Доналд Трамп ги нападна сојузниците од НАТО и кажа дека САД сега не требаат ничија помош во војната против Иран. Тој откри дека повеќето членки на НАТО му рекле дека не сакаат да се вмешаат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран“, па го одбиле неговото барање да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец. „Не ни треба ничија помош, иако сите ќе имаат корист од она што го направија САД. Беше многу важно да се ...

Американскиот шеф за контраразузнавање Џо Кент поднесе оставка поради противење на војната со Иран и го повика Доналд Трамп да го промени курсот. Во објава на Икс, директорот на Националниот центар за контраразузнавање кажа дека Иран не претставувал непосредна закана за САД и тврди дека владата на Трамп ја почнала војната под притисок од Израел и неговото моќно американско лоби. Кент е ветеран на специјалните сили и ЦИА, чија сопруга била ...

Украина прифати финансиска и техничка поддршка од Европската Унија за да се поправи гасоводот „Дружба“, низ кој Унгарија и Словачка добиваат нафта од Русија. Договорот следува два дена пред средбата на лидерите на ЕУ во Брисел и би можел да ги намали тензиите со Унгарија, која се закани дека ќе ја блокира помошта од 90 милијарди евра за Украина. „ЕУ ѝ понуди на Украина техничка поддршка и финансирање. Украинците ја поздравија и прифатија оваа ...

Албанскиот парламент усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда се прогласува за терористичка организација, а Иран за државен спонзор на тероризмот. За резолуцијата гласаа сите 79 пратеници од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама. Таулант Бала, шефот на парламентарната група на Социјалистите, рече дека резолуцијата има за цел да ги осуди иранската државна поддршка за тероризмот и употребата на посреднички групи за ...

Обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ морало да реагира и да не дозволи присуство на малолетници во објектот, кажа на денешното судско рочиште Верица Милевска-Стефановска, претседателка на Комората за приватно обезбедување. „Со оглед на фактот дека конкретно во вакви објекти мора да се почитуваат и други закони, на видно место поставени табли, кои предупредуваат дека не е дозволено присуство на малолетници, обезбедувањето морало да реагира или ...

Премиерата на новата претстава на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, „Тестостерон“ од полскиот автор Анджеј Серемонович, во режија на Синиша Евтимов, е закажана на 27 март, на Светскиот ден на театарот. Со оваа претстава ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“. „На прво читање се пронајдов во текстот и ја видов поделбата. Направивме совршена комбинација на сите театарски елементи за да се создаде едно дело. Почестен сум што ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека израелската војска ги убила иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани и заповедникот на милицијата Басиџ во воздушен напад ноќеска. Лариџани последен пат беше виден во јавност на марш во Техеран во петокот. Израелските медиуми објавија дека Лариџани и неговиот син биле нападнати во стан што служел како скривалиште. „Лариџани е елиминиран. Премиерот Нетанјаху ѝ наложи на војската да ...

Тетовскиот фотограф Зоран Андонов ја отвора изложбата на документарна фотографија „Водици 2002-2026“ на 18 март во 19ч во Музејот на тетовскиот крај. Ова е петта самостојна изложба и втора на тема документарна фотографија на новинарот и фоторепортер Андонов, кој е и постојан дописник на САКАМДАКАЖАМ.МК од Тетово. Во изложените фотографии Андонов ја обработува темата Водици, многу почитуван верски празник, но и чествување, за кое вели дека ...

Обвинетата В. З. (20) од Градско доби пет години затвор за сообраќајката која пред 15 месеци се случи во близината на Кавадарци. Нејзе ѝ се судеше во отсуство, за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во Основниот суд Кавадарци беше прогласена за виновна и беше изречена и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија за период од 5 години. Обвинетата В. З., која сообраќајката ја стори на ...

Авганистан го обвини Пакистан за воздушен напад врз болница во Кабул, велејќи дека притоа загинале најмалку 400 луѓе, а 250 се ранети. Пакистан го отфрли ова тврдење како лажно и објави дека во прецизен напад биле погодени „воени инсталации и придружна терористичка инфраструктура“. „Видливите секундарни детонации по нападите јасно укажуваат на присуство на големи складишта за муниција“, рече пакистанскиот министер за информации Атаула Тарар. ...

