Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА. Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица. Само едно од новороденчињата во одделението било спасено, наведуваат тие. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола. Акушерското одделение е дел од Гинеколошкиот оддел ...

Затворениот пливачки базен во Охрид кој со години тапка во место ќе продолжи да се гради. Градоначалникот Пецаков најави дека со новиот проект ќе следи тендерска постапка за довршување на изградбата и во рок од 1 година се очекува да биде готов. Охрид како главна туристичка дестинација наместо олимписки ќе добие затворен 25 метарски базен. Пливачкиот комплекс треба да опфаќа два базени, од кои еден помал базен за деца и за обука на непливачи ...

Ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено и ниту еден наставник во Општина Прилеп нема да остане без работа со процесот на оптимизација. Од Општина Прилеп велат дека со овој чекор успеале пред се да ги спасат населените места од изумирање затоа што младите се клучниот фактор за развој на една средина. „Во секое населено место каде што функционира училиште има поразличен начин на функционирање, односно се задржува животот во ...

Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето, кое со различни настани ќе трае десетина дена, започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа во центарот на главниот град. Прв кој положи цвеќе и кој ги предводеше делегациите беше министерот за европски прашања и прв вицепремиер во Владата Беким Сали. -Денес сме тука во близина на старата куќа на Мајка Тереза во ...

Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата. Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника каѓу заглавените луѓе, јави ДПА. Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ. -Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал. Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија. Песков не ...

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за ...

Две лица, жители на Пенсилванија, починаа откако заболеа од морбили (мали сипаници), со што се регистрирани првите такви смртни случаи оваа година во Соединетите Држави, кои се соочуваат со најголем број заболени од оваа исклучително заразна болест во повеќе од три децении, додека стапката на вакцинација опаѓа. Двете починати лица биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, соопшти Министерството за здравство на Пенсилванија во ...

Бројот на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела пред два месеца достигна 6.509 луѓе – за 71 лице повеќе во споредба со податоците од минатата недела, пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ. Хорхе Родригез, претседателот на Националното собрание на земјата, изјави дека 226.696 лица биле лекувани во болниците, што е зголемување за 140.338 од 17 август. Истовремено биле инспектирани 60.785 станбени згради, од кои 11.001 се ...

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во државна болница во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопшти премиерот, додека локалните медиуми за трагедијата обвинија дефект на климатизацискиот систем. Огнот започнал околу 7 часот наутро во Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), на третиот кат од одделот за здравствена заштита на мајки и деца. Инцидентот е меѓу Најсмртоносните болнички пожари во последниве години во земјата, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените ...

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. ...

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО - Скопје. На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 27 и 31 август ќе се спроведат активности за контрола на популацијата на комарци во пет општини и тоа преку ларвицидна и адултицидна дезинсекција, соопштија од Центарот. Утре ќе се прска во Бпосилово, Ново Село и Струмица, а на 31 август во Василево и Валандово. -Активностите се спроведуваат со цел намалување на популацијата на комарци и преземање превентивни ...

По повод Успението на Пресвета Богородица во петок (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до ...

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје - Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта ...

Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...

Москва и Ватикан успеаја да го зачуваат дијалогот заснован на заемна доверба и покрај меѓународната нестабилност – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер. – И покрај сите потреси на нашата планета, успеваме да одржуваме доверлив дијалог со Ватиканот, заснован на заемна почит, кој, се надевам, ни овозможува да бараме ...

Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...

Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина. „Ќе има политика на нулта толеранција кон ...

Над 1.500 хектари се погодени во општините Прилеп и Долнени во големото невреме кое вчера доцна поладнето го погоди овој регион. Силен дожд, ветар и град со големина на орев направја вистински пустош на тутунот, пиперките, царевката и другите култури. Се поѓалија дека држвата нема никаков систем за заштита од вакви невремиња. „Мислам дека посебно градинарството нема назад враќање, тоа е завршена работа, парите се исфрлени, не можеме да се ...

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска ...

На 80-годишна возраст почина Доли Партон, легендарната американска кантри пејачка, текстописец и музичка икона. Веста ја потврди нејзиниот внук, кој објави видео на Инстаграм. Во последните месеци Партон имаше здравствени проблеми, поради кои беше принудена да откаже или да одложи неколку јавни настапи. Неколку дена пред нејзината смрт, таа зборуваше за своето здравје, како и за тешкотиите со кои се соочувала по загубата на сопругот Карл Дин ...

Владата има план Б ако поскапувањето на горивата продолжи. Војната на Блискиот Исток може да трае со години, што неминовно ќе влијае врз растот на цената на нафтата. Затоа, премиерот Мицкоски не ја исклучува можноста покрај намалената акциза, да се интервенира и во делот на ДДВ-то. „Да, планираме, имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае, може да потрае и неколку години оваа состојба што се случува во ...

Обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ го оспоруваат градежното вештачење според кое објектот имал низа пропусти. На наодите на тимот градежни вештаци, денеска во судницата, се спротивставија адвокатите на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски и општинскиот градежен инспектор, Огнен Ѓорѓиев. Според одбраната, пред да биде пренаменет во дискотека, објектот ги исполнувал сите градежни стандарди, а тоа го потврди и градежниот вештак ...

„Светот се промени, а со тоа мора да се промени и проширувањето“, порачала еврокомесарката за проширување Марта Кос, најавувајќи голема ревизија на политиката со која Европската Унија ќе се подготвува за прием на нови членки. Еуроњус повикувајќи се на свои извори пишува дека Кос ги презентирала новите правила за проширување на Конференција на амбасадори во Загреб. Една од најважните пораки е дека кандидатите можеби нема да мора да чекаат до ...

Македонската Влада нема да влегува во дневни политички препукувања со луѓе кои се заглавени во минатиот век со политиките кои ги водат– вака премиерот Мицкоски одговори на последните провокации на бугарската претседателка Јотова која порача дека со Македонија имале заедничка историја која не се дели. Мицкоски порача дека Владата ги штити државните интереси и интересите на граѓаните, а македонската страна добро знае кои се нејзините позиции ...

Струмичките земјоделци денеска повторно излегоа на протест, револтирани од ниските откупни цени и непочитувањето на претходно постигнатиот договор за црвената пиперка „ајварка“. И покрај договореното пиперката да се откупува по 30 денари за килограм, велат дека на терен ситуацијата е поинаква. Земјоделците уверуваат дека откупувачите самоволно ја намалиле цената на 25 денари поради што производителите работат со чиста загуба. На протестот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87