Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено ...
Поради врнежи од снег утрово во 05.15 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на нова градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија, чија изградба чинеше 56 милиони денари. Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на Гевгелија Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари. Премиерот Мицкоски ќе изврши и увид во градежните работи за изградба на нов парк со ...
Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги пријават на бројот 112. Се очекува објава од ЦУК за најновата состојба. Според пријавите ...
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, - 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, ...
Снежната бура Горети погоди делови од Европа. Невремето предизивка пад на температурите и проблеми во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај, затвори училишта и прекини во снабдувањето со електична енергија во Франција, Холандија, Велика Британија, Белгија и Романија. Најмалку 6 лица лица загинаа во Југозападна Франција поради инциденти поврзани со невремето. На париските аеродроми, вклучувајќи ги Шарл де Гол и Орли, беа откажани околу ...
САД разгледуваат повеќе опции за заземање на Гренланд, а користењето воена сила е секогаш опција, соопшти Белата куќа. -Претседателот Трамп стави до знаење дека воспоставувањето контрола врз Гренланд е приоритет на националната безбедност на Соединетите Американски Држави и дека е од витално значење да се одвратат нашите противници во арктичкиот регион. Претседателот и неговиот тим разговараат за низа опции за остварување на оваа важна цел на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека се сомнева дека „НАТО ќе биде тука за нас ако навистина ни требаат“, критикувајќи го трансатлантскиот безбедносен сојуз во објава на неговата платформа Truth Social. „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“, напиша тој, еден ден откако Белата куќа објави дека не исклучува воената интервенција за преземање на Гренланд од сојузникот на НАТО, Данска. ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември. Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат. Студентите во блокада веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни ...
Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики. Виновни за високите цени, според премиерот, се дел од ланците кои ги билдаат цените. иако во светот веќе трет месец по ред храната поевтинува. Докази за кршење на законот вели дека има - затоа најави засилени контроли на пазарана и антимонополска. „Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот ...
На 06.01.2026 во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека на 04.01.2025, додека се движеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 06.01.2026 во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по ...
Внатрешна контрола во МВР ќе го испитува „осветувањето’ на новите полициските возила и ќе истражува кој го викнал свештеникот во кругот на министерството за да го изврши чинот. Од полицијата потврдуваат дека е поведена истрага за целиот случај. -Министерството за внатрешни работи ве известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување ...
Комплетно редефинирање на македонскиот идентитет е она што, според премиерот Мицкоски, вистински го бара официјална Софија, а доказ за тоа е и последната реакција во која, наместо македонски јазик, се користи терминот „достапен“ јазик во Македонија. Токму затоа, во духот на Божик, тој ја повика опозицијата за да се изгради цврст национален став по ова прашање, и покрај тоа што претходната власт прифатила решение кое комплетно го блокира ...
Под мотото „Едно небо за сите деца“ и годинава по 20-ти јубилеен пат Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го организираше Божикниот ручек за над 500 дечиња од различни социјални категории кои дојдоа во Прилеп од цела Македонија, за да го прославата Христовото раѓање. Пораката на оваа манифестација е децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да ...
Под мотото „Празници за сите, Божиќ за сите“ Општина Босилово реализираше хуманитарна празнична акција преку која обезбеди пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена за семејства од социјален ризик. Акцијата опфати 60 семејства од општината, кои претходно биле мапирани како социјално загрозени. Од локалната самоуправа информираат дека целта на акцијата е да се обезбедат достоинствени и пристојни празници за сите граѓани. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски според верувањата ќе биде најсреќен годинава, кај него се паднала паричката на Бадниковата вечера. -Паричката оваа година се падна кај мене, рече Христијан Мицкоски, Премиер. Во домот на Претседателката Гордана Сињановска Давкова најмногу среќа имала внуката. -И мислам дека вчера немаше посреќно дете од неа, рече Гордана Сиљановска Давкова. Претрседателка. Кај лидерот на СДСМ Венко Филипче паричката се паднала во ...
Христовото раѓање, еден од најголемите празници во православието, денеска ги преплави храмовите со верници. На божиќната литургија присуствуваа стотици верници. Таква беше сликата и во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. Оние кои се придржувале до божиќниот пост се причестуваа, други запалија свеќа и се помолија за здравје. Живееме во свет на неправди, но да не дозволиме тоа да стане прифатливо, испрати порака и поглаварот на ...
Времето вечерва и во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m². На планините врнежите ќе бидат од снег, а пообилни врнежи од снег ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималните температури денеска се движеа од два степени на Попова Шапка, пет во Маврови Анови, шест во Крушево и Лазарополе, седум во Пожаране, осум во Претор, ...
По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања и на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда - струшко. Како ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. -Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат од ЦУК. МИА Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни ...
Снегот кој од изминатата ноќ паѓа во Белгија и Холандија создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри и предизвика сериозен застој на патните правци во текот на утринскиот шпиц, како и прекини во авиосообраќајот. Како што јавија белгиските медиуми, на патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од околу 800 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени ...
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека постигнувањето траен мир во војната во Украина во моментов е „исклучително блиску“, нагласувајќи ја подготвеноста на Анкара да преземе одговорност за безбедноста во Црното Море доколку дојде до примирје меѓу Москва и Киев, јави Анадолија. - Според мене, во овој момент сме исклучително блиску до постигнување траен мир во Украина. Барем гледаме дека неколку области што се клучни за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна повеќе од 10 милијарди долари наменети за грижа за деца и помош на семејствата во сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Минесота и Њујорк. Како причина за ваквиот чекор, американското Министерство за здравство наведе сомнежи за измами и злоупотреби. Од стапувањето на должност, администрацијата на Трамп неколкупати се закани со кратење на федералното финансирање на ...
Рускиот православен патријарх Кирил ја предводеше божикната литургија во во московскиот храм „Христос Спасител“, додека пак Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да присуствува на божикната литургија во храмот „Свети Ѓорѓи“ во Московската област, каде што беше опкружен со припадници на руската војска кои служеле во конфликтот со Украина и нивните семејства. Кремљ објави на Телеграм честитка од Путин, во која тој на сите што го слават ...
„Глобална трансформација е пред нас“, напиша денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот фејсбук-профил, коментирајќи ја актуелната геополитичка ситуација. „Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така започна 2026 година“, наведе Орбан во својата објава. Тој додаде дека најважна тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно ...
Снегот кој од изминатата ноќ паѓа во Белгија и Холандија создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри и предизвика сериозен застој на патните правци во текот на утринскиот шпиц, како и прекини во авиосообраќајот. Како што јавија белгиските медиуми, на патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од околу 800 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени ...
На 06.01.2026 во 21:20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на ул. „Илинденска" во Гостивар го лишија од слобода Љ.Х. (33) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Идризово“, а за доиздржување имал уште една година и четири месеци од вкупната затворска казна од осум години, на која бил осуден поради сторени кривични дела по членовите 237, 215, 382,186 од КЗ. Тој бил спроведен во затворот ...
На 06.01.2026 во 21:35 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај с.Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари" ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција. Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен" со ...
Балканскиот Ерусалим исполнет со верници за големиот празник Божиќ.По завршувањето на литургијата, оние кои постеа ја примија светата причест, си го честитаа празникот,со радосниот поздрав: Христос се роди! Вистина се роди!палеа свеќи и се помолија за здравје, мир и среќа. Охрид како центар на православието привлекува туристи од сите краеви ширум светот во верските храмови. Иако Божик е семеен празник,ден на кој традиционално семејствата се ...
Кога денеска постојано слушаме Христос се роди, навистина се роди, тоа не е само обична изјава, туку тоа е едно длабоко потсетување за себе, за најблиските, за државата, за христијаните дека оваа изјава има длабока тежина и големо значење. Значи дека треба да се потсетиме на она што го означува, а означува подготвеност и способност и желба човечкото во себе да го разбудиме, а човечкото е секогаш врзано за светлина, за добрина, за надеж или ...