Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Кедев :…по завршувањето на процесот ќе треба да се кажат имињата на болниците и докторите а таму кај што ќе се утврди дека е постапувано спротивно на медицината базирана на докази, да има и санкции од правен тип. Овие доктори според Кедев, уште работат. Целосниот извештај од странската експертска комисија, која потврди девет случаи на непотребни кардиохируршки интервенции, нема да биде јавно објавен бидејќи содржи медицински и лични ...
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повреди, а возачот го напушти местото на настанот. Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје. Со возачот е обавен службен ...
Цената на пченицата се зголеми за 13 проценти во споредба со крајот на претходниот месец и моментално изнесува околу 216 евра за тон. Зголемувањето на цената е последица на неизвесноста поврзана со конфликтот во Иран, односно отфрлањето на иранскиот предлог за прекин на конфликтот од страна на американскиот претседател, според најновите анализи на HUP. Во исто време, се очекува пад на производството на пченица во сите главни земји ...
Двете најголеми македонски партии денеска со меѓусебни обвинувања на кого е омилена фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје, која според тврдењата и на едната и на другата партија, добивала тендери и во времето на СДСМ и во времето на СДСМ. Опозициската СДСМ денеска излезе со нова бомба обвинувајќи дека фирмата Мастеф, блиска до власта, добила 93 тендери во вркупна вредност од над 18,3 милиони евра. – Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и ...
Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против 10 лица поради сомнение дека сториле разни кривични дела во врска со тешко убиство на Александар Нешовиќ – Баја, чие тело се уште не е пронајдено, пренесува телевизија Н1. Претходно денеска ова го потврди и претседателот Александар Вучиќ, кој рече дека потрагата е интензивна, цели единици пребаруваат и дека се ангажирани голем број луѓе. „Согласно наредбата за забавување на ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека Шестото изборно собрание на огранокот во Тетово денеска ја покажало организираноста и единството на партијата. Тој рече дека со конституирањето на органите на огранокот, ДУИ ја докажала својата подготвеност за идните предизвици. Ахмети, исто така, го оцени ангажманот на постарите и помладите генерации во рамките на партијата. „Вечерва, Тетово зборуваше силно! ...
Полицијата информира дека вчера на кејот на реката Вардар во Скопје се судриле два тротинета – едниот управуван од 62-годишна жена, а другиот од 12-годишно дете. Со тешки телесни повреди се здобила жената, а детето со телесни повреди констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Министерството за внатрешни работи вчера најави порестриктивни мерки за возачите на тротинети, но засега без детали. – Не можам сега да навлегувам во ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака на социјалните мрежи го поздрави новиот Закон за игрите на среќа. Меџити вели дека овој закон го исполнува ветувањето за „заштита на семејствата од ова проклетство“. Тој најавува дека ќе бидат преземени мерки и за регулирање на прашањето со брзите кредити. „Несреќата од игрите на среќа подалеку од нашето општество. Денес започнува нашата правна борба против коцката и комарот. Ветивме ...
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека до следната година ќе го завршат новиот цевковод што го заобиколува Ормутскиот теснец за да го обезбедат идниот извоз на сурова нафта од заканата од прекини во снабдувањето. Халед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследник на Абу Даби, ѝ нареди на државната нафтена компанија на ОАЕ да забрза претходно ненајавен проект, така што цевководот ќе може да започне со транспорт на нафта од ...
Министерството за економија и труд денес објави јавен повик за финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија, како и за занаетчии, за што се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари. 40% од докажаните трошоци за набавка на нови машини и работни алатки ќе бидат кофинансирани, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека целта е да им се помогне на домашните компании ...
Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и се одвива непречено, соопшти АМСМ, откако попладнево после 17:25 часот едната лента беше затворена поради автобус кој се запали во близина на патарината „Отовица“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи инцидентот се случил околу 16 часот, кога во СВР Велес било пријавено дека се запалил автобус со прилепски регистарски таблички. „Сите патници навремено го напуштиле ...
„Се сеќавам, пред 13 години, кога токму од овде, на манастирот „Руса Среда“ на Пеленица, од една идеја, од една искрена дружба со ветераните и со мојот драг пријател Христијан Мицкоски, се роди традиција која денес живее, расте и обединува. Ова место е симбол за нас Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционалниот собир на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, кој по традиција се одржа во дворот на манастирот „Пеленица“ во ...
Во населбата ал-Бустан во Источен Ерусалим, палестинските семејства ги уриваат своите куќи за да ги избегнат високите трошоци што би им ги наплатиле градските власти пред најавениот развој на тематскиот парк „Кингс Гарден“. Во изминатите две години, повеќе од 57 куќи се срушени во ал-Бустан, дел од поширокиот округ Силван, а најмалку осум се закажани за рушење во наредните недели. Во оваа област е планирана изградбата на библискиот тематски ...
Летната сезона е пред вратата и илјадници туристи веќе го планираат своето патување до „словенечкото море“. Додека повеќето размислуваат за цените на сместувањето и температурата на морето, од омилената јадранска дестинација доаѓаат вести кои ги загрижуваат патниците. Имено, во Словенија се потврдени случаи на болест која обично се поврзува со егзотични тропски региони. Словенија, која за многумина е попатна станица на патот кон Хрватска ...
Според извори на Си-Ен-Ен, американските власти се сомневаат дека ирански хакери провалиле во системите за следење на резервоарите за гориво на бензинските пумпи во неколку американски држави. Според извори запознаени со истрагата, напаѓачите користеле системи за автоматско мерење на резервоарите, познати како ATG, кои биле достапни на интернет и не биле заштитени со лозинки. Во некои случаи, тие би можеле да го променат приказот на ...
Висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека шефот на военото крило на организацијата, Из ал-Дин ал-Хадад, е убиен, еден ден откако Израел соопшти дека извршил воздушни напади врз него. Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ја потврди смртта на Изат ал-Дин ал-Хадад и ѝ нареди на Јужната команда да остане во состојба на готовност поради стравувањата дека палестинската организација би можела да возврати. ...
Книгата „Црноцрвено“ беше промовирана на Меѓународниот саем на книгата во Подгорица и привлече големо внимание од посетителите. Во текот на четвртиот ден од Меѓународниот саем на книгата во Подгорица, се одржа промоцијата на книгата „Црноцрвено“ од актерот Рад Шербеџија, која привлече голем интерес кај посетителите. На почетокот на промоцијата, Шербеџија потсети дека ова е негова втора книга што се осмелил да ја објави. „Првата книга е ...
Надуеноста најчесто се манифестира како непријатно чувство на исполнетост, притисок и непријатност во абдоменот по јадење. Според „Health“, јадењето одредена храна може да предизвика гасови, бавно варење или да предизвика нетолеранција на лактоза. Крстоносните зеленчуци Зеленчукот, како што се брокулата и зелката, содржи хранливи материи, вклучувајќи калциум, фолна киселина, калиум и витамини Ц, Е и К. Овие зеленчуци содржат и рафиноза, ...
Николија Јовановиќ зборуваше за својот однос со нејзиниот татко, Влад Јовановиќ, и призна дека тој никогаш не ја поддржал нејзината одлука да влезе во светот на забавата. Додека таа градеше успешна музичка кариера како нејзината мајка Весна Змијанац, нејзиниот татко веруваше дека пеењето е погрешен избор и дека таа „тргнала од вистинскиот пат“. Пејачката Николија Јовановиќ еднаш отворено проговори за својата врска со нејзиниот татко, Влад ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања за начинот на кој се доделуваат јавни набавки и за наводна блискост на одредени фирми со политички структури, при што во фокусот се најде компанијата „Мастеф ДООЕЛ“. Од СДСМ обвинија дека во услови на економска криза и недостиг на средства за плати и пензии, државните институции доделуваат милионски тендери на, како што велат, „омилени фирми блиски до власта“. Според нив, фирмата „Мастеф ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска попладнево преку објава на Фејсбук соопшти дека до 1 јуни продолжуваат мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова значи дека до 1 јуни се продолжуваат мерките за намалено ДДВ за горивата и намалената акциза за горивата што Владата го донесе за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток. – Овие мерки се соодветен ...
Вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос, започнува на 24 мај, но веќе е потврдено дека Карлос Алкараз нема да игра во Париз поради закрепнувањето од повредата на десната рака. Турнирот ќе го пропушти и Лоренцо Мусети, кој се откажа поради проблем со бутниот мускул. Отсуството на двајца квалитетни играчи секако му оди во прилог на Новак Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да ја освои својата 25-та Гренд слем титула. Сепак, патот до купот нема да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека Техеран мора да се согласи на повторно отворање на Ормутскиот теснец, додека Кина изјави дека војната никогаш не требало да започне. Трамп рече дека ја разгледува и можноста за укинување на американските санкции врз кинеските нафтени компании кои купуваат иранска нафта. Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, а американскиот претседател, кога ...
Кулминираше најголемиот корупциски скандал во Куманово. Додека јавниот обвинител си се слуша со премиерот Мицкоски и ништо не презема, си врват бизнисите на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, рече на прес конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Советот на општина Куманово на вчерашната седница со 17 гласа ЗА донела скандалозна одлука за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ Тоде Мендол, (дел од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека американските и нигериските сили во Нигерија го убиле Абу-Билал ал-Минуки, кого го опиша како втор човек на Исламска држава. Трамп на платформата Truth Social изјави дека операцијата е спроведена по негова наредба и дека американските сили и вооружените сили на Нигерија ја спровеле без грешка. Тој рече дека станува збор за внимателно испланирана и многу сложена мисија насочена ...
„Каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче, домарот на Заевовата фотелја во СДСМ, е подготвен да го вметне непостоечкиот и навредлив придав за нас Македонците, „северно-македонски“.СДСМ и Филипче не само што немаат проблем што некои од нивните соседи нè ...
Секој што се бори со анксиозност знае дека таа може да се појави во кое било време од денот. Сепак, анксиозноста што многу луѓе ја чувствуваат веднаш по будењето е честопати особено непријатна и наметлива бидејќи се чини дека нема очигледна причина. Психолозите објаснуваат дека утринската анксиозност е различна од напнатоста што ја чувствуваме подоцна во текот на денот, а еден од главните виновници е покаченото ниво на кортизол, хормон на ...
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на градот, откако бил осомничен дека се обидел да изврши разбојништво под закана со огнено оружје во канцеларија за кредитирање. Случајот брзо бил расчистен по интервенција на полициските службеници и извршен претрес во неговиот дом. Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека лицето М, објави 4news.mk Ѓ. (36) е пријавено за кривично дело „разбојништво во ...
Денеска и Виница се приклучува на Маршот на ангелите посветен на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Собирот е закажан за попладне во 17:05 часот од плоштадот Ангел Винички. – Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај туку луѓе што секој ден живеат со ...
На четвртиот министерски состанок за енергетика и меѓусебни врски во Југоисточна Европа, што се одржа во Атина, министрите и претставниците одговорни за енергетика од Грција, Србија, Северна Македонија и Бугарија се согласија за проширување на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан. Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска ...