По повод Европскиот ден на жртвите на кривични дела, две хрватски невладини организации ја критикуваа Хрватска, поради „бавното процесирање на воените злосторства“. „Кривичните постапки за воените злосторства се несомнено … од особено значење. Нивната ефективна имплементација, на жртвите им го гарантира остварувањето на правдата“, соопштија денеска Документа – Центар за справување со минатото од Загреб и Центарот за мир, ненасилство и ...

Хрватското Министерство за внатрешни работи објави дека поднело кривична пријава против две неименувани лица, поранешни припадници на специјалната полициска единица на самопрогласената Српска автономна област (САО) Краина, за убиството на руските новинари, Виктор Ногин и Генадиј Куриној, во септември 1991 година. Според полициската истрага, на 1 септември 1991 година, двајцата осомничени, на возраст од 26 и 33 години, отвориле оган кон ...

Холандската влада им понуди по 5.000 евра на припадниците на мировниот баталјон на ООН, Дачбат, кои служеа во Сребреница во јули 1995 година, но не успеаја да ги спречат масакрите врз мажите и момчињата Бошњаци, извршени од страна на силите на босанските Срби. Холандското Министерство за одбрана се реши на овој чекор поради „воочениот недостиг на признание и благодарност“ што војниците требале да ги добијат, бидејќи тие служеле во „вонредни ...

Марко Грабовац, претседател на Здружението за потрага по исчезнати лица на општина Босански Брод, вели дека повеќе од две години, во оваа општина не се пронајдени посмртни останки на ниту едно од 80-те лица, кои сè уште се водат за исчезнати. Грабовац, кој е член и на Советодавниот одбор на Институтот за потрага по исчезнати лица, посочува дека треба да се вложат поголеми напори во потрагата по исчезнатите, меѓу кои имало и многу постари ...

Активисти на Центарот за ненасилна акција (ЦНА), соопштија дека овој месец, поставиле привремени спомен-обележја во Зеница, Добој и во Жепче, како дел од тековната кампања за притисок врз локалните власти, да подигнат трајни споменици за жртвите од војната. Тие ја обележаа зградата на некогашниот силос и фискултурната сала во основното училиште во Жепче, како и основните училишта во селото Љубатовиќи и во местото Перковиќи. ЦНА посочува дека ...

Само неколку неодамнешни филмови за холокаустот, предизвикаа толку многу критики и толку многу цврсти мислења, од причини кои речиси воопшто немаат врска со самиот филм. Дури и пред проекцијата на новиот филм на Предраг Антонијевиќ „Дара од Јасеновац“, во неговата родна земја, Србија, филмот се најде во центарот на бројни критики на британските и на американските филмски критичари, кои имаа список забелешки. Системот на логорот Јасеновац беше ...

Адвокатите на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и на другите тројца поранешни команданти на ОВК, истакнаа дека Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) во Хаг, ги попречува нивните напори да ја подготват својата одбрана, со неправилно откривање на доказите. Тачи и обвинетите, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, кои ги извршиле како високи припадници ...

Предраг Гага Антонијевиќ, режисер и продуцент на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за овогодишниот Оскар во категоријата најдобар меѓународен игран филм, кој се занимава со злосторствата извршени во концентрациониот логор Јасеновац во Хрватска, во неделата изјави дека има намера да го тужи „Лос Анџелес Тајмс“, поради негирање на воените злосторства извршени врз Србите во овој логор, во Втората светска војна. „Веќе не станува збор за ...

Две децении, гласачите во Србица/Скендерај, град во долината на Дреница, ја поддржуваа Демократската партија на Косово (ДПК) и нејзиниот поранешен лидер, Хашим Тачи, воен политички лидер на ОВК, кој по конфликтот продолжи да доминира на политичката сцена во Косово. Србица/Скендерај е роден град на Тачи, но и на Адем Јашари, еден од основачите на ОВК, кого југословенски суд, во 1997, во отсуство го осуди за тероризам, и кого српските сили го ...

Семејствата на жртвите, граѓаните што го преживеале нападот, бројни здруженија на воените жртви и политичари, ја одбележаа 27-годишнината од гранатирањето на пазарот Маркале, со положување на цвеќе на местото на масакрот. „Морам, должна сум, бидејќи ова не може да се заборави“, вели Вахида Твицо, која била сведок на масакрот на 5 февруари 1994 година. Твицо успеала да се скри под една од тезгите и на тој начин го преживеала гранатирањето, во ...

“Повторно ќе биде пекол и крвава Дрина, еве идат четниците од српските планини“, пееше, Рајко Лечиќ, на собирот на српските националисти во БиХ, во март 2019 година. Додека Лечиќ пееше, некои од членовите на таканаречените равногорски четнички здруженија, кои, облечени во црно, присуствуваа на собирот во Вишеград, град на реката Дрина, го снимаа со своите мобилни телефони, додека други ѝ се придружија на неговата воинствена песна. Вишеград, ...

Блерта Башоли се сеќава на својата професорка од Уметничката академија во Приштина, која на своите студенти им прикажувала филмови под светло на свеќи, во првите неколку хаотични години по војната 1998-1999, кога во оваа некогашна српска покраина немало ниту електрична енергија, ниту модерни технологии. На улиците на нејзиниот роден град, кој подоцна ќе стане главен град на најмладата европска земја, тоа бил период на „добра енергија и ...

По една и пол година, во која беа отстранети еден споменик, едно тркало и половина ограда, власта на СДСМ сѐ почесто се соочува со барање – или да се справи со наследството од „Скопје 2014“, или да признае дека нема да се справува. За Мартин Пановски, доскорешен член на комисијата за справување со овој проект, одговорот на ова прашање е очигледен, но треба да биде јавен, јасен и гласен за да остане запишано кој што одлучил во ова време за ова ...

Проектот за зелена градина на мал дел од покривот на Градскиот трговски центар во Скопје, кој предизвика главно негативни реакции во јавноста и кај стручната фела, е изработен од компанијата „Дом дизајн“, а нарачан од управата на ГТЦ. Ова го покажува тендерската документација што може да се најде на страницата за јавни набавки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која заедно со Град Скопје е партнер на проектот. Управата на ...

Ретко кој е поразочаран од одлуката на Уставниот суд привремено да го укине мораториумот за градење во Општина Центар од претседателката на општинскиот совет, Јана Белчева Андреевска. Во нејзината канцеларија сѐ уште стојат постерите „Стоп за мафијашката урбанизација“ од движењето „Здравје пред профит во Центар“, преку кое таа дојде на функцијата, откако оваа граѓанска иницијатива влезе во невообичаена предизборна коалиција со партијата СДСМ, ...

Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“ ќе биде новиот мегдан во вечната скопска борба меѓу приватниот интерес за градење и јавниот интерес за похумано урбанистичко планирање, во која приватниот многу почесто победува. Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според ...

Корупцијата носи несигурност во животите на луѓето. Кога таа владее, воспоставените предвидливи правила не важат, туку важи еден сосема поинаков вредносен систем – неизвесен, недоверлив, непринципиелен, кој се заснова врз позицијата и снаодливоста на актерите во општеството, а не врз правата на граѓаните и обврските на институциите. Корупцијата предизвикала многумина да се соочат со ситуации во кои не очекувале да се најдат и да решаваат ...

Граѓаните не треба да се грижат дека во Општина Центар ќе се изградат згради од по 60 ката пред хотелот „Холидеј ин“, рече Менди Ќира од Стопанската комора на Северозападна Македонија во синоќешното гостување на 1ТВ, откако вчера Советот на општината, и покрај решението на Уставниот суд, повторно донесе одлука за мораториум за издавањето градежни дозволи на поголемиот дел од нејзината територија. Со тоа претставникот на стопанствениците што ...

„За време на бомбардирањето, не ни беше пријатно во вагоните, но сите се чувствувавме некако среќни, затоа што знаевме дека уништувањето на една фабрика во Германија, значи дека сме еден ден поблизу до крајот на војната“, напишал во своите мемоари, хрватскиот Чех, Фрањо Жада, по Втората светска војна, во кои тој се навраќа на настаните од средината на 1944 година, кога сојузниците го бомбардираа Минхен. Во тоа време, Жада, со други ...

Државната комисија за спречување на корупцијата по изборите ќе разгледа како поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски станал сопственик на нова куќа во населбата Керамидница. Трајановски, кој раководеше со главниот град во два мандати од 2009 до 2017, девет месеци по повлекувањето ја купил фирмата „Природна органска храна“ од Скопје, во чија сопственост била семејната куќа од речиси 400 квадратни метри, во која планира да живее со ...

На 8 мај 1999 година, Бурим Кабаши се обидувал да избега од борбите во западно Косово, кога бил уапсен од српските сили, заедно со уште 70-тина други Албанци. Тие биле однесени во мал затвор во општината Исток. Тој си спомнува дека била топла вечер кога уапсените биле донесени во затворот во селото Ѓураковац, кој веќе бил преполн со затвореници. Малтретирањето почнало уште со нивното пристигнување во овој објект. „Се сеќавам кога се собравме ...

Српските сили влегоа во селото Захаќ на 14 мај 1999 година. Тој ден се случи еден од најкрвавите масакри во војната во Косово. Тие им наредија на албанските селани, кои броеја над 200, да им ги предадат своите пари, накит и документи, а потоа да влезат во нивните автомобили или трактори и да си заминат. Меѓу нив била и Хајрије Демаку, нејзината ќерка Есма и нејзиниот син Фатон. „Во (селото) Ќушка, ја киднапираа ќерка ми, ѝ рекоа да се симне ...

Рекреативците што шетаат на кејот на Вардар, гостите во хотелот „Русија“ и посетителите на паркот на езерата, од неодамна имаат поглед на новата куќа на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, која се наоѓа на спротивната страна на реката Вардар во населбата Керамидница. Објектот е на самиот кеј на реката Вардар и има поглед кон населбата Аеродром. Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 ...

Брзо спласна новогодишниот оптимизам дека со календарската промена на годината ќе се промени и перспективата за 2021, која сѐ уште е заробена од пандемијата. Корона вирусот е неутрализиран со брзото пронаоѓање вакцини, кои покажаа ефикасност и до 95 отсто, но само во научна смисла. Сепак, сѐ уште сме далеку од моментот кога ќе може да се каже дека пандемијата е целосно под контрола. Ширењето на новата позаразна мутација на корона вирусот што ...

Судија на Специјализираните совети на Косово (ССК), формирани да им судат на поранешните припадници на ОВК за воени и повоени злосторства, вчера донесе одлука, Салих Мустафа да остане во притворот во Холандија. Одбивајќи го барањето на одбраната за ослободување на Мустафа, судијата Никола Гуи истакна дека постои ризик осомничениот да избега. Судијата додаде дека неодамнешното откривање на доказите од страна на обвинителството, на одбраната, ...

Милановиќ, не присуствуваше на свеченото одбележување на годишнината од воената операција „Масленица“, во Задар, бидејќи некои од учесниците носеа симболи на усташкото движење. Од неговиот кабинет соопштија дека Милановиќ го повикал премиерот, Андреј Пленковиќ, и го предупредил дека тоа е „неприфатливо“. „Бидејќи подоцна беше утврдено дека и во официјалниот протокол на одбележувањето, учествуваат лица што на себе носат усташки обележја и ...

Во 1989 година, театарскиот режисер и драматург, Енвер Петровци, се заклучил во својот стан во Белград и започнал да пишува текст за претстава, кој потоа долги години, некаде на полица, фаќал прав. Претставата конечно била изведена во театар околу три децении подоцна, откако Петровци години претходно го напуштил Белград и по војните во 90-тите години кои го уништија регионот. Претставата, насловена како „Балкански креоли“, зборува за животот ...

Кога српските сили влегле во селото Рачак, во западно Косово, утрото на 15 јануари 1999 година, Сахиде Метуши подготвувала појадок за своето семејство во нејзината кујна. Откако ги слушнале првите истрели, таа и нејзиниот сопруг Хаки им рекле на помладите членови на семејството, да побегнат на сигурно – преку потокот или во блиската шума. Сахиде и Хаки останале во куќата, сè додека не се приближил звукот на пукотниците. „Кога излегоа од ...

Кога пред три години, на 16 јануари 2018 година, непознати сторители испукаа шест куршуми во политичарот, Оливер Ивановиќ, пред седиштето на неговата партија во Митровица, луѓето во Србија и во Косово беа згрозени, а Запад стравуваше дека убиството на уште еден политичар на Балканот, може да стави крај на кревкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Кога беше извршен атентатот врз лидерот на партијата, Слобода, демократија, правда, кој беше ...

„Ефектот на литературата во општествата како нашето, е повеќекратен“, вели српскиот писател, Саша Илиќ, чиј последен роман се занимава со трајните трауми од војните во 90-тите години, во земјата во која политичките лидери продолжуваат да ја негираат вистината за тоа што се случило. „Литературата што се занимава со горливите, главно табу-теми, како што се Југославија, војната, воените трауми, воените злосторства, укинувањето на слободата, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
39%
1025
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
34%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
38%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
51%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.06
41%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.71
52%
1026
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
42%
1025
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
42%
1027
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
30%
1026
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
42%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Паладиум

51794.85

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Сребро

2711.59