Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките на ЕУ ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, кои се одржуваат во италијанскиот град Таранто. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село, каде што ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот што го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите. Од независноста ...
Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум насочен кон драстично зголемување на бројот на комерцијални вселенски лансирања од САД, додека нареди низа мерки што треба да ги спроведат владините агенции. Белата куќа сака да овозможи најмалку 1.000 лансирања и враќања од вселената годишно до 2030 година, во споредба со 178 лансирања минатата година, бројка што е веќе десетпати поголема отколку во 2013 година. Меморандумот, насочен ...
Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...
Израелски воени авиони во текот на ноќта извршиле серија воздушни напади врз јужен Либан, при што бил погоден градот Мансури, објави либанската Национална новинска агенција (NNA). Според извештаите, силни експлозии одекнувале и во околните села и градови. Израелските сили извршиле напади и во населените места Хадата и Тири, во областа Бинт Џбејл. Дополнително, биле пријавени израелски воздушни активности и напади во поширокиот регион на ...
Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часа(TWh) или речиси една третина од вкупното глобално производство – покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со 4.536 TWh, сончевата енергија со 3.289 TWh, ветерот со ...
Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни ...
Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. Заедно со придружниот тим ова е најбројна спортска делегација со вкупно 130 членови. Медитерански ...
Површината на изгорено тло во Европа ќе се зголеми за 39 проценти до крајот на векот, дури и во најдоброто климатско сценарио, ако не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува нова студија објавена од „The Guardian“. Топлото, суво и ветровито време, кое ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе стане почесто во поголемиот дел од Европа поради зголемувањето на температурите предизвикани од ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс - „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани - сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените ...
Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. -Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“. Пријавените, на повеќе катастарски парцели во лична и во сопственост на други лица, но ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена. „Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври“, рече Вучиќ. Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на октомври. МИА Српскиот претседател Александар Вучиќ ...
Голем простор во буџетот за дополнителни мерки нема, но Владата прави напори да се ублажи ценовниот шок. Целта за стабилизација на инфлацијата, со досегашната помош, министерката за финансии смета дека е постигната. Но пари за идни, непредуктивни трошоци, вели дека нема. -Големи бафери за дополнителни мерки во буџетот нема. Не велам дека буџетот е во лоша кондиција, но и ние дома немаме пари за се. Така што, пари нема за се, не сакам да се ...
И годинава ќе има „училишна кошничка“ – мерка со која треба да се спречи поскапување на школскиот прибор пред почетокот на учебната година. Министерот за економија Дурмиши денеска ќе ги договори деталите со трговците. Најверојатно ќе се применува истиот модел како минатата година – намалување на цените за најмалку 10 проценти на големо и 15 проценти на мало. Предлогот потоа ќе патува до Илинденска. Премиерот Мицкоски потврди дека одлука ќе се ...
Шефовите на македонската дипломатска мрежа ги добија трите приоритети во јакнењето на државните позиции во меѓународните односи. На состанокот на Амбсадорскиот Совет во Скопје, добија задача да ги заштитат националните интереси во комуникацијата со земјите во кои се испратени на мисија, да ја зајакнат економската дипломатија и да се обезбедат подобри услуги за граѓаните во странство. Сепак членството во ЕУ останува стратешки приоритет, ...
СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори иако партијата е подготвена за соочување со граѓаните вели Филипче. Според него ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна власт за да ги распише изборите кога сака, но тоа вели дека ќе се случи кога ќе снемаат пари. Граѓаните не сакаат избори туку реформи и проекти, вели премиерот Мицкоски, но ако опозицијата побара, власта позитивно ќе одговори. „Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да ...
Пожарот во Мариово и натаму е најкритичен. Огнената стихија околу селото Чаниште се протега во повеќе правци. Активни се 8 пожари Надлежните предупредуваат дека и покрај ангажманот на сите ресурси, борбата со огнената стихија бара целосна промена на пристапот. Високите температури ќе ја влошуваат состојбата со пожарите, од ДЗС апелираат на голема внимателност кај граѓаните. Иако јавноста очекува спас од воздухопловите, од Кризниот штаб ...
Нови 4-ца заболени од западнонилска треска регистрираше скопскиот центар за јавно здравје. Сите се над 65 годишна возраст, двајца се од Центар и по еден случај од Кисела Вода и Студеничани. Досега инфицирани се 42 лица. Помеѓу нив нема врзани случаи, односно не се од исти семејства. На Инфективна на болничко лекување поради воспаление на мозокот и мозочната обвивка примени се тројца нови пациенти. На клиниката хоспитализирани се вкупно 22 ...
Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони. Првите казни за странски државјани кои направиле прекршок на македонските патишта, а притоа биле уловени од камерите на Сејф сити, предизвикаа километарски колони и долги чекања на Граничниот премин Табановце. Од вчера, на овој премин, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува ...
Обвинителството го затвори предметот за набавката и градењето на модуларните болници за време на корона кризата. Никој нема да биде кривично гонет, бидејќи обвинителите не нашле елементи дека е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, ниту пак бил оштетен државниот буџет. Според деталите од брифингот во Обвинителството, со анализата на писмените докази и исказите на сведоците е утврдено дека сите три јавни набавки, како и ...
Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. -Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, ...
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во координација со СВР Штип и ОВР Радовиш, презема мерки и активности за расчистување на кривично дело „Загрозување на сигурноста“, пријавено против Ш.М.(44) од радовишко село. Имено, на 11.08.2026 година, за време на издржување затворска казна за семејно насилство во затворот Штип, Ш.М. телефонски се јавил на неговата 25-годишна сопруга, при што ѝ се ...
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија се зголеми на 314 лица – покажува најновиот извештај што го објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи (УНГРД). Во извештајот се посочува дека спасувачките екипи сè уште трагаат по 262 исчезнати лица. Бројот на повредени се издигна на 4.437, додека 364 лица се живи извлечени од урнатините. Вкупно 262.154 жители ...
Хоризонтот над Киев беше запален кога руски балистички ракети го погодија украинскиот главен град рано утрово. Во нападот загинаа најмалку осум лица, десетици беа повредени, оштетени се згради, а делови од градот останаа без струја, соопштија властите. Пожари избувнаа на повеќе локации, додека нестанбени објекти, магацини и детска болница беа исто така погодени, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Според сведоци биле слушнати десетици ...
Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ или трипати пократок период во споредба со претходните шест години владеење на СДСМ и ДУИ - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. - Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов ...
Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на ...
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска-Данева оствариле средба со министерот за правда Јетон Шасивари, на која биле разгледани повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно - правниот систем. На средбата, како што соопшти Уставниот суд, било истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и ...