Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ги посетил Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за време на американско-израелската војна со Иран, откри неговиот кабинет. Како што е наведено, Нетанјаху одржа состанок со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед, во екот на нападот врз Иран. „Оваа посета доведе до историски пробив во односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати“, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Порано оваа недела, ...
Деми Мур ги донесе точките во Кан, носејќи фустан покриен со шарени точки на собир пред отворањето на филмскиот фестивал во францускиот град. Актерката се појави на фото-конференцијата на жирито на Канскиот филмски фестивал во фустан од „Жакемус“, кој се истакнуваше додека во позадина можеше да се види француската ривиера. Прекриен со шарени точки и апликации што личеа на расфрлани конфети, фустанот во боја на слонова коска имаше деколте ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, две години по преземањето на функцијата, во ексклузивно интервју за Македонското радио оцени дека нејзиниот мандат придонел за поголема меѓународна видливост на државата, зајакнување на интегритетот на институцијата и поблиска комуникација со граѓаните. Таа истакна дека во изминатиот период се придвижиле повеќе процеси, нагласувајќи дека нејзината активност на меѓународната сцена е резултат и на ...
Извинувањето е едноставна работа на хартија. Всушност, на многу луѓе им е тешко да кажат „Грешев“ без да се извинат, да ја префрлат вината или познатото „ако те навредив“. Некои луѓе не ги сакаат извинувањата затоа што звучат како пораз, некои затоа што не сакаат да покажат ранливост, а некои затоа што им е полесно да се преправаат дека ништо не се случило. Во врските, ова може да биде фрустрирачко, затоа што без извинување, нема вистинско ...
Животното заловено вчера во населбата Козле во Скопје е вистински волк, а не куче или мешана раса. Според соопштението на Зоолошката градина, идентификацијата е извршена по консултации со локални и меѓународни експерти. Во текот на денот, во Зоолошката градина дојдоа и сопствениците на Сириус, чехословачко волчјо куче, потврдувајќи дека не станува збор за нивно куче, туку за вистински волк. Властите велат дека животното нема микрочип, тежи ...
Уругвајската фудбалска јавност е во шок! Како што објави познатиот новинар Родриго Васкез, легендарниот напаѓач Луис Суарез (39) беше изоставен од поширокиот список од 55 играчи на селекторот Марсело Биелса за претстојното Светско првенство. Оваа вест доаѓа како гром од ведро небо, со оглед на тоа што „Ел Пистолеро“ неодамна јасно стави до знаење дека е подготвен да ѝ помогне на репрезентацијата. – Никогаш не би рекол „не“ на ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека очекува доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин за осветувањето на руско-српската катедрала во Бања Лука. На прашањето кој треба да присуствува на церемонијата, Додик кратко одговори: „Го очекуваме доаѓањето на Владимир Путин“. Тој додаде дека градежните работи се речиси завршени и дека останува само боење на ентериерот. „Тоа ќе го ...
Со читање на сведоштвата на две девојки денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Една од преживеаните во својот исказ како сведокот на обвинителството, Ана Томева се посочи дека објектот редовно работел без контрола на документи и без обележани противпожарни излези. Во исказот било наведено дека сопственикот Дејан Јованов – Деко наводно имал заштита од лица во полицијата и инспекциските служби. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Кина објави дека ќе го замоли кинескиот претседател Си Џинпинг дополнително да го отвори кинескиот пазар за водечките американски компании и нивните извршни директори кои патуваа со него во Пекинг. Трамп на социјалната мрежа „Трут Сошнал“ изјави дека сака Кина да им обезбеди на американските бизнис лидери повеќе простор за операции и инвестиции. „Ќе го замолам претседателот Си, ...
Постојат луѓе за кои мислиме дека одамна сме ги оставиле зад себе. Поранешни љубовници, пријатели кои исчезнале без објаснување или луѓе со кои никогаш целосно не сме ги затвориле нашите приказни, честопати се враќаат кога најмалку ги очекуваме. Астрологијата тврди дека одредени знаци ќе почувствуваат особено силно влијание од минатото во наредниот период, а некои многу наскоро може да бидат контактирани од личност која не можеле да ја ...
Шпанија нема да се откаже од својата посветеност на меѓународното право и покрај растечките критики од САД за одбивањето да се дозволи користење на нејзините воени бази за војната против Иран, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. „Бевме една од ретките земји што испратија војници да им помогнат на Соединетите Американски Држави да станат држава и да добијат независност. Сакаме односите да продолжат да се ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот се закотви во југозападниот француски град Бордо по појавата на бран гастроинтестинални заболувања на бродот, соопштија денеска локалните власти. На лицата на бродот не им е дозволено да се симнат на копно, соопштија локалните здравствени власти и префектурата. Капетанот навел дека околу 50 патници се разболеле, додека локалниот весник „Суд уест“ и други француски медиуми објавија дека ...
Екипата на Пари Сен Жермен дефинитивно е најдобра во Европа во последната година, бидејќи е актуелен европски шампион и учесник во финалето на Лигата на шампионите во тековната сезона, а во следната сезона „Светците“ би можеле да имаат уште посилен тим. Како што објави аргентинскиот новинар Гастон Едул, за време на летниот преоден рок, ПСЖ планира да вложи максимални напори за да го доведе Хулијан Алварез (26) во своите редови. Алварез, ...
Биби Бугати е инфлуенсерка која пораснала како голем обожавател на куклата Барби, а со пластичната хирургија целосно го променила својот личен опис. Биби Бугати е инфлуенсерка која пораснала како голем обожавател на куклата Барби. Отсекогаш сакала да го постигне совршениот изглед за себе. Како резултат на тоа, таа имала безброј операции , вклучувајќи филери, ботокс, импланти за гради , липосукција, две бразилски подигнувања на задникот, ...
Сонот игра важна улога во одржувањето на здравјето на срцето, а лекарите нагласуваат дека не е важно само времетраењето и квалитетот на спиењето, туку и положбата во која спиеме. „Квалитетниот и доволен сон се клучни за одржување на здравјето на срцето“, вели кардиологот д-р Ченг-Хан Чен за Параде. Тој додава дека за време на спиењето, телото се одмара, а кардиоваскуларниот систем се обновува. Позиција која го оптоварува срцето најмногу ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, денеска упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на Обвинителството. Според Димитриевиќ, признанието на премиерот дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савески е скандалозно. Од СДСМ тврдат дека премиерот врши притисок и му наредува на обвинителот како да постапува, со што се урива независноста на правосудниот систем. ...
Според „Глоубс“, „Мајкрософт“ го отпуштил Алон Хаимович, генералниот директор на својата израелска подружница, како и други менаџери од таа дивизија, по спроведена внатрешна истрага. Одлуката е дополнителна последица од извештаите објавени во 2025 година од страна на „Гардијан“ и списанието +972 за користењето на услугите за облак „Азур“ на „Мајкрософт“ од страна на Израел за складирање на податоци пресретнати во нелегално окупираниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп поведе со себе голем број врвни лидери од бизнисот и технолошката индустрија на своето патување во Кина оваа недела. Меѓу оние кои ќе му се придружат на претседателот на неговото официјално патување во Пекинг се Јенсен Хуанг од „Нвидија“, Тим Кук од „Епл“, Илон Маск од „Тесла“ и „СпејсИкс“, Лари Финк од „БлекРок“, како и други раководители од „Мета“, „Виза“, „Џеј-Пи-Еј Морган“, „Боинг“, „Каргил“ и ...
На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда”, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. ...
Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации. Јубилејното издание носи внимателно креиран музички концепт, ...
Иако кафето има многу докажани здравствени придобивки, некои вообичаени грешки при пиење можат да влијаат на вашите нивоа на енергија, сон, хидратација и целокупно здравје. Всушност, неколку мали промени во вашата вообичаена рутина за пиење кафе можат да ви помогнат да ги искористите максималните здравствени придобивки. Пиење кафе предоцна во денот Пиењето кафе предоцна во текот на денот може да влијае на вашиот сон со тоа што ќе ја наруши ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави мапа на Венецуела со знамето на САД и зборовите „51 држава“ на неговата социјална мрежа Truth. Соопштението дојде додека Трамп патуваше во Кина на важен самит, еден ден откако привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека нејзината земја никогаш не размислувала да стане 51-ва американска држава. Таа го изјави ова неколку месеци откако американските сили го заробија Николас ...
Соопштение за јавност Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарските медиуми изрази длабока загриженост и гадење од актуелната ситуација на Балканот и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој вели: „На моите 63 години не сум видел полоши односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ „Секако дека е возможен искрен дијалог ако има нормални луѓе. Кога светските војни се завршиле, значи и недоразбирањата ќе завршат. ...
Министерката за образование и наука најавува законски измени со кои ќе се предвиди казна за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиште. Вели дека се разговара со пратениците околу овие измени. – Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот, изјави денеска Јаневска на прес-конференција. По последниот случај во кој е повреден 15-годишен ученик со ладно оружје во основно училиште во Чаир, ...
По абдикацијата, војводата и војвотката од Виндзор го живееја животот од своите соништа – раскошни патувања, високо општество и гламурозни забави низ Франција и Америка. Приказната за Волис Симпсон , војвотката од Виндзор, е една од најпознатите љубовни и политички драми на 20 век. Сепак, зад гламурот, скандалот и историската абдикација, се криеше и мрачен крај обележан со изолација, болест и, според сведоштвата на блиски луѓе, системско ...
Стенли Тучи поминал низ тежок период пред да ја запознае Фелисити Блант, 21 година помлада од него, која му го променила животот. Холивудскиот миленик Стенли Тучи (65) ја освои публиката со своите улоги, но и со својот ненаметлив изглед. Никогаш не зборувал премногу за својот приватен живот, но секогаш ја фали својата сопруга, која е 21 година помлада од него, во медиумите . Кога ја запознал Фелисити Блант, сестрата на неговата колешка ...
Иако швајцарските банки во последниве години поминаа низ големи кризи, платите на нивните менаџери остануваат високи. Неодамна, банката UBS објави некои бројки што ја разбудија јавната љубопитност. Серхио Ермоти, банкарот кој го презеде кормилото на банката во нејзиниот најкритичен момент, продолжува да останува на врвот на листата на победници, искористувајќи бројки што им изгледаат астрономски на просечниот граѓанин. Според годишниот ...
Вишиот технолошки советник за војување со дронови при украинското Министерство за одбрана во понеделникот објави фотографии и видеоснимки од НЛО забележани од украинските воени сили, кои се слични на оние што Пентагон ги објави минатата недела. Серхи „Флеш“ Бескрестнов, водечки украински експерт за дронови и електронско војување, потврди дека видувањето се случило во мај 2025 година и дека владата била запознаена со целиот случај, пишува ...