Министерот за надворешни работи, Муцунски го оцени извештајот на Вајц како балансиран, со критики, но и со пофалби за напредокот на земјава. Иако Брисел предупредува дека реформите, особено во судството и борбата против корупцијата, се недоволни, Муцунски тврди дека процесите се во тек. Сепак, признава дека правосудството останува слабата алка, со недоволни резултати, особено во високата корупција. Во меѓувреме, во извештајот се најде и ...

На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По ...

На 03.06.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Г.С.М.(53) од Сојузна Република Германија. При контрола на кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кој го управувала, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и кесички со бела прашкаста материја и марихуана, 82 помали пакувања со тутун, 16 кутии цигари и други предмети со остатоци од бела прашкаста ...

СВР Струмица - ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување ...

Поголема видливост во светската наука и подобрување на незавидните позиции на меѓународните ранг листи. Ова е главниот бенефит што македонските универзитети и истражувачи ќе го добијат преку проектот за паметна специјализација во соработка со Австрија. МОН ќе финансира 14 заеднички проекти кои освен што треба да ги доближат македонските универзитети до светските стандарди, ќе понудат и конкретни решенија за секојдневниот живот. Како да се ...

Повеќе од 650 пациенти чекаат вградување на вештачки колк. Најголеми се листите на ТОАРИЛУЦ , во ГОБ 8 септември и Свети Еразмо во Охрид каде се прават речиси 70 отсто од вкупниот број на вакви интервенции, покажува анализата на Фондот за здравство. На Клинички се чека година и половина, во Охрид до 9 месеци, а од ГОБ 8 септември не дале податоци. Од друга страна во повеќе болници меѓу кои Куманово, Тетово, Струмица има вакви протези, ама ...

Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето за злоупотреба на средства од европската ИПАРД програма, случај во кој се обвинети седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев. Обвинителството тврди дека во овој случај не станува збор за некаков пропуст, туку за организирано и свесно заобиколување на законите со цел лична корист. Според обвинението, биле одобрени европски ...

Вработен во Академијата за судии и јавни обвинители добил средства за прекувремена работа за период кога му биле исплатени дневници за службено патување во странство. Никој не водел сметка кој и за какви намени ги користел службените картички за гориво а се делеле и пари за седници без присуство. Државниот завод за ревизија со низа пропусти во финансиското и организациското работење на Академијата содржани во конечниот ревизорски извештај за ...

Агенцијата за храна ќе го проверува производствениот процес на млекарниците кои продавале производи со пониска масленост и палмини масти. Инспекторите ќе вршат вонредни контроли на внатрешните записи и лабораториски анализи за да утврдат од кога е лажното декларирање на млечните производи. Целта на длабинските контроли во фабриките е да се провери системот на самоконтрола на компаниите и да се види како течел целиот процес од влез на суровина ...

Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии масит, во соработка со Грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE денеска во Скопје го одржуваат првиот македонско-грчки форум со кој се создава организирана бизнис платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. Целта е да се поттикне регионалниот раст, да се отворат нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Во рамки на форумот беше ...

Стефан Богоев и уште три лица добија 30 дневен притвор. Одлуката ја донесе синоќа судија на претходна постапка при основниот кривичен суд скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т.1 и т.2 од зкп, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет. Поранешен директор на царина, Стефан Богоев, и уште тројца се осомничени во случајот со наводно ...

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година. Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,8 % за жените и 92,1 % за мажите. Во втор брак со ...

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува - изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...

По најавите за реконструкција на Владата во втората половина на јуни, копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје, Меџити рече дека во договор се со партнерите во Владата оти ќе има реконструкција. - ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги ...

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите кои правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации - кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко,..., безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и ...

Светскиот првак Аргентина ги почна своите подготовки за Светското првенство. Аргентинците се во тренинг базата во Канзас Сити. На тренингот беше присутен и капитенот и најдобриот играч на шампионот Лионел Меси, но тој тренираше одделно од тимот. 38-годишниот фудбалер на Интер Мајами ќе го игра своето шесто Светско првенство. Сепак настапот на Меси на натпреварите во групата е неизвесен откако се повреди на последниот натпревар што го играше ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби. Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското ...

Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои резолуција со која се бара прекин на воените дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Резолуцијата, предводена од демократите, беше усвоена со 215 гласови „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републикански конгресмени. Иако гласањето претставува „политички удар“ за претседателот Доналд Трамп, мерката засега има симболично значење, бидејќи за да стапи во сила, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната заедничка прес-конференција со претседателот Володимир Зеленски во Киев изјави дека испораката на американските ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина продолжува „секојдневно и неделно“. Руте напомена дека ракетите пресретнувачи PAC-3 се исклучително важни за противвоздушната одбрана и оти е пожелно нивниот вкупен број да биде поголем од она што во моментов е достапно. – Добрата вест е што ...

Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништила 272 украински дрона над повеќе руски региони, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Според соопштението, дроновите биле соборени над териториите на Белгородската, Брјањската, Волгоградската, Воронешката, Курската, Нижњеновгородската, Орловската, Ростовската, Рјазанската и Тамбовската Област, како и над Крим и над Азовското и Црното Море. Во меѓувреме беше соопштено дека ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска е предвидено да одговара на прашања од новинари од Западот, на вториот ден од Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни медиумски организации за да разговара за внатрешната и надворешната политика на Русија, соопшти неговиот советник за надворешна политика, Јури Ушаков. Претходните години таквите сесии со новинари вообичаено ...

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија, според истражувањето спроведено од Институтот Кнак за локалните медиуми, објави агенцијата Белга. Истражувањето го испитувало учеството на осомничени Албанци во случаи на белгиските судови помеѓу 2020 и 2026 година. Повеќе од 2.000 осомничени Албанци се појавуваат во тековните истраги на федералната судска полиција. - Според Франсоа Фарси, директор на судството во Лиеж, овој феномен ...

Безбедносната и информативна агенција на Србија доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“. Како што е наведено во соопштението, таков совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“. „Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците, како и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за високи раководители, во прво читање, како и Предлог законот за соодветна и правична застапеност, исто така во прво читање. Комитетот за односи меѓу ...

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни - Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.84
69%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
3.13
72%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.46
82%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.88
74%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.51
71%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
1.31
76%
1018
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
59%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.6
71%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
71%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
70%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
1.89
99%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39