Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, ...
Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција. Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување ...
Најмногу дожд во изминатото деноноќи наврна во Тетово и на Попова Шапка 16 литри на метар квадратен, 13 во Крушево, 12 во Берово, 11 во Куманово, а 10 во Штип, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од ...
На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. - Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави - најави владината прес-служба. Во состав на владината делегација ќе ...
Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на законски измени што предвидуваат воведување задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. ...
Рано утринава околу 5 часот избувнал пожар во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода. Настанот предизвикал паника меѓу станарите, кои биле разбудени од силен чад, тропање и звуци на детонации што, како што сведочат, личеле на експлозии. Според првичните информации и сведоштва на жителите, пожарот најверојатно започнал од електрична инсталација на која претходно се изведувале работи. За кратко време густ чад го исполнил ...
Во просториите на Семос Едукација вчера се одржа националниот натпревар Microsoft Office Specialist (MOS), на кој за победник беше прогласен Матеј Спасиќ од Куманово. Со освоеното прво место, тој добива можност да ја претставува Македонија на Светското првенство Microsoft Office Specialist World Championship што ќе се одржи во Калифорнија, САД. На годинашниот натпревар учествуваа ученици од околу 20 средни училишта од целата држава, кои ги ...
На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З..Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација, како што рекол Андоновски, се по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка ...
Жена од јужна Германија роди близнаци по третпат. Ќерките на Јасмин Ритнер – Јулија Ања Валентина и Естефанија Лорена Мари се родени на 27 мај, објави болницата којашто се наоѓа во Фирт на „Инстаграм“. „Еднаш е посебно. Двапати е извонредно. Трипати по ред е тешко да се поверува“, се вели во објавата. Ритнер и нејзиниот сопруг Андреас ги пречекаа близнаците Даниел и Емилио во летото 2023 година, а потоа и Симоне и Анастасија една година ...
Во вториот натпревар од воведното коло во Групата А на Светското првенство, фудбалерите на Јужна Кореја ја совладаа Чешка со 2-1 во мексиканскиот град Запопан. Чешка, која се врати на Светското првенство по пауза од дваесет години, ја издржа доминацијата на Јужна Кореја во првото полувреме, и дојде во водство во 59. минута со голот на Ладислав Крејчи. Само осум минути подоцна, Јужна Кореја го израмни резултатот со голот на Хванг Ин-Бом. ...
Најбројното Светско фудбалско првенство во историјата, со учество на 48 репрезентации, започна вечерва со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка на величествениот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. На воведниот натпревар му претходеше церемонија на свеченото отворање која беше поделена на четири дела со настапи на бројни латиноамерикански музички ѕвезди, а најголем ентузијазам кај приближно 85.000 гледачи предизвика појавувањето на ...
Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази оптимизам во врска со постигнувањето договор за нов нацрт-договор со Иран во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти канцеларијата на Нетанјаху. Во соопштението се вели дека во разговорот е разговарано за „нов меморандум за разбирање со Иран во врска со влегувањето во преговори“, објави „Тајмс оф Израел“. – Иако Израел не е страна во меморандумот за разбирање, ...
Истовремено си примале и социјално и пензија. Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности и слабости во системот на остварување и исплата на правата за социјална заштита во Македонија. Најновиот извештај открива дека во 2024 година незаконски биле исплатени најмалку 236 илјади евра на лица кои паралелно си користеле и пензија и социјална помош. Од овие средства 10,7 милиони денари неосновано завршиле кај 190 корисници на гарантирана ...
Барањата кои ги испорачува Бугарија не се нови туку истите на кои се согласила минатата влада во 22-ра, вели премиерот Мицкоски по средбата меѓу двете претседателки во Софија. Освен менувањето на Уставот, Бугарија притиска и за Акцискиот план за малцинства, работата на историската комисија и Вториот протокол, тврди Мицкоски. Иако е оптимист вели дека разговорите кои се воделе во Софија се целосно различни од тоа што тој го разговарал со Мерц ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³ и информира дека од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. - Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до ...
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. - Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...
Нов пожар во околината на Штип на само еден километар од претходниот, кој успешно беше локализиран, но овој пат има повредено едно лице, а 3 викендици се опожарени. Огнот попладнево се прошири по ридовите Клисибар и Кумлак, заканувајќи се да опожари 15-тина викенд куќи, лоцирани во непосредна близина. Во една од нив, бил сопственикот кој се обидел да ја изгасне запалената викендичка и само благодарение на брзаата интервенција на пожарникарите ...
Само неколку часа беа доволни пожарот што вчера избувна над Штип да ја покаже својата опасност. Според првичните сознанија, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, кој во услови на високи температури и исушена вегетација лесно можел да прерасне во сериозна закана. Огнот, кој зафати сува вегетација на потегот Плуждино над градските гробишта, под влијание на ветерот брзо се движеше кон неколку правци, заканувајќи се да се доближи ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Собранието денес го поддржа Предлог-законот за игри на среќа, кој помина со 59 гласа „за“ и 9 гласа „против“- соопшти пратеникот Антонио Милошоски. „Казината нема да смеат да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата, се забранува рекламирање на излозите на коцкарниците, како и рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин за личен успех“, напиша Милошоски. Според него, новото законско решение предвидува низа ...
Заработка од над 11 милијарди долари очекува ФИФА од Светското фудбалско првенство, што е рекорд во историјата на фудбалот. Во официјалниот буџет Фифа предвидува приходи од 8,9 милијарди долари, од кои 4,2 милијарди само од телевизиски права, 3 милијарди од продажба на билети и сместување, над 1,7 милијарди од спонзорства и маркетинг права. Сепак, од пренството, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико, придобивки ќе имаат економиите во сите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе започнат уште една рунда напади врз Иран и се закани дека ќе го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „преземање целосна контрола“ врз пазарите на нафта и гас во земјата. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека американските сили ќе го нападнат Иран „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“. Тој додаде дека САД ќе го „заземат“ островот Харг, клучен центар за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат. Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но оти ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули 2026 година треба да се јави на издржување затворска казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје издал упатен акт со кој осудениот С.Ј. се упатува да започне со издржување на правосилната казна затвор од една година, соопшти Кривичниот суд. Јакимовски е осуден за случај поврзан со изградбата на општинската ...
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...
Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %. Кај домашните ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денес присуствуваше на пуштањето во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода. Ристовски изрази задоволство од тоа што спортистите и рекреативците добиваат уште еден објект кој ќе можат да го користат за подготовка и натпревари. -Од она што некогаш беше руина, направивме сосема солиден спортски храм којшто има пропратни дејствија. Пред салата се наоѓа преубав плоштад на ...