Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни ...

Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој Ројтерс имаше увид, пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...

Средба за смирување на тензиите, но без решение за спорот. Утрешната средба меѓу претседателките Сиљановска Давкова и Јотова, домашните експерти ја гледаат само како обид за воспоставување нормален дипломатски дијалог, но без политички пробив или суштински напредок околу уставните измени кои се вето на нашиот пат кон ЕУ. „Се разбира поради тековниот однос тие беа нарушени и се одвиваат во релација на зголемен политички антигонизам. Ваквите ...

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР дополнуваат ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. ...

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства. Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство, а со цел сузбивање на нелегалното ...

Израел продолжува со воените операции против Хезболах во Либан, игорнирајки ја заканата од иранските власти дека ќе следат нови напади доколку Израел продолжи да го напаѓа Либан. На мета градот Тир. Токму израелските напади врз Либан, беа повод вчера Иран и Израел да разменат оган, за прв пат од априлското примије. -Иран и Хезболах се обидоа да ни наметнат нова равенка, а таа равенка е неподнослива и неприфатлива за мене. Мислеа дека можат да ...

Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната ќе се засмета и времето поминато во куќен притвор во 2019 година. Во делот за злоупотреба на службена положба, судот ја уважи жалбата и предметот го врати на повторно судење, со напомена дека постои можност за застарување во 2027 година. Исто така, укината е и ...

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ги демантираше тврдењата изнесени од Александар Маленко оценувајќи ги како невистинити и измислени. Во својата реакција, Груевски наведува дека никогаш во животот не се сретнал ниту разговарал со Маленко, како и дека тој никогаш не бил тема на какви било разговори или активности поврзани со него. Тој ги отфрла и наводите дека во деновите непосредно пред неговото заминување од Македонија ...

По една недела помината во притвор поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор откако Судот му прифати гаранција од 55.000 евра. Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена по жалба против решението на судијата на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев првично му беше одреден притвор по барање на обвинителството. Кривичниот совет ја прифатил жалбата и понудената ...

Заштита на здравјето на населението, особено на децата и младите. Со ова барање, здравствените власти очекуваат пратениците без проблем да го изгласаат законот за заштита од употреба на тутун или сродни прозиводи. Предлог законското решение денеска го помина првото читање на комисиите за здравство и законодавно правната. Во Собранието е доставен со европско знаменце, но во редовна процедура. -Потребата од ново законско решение произлегува од ...

Мерки за граѓаните против растечката инфлација најверојатно ќе има од следниот месец. Владата најави дека ја следи состојбата и бидејќи најголем скок на цените статистиката регистрира кај транспортот и алкохолните пијалоци и цигарите, премиерот вели – можно намалување на даноците кај горивата, но зголемување кај тутунот и алкохолот. -Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам. Напротив, можеби уште поригорозни мерки треба, затоа што ...

Ако се најде решение за парцелата помеѓу спортскиот комплекс “Борис Трајковски” и ГОБ “8 септември” активностите за изградба на нов Клинички Центар ќе почнат идната година, најави Премиерот Христијан Мицкоски. Преговорите со сопственикот на земјиштето се во тек, велат од Владата. Планот е новиот објект со подземен премин под булеварот Илинденска да се поврзе со градската општа болница, ПЕТ центарот и поликлиниката Букурешт. -Таа локација е на ...

По децении неуспешни тендери, пропаднати обиди за концесии и партнерства со странски инвеститори, Владата размислува Чебрен и Галиште да го гради сама. Проектот чија вредност се проценува на околу 1,5 милијарди евра, државата планира да го финансира со пари од меѓународни финансиски институции. „Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека ...

Обвинителството ги покажа снимките од заѕиданите пари на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Вкупно 350 илјади евра, распоредени во 13 пакувања и завиткани по должина во форма на прачки, полицијата ги пронашла на спратот од семејната куќа на неговите родители во Неготино. Снимките кои денеска беа презентирани во судница, покажаа дека парите биле сокриени во дното на ѕидот од кујната. Бункерот го издале непрофесионално залепените плочки. Парите ...

Разговор Скопје - Софија на највисоко ниво утре во бугарската престолнина. Претседателките на двете држави Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова ќе се сретнат на маргините на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Според агендата, средбата треба да се одржи во попладневните часови. Додека шефицата на државата го крши мразот на највисоко ниво откако Бугарија конечно доби стабилна, легитимна влада, на министерско ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека реализацијата на проектот Чебрен и Галиште е стратешки проект не само за Македонија како држава, туку и за регионот. Освен зголемувањето на производството на енергија, смета дека можеби многу поважно е и што со него ќе се создадат два резервоара на питка вода. Затоа, вели, државата треба да се обиде да смогне сили и сама да го финансира овој проект по неколку неуспешни обиди за приватни партнерства и ...

По завршувањето на трите капитални проекти во здравството во Штип, Тетово и Кичево, премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на идната година ќе почнат и градежни работи за изградба на нов клинички центар кој ќе се протега на просторот помеѓу салата Борис Трајковски и Градската општа болница 8 Септември и овие два објекта ќе бидат поврзани со подземен премин под булеварот. По завршувањето на трите капитални проекти во здравството во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, беа предадени 30 алатки за проверка на документи, ...

Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот. Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и ...

На 08.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање, соопшти МВР. Полициски службеници извршија увид, а по насоки на јавен обвинител телото, кај кое е пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје-женско лице, е предадено во судска медицина за обдукција. На 08.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај ...

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото. ...

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското ...

Унгарската полиција уапси седум лица осомничени за перење пари во рамките на меѓународна криминална организација, додека двајцата наводни водачи сè уште се во бегство, објави истражната канцеларија КР ННИ. Според полицијата, криминалната мрежа перела пари од меѓународната трговија со дрога и други криминални активности, користејќи ја Унгарија како транзитна точка, објави МТИ. Истражителите изјавија дека осомничените, меѓу кои и Талал ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.7
38%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
4.5
83%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
2.3
34%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.56
40%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
80%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
3.13
54%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.24
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.44
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00