Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја отфрли иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината професионална самостојност се вршат надворешни влијанија и притисоци. Ристоска во своето барање наведе дека нападите доаѓаат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример ги посочи изјавите на премиерот и објавите на официјалната веб-страница на владејачката партија. ПО НАЈАВАТА ОД ...

Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во војната против Иран, објави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Шпанија претходно им забрани на САД да ги користат заедничките воени бази во земјата за изведување напади врз Иран. „Ние не одобруваме ниту употреба на воени бази, ниту употреба на нашиот воздушен простор за дејствија поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес. Затворањето на воздушниот ...

Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Стојаноска на втори март, на денешното судење прво се изјасни за виновен за тешка телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста (нејзина и на детето), а потоа се премисли. „Се чувствувам виновен само за тешка телесна повреда во семејно насилство и за загрозување на сигурноста, зашто ме изневеруваше. Не сум ја натерал да се самоубие. Мартин ...

Во Кривичниот суд Скопје почна судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот во прегратка со нејзината 6-годишна ќерка Катја, но и за семејно насилство и малтретирање. Љубица Стојановска, мајка на жртвата, бидејќи е сведок во постапката, излезе пред да бидат дадени воведните зборови. Според обвинението, тој извршил загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда при семејно насилство и ...

Уништувањето на авион „Е-3 сентри“ на американските воздухопловни сили во ирански напад врз воена база во Саудиска Арабија би можело да ги наруши способностите на САД да ги забележат дојдовните ирански закани од далечина, велат аналитичарите. Драматичните слики од уништениот авион, геолоцирани од Си-Ен-Ен, ги покажуваат неговата скршена опашка и ротирачката радарска купола (АВАКС) на земја во воздухопловната база „Принц Султан“. „Губењето на ...

Направен е стручен увид од експертски тим од Градежен факултет за распуканиот пат во Теферич и сега, како што велат од Општина Кисела Вода, се вршат проценки какви мерки да се преземат. Патот, односно улицата Мариовска во должина од 70-на метри, кој во февруари распука на половина само пет месеци откако беше реконструиран и поставен нов асфалт, сега е свлечиште и постои опасност целосно да се излизга и падне. Создадена е огромна дупка која од ...

Слики на Реноар, Сезан и Матис вредни неколку милиони евра се украдени од музеј близу италијанскиот град Парма. Четири маскирани лица упаднале во вилата на Фондацијата „Мањани Рока“, при што однеле три слики од Огист Реноар, Пол Сезан и Анри Матис. Италијанските медиуми објавија дека бандата влегла и излегла од објектот во рок од три минути, а активирањето на алармот ја спречило да украде повеќе слики. Крадците влегле во вилата низ главниот ...

Доналд Трамп навести дека ќе попушти во блокирањето на испораките на нафта за Куба, велејќи дека нема проблем со тоа која било земја да испрати сурова нафта, додека руски танкер се приближува до островската држава. Санкциониран брод, дел од руската флота во сенка, вчера дошол блиску до брегот на источна Куба и се очекува да пристане денеска, што може да донесе мал спас за економијата на земјата, која се соочува со голема енергетска криза ...

Доналд Трамп најави дека САД би можеле да ја земат нафтата во Иран и да го заземат стратешки важниот остров Харг, додека уште илјадници американски трупи пристигнуваат на Блиски Исток. „Мојата омилена работа е да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД ми велат ‘Зошто го правиш тоа?‘ Но, тие се глупави“, изјави Трамп за „Фајненшл тајмс“. Тој навести дека во таа насока американската војска би можела да го окупира островот Харг, ...

Војната против Иран, започната од САД и Израел, е во спротивност со меѓународното право, според извештај објавен денеска од научните служби на германскиот парламент. Нападите претставуваат прекршување на забраната за употреба на сила вградена во Повелбата на ОН, бидејќи тие не се опфатени ниту со правото на самоодбрана, ниту пак биле овластени од Советот за безбедност на Обединетите нации, се вели во извештајот. Извештајот од 12 страници, кој ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска изјави дека бог не ги слуша молитвите на оние што војуваат или го цитираат бога за да го оправдаат своето насилство, додека се молеше особено за христијаните на Блискиот Исток за време на мисата на Цветници на плоштадот Свети Петар. Со влегувањето на вториот месец на американско-израелската војна против Иран и тековната инвазија на Русија во Украина, Лав ја посвети својата проповед на Цветници инсистирајќи ...

Две беспилотни летала за кои се верува дека се украински паднаа во југоисточна Финска, објавија денеска финските медиуми. Јавниот радиодифузен сервис објави дека едно беспилотно летало паднало северно од Кувола, а друго источно од градот. Нема извештаи за повредени или штети. „Дронови залутаа на финска територија. Го сфаќаме ова многу сериозно“, рече министерот за одбрана Анти Хаканен. Министерството објави дека се откриени голем број објекти ...

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, ги повика САД да извршат притисок врз Украина да ги прифати условите на Москва за прекин на тековната војна. САД имаат потребно влијание, рече денеска Ушаков во изјава за државната телевизија. „Токму за таа цел, ги повикуваме нашите американски колеги. Ова е она што е сега потребно“, рече тој без да ги прецизира дејствијата што сака да ги преземе Вашингтон. ...

Македонскиот музичар и композитор, велешанецот Сашко Костов заедно со бугарскиот автор Јавор Карагитлиев ја добија наградата „Икар“ за најдобра авторска музика во претстава создадена во театар во Бугарија. Таа е национална награда на Сојузот на бугарските артисти кое доделува признанија во 52 категории. Наградата на Костов му беше врачена на 27 март, Светскиот ден на театарот, во националниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Костов заедно со ...

Почна реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а предвидено е градежните работи да завршат до крајот на мај. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека ова се случува првпат откако аеродромот е изграден во 1952. „Проектот треба да донесе 4.500 квадратни метри функционален простор, што е околу 2. 500 повеќе од постојниот. Инвестицијата е во повеќе фази, едната е оваа што се ...

Во приградската населба Отовица во Велес, најголемиот број од објектите имаат решено прашање со водоснабдување и одвод на отпадните води, но дел од нив сè уште функционираат со несоодветни или нерегулирани решенија, покажуваат податоците на Јавното комунално пртпријатие (ЈКП) „Дервен“. Од вкупно 258 објекти во населбата, кај 183 или 71 процент е решено прибирањето на отпадните води и водоснабдувањето. Кај преостанатите 75 објекти состојбата е ...

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека 6.451 фирми се деловно активни и имаат вработени лица, а воопшто немаат регистрирано фискални апарати. Овие податоци се добиени при контрола на субјекти во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се врши промет на добра и ...

Голем пожар избувна во дискотека во германскиот град Кел рано утрово, околу 750 гости беа евакуирани на време. Причината за пожарот сè уште е нејасна. Според полицијата, пожарот избувнал во дискотеката „К“ во Кел, мал град во покраината Баден-Виртемберг, околу 3:45 часот, а потоа ја зафатил целата зграда. Според првичните информации од операторот, во клубот во моментот на пожарот имало околу 750 луѓе. Три лица добиле медицинска помош. ...

Големи протести против администрацијата на претседателот Доналд Трамп и против војната во Иран вчера се одржаа во над 3.000 градови низ САД, како трето продолжение на митинзите насловени „Без кралеви“ кои претходно привлекоа милиони луѓе. Минесота беше во центарот на вниманието, со илјадници луѓе кои стоеја рамо до рамо за да го обележат отпорот кон агресивното спроведување на имиграциските закони на Трамп. „Трамп сака да владее над нас како ...

Пентагон се подготвува за копнени операции во Иран што ќе траат со недели, објави вчера „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски официјални лица. Плановите би можеле да вклучуваат напади од специјалните сили и конвенционалните пешадиски трупи. Дали претседателот Доналд Трамп ќе одобри некој од тие планови останува неизвесно, според весникот. Администрацијата на Трамп распореди американски маринци на Блискиот Исток додека војната во ...

Ендометриозата не е ретка болест, иако често така се доживува. Напротив, станува збор за состојба која погодува околу 10% од жените во репродуктивна возраст на глобално ниво, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО) за САКАМДАКАЖАМ.МК. Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата. Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на ...

Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“, кој беше распореден во американско-израелските операции против Иран, денеска се закотви во хрватското јадранско пристаниште Сплит во Хрватска за поправки и одржување. Шестата флота на САД соопшти дека „УСС Џералд Р. Форд“, најновиот американски и најголемиот носач на авиони во светот, се закотвил во Сплит во Хрватска по неговиот транзит низ Јадранското Море од заливот Суда, во Грција, каде што ...

„Банк оф Америка“ постигна спогодба од 72,5 милиони долари во тужбата поднесена во име на жртвите на Џефри Епстин, во која банката беше обвинета за олеснување на неговата операција за трговија со луѓе. Предложената колективна тужба беше поднесена во октомври од жена од Флорида, која вели дека била злоупотребена од Епстин „во најмалку 100 наврати“ помеѓу 2011 и 2019 година и дека имала две сметки во„Бенк оф Америка“ по налог на неговиот бизнис ...

Охридската полиција поднесе кривична пријава за Ж. Г. (53) од тетовското село Брвеница осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Убиство по член 123 од Кривичниот законик. Убиениот Митревски беше сопственик на угостителскиот објект „Климентов конак” во стариот дел на Охрид. „Осомничениот на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К. М. (76) од Охрид, ...

Дванаесет тони чоколадни плочки „киткат“ исчезнаа во Европа минатата недела откако крадци го украле камионот што ги превезувал, соопшти денеска швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“. Од „КитКат“ велат дека камионот со 413.793 плочки од нивната нова линија тргнал од централна Италија за да ги дистрибуира чоколадите низ Европа, но никогаш не стигнал до својата крајна дестинација во Полска. Возилото и товарот сè уште не се пронајдени. „Нестле“ ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска се закани со остра одмазда против соседните земји ако бидат нападнати иранската инфраструктура или економските центри. Во пораката „до земјите од регионот“ објавена на Икс, Пезешкијан напиша: „Ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите непријатели да ја водат војната од вашите земји“. Според ирански извори, израелските и американските сили претходно ги проширија своите воздушни напади ...

Пакистан утре ќе биде домаќин на Саудиска Арабија, Турција и Египет на разговори за војната во Иран, бидејќи Исламабад се позиционира како потенцијално место за преговори меѓу САД и Иран за едномесечниот конфликт. Министрите за надворешни работи на четирите земји ќе одржат „длабински дискусии за низа прашања, вклучувајќи ги и напорите за деескалација на тензиите во регионот“ за време на дводневните разговори, соопшти денеска пакистанското ...

Австрија планира да воведе нов закон за да ги спречи децата под 14 години да пристапуваат до социјалните медиуми. „Повеќе нема да стоиме настрана и да гледаме како овие платформи ги прават нашите деца зависни, а во многу случаи и болни“, изјави во вицеканцеларот и министер за медиуми Андреас Баблер. Иако владата продолжува да ја поддржува целта за регулирање на ниво на ЕУ, ова сепак може да потрае некое време, рече Баблер. Затоа, владата ...

Војната во Иран резултираше со скок од 30-40% на цената на минералните ѓубрива од почетокот на годината, што ги загрозува меѓународните цени на храната, според германските експерти. „Цените на светскиот пазар за азотни ѓубрива се повеќе се приближуваат до врвните нивоа што ги видовме на почетокот на војната на Русија против Украина во февруари 2022 година“, рече Филип Шпине, генерален директор на Германското здружение Рајфајзен. Сепак, во ...

Емотивен и топол омаж на творештвото на композиторот Милан Завков, беше синоќешниот концерт во Филхармoнијата, насловен „Миланова игра“. Врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Националниот ансамбл „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, ненадејно почина на 7 февруари 2023 на 61 година, оставајќи наследство како композитор и аранжер од над 800 дела. Виолета Томовска. (Фото: К. Попов) За овој концерт беше специјално ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09