Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен откако кај него биле пронајдени 20.000 евра, дел од поголема сума која ја земал за да влијае врз судија од Апелациониот суд Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе наредба за истрага против него за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до вчера, 13 ...

Од денеска, недела, 14 декември, стапи на сила новиот возен ред на Македонски железници (МЖ). Тој е со важност до 12 декември следната година. На хартија, по македонските пруги сообраќаат десет пара патнички возови: по три од Скопје за Битола и Велес, и по два за Куманово и Гевгелија. И понатаму не сообраќаат возовите од Скопје кон Кичево и Кочани, кои се укинати од мај 2021 година. Нема ниту меѓународни возови кон Грција, Србија и Косово. Во ...

Пуштена во употреба е обновената пешачка патека од село Цапари до месноста Цапарска Пресека на Пелистер. Ова се случи по повод 14 декември, Денот на планината и 90-годишнината на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“. По патеката, која е повторно пробиена по 30 години запуштеност, денес беше организирана планинарска тура од Цапари, преку Палиснопје и Копанки, па сè до Инфо-центарот преку Историската патека. На неа учествуваа планинари од ...

Десет луѓе загинаа по пукањето на австралиската плажа Бонди, потврди полицијата на Нов Јужен Велс. Меѓу загинатите се девет жртви и еден напаѓач. Во инцидентот се повредени и двајца полицајци. Според првичните информации, еден маж за кој се верува дека е напаѓач е убиен, додека друг наводен напаѓач е во критична состојба. Полицијата соопшти дека за време на истрагата биле лоцирани „голем број сомнителни предмети“ во областа, кои сега се ...

За 11 месеци од годинава, локалната власт на Општина Велес исплатила рекордни 11,8 милиони денари обесштетување на граѓани каснати од бездомни кучиња. Во просек, месечно се трошат по еден милион денари за оваа намена. Средствата што се исплатуваат се од општинскиот буџет. Тие се наменети и за оштетените, но и за адвокатите кои ги застапуваат. „На листата имаме една цела фамилија, сите се каснати во краток временски период. Имаме едно лице ...

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која беше осудена на 7 години затвор и која од 2021 година е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделата си заминала дома, го напуштила затворот. „Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски. Претходно и ...

Двајца студенти се убиени, а девет други лица се повредени во масовно пукање на Универзитетот Браун во Провиденс, Роуд Ајленд. Полицијата сè уште трага по напаѓачот. Вооружениот напаѓач отворил оган во училница околу 16 часот по локално време во саботата, во зграда каде што во тој момент се одржувале испити. Универзитетот, кој важи за еден од најстарите и најпрестижните во САД, беше ставен под клуч додека полицијата го пребарува теренот по ...

Двајца американски војници и еден американски цивилен преведувач загинаа во Сирија откако паднале во заседа на вооружен напаѓач на Исламската држава (ИСИС), соопшти Централната команда на САД. Во нападот се повредени уште тројца припадници на армијата, при што напаѓачот бил застрелан и убиен. Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека тоа било „напад на ИСИС“ против САД и Сирија и порача дека ќе следи „многу ...

Белорусија ослободи 123 затвореници, вклучувајќи ја и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова, откако САД се согласија да ги укинат санкциите кон земјата. Меѓу ослободените е и добитникот на Нобеловата награда за мир, Алес Бјаљацки. Ослободувањето уследи по разговорите во Минск со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија, Џон Кол. Како дел од договорот, САД се согласија да ги укинат санкциите ...

Илјадници домашни и рачни изработки се изложени на десетина штандови на пешачкиот булевар „Ванчо Прќе“ во Штип, како дел од новогодишната и божиќна програма на градот. На новото штипско шеталиште, ентузијастите ги презентираат своите креации наменети за претстојните празници. „Домашни изработки од восок, гипс и други рачни обработки изложуваме на прекрасниот новогодишен базар во Штип“, велат учесниците на базарот. Значаен дел од ...

Ветерани и поддржувачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска одржаа протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, барајќи правда за поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг. На протестот, покрај раководството на ДУИ предводено од лидерот Али Ахмети, присуствуваше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Ахмети кажа дека судскиот процес во Хаг мора да заврши со ослободителна пресуда. „Сите оние што се ...

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина се без електрична енергија откако Русија изврши серија ноќни напади врз енергетската и индустриската инфраструктура, соопштија украинските власти. Министерот за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека биле погодени пет региони, при што се повредени најмалку пет лица. Службите работат на гаснење на пожарите и обновување на снабдувањето. Според Клименко, погодени се регионите Дњипропетровск, ...

Римските терми во Бања Банско, кои потекнуваат од античкиот период, ќе бидат заштитени од надворешните атмосферски влијанија. Со пари од ЕУ, од Програмата за прекугранична соработка со соседна Грција, ќе се гради челична кровна конструкција над целиот локалитет, кој за првпат е откриен во 1978 година. Римските терми во Бања Банско, каде што се откриени десетина простории на околу 1.000 квадратни метри, се едни од ретките сочувани римски ...

Охрид беше домаќин на Министерската конференција на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, посветена на „Одржливи културни модели за иднината“. Конференцијата, организирана под претседателство на државата, а поддржана од УНЕСКО, собра министри, заменици-министри и претставници од земјите на Југоисточна Европа. Годинешната министерска средба е посветена на одржливи културни модели и дигитализација на наследството, кои ќе ...

На вонредна седница одржана онлајн вчера доцна попладне, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе Програма за празнично украсување на градот за претстојните новогодишни празници. За оваа цел Општината издвои 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра. Оваа програма претставува измена и дополнување на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. „За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото ...

Венецијанската комисија ја избра професорката Рената Дескоска за потпретседателка. Рената Дескоска е првиот потпретседател на Венецијанската комисија кој потекнува не само од Македонија, туку и од која било друга земја која не е членка на ЕУ, или некоја од земјите од поранешна Југославија. Во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК професорката по уставно право Дескоска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешна министерка за правда ни изјави дека ...

Американските демократи објавија серија нови фотографии од имотот на Џефри Епстин, кои откриваат детали од домот на осудениот педофил и неговите врски со богатите и моќните. Меѓу високопрофилните личности кои се појавуваат на фотографиите се американскиот претседател Доналд Трамп, принцот Ендрју и поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон. Сликите, од кои многу се веќе видени, не имплицираат незаконско однесување. Речиси 100-те фотографии што ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, викендов ќе отпатува за Германија на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, како дел од новата рунда разговори на високо ниво за завршување на војната. Виткоф, кој ги предводи обидите на Белата куќа за посредување меѓу Украина и Русија, во Берлин ќе ја разгледа најновата верзија на предложениот мировен договор. Администрацијата на ...

Во службите за Итна помош во внатрешноста од земјава, во помали места немало ампули за болка, амбулантата во Шуто Оризари не работела оти немала персонал, од пациентите се наплатувале трошоците за превоз. Ова се дел од прекршоците кои ги открила контролата на Фондот за здравство (ФЗО) направена во текот на изминатите 11 месеци годинава, при посетата на Службите за итна помош и домашна нега. Биле спроведени 37 контроли, од нив осум во Скопје и ...

Германскиот режисер и еден од најзначајните современи филмски автори, Вим Вендерс, ќе го предводи жирито на 76. Берлинале што ќе се одржи од 12 до 22 февруари 2026, објави фестивалот. „Вим Вендерс е еден од највлијателните гласови во меѓународната кинематографија. Шест децении, тој создава филмови што нè трогнуваат и нè воодушевуваат со нивната човечност и зачудност. Неговата незаситна љубопитност и длабокото владеење на филмскиот јазик се ...

1 Колку и да не сака да се сеќава на Кочани, премиерот Христијан Мицкоски цел мандат ќе го следи трагедијата во дивото диско „Пулс“, 63-те мртви и над 200-те повредени. Таков му бил к’сметот, најголемата трагедија во современата македонска историја да се случи баш во неговиот мандат. Ама, пак, ете му и историска шанса да го смени системот баш за време на неговиот мандат. Кога не би живеел во филмот на сопствената пропаганда во која треба да ...

Европската Унија денеска се согласи на неодредено време да ги замрзне средствата на руската централна банка што се чуваат во Европа, отстранувајќи ја големата пречка за користење на овие пари за да ѝ се помогне на Украина. Русија најави дека ќе го тужи белгискиот депозитар за хартии од вредност „Евроклир“, каде што се чува најголемиот дел од замрзнатите руски милијарди. ЕУ сака да ја задржи Украина финансиски стабилна за да може да се бори, ...

Володимир Зеленски го посети Купјанск на првата линија на фронтот по извештаите дека украинските сили повратиле делови од североисточниот град и ги опколиле руските сили таму. Владимир Путин минатата недела објави дека руските трупи ги освоиле Покровск и Купјанск, што Украина го негираше, иако призна дека се повлекла од некои позиции. Во видеоснимка објавена на Телеграм, Зеленски стои пред знак со името на градот на еден од влезовите во ...

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја потпише резолуцијата која ја нуди партијата, со која ќе се гарантира дека во земјава нема да се носат мигранти од Велика Британија. „Резолуцијата не е партиско решение туку е државничко и граѓанско прашање. Резолуцијата треба да гарантира дека во Македонија нема да се прифатат мигранти како резултат на тајни договори, разговори, пакети или условени ...

Мал авион од марката „пајпер“ денеска падна во Мавровско Езеро. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во него било двајца косовски државјани од кои едниот е повреден. „Мал авион се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на Центарот за управување со кризи до СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот ...

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје е регистриран е тримилионитиот патник, рекоа од ТАВ Македонија, од каде до крајот на година очекуваат бројот на патници да биде 3,2 милиони, што е петкратно зголемување во споредба со лани. „Патник на летот Скопје-Бари е тримилионитиот патник. Годинава бројот на патници е петкратно зголемен во споредба со лани. До крајот на годината очекуваме 3,2 милиони патници на скопскиот аеродром, а на охридскиот ...

Главниот благајник (Д. К.) од Одделението за материјално-финансиско работење при Општата болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп е осомничен за проневера на над 15 милиони денари (над 240.000 евра), пари кои биле плаќани на шалтерите во болницата од пациентите за здравствени услуги. Кривичната пријава е поднесена од Управата за финансиска полиција. Утрово благајникот е лишен од слобода, а јавен обвинител до судијата на ...

Хрватска потпиша договор за купување 44 тенкови „леопард 2А8“ од Германија. Зделката е вредна 1,48 милијарди евра, што е една од најголемите инвестиции на земјата во одбраната. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ го потпиша договорот во Берлин во присуство на германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Хрватска постепено ја напушта источната воена технологија и се префрла на западната технологија, а партнерството со Германија е еден од ...

По адвокатот Петре Шилегов, и неговите колеги во воведните зборови кои следуваа на денешното судско рочиште им се обратија на обвинителот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и на неговите колеги обвинители со прашањето што правеле овие 13 години додека неисправната дискотека „Пулс“ работела со сомнителни лиценци или без никаква дозвола за работа, потсетувајќи ги дека обвинителството кое го обвинува системот, е столб на системот и ...

Основното јавно обвинителство од Прилеп оформи предмет во врска со бебето старо само осум дена кое без знаци на живот вчера било однесено од семејството во Прилепската болница. Обвинителот Стевчо Биновски од ОЈО Прилеп вели дека бебето било родено на 3 декември во истата болница, но по барање на мајката, два дена по породувањето биле пуштени дома. Семејството во Прилеп живеело во скромни услови, а во домот имало уште две деца, 17-месечно и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
39%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
41%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
52%
1026
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.66
40%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.71
55%
1026
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
42%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
48%
1030
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
35%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
38%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Злато

166253.76

Родиум

372948.66

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Кобалт

66.14