Верувам дека заедно со обвинителите ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните, кажа денеска новиот Државен обвинител Ненад Савески откако даде свечена изјава во Собранието. „Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител ...

„Ние реагираме со ќутење, ако имаш ќе им дадеш. Детето мое имаше коскен тумор. Одам во нервохирургија, докторот ми вели дека снимката не била добра, да го снимам во Скопје и го прашав докторот ако треба да се плати, кажи ми. Потоа појдов кај друг доктор, и тој истото ми го рече и се вратив кај првиот доктор. Мажот ми појде во еден кафич и му ги даде парите на докторот. Откако му ги дадовме парите, веднаш се најде термин за операција, а ...

За реконструкцијата на објектот на Инспекторатот за животна средина во Скопје, поранешна Комерцијална банка, кој се запали во 2020, потпишани се 51 анекс-договор. Од првично предвидените 6,6 милиони евра со основниот договор, со новите анекси предвидени се уште 2,1 милион евра. Ова го покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки“. За споредба, за изградбата на ...

Просечниот животен век во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија е 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекуван животен век има во шпанскиот регион Комунидад де Мадрид – 85,7 години, а најмал е во северозападна Бугарија – 73,9 години. Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варира помеѓу земјите од ...

Синоќа е уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, во полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Анакиев е уапсен поради сомнение за примање мито во износ од 50.000 евра. Анакиев е потпретседател на Социјалистичката партија, а за директор беше поставен во јули 2024. Од Социјалистичката партија, која е дел од власта, соопштија дека нивните ...

Основното обвинителство поднесе обвинение против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за примање поткуп од 50.000 евра. „Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае ...

За два дена во Министерството за внатрешни работи се пријавени осум случаи на семејно насилство. Како што соопштија од МВР, четири лица се уапсени. Во билтенот на МВР стои дека на 20 март во 3:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е. Д. (23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 19 март во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга. Истиот ден во 00:10 часот, ...

Холандската поетеса Анеке Брасинга е добитничка на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2026 година, соопшти директорот Никола Кукунеш на денешната прес-конференција во МАНУ. „Голема чест и големо изненадуване е за мене што Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата ми го додели Златниот венец за 2026 година. Длабоко сум трогната од ова високо признание, уште повеќе што сум првата холандска поетеса на која ѝ е ...

Почина актерот и мајстор на боречки вештини Чак Норис. Имаше 86 години. Норис, како што соопшти неговото семејство, починал ненадејно вчера. „Иако би сакале околностите да ги задржиме приватни, знајте дека беше опкружен со своето семејство“, изјави семејството во соопштение објавено на социјалните мрежи. Неговите улоги во акциони филмови и ТВ-серии како „Вокер, тексашки ренџер“, „Исчезнати во акција“ и „Делта одред“, го направија икона за ...

Почина Илија Пенушлиски, еден од најреномираните македонски сликари, соопшти неговиот син Илија Митрев-Пенушлиски во објава на социјалните мрежи. Имаше 79 години. „Татко ми почина вчера. Живееше без преправање, без оклоп, непропустлив за бучавата на времето. Живееше со длабок хуманизам, незаситна љубопитност, желба за живот и непоколеблива луцидност и присутност. Немаше никаква приврзаност кон нештата – само кон идеите, креацијата и луѓето. ...

Катарската државна нафтена компанија објави дека ирански проектили го погодиле индустрискиот град Раф Лафан, неколку часа откако Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе се одмазди за израелскиот напад врз најголемото гасно поле во светот Јужен Парс. „КатарЕнерџи“ кажа дека е предизвикана голема штета во областа на Раф Лафан, каде што се наоѓа најголемата постројка за производство на течен природен гас на светот. „Тимовите за итни ...

Водата во реката Драгор денес доби темна боја. Од Општина Битола соопштија дека ваква појава се забележува речиси секоја година во овој период и според нив, најверојатна причина е појавата на алги на камењата во реченото корито. Сепак, од Општината додаваат дека инспектор за животна средина излегол на терен и наложил испитувања. И минатите години се врешеле испитувања поради потементата вода на реката, но не покажале загадување. Ж. ...

Израел го бомбардираше огромното гасно поле Парс во првиот потврден напад врз иранската енергетска инфраструктура во Заливот од почетокот на војната. Иран потоа предупреди дека во следните часови ќе ги нападне енергетските постројки во соседните заливски земји. Парс е најголемото наоѓалиште на природен гас во светот, кое Иран го дели со Катар преку Заливот. Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека биле погодени резервоари за гас и ...

Норвешките обвинители побараа седум години и седум месеци затвор за синот на принцезата Мете-Марит, Мариус Борг Хојби, сметајќи дека тој треба да биде прогласен за виновен за 39 од 40-те обвиненија. Дваесет и деветгодишниот Хојби ги негираше најсериозните обвиненија, кои вклучуваат четири случаи на силување и сериозен напад. Судењето, кое почна во февруари, ќе заврши до крајот на неделата, по што тројцата судии ќе се повлечат за да ја донесат ...

Дваесетиедногодишниот жител на село Сарамзалино Р. А. од Општина Лозово, доби една година затвор за семејно насилство над 34-годишната партнерка. Тој е прогласен за виновен во Основниот суд Свети Николе за две кривични дела. Р. А. се наоѓа во притвор кој му е продолжен до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена. „Постапувајќи по обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Свети Николе, Основен суд Свети Николе донесе неправосилна ...

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје Ненад Савески е избран за нов Државен обвинител. Савески беше изгласан со 66 гласа „за“, двајца пратеници беа „против“, а осум воздржани. Ненад Савески е роден 1976, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил ...

