Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД. Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот од средниот ред Тијаго Алмада во финишот ги постави конечните 3:0. Аргентина ...
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...
Приведени се командантот на Интервентната единица 92 и неговиот помошник поради сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со влијание во соизвршителство“, како и двајца на интервентен тим на таа единица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба“. Сите се осомничени дека не пријавиле кривично дело и со тоа спречиле процесуирање на Саша Вуковиќ за пукање во угостителски објект во Белград ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло ...
Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит - мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...
Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. ...
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествувале претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно ...
Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...
Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни ...
Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто ...
Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој Ројтерс имаше увид, пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...
Средба за смирување на тензиите, но без решение за спорот. Утрешната средба меѓу претседателките Сиљановска Давкова и Јотова, домашните експерти ја гледаат само како обид за воспоставување нормален дипломатски дијалог, но без политички пробив или суштински напредок околу уставните измени кои се вето на нашиот пат кон ЕУ. „Се разбира поради тековниот однос тие беа нарушени и се одвиваат во релација на зголемен политички антигонизам. Ваквите ...
На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...
Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР дополнуваат ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. ...
Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства. Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство, а со цел сузбивање на нелегалното ...
Израел продолжува со воените операции против Хезболах во Либан, игорнирајки ја заканата од иранските власти дека ќе следат нови напади доколку Израел продолжи да го напаѓа Либан. На мета градот Тир. Токму израелските напади врз Либан, беа повод вчера Иран и Израел да разменат оган, за прв пат од априлското примије. -Иран и Хезболах се обидоа да ни наметнат нова равенка, а таа равенка е неподнослива и неприфатлива за мене. Мислеа дека можат да ...
Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната ќе се засмета и времето поминато во куќен притвор во 2019 година. Во делот за злоупотреба на службена положба, судот ја уважи жалбата и предметот го врати на повторно судење, со напомена дека постои можност за застарување во 2027 година. Исто така, укината е и ...
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ги демантираше тврдењата изнесени од Александар Маленко оценувајќи ги како невистинити и измислени. Во својата реакција, Груевски наведува дека никогаш во животот не се сретнал ниту разговарал со Маленко, како и дека тој никогаш не бил тема на какви било разговори или активности поврзани со него. Тој ги отфрла и наводите дека во деновите непосредно пред неговото заминување од Македонија ...
По една недела помината во притвор поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор откако Судот му прифати гаранција од 55.000 евра. Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена по жалба против решението на судијата на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев првично му беше одреден притвор по барање на обвинителството. Кривичниот совет ја прифатил жалбата и понудената ...
Заштита на здравјето на населението, особено на децата и младите. Со ова барање, здравствените власти очекуваат пратениците без проблем да го изгласаат законот за заштита од употреба на тутун или сродни прозиводи. Предлог законското решение денеска го помина првото читање на комисиите за здравство и законодавно правната. Во Собранието е доставен со европско знаменце, но во редовна процедура. -Потребата од ново законско решение произлегува од ...
Мерки за граѓаните против растечката инфлација најверојатно ќе има од следниот месец. Владата најави дека ја следи состојбата и бидејќи најголем скок на цените статистиката регистрира кај транспортот и алкохолните пијалоци и цигарите, премиерот вели – можно намалување на даноците кај горивата, но зголемување кај тутунот и алкохолот. -Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам. Напротив, можеби уште поригорозни мерки треба, затоа што ...
Ако се најде решение за парцелата помеѓу спортскиот комплекс “Борис Трајковски” и ГОБ “8 септември” активностите за изградба на нов Клинички Центар ќе почнат идната година, најави Премиерот Христијан Мицкоски. Преговорите со сопственикот на земјиштето се во тек, велат од Владата. Планот е новиот објект со подземен премин под булеварот Илинденска да се поврзе со градската општа болница, ПЕТ центарот и поликлиниката Букурешт. -Таа локација е на ...
По децении неуспешни тендери, пропаднати обиди за концесии и партнерства со странски инвеститори, Владата размислува Чебрен и Галиште да го гради сама. Проектот чија вредност се проценува на околу 1,5 милијарди евра, државата планира да го финансира со пари од меѓународни финансиски институции. „Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека ...
Обвинителството ги покажа снимките од заѕиданите пари на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Вкупно 350 илјади евра, распоредени во 13 пакувања и завиткани по должина во форма на прачки, полицијата ги пронашла на спратот од семејната куќа на неговите родители во Неготино. Снимките кои денеска беа презентирани во судница, покажаа дека парите биле сокриени во дното на ѕидот од кујната. Бункерот го издале непрофесионално залепените плочки. Парите ...