Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на ...
На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе, затоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од ...
Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба ...
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски ...
111-те илјади денари биле првите, од илјадниците евра кои eкс директор на Царината, Стефан Богоев, требало да ги добие како награда зa тендерoт за кој е осомничен дека го наместил, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски вели дека првичната сума од околу 1.800 евра е само десет проценти од вкупниот износ што Богоев требало да го инкасира. Додека обвинувањата во јавноста не стигнуваат, медиумите пренесувуаат дека одбраната на Богоев веќе ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос во 2026 година, израмнувајќи го достигнувањето на поранешниот шпански број 1, Давид Ферер. Во полуфиналето, третиот светски број го победи Чехот Јакуб Меншик со 7:5, 6:2, 3:6 и 6:3. Натпреварот траеше 2 часа и 59 минути. Оваа победа беше 44-та на Зверев во сингл на Отвореното првенство на Франција. Овој резултат го изедначува Германецот со Давид Ферер. Тие сега го ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија. Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и ...
Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина. Путин рече дека ...
Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори. Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет ...
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените ...
Повеќе од милион луѓе се собраа денеска на главниот плоштад во Мадрид за да присуствуваат на миса што ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти. Денешната миса се совпадна со католичкиот празник Corpus Domini, на кој поворки граѓани, предводени од свештеник кој ја носи Евхаристијата, минуваат низ градовите и местата. Папата дојде во Шпанија вчера, ќе биде во посета една недела со намера да ја истакне ...
Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, кажа своите очекувања за денешната трка во Монако, шеста од светскиот шампионат во Формула 1 оваа сезона. – Знаете како одат овие трки. Многу, многу е тешко да се направи престигнување. Се надевам дека ќе имам многу добар почеток. Можеби ми треба дожд. Но, ништо не е невозможно. Оваа трка обично се одвива како парада, во смисла дека се следиме еден со друг. Автомобилот се прегрева, сопирачките се прегреваат ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква. Тропар Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе ...
Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...
Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и ...
Тензиите меѓу САД и Иран повторно се зголемија по нови напади во регионот на Персискиот залив и Ормускиот теснец. Американските сили собориле четири ирански беспилотни летала, за кои било оценето дека претставуваат непосредна закана за поморскиот сообраќај. По пресретнувањето на дроновите, САД извршиле напади врз ирански крајбрежни радарски позиции на југот од земјата. Иран, според американската Централна команда, возвратил со лансирање седум ...
Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска помош од 70 милијарди евра за Украина, изјавија за Политико четири неименувани дипломатски извори, наведувајќи дека одлуката треба да биде објавена следниот месец за време на самитот на НАТО во Анкара. Изворите велат дека предлогот што го иницираше Германија минатиот месец вклучува нов механизам за зголемување на транспарентноста околу финансирањето на Украина, потсетувајќи дека некои земји ...
Со порака за живот без бариери, лица со попреченост, родители со колички, велосипедисти, деца, малди и повозрасни граѓани денеска маршираа низ Скопје барајќи подостапен и поинклузивен град. Бараат пристапни улици, тротоари, паркови, јавни површини и институвии во кои секој граѓанин ќе може достоинствено да ги оствари своите права. Со порака за живот без бариери, лица со попреченост, родители со колички, велосипедисти, деца, малди и ...
На приемниот дел од болницата, на местото на дежурната амбуланта во штипска клиничка ќе започне да функционира ургентен центар. Тоа ќе биде хируршки и интернистички ургентен центар за пациентите од источниот и југоисточниот регион. -Да се дијагностицираат и потоа да се третираат онаму каде што е потребно да се третираат во нашата болница. Ние веќе почнавме со процедурата и се надеваме дека во летниот период кога имаме помалку пациенти, кога ...
Во Струмичката болница и официјално промовиран Кабинет за менаџирање на дебелината. Кабинетот, кој функционира околу четири месеци наназад, треба да овозможи мултидисциплинарен пристап, прецизна дијагностика и современ третман на пациентите од целиот Југоисточен регион кои се соочуваат со овој сериозен здравствен предизвик. Благодарение на донација од општествено одговорна компанија, кабинетот е опремен и со современ апарат „InBody“, што е ...
Прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти каде закажувањето ќе оди преку матичен лекар и Мој Термин. Центарот беше промовиран денес во рамки на Институтот за јавно здравје од каде велат дека е единствен од ваков карактер во државта. За сите емоционални, семејни, училишни и лични предизвици со младите и нивните семејства ќе работи тим од стручни лица. -Ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, и тоа не само за надминување на ...
Се подготвува новата цена на парното. Компаниите за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија веќе ги испратиле своите математики и трошоци до Регулаторната комисија, која треба да пресече колку пари ќе им се наплаќа на граѓаните за претстојната грејна сезона. Одлуката ќе се носи следниот месец, а ќе важи од први август. Од ЕСМ велат дека врз конечната цена влијаат повеќе фактори, но најголемо значење има цената на ...
Почна полагањето на државната матура. Над 14.500 матуранти со пенкалата в раце, без мобилни телефони и на метар растојание денеска го полагаа првиот екстерен испит. Точно во девет часот утрово низ целата држава почна да тече времето кое го имаат за решавање на денешниот испит кој е изборен предмет. Најголемиот дел од средношколците за Сител велат дека испитот го поминале многу лесно, но претходел и период на подготовка. „Беа забранети ...
Македонија не треба да ја испушти шансата за ЕУ по јасните пораки на европските челници од Тиват и новите механизми кои се нудат за приближување кон полноправно членство, оценува опозицискиот лидер Венко Филипче. Според него по Самитот, паѓаат во вода лагите на владата дека Брисел нема намера да дозволи влез на нови членки. Побара Мицкоски јасно да каже кој е планот на државата по позитивната реторика од Тиват и пораката дека Унијата е ...