Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години. За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со еден ...

Утре Министерството за економија ќе одлучува дали и годинава ќе има „училишна кошничка“ – мерка со која треба да се спречи поскапување на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Од Eкономија за Сител брифираат дека e планиран состанок со трговците на големо и мало кои продаваат школски материјали. На средбата ќе се разговара за актуелните цени и можноста за нивно намалување. Мерката се применуваше и во изминатите две години ...

Со новата учебна година се проширува бројот на училишта каде што се воведува едносменска настава. Планот на МОН е до следната година овој концепт да се воведе во целата држава. Адаптација, доградба и реновирање во моментов се прави во 6 училишта, а Министерството е подготвено проектот да го спроведе во уште 15 други. Од први септември во една смена ќе учат и над 700 основци во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар - Аеродром, каде што ...

Официјална Прага нуди помош за решение прифатливо за Скопје и за Софија, но спорот меѓу двете страни веќе не е билатерално туку мултирателарно прашање по заклучоците од 2022-ра, порача од Охрид чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. Вели во интерес на Унијата е да се најде решение, но и да ја вреднува подготвеноста на Македонија за членство. За Чешка како пријателска земја членството ...

33 годишниот охриѓанец Дарко Најдевски кој 7 години чека трансплантација на срце со владин авион транспортиран во Берлин Германија. Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен донор во земјава, итно е покрената постапка за лекување во странство. ...

Огромна огнена стихија од минута во минута го проголтува Мариово. Ова е досега најголемиот пожар оваа сезона во Македонија и според познавачите на приликите истиот ќе гори со денови затоа што теренот на кој се простира е огромен, а бројот на оние кои ги гаснат е сепак мал. Нема доволно луѓе и доброволци. Екипите на ТППЕ Прилеп, ДЗС, доброволците од друштвото „Арганхел“ од Битола, од Виница и други градови, цела вечер лавовски се бореа со ...

Министерството за здравство ги објави анализите за водата во Гостивар кои ги правел Центарот за јавно здравје Тетово. Според извештајот од мострите земени на 12 август од неколку јавни чешми, бензински пумпи, болницата во Гостивар, брзата помош, гробишта покажуваат дека водата е безбедна, па забраната за пиење на водата се укина. Меѓутоа, министерот за здравство повика да се објават анализите и од ЦУК, АХВ, Гостиварски Комуналец. Според ...

За една недела регистрирани се 12 нови случаи со западнонилска треска во Скопје. Според извештајот на ИЈЗ досега вирусната инфекција е потврдена кај 36 лица, а за двајца пациенти се чекаат резултатите. Најмногу заболени има во Драчево општина Кисела Вода и рурални населени места во Гази Баба. Најголемиот дел се постари од 60 години, еден случај е на 25 годишна возраст, а засега нема заразени деца. Можеби затоа што родителите повеќе се грижат ...

Благ пораст на инфлацијата во еврозоната. Евростат објави дека во јули трошоците за живот се зголемиле за 2,9 отсто, додека во Унијата годишната инфлација достигна 3%. Поскапело речиси се - и услугите и храната и пијалоците. Но, најголем е скокот кај енергијата. За една година над 10%. Зголемувањето на цената на енергенсите започна со стартот на војната на Блискиот Исток – од март годинава. Највисоки стапки на инфлација има во Романија-8,2, ...

Рацете на политиката подалеку од образованието, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека донесувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е важно за подигнување на квалитетот на универзитетското образование и за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции на меѓународните ранг-листи. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ниту еден ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...

Република Чешка го поддржува членството на Северна Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. - Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа ...

Open AI ја лансираше новата верзија на ChatGPT наменета за тинејџери од 13-17 години. Оваа оптимизирана верзија е создадена по напливот од реакции на загрижени родители од целиот свет, кои сметаат дека апликацијата е закана за младите, доколку нема никакви ограничувања. Новата верзија овозможува поголема поддршка во образованието, потттикнува критичко размислување и го насочува ученикот кон учење чекор по чекор, наместо директно да му го даде ...

Министерството за образование и наука интензивно го реализира проектот за воведување едносменска настава во основните училишта, при што во моментов се вршат адаптации, доградби и реновирања во шест училишта низ државата, а подготвена е реализација и во уште 15 училишни објекти, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при увидот во доградбата на нови училници во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар во Општина ...

Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Северна Македонија да бидат отстранети. Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. -Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку, врз ...

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и ...

На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(48) од Битола, соопшти МВР. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува ...

На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото, соопшти МВР. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за ...

Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци - информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката што останала парализирана по вториот царски рез, дали има лекарска грешка или не. - Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. ...

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, додека од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. - Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши ...

Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 јули, тестирањето потврди дека неговиот примерок содржи метаболит на кокаин. – Сакав прво да го чуете ...

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. – Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на Truth Social напиша дека нема разговори што се водат или се закажани со Иран, истакнувајќи дека Ормускиот теснец е отворен. Сите водни мини се отстранети или детонирани, рече Трамп. Тој, исто така, објави мапа во вторникот на која Ормускиот теснец е означен како „нова територија на САД“, што веднаш предизвика остар критики од Иран. Иранската новинска агенција Фарс го отфрли тврдењето на ...

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде ...

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...

Согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница за 2026 година, на 20 август, (четврток), во периодот од 01:00 до 02:00 часот по полноќ, ќе се спроведе трето терестичко третирање против комарци на територијата на Општина Виница. Во третата фаза на дезинсекција ќе бидат опфатени површини на територијата на градот Виница, како и населените места во општината. Третирањето ќе се врши од земја, со специјално возило, со ...

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири, информира денеска во видео изјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. - Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери" на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата коишто се поддршка на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува ...

Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено. Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото полувреме, а во вториот дел немаше погодоци. Постигнати резултати: Динамо Загреб – Викинг 2:2 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87