Целта на учество во избирачките одбори е да се даде нешто за државата, рече Тони Коњановски, градоначалникот на Битола, каде што не се целосно исплатени надоместоците за членовите на избирачките одбори, додавајќи дека се надева оти граѓаните не учествувале поради финансиски надомест. На последната седница на битолскиот Совет на 13 март, на која градоначалникот се пофали дека имаат стопроцентна реализација на проектите за 2025, тој беше прашан ...

Пратеничкото мнозинство го одби предлогот на пратеничката и претседателката на ЛДП Моника Зајкова за воведување електронска нараквица за сторители на семејно насилство. Од 97 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „за“, со што предлогот не беше прифатен. „Пратениците од мнозинството денес повторно избраа да бидат соучесници во насилството наместо превенција, одбивајќи го по вторпат предлогот за воведување електронска нараквица за следење на ...

Собранието денеска ја започна расправата за избор на нов државен обвинител, каде како предлог на Владата беше претставен Ненад Савески, актуелен судија за организиран криминал и поранешен обвинител. Откако го образложи владиниот предлог, вицепремиерот Александар Николоски обвини за долгогодишен политички прогон врз членовите на неговата партија. Тој рече дека три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ биле мета на малтретирање и дека Специјалното јавно ...

Израел објави дека убил уште еден висок ирански функционер, министерот за разузнавање Есмаил Хатиб. „Ноќеска беше елиминиран и министерот за разузнавање Хатиб“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Хатиб, кој ѝ се придружил на Иранската револуционерна гарда во 1980, беше назначен за министер од поранешниот претседател Ебраим Раиси во 2021 година. Тој беше под американски санкции поради улогата на неговото министерство во ...

„Кили беше неповторлив и единствен, човек кој целиот свој живот го посвети на уметноста“, рече актерката Арна Шијак на денешната комеморација за актерот Кирил Поп Христов-Кили во Македонскиот народен театар (МНТ). Кили почина на 11 март на 58 години во Еквадор. Колегите и пријателите на комеморацијата со многу љубов, емоции и сеќавања зборуваа за пријателствата со него. Човек полн љубов. Е, таков човек не може да не остави една голема ...

Завршена е евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои побарале да се вратат дома, соопшти МНР. „Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата“, велат од МНР. Со реализацијата на ...

Тетовскиот архитект Бошко Видоески неодамна напишал коментар на објава на официјалната фејсбук страна на Општина Тетово, во која општинските власти се пофалиле дека во позитивен контекст е спомната и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ. „Кратко, напишав конструктивен коментар на пост на страната од Општината, во кој посочувам дека таа не смее да манипулира во дадена ситуација. На ова, некој ...

Словенечкиот премиер Роберт Голоб обвини странски служби за мешање во претстојните парламентарни избори во Словенија, по извештаите дека израелската приватна шпионска фирма „Блек кјуб“ ја посетила земјата во декември и се сретнала со главниот опозициски кандидат. Словенечка група за човекови права одржа прес-конференција заедно со истражувачки новинар и двајца истражувачи, на која тврдеше дека „Блек кјуб“ стои зад видеа кои покажуваат наводна ...

Жителите на Струга добија сметки за вода за месец февруари иако не ја користеа водата од градскиот водовод поради заматеност која беше и забранета за користење поради тоа. Советот на Општина Струга донесе одлука Општината да ги преземе обврските на граѓаните по основ на фактурите за вода за месец февруари, но и покрај тоа сметките стигнаа на домаќинставата. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Струга, Јованчо Мечкароски, вели дека ...

Најголемиот носач на авиони на светот „Џералд Форд“, што САД го распоредија на Блискиот Исток за војната со Иран, привремено ќе биде префрлен во пристаниште поради пожар на палубата, изјавија американски функционери. Бродот моментално се наоѓа во Црвеното Море и се очекува да биде повлечен во грчкото пристаниште Суда на островот Крит. „Џералд Форд“, најновиот американски носач на авиони, е распореден веќе девет месеци, откако прво учествуваше ...

Санкциониран руски танкер наполнет со течен природен гас плови без контрола и без посада во Средоземното Море, а поради дупка на една од страните постои сериозен ризик од голема еколошка катастрофа. Италија, една од деветте членки на ЕУ кои побараа итна акција од Европската комисија, го опиша бродот „Арктик Метагаз“ како еколошка бомба која може да пукне во секој момент. Танкерот, кој е дел од руската флота во сенка, беше тешко оштетен во ...

Иран го нападна Тел Авив со проектили со касетна муниција, одмаздувајќи се за убиството на шефот на Врховниот совет за национална безбедност Али Лариџани, објавија иранските медиуми. Во ноќешните напади загинаа две лица во населба блиску до густо населената област на Тел Авив, каде што се наоѓаат и воени објекти, со што бројот на загинати во Израел од почетокот на војната порасна на 14. Иранската револуционерна гарда соопшти дека во нападот ...

Русија објави дека изразува непоколеблива солидарност со Куба, откако Доналд Трамп изјави дека ќе му биде чест да ја заземе и дека може да прави што сака со островската република, управувана од комунистите. Без да го спомне Трамп по име, руското министерство за надворешни работи изрази сериозна загриженост за засилување на тензиите околу „остров на слободата“. „Русија ја потврдува својата непоколеблива солидарност со владата и братскиот народ ...

Доналд Трамп ги нападна сојузниците од НАТО и кажа дека САД сега не требаат ничија помош во војната против Иран. Тој откри дека повеќето членки на НАТО му рекле дека не сакаат да се вмешаат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран“, па го одбиле неговото барање да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец. „Не ни треба ничија помош, иако сите ќе имаат корист од она што го направија САД. Беше многу важно да се ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54