Во Центарот за параглајдинг во Крушево денес свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“. На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет. Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за ...

Во двата повика од Министерството за транспорт Општина Струга за неполни две години доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции. Поддршката продолжува, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот Менди Ќура и увидот на градежните работи на булаверот „Туристичка“. Николоски и Ќура на состанокот ги ...

Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во собраниската служба. Постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување. Во согласност со член 22 став (1) од Законот ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот - информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во ...

Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...

Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е ...

Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. ...

Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале разговори со посредство на САД, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните израелски напади врз сириска територија. Сириските државни медиуми, повикувајќи се на извор на Министерство за надворешни работи, соопштуваат дека разговорите биле насочени кон воспоставување практични механизми за запирање на израелските напади, апсења и целни операции, како и кон повторно започнување на преговорите за ...

Европската комисија денеска одобри помош за одбраната на Украина во вредност од 6,1 милијарди евра. Со помошта се планира Украина да биде снабдена со нови одбранбени системи, меѓу кои средства за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и радари. ЕУ потсетува дека претходниот пакет помош за Украина беше во вредност од 16 милијарди евра, од кои досега се исплатени 8,35 милијарди евра. „Додека Русија го засилува интензитетот на нападите, ние ...

Соединетите Американски Држави влегуваат во „завршната фаза“ од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент, додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран. – В зори почнува економски „Д-ден“ – најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник – напиша Бесент на Х. Предвидено е денеска да ги презентира новите мерки на прес-конференција. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската, информираат деенска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“, постапката е значително олеснета и забрзана. ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

- Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година и ги повика сите студенти кои ги исполнуваат условите да се пријават. Тие треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети и да немаат месечен ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во реакција, која МИА ја пренесува интегрално. Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека водата за пиење во градот е безбедна и соодветна за употреба, согласно резултатите од редовните лабораториски испитувања. Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа, од вкупно 47 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на ...

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени заканата на САД со нови санкции како знак на очај, нагласувајќи дека очекуваните нови мерки нема да можат да го скршат Иран. Опишувајќи ги заканите како „повторувачки сценарија“, шефот на иранската дипломатија во видео објавено на апликацијата Телеграм рече: „Фактот дека тие (американските лидери) преминаа од воени операции на повлекување стари планови, покажува дека се очајни“. ...

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија. Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина. – Нашите компании потпишаа документи во врска со развојот и производството на дронови ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека спроведувањето на меморандумот за разбирање постигнат со САД е најдобриот начин за излез од војната. – Меморандумот за разбирање е најдобар начин да се надмине ситуацијата „ниту војна, ниту мир“. Во него нема ниту една одредба што претставува капитулација, вели Пезешкијан во пишаната изјава што ја пренесе државната новинска агенција ИРНА. Сепак, нагласува иранскиот претседател, ...

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната провинција Галиција, а меѓу тројцата уапсени има и еден хрватски државјанин, објави денеска локалниот весник „Ла Воз де Галисија“. Кокаинот бил пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според досегашните резултати од истрагата, бил привремено складиран. Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е едно од важните ...

„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на гражаните, бидејќи, како што рече, доволна е искра за вистинска катастрофа. -Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно веднаш ...

Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе ...

Сметките на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за околу 3%. Точните пресметки во моментов ги прави ПИОМ и според првиот човек на институцијата, ќе се знаат до крајот на следната недела. Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50% од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од инфлацијата, во споредба со бројките од второто полугодие лани, покачувањето би било од 600 ...

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени ...

По цели 25 години, фабриката за преработка на вода во Струмица ќе добие нов озонатор. Новата опрема е инвестиција вредна околу 30 милиони денари и треба да биде инсталирана до крајот на оваа година, а нејзиното официјално ставање во употреба се очекува на почетокот на 2027. И покрај тоа што фабриката располага со два озонатори , во моментов во функција е само едниот од нив. Според градоначалникот Петар Јанков, станува збор за клучна ...

Во Штип продолжува реализацијата на проектот за обновување на тврдината Исар. Во тек е изградбата на пристапниот пат, кој ќе овозможи полесен транспорт на градежните материјали и механизацијата до локалитетот и ќе го отвори патот за почеток на конкретните градежни и конзерваторски зафати. - Ќе ја доловиме автентичноста и преку сето она кое го предвидува проектот, трите видиковци, акрополот, тврдината која треба целосно да биде осветлена ќе го ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32