Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра - соопшти Министерството за внатрешни работи. - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во ...

Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава избувна во хотел во Калкута, во североисточниот дел на Индија, соопшти претставник на противпожарната служба. Претставник на противпожарните служби соопшти дека шест мажи, две жени и едно дете биле спасени од запалениот хотел и пренесени во болница. МИА Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава избувна во хотел во Калкута, во ...

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски размени и финансиски трансакции со Иран се суспендирани до понатамошно известување. Тоа го соопшти Министерството за надворешни работи на таа држава. Одлуката е донесена во услови на ескалација во регионот, што „го поткопува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ. МИА Обединетите Арапски Емирати ...

Aдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија. Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување. Во гаснењето на пламените јазици ангажирани се ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои ...

Во текот на изминатата седмица, тимовите на Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи извршиле вкупно 427 увиди на објекти во делови на Грција зафатени од пожарите, а повеќе од половина објекти, односно 151 бил обележани како „црвен“, односно несоодветен за употреба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека увидите на надлежните служби ...

Иран разгледува можност за напад врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот, објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим. Два извора изјавија дека иранските сили ги проценуваат можните напади врз американските средства во Југоисточна Европа, вклучувајќи американски објекти во Бугарија, и дека Кипар е споменат како потенцијална цел. ...

Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители. Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина. Потсетуваат дека планината е простор што го споделуваат сите – ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. - ...

Украина учествуваше на вежбите на НАТО „Балтичка доверба 2026“, одржани од 3 до 14 август во Летонија, а се фокусираа на борбени операции против беспилотни летала, објави денеска на Телеграм Генералштабот на украинската армија. Тие маневри собраа околу 650 војници, експерти и претставници од индустријата од 24 земји за да ги тестираат новите технологии во услови слични на оние што се среќаваат на теренот во Украина. Учесниците тестираа ...

Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем хакерски напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја. Кулбергс нареди ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи ...

– Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери ...

Трошоците за производство растат, заработката паѓа. Земјоделците плаќаат повеќе за да произведат, а за своите производи добиваат се помалку. Ова го покажуваат најновите податоци на Државна статистика. Во јули годинава, споредено со истиот месец лани, земјоделските производи биле поевтини за 5 и пол проценти. Истовремено, трошоците им се зголемиле за над 4 отсто. Од Агро-бизнис комората велат дека ваквата состојба создава дополнителен притисок ...

Вкупна затворска казна од 7 години и два месеци заработија двајца македонски државјани за транспортот на Марихуана која беше откриена во Србија. Двајцата обвинети се дел од седумчлената група која од средината на минатата година па се до јануари оваа година, во неколку наврати од Македонија во Србија пренела пет тони марихуана. Пресудите со затворски казни се одредени со спогодба. Велешанецот Ацо Ивановски е осуден на затвор од три години и ...

Со УВ индекс 8 и температури близу 40-тиот степен, во редици и со документи в раце - почнаа уписите на УКИМ. И годинава двоен систем. Покрај електронското пријавување, идните бруцоши мораа и лично на шалтерите на факултетите да ги донесат хартиените документи. Сител денеска направи обиколка, за да провериме како тече процесот. Долгите редици и оваа година се печатот на уписите, целосната дигитализција ќе почека подобри времиња. Гужви имаше на ...

Македонските амбасадори и конзули во четврток и петок доаѓаат во Скопје на состанок и консултации со државниот врв. По седум години пауза дипломатите на состанок на Амбасадорскиот Совет ќе го претстават направеното во нивниот мандат но и ќе добијат насоки како да ги застапуваат државните позиции за интензивирање на евроинтеграциите на Македонија. Посебен акцент на годинашниот Совет ќе биде ставен на економската дипломатија. Во моментов 11 ДКП ...

Македонската армија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, и војничка дисциплина, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Осврнувајќи се на актуелните безбедносни предизвици, претседателката нагласи дека актуелниот конфликтен меѓународен амбиент во којшто ги градиме безбедноста и одбраната, се одвива со ...

Страшна и тажна е денеска глетката во мариовското село Чаниште, каде во вчерашниот пожар изгореа над 15 куќи и објекти. Станува збор за село кое е ретко населено со 10-тина постојани жители и е оддалечено околу 35 км. од Прилеп на доста непристапен терен. Огнот започнал околу 13.30 часот надвор од селото и за кратко време навлегол во селото каде започнала вистинска драма. Жителите и денеска се во шок, дел од куќите се уште гореа. „Долу имаше ...

Почина уште еден од пациентите кои беа во тешка состојба на Инфективна поради компликации од западнонилска треска. Починатиот е на 76 годишна возраст од Драчево кај кого и лабораториски бил потврден вирусот, имал и други хронични заболувања. - Пациентот 27 дена беше хоспитализирана на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно - сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите ...

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата. - Армијата е многу ...

Во кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 август – Денот на Армијата на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв. На свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На свеченоста присуствуваа ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42