Милиони луѓе на Куба останаа без струја откако националната електрична мрежа доживеа колапс. Ова е најновиот во низата широко распространети прекини во електроснабдувањето што ја погодија земјата, која се соочува со хроничен недостиг на гориво поради американската блокада на испораките на нафта. Операторот на кубанската мрежа „УНЕ“ соопшти дека постепено ја враќа струјата во провинциите и градовите низ целата земја. Куба е силно зависна од ...

Доналд Трамп кажа дека војната со Иран нема да заврши оваа недела, иако претходно тврдеше дека иранската војска е целосно уништена. „Не верувам дека ќе заврши оваа недела, но ќе заврши наскоро. Нема да трае долго. Имам обврска да го завршам ова, светот ќе биде побезбеден потоа“, рече Трамп. Иран утрово лансираше нови напади врз Обединетите Арапски Емирати, во кои загина едно лице, продолжувајќи со одмаздничките удари кон соседните заливски ...

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство, соопшти партијата. Одлуката следи по повеќемесечното отворено критикување на партиското раководство од Шилегов, кој на 17 декември 2025, во објава на Фејсбук кажа и дека бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Од СДСМ на критиките реагираа дека Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го повторија и во денешното ...

Доналд Трамп изјави дека неколку регионални и неколку подалечни држави се согласиле да ги поддржат американските напори за обезбедување на Ормускиот Проток, каде што сообраќајот на танкери е речиси запрен од почетокот на американско-израелските напади врз Иран. Тој кажа дека државниот секретар Марко Рубио наскоро ќе ги објави имињата на државите, додавајќи дека смета оти Франција ќе помогне откако имал многу добар разговор со Емануел Макрон. ...

Најдобро решение за надминување на проблемот со високите цени на енергенсите е замрзнување на набавните, а со тоа и на малопродажните цени на нафтените деривати, велат од „Макпетрол“. Од компанијата додаваат дека ваквото решение е веќе воспоставена пракса во регионот и во Европа и е во интерес на сите засегнати страни. Од „Макпетрол“ соопштија дека и покрај најавите во јавноста за намалување на набавната цена на дизелот, тие до денес немаат ...

Неколку сојузници на САД денеска кажаа дека засега немаат планови да испратат воени бродови за да се одблокира Ормускиот Теснец, одбивајќи го барањето на Доналд Трамп. Тој побара поддршка од други држави за да се одржува овој важен премин отворен откако Иран пракично го запре сообраќајот на танкери кои вообичаено превезуваат една петина од светските испораки на нафта и гас. Германија, Шпанија и Италија отфрлија можност за учество во каква ...

Средношколци од Струмица во големиот Градски парк засадија јавор во чест на 63-те загинати во поарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025. Иницијатори беа учениците сместени во домот при СОУ „Димитар Влахов“, а им се приклучија и средношколци од трите училишта. Рекоа дека сакаат несреќата никогаш да не се заборави, а дрвото да биде жив спомен на вредноста на животот и човечката солидарност. Дрвце ќе биде засадено и во дворот на ...

Родители, роднини, другари, пријатели ноќеска во 02:32 часот се собраа пред дискотеката „Пулс“, каде на 16 март лани во пожар загинаа 63 главно млади луѓе и деца. Со свеќи во рацете и со една минута молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар што избувна во 02:32 часот во кој беа повредени и над 200 лица. „Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, рекоа ...

Со пуштање на 63 балони, волонтерите на Црвениот крст од Тетово и група граѓани на градскиот Плоштад денеска им оддадоа почит на 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март 2025. „Денеска, 63 млади волонтери на Црвениот крст од Тетово сме дојдени за да им оддадеме почит на загинатите во трагичниот настан од пред една година кој се случи во дискотеката во Кочани. Со оваа наша акција, со пуштањето на овие 63 ...

Доналд Трамп кажа дека САД наскоро би можеле да постигнат договор со Куба или да преземат друга акција. „И Куба сака да склучи договор и мислам дека многу скоро или ќе дојдеме до договор или ќе направиме што и да треба. Разговараме со Куба, но прво да завршиме работа со Иран“, кажа Трамп. Тензиите помеѓу Вашингтон и Хавана остануваат зголемени по долги години санкции, дипломатски несогласувања и спорови околу миграцијата и безбедноста. ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која значително се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и Екстра лесното масло за домаќинство, ќе се продаваат по цена повисока за седум денари по литар. Малопродажната цена на дизелот се зголемува за шест и пол денари, додека мазутот поскапува за речиси пет денари по килограм. Според ...

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвика загриженост за безбедноста на ремек-делата позајмени од Франција во Лувр Абу Даби, отворајќи прашања за сигурноста на единствената странска филијала на познатиот музеј. Музејот, кој беше отворен во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во 2017, досега избегна оштетувања од речиси 1.800 ирански напади со дронови и ракети откако конфликтот започна на 28 февруари. Лувр Абу Даби, кој и понатаму ...

Израелската војска не понуди временски рок колку би можела да трае војната против Иран. Министерот за надворешни работи Гидеон Сар кажа дека воената кампања ќе продолжи додека не бидат исполнети сите цели. „Направени се детални оперативни планови за следните три недели, заедно со дополнителни планови за понатаму. Сакаме да се осигураме дека се што е можно послаби и да ги деградираме сите капацитети на иранскиот режим, сите делови од неговиот ...

Доналд Трамп најави дека би можел да ја одложи силно очекуваната посета на Пекинг ако Кина не помогне во деблокадата на Ормускиот Теснец. Истакнувајќи дека Кина силно зависи од нафтата од Блиски Исток, Трамп ја повика да се приклучи на меѓународна коалиција која треба да обезбеди непречен сообраќај на танкери низ Ормускиот Теснец. „Би сакал да го знам одговорот од Кина пред планираната посета на Пекинг. Инаку, би можеле да ја одложиме“, рече ...

Доналд Трамп предупреди дека ќе биде многу лошо за иднината на НАТО ако не помогне во обезбедувањето на Ормускиот Проток, каде што бродскиот сообраќај е речиси целосно прекинат од почетокот на американско-израелските напади врз Иран. Неговото барање за формирање коалиција која би помогнала во повторното отворање на тесниот морски премин не наиде на одѕив, при што Јапонија и Австралија јасно порачаа дека немаат намера да испратат воени бродови ...

Со низа активности во Кочани викендов се одбележува една година од пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица и деца, а беа повредени околу 200. Пред просторот каде што се наоѓаше дискотеката денеска беа поставени 63 срца со имињата на сите загинати во пожарот. Во чест на настраданите, во текот на денот беа организирани велосипедска тура и кошаркарски натпревар. Здружението на граѓани „16-ти Март“ за ноќва најави ...

„Една битка по друга“ е прогласен за најдобар филм на 98. Оскари, крунисувајќи ја кариерата на Пол Томас Андерсон, еден од најзначајните современи филмаџии, кој по 14 номинации ги освои своите први три оскари. Андерсон беше награден како продуцент, режисер и сценарист на филмот, кој се закити со вкупно шест статуетки, три повеќе од блузерскиот хорор „Грешници“. „Го напишав овој филм за моите деца да се извинат за нередот што го оставивме на ...

Општина Тетово, пред крајот на минатата година, ја пушти во употреба обиколницата која го поврзува градот со селото Порој, долга околу 1,5 километри. За изградба на последната фаза од делницата, долга околу 650 метри, било експроприрано земјиште од неколку сопственици. Но, иако пред почетокот на изградбата во 2023 година била склучена спогодба со која Општината презела обврска прво да им плати на сопствениците за одземеното земјиште, а потоа ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Техеран никогаш не побарал прекин на огнот, ниту пак преговори со САД. Оваа изјава следува по тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран сака да постигне договор, но дека тој во моментов не е подготвен да го прифати бидејќи условите сè уште не се доволно добри. Арагчи во гостување на програмата на телевизијата „Си-Би-Ес“ изјави дека не гледа причина зошто би ...

Викендов во Скопје се одржа осмиот едукативен собир по роботика First Lego League 2025-2026, на кој учествуваа над 400 ученици од основните и средните училишта од цела Македонија. Настанот беше организиран од Академијата за роботика и иновации и се одвиваше под покровителство на УНЕСКО. Вкупно 35 тима, составени од ученици на возраст од 9 до 16 години од државни и приватни училишта, работеа на предизвикот за користење на технологијата во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Бакар

13.01