Лидија Вукчевиќ, на конференција за медиумите. Фото: ПР Центар. Врховниот државен обвинител, Лидија Вукчевиќ, изјави дека на Црна Гора ѝ е потребна поголема политичка поддршка, за гонење на воените злосторства. Нејзината изјава доаѓа по повеќекратните критики од Брисел, дека оваа земја, кандидат за членство во ЕУ, не вложува доволно напори за решавање на ова прашање. „Специјалното државно обвинителство, кое е одговорно за гонење на ...

Аљо Хасанчевиќ, поранешен затвореник од Босански Шамац, добро ги памети прекарите „Лугар“ и „Дебел“. Ова се прекарите на српските борци кои оваа недела беа наведени како директни извршители на злосторствата во Босански Шамац, во пресудата на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, со која поранешните шефови на ДБ на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, беа прогласени за виновни за помагање и поддршка на овие и други злосторства. ...

Еден месец пред убиството на полицаецот, Јосип Реихл Кир, извршено на 1 јули 1991 година, среде растечките тензии во источна Хрватска, тој вети дека „нема да има војна меѓу Србите и Хрватите во оваа област“, сè додека тој е началник на полицијата во Осиек. Реихл Кир се обидