка си додека ...
Министерството за внатрешни работи информира за посебен режим на сообраќај денес и утре во Скопје. „На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје“, велат од МВР. Од таму апелираа до ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, во вторник (31 март) делови од Скопје и околината ќе останат без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Според најавата, прекините ќе се реализираат во повеќе општини и во различни временски интервали. Во општина Бутел, од 07:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Љубо Ивановиќ“, „Никола Петров“ ...
Хармоничниот аспект меѓу Месечината во Девица и Уран во Бик носи свежа и практична енергија. Photo by Lisa from Pexels Ова е ден кога различноста, оригиналноста и личните таленти можат да станат вистинска предност. Наместо да се обидувате да се вклопите во очекувањата на другите, вреди да се следи она што ве прави уникатни. Понекогаш токму тие карактеристики што изгледаат необично се покажуваат како најголема сила. Подоцна, со влегувањето ...
Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол, информираа денеска од МВР. - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно во Тетово, Гостивар и Велес ...
Доцна синоќа бил нарушен јавниот ред и мир во Карпош. Едно лице е уапсено затоа што бил агресивен кон полицаци на должност. - На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(41) од една страна и М.С.(50) и Ѓ.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. Исто така, Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои ...
Малолетници од Скопје биле нападнати од поголема група на врсници на автобуска постојка во Скопје. Инцидентот се случил еден час пред полноќ. - На 29.03.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, С.И.(44) од Скопје пријави дека на 28.03.2026 околу 23:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син со негови другари биле физички нападнати од поголема група малолетници, известија од полицијата во дневниот билтен. Се ...
Уапсени три лица во спортскиот центар „Јане Сандански“. - На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во спортскиот центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарски натпревар меѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички, полициски службеници од СВР Скопје привеле три лица. Приведени се Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, откако Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, додека кај Ф.С. бил пронајден „пејпер“ спреј. По целосно документирање на ...
Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од инстант лозот „Доме сладок доме“. Со мала инвестиција од само 100 денари, тој ја предизвика среќата и освои стан во Скопје. Интересно е што првиот купен лоз му донел добивка од 100 денари. Тој се одлучил да ја замени добивката со нов лоз и токму замената го довела до големото изненадување – сопствен дом во главниот град. „Секогаш треба да се верува во среќата“, сподели добитникот, ...
Млад скопјанец се заканувал кон мајка си и искршил покуќнина. - На 29.03.2026 во 21:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(22) од Скопје, известија од полицијата. Апсењето следувало по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон неговата 42-годишна мајка и при тоа искршил дел од покуќнината. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на ...
Вчера во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал ...
60-годишен кумановец кривично ќе одговара за насилство врз сопругата при што таа се здобила со повреди. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. - На 20.03.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди, информираа од полицијата о дневниот билтен. 60-годишен кумановец ...
Нова трагедија во Скопје. 38-годишник бил пронајден починат вчера попладне во близина на напуштен објект во Аеродром, а до него полицијата пронашла пиштол. - На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт, информираа од МВР. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен ...