Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. ...
Некои хороскопски знаци немаат проблем да ги прифатат туѓите мислења и се подготвени да слушаат критики, дури и кога не се пријатни. Но, има и такви на кои им е тешка секоја забелешка. За нив, критиката честопати не е само коментар, туку нешто што го доживуваат многу лично. Еден знак особено се издвојува кога станува збор за чувствителноста на зборовите на другите луѓе и потребата од признание. Лавовите се познати по својата гордост, ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна од законското решение за високо образование, кое, како што потенцира, не ја нарушува автономијата на универзитетите. Јаневска посочи на последните измени што се направени во однос на барањата на академската заедница за новиот закон за високо образование. – Во однос на автономијата не се согласуваме дека овој закон ја нарушува автономијата, рече Јаневска во ...
Куба не сака војна со Соединетите Американски Држави, но е подготвена да одговори доколку се случи, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, нагласувајќи дека, во случај на напад, Кубанците ќе можат да ги победат американските сили. Обраќајќи се пред поддржувачите на владата на одбележувањето на 65-годишнината од инвазијата во Заливот на свињите, Дијаз-Канел, облечен во воена униформа, нагласи дека земјата се подготвува за ...
Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која однесе убедлива победа на парламентарни избори во Унгарија, денеска во видеообраќање на Фејсбук обвини дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан. Маѓар посочи дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што „пораснале“ за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Орбан. -Сè повеќе добиваме најави од ...
Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е „целосно отворен“, беше критикувана денес од иранските медиуми, наведувајќи дека неговата изјава е „лоша и нецелосна“. „Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека очекува овој викенд да биде постигнат конечен договор со кој ќе се стави крај на воениот конфликт со Иран. Оваа најава претставува кулминација на интензивните дипломатски напори и посредништва кои се одвиваа во изминатиот период. Клучни точки на очекуваниот договор Според информациите што ги сподели претседателот Трамп, договорот има за цел трајно смирување на тензиите и воспоставување ...
Во дијаспората живеат 2,2 милиони албански државјани, од нив над 1,1 милион се мажи, а над еден милион се жени, се наведува во извештајот „Дијаспора на Албанија“ на Институтот за статистика (ИНСТАТ) посветен на бројот на албански граѓани што живеат во странство. Најголем број албански иселеници има во Италија и Грција, по што следат Германија, Франција и Велика Британија. – Ова се одразува и во процесите на интеграција, вклучително и ...
Сосема поинаква верзија на животните случувања кои доведоа до трагичната смрт на Ивана Јовановска и на нејзината ќерка Катја, кажа обвинетиот сопруг и татко, Стојанче Јовановски, во своја одбрана. Во судницата, пред судијата Ивица Стефановски, рече дека бил изманипулиран од сопругата, која го изневерувала со сведокот Мартин Саздов, и оти бил жртва на „местенка“ од нивна страна за поседување дрога. Секогаш кога во зборувањето ќе ја спомнеше ...
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во гостувањето во емисијата „Лице в лице“ на БТВ изјави дека неговата партија веќе нема да прави отстапки кои им штетат на нејзините принципи. Тој нагласи дека најважната задача за идниот парламентарен состав ќе биде усвојувањето на Буџетот за 2026 година, со фокус на намалување на долговите, државната администрација и дефицитот. Крај на периодот на компромиси Борисов призна дека неговите гласачи најмногу го ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека го поддржува прекинот на огнот меѓу либанската милитантна група Хезболах и Израел, но е загрижен дека тој можеби веќе е прекршен од континуираните воени операции. „Целосно го поддржувам прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел. Исто така, изразувам загриженост дека тој можеби веќе е прекршен од континуираните воени операции“, напиша Макрон на X. Тој рече дека повикува на безбедноста на ...
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави на Фејсбук поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски. -Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, прва интерпелација од наша страна за оваа Влада. Интерпелацијата се темели на сериозни и ...
Гала прославата пред свадбата на Мелина Џиновиќ и милионерот Џефри Пол Арнолд започна вечерва во ресторан во Ница. Мелина стигна со младоженецот во олдтајмер, во бела венчаница, малку пред гостите. Екипата на Телеграф ексклузивно го сними овој момент, како и пристигнувањето на гостите. Screenshot Милионерката и Мелина ги пречекаа гостите на влезот од ресторанот, а нејзините родители, брат и сестра беа меѓу првите што пристигнаа. Семејството ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, за време на војната во Иран, му ги покажал на светот вистинските способности на САД, а тоа е дека тие не се семоќни. – Трамп му покажа на целиот свет дека САД не се семоќни. Во однос на својата моќ, тие се супердржава, но не и суперсила. Сите го разбраа тоа, изјави Лукашенко за „Раша тудеј“. Лукашенко рече дека „главниот непријател на ...
Новиот закон за високо образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, таа појасни дека на барање на академската заедница, направени се низа измени во однос на критериумите за избор во звања и составот на управувачките тела. Една од измени се однесува на составот на Универзитетскиот совет, каде првично беше планирано да има повеќе ...
Младата Месечина на 17 април носи моќна енергија од нови почетоци, одлуки и големи внатрешни промени. Овој пат, Младата Месечина е во знакот на Овен, што значи дека ќе инспирира многумина да преземат акција, да преземат похрабри чекори и да излезат од своите зони на удобност. Овој астролошки момент ќе го почувствуваат особено силно три знаци. Овен За Овенот, оваа Млада Месечина означува сосема нов почеток. Можеби ќе почувствувате силна ...
На денешното судско рочиште за самоубиството на Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја што се случи во скопски Карпош, обвинетиот Стојанче Јовановски сведочеше дека тој бил жртвата и дека дрогата пронајдена во неговиот автомобил му била подметната. Јовановски даде сосема спротивен исказ од досегашните сведоштва на сведоците на Обвинителството кое го товари за три кривични дела. Го обвини неговиот колега Мартин Саздов дека му ...
Група од околу 20 бродови тргна во петокот вечерта кон излез од Персискиот Залив преку Ормутскиот теснец, според податоците од мониторингот на поморскиот сообраќај. Иако ситуацијата се чини дека се смирува, иранските власти предупредуваат дека разликите во преговорите со САД се сè уште огромни и дека отворањето на теснецот е строго условено од однесувањето на Вашингтон. Меѓу бродовите што се упатуваат кон излезот се контејнерски бродови, ...
Со доаѓањето на потоплото време и приближувањето на летото, многумина се обидуваат да ги намалат салото на стомакот. Иако физичката активност е важна, исхраната игра клучна улога во овој процес. Некои видови храна што редовно ги јадеме можат да го отежнат губењето тежина и да влијаат на метаболизмот. Диететичарот и нутриционист Крутика Нанавати, лекарката д-р Сара Бонза, диететичарката Мишел Саари и нутриционистката Мина Булаџи истакнаа кои ...
Косовското собрание одлучи да ги испрати Косовските безбедносни сили (КБС) надвор од земјата, како дел од Меѓународните сили за стабилизација во Газа, објави „Бета“. Одлуката беше усвоена со 89 гласови „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан. Министерот за одбрана Ејуп Македонијанчи изјави дека испраќањето косовски војници во вакви операции гради доверба со меѓународните сојузници. „Распоредувањето на силите во оваа мисија вклучува ...
САД и Иран се на чекор до постигнување конечен договор кој би можел да доведе до завршување на актуелниот конфликт, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на дипломатски извори вклучени во посредувањето. Според еден пакистански извор, преговорите зад затворени врати постигнале значителен напредок, при што двете страни веќе се согласиле „во принцип“. Техничките детали, како што се наведува, треба да бидат дополнително прецизирани. Се очекува ...
Пет нови пријавени случаи за семејно насилство евидентира полицијата во последното деноноќие. Според Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице. Приведен е 43-годишен битолчанец со иницијали Г.Б. затоа што физички ја нападнал својата мајка. Случајот е евидентиран вчера попладне. Случај на семејно насилство вчера е евидентиран и во Куманово каде 65-годишна жена пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) ...
Скопје денеска беше зафатено од сериозен пожар кој избувна под скопското Кале, при што едно лице е повредено, а неколку автомобили беа зафатени од огнената стихија.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот започнал попладнево околу 15:40 часот, при што првично горела сува трева и смет, а потоа пламените јазици брзо се прошириле кон паркираните возила. Во пожарот биле зафатени најмалку пет автомобили, од кои дел ...
Откако беше објавено дека Иран го отворил Ормутскиот теснец за сообраќај, во ново соопштение Доналд Трамп изјави дека блокадата на иранските пристаништа останува на сила, но дека конечниот договор е многу блиску. „Ормутскиот теснец е целосно отворен и подготвен за работа и целосен премин, но поморската блокада ќе остане во полна сила и ефект против Иран, само додека нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена. Овој процес треба да оди ...
Мелина Џиновиќ и нејзиниот милионер Џефри Пол Арнолд пристигнаа на забавата во олдтајмер. Џефри ја возеше Мелина во автомобилот, а откако излезе од него, отиде до нејзината врата и ја отвори. Мелина излезе од автомобилот насмеана во бел тесен фустан, а тој веднаш ѝ ја бакна раката. Во автомобилот со нив имаше уште еден маж, блиску до нив. Мелина не ја симна насмевката, а Џефри не ја пушти. Веднаш отишле во ресторанот, каде што ги пречекал ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој неодамна стапи на функцијата, денеска се сретнал со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговарале „за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство“, соопшти Обвинителството. Никол Варнс и Ненад Савески / Фото: Јавно обвинителство Савески ѝ се заблагодарил на Варнс за континуираната американска ...
Пратеникот од ДУИ екс градонашалник на општина Сарај ја искоментира денешната кривична пријава што му ја поднесе МВР за како што утврдиле злоупотреба на службената функција од времето кога бил прв човек на општината. Реакцијата на Беџети објавена на неговиот фб профил ја пренесуваме интегрално. Вчера Мицкоски имал „чувство“ дека ќе има кривични пријави. Денес, Министерството за внатрешни работи го реализира тоа „чувство“. Случајност? Не. ...
Владата внимателно го следи движењето на цените на прехранбените производи и горивата и оти има можност за намалување на ДДВ за одредени продукти. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски посочувајќи дека по анализите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), фокусот е ставен на сезонските производи. Премиерот истакна дека за некои производи, како доматите и краставиците, веќе е забележано значително поевтинување, но Владата е ...
Водата со лимон е првиот утрински пијалок за многумина, а една девојка тврди дека ја следи оваа навика со години. Причината, вели таа, е едноставна – ѝ олеснува да пие течности штом ќе се разбуди, го стимулира варењето и му обезбедува на телото дополнителна доза на витамин Ц. Покрај тоа, таа верува дека оваа навика може да има позитивен ефект и врз изгледот на нејзината кожа, пишува Health.com. Тоа ѝ помага полесно да внесува доволно ...
Ученичка од петто одделение во училиште во Кахраманмараш, каде што во среда едно момче од осмо одделение уби девет деца и наставничката по математика Аџла , сè уште не може да се опорави од траумата што ја доживеала тој ден кога тешко вооружена Иса упаднала во училницата и почнала да убива. Девојката од ФК се сети на драматичните детали и рекла дека никогаш повеќе не сакала да оди на училиште. „Влезе во училницата и рече нешто како: „Нема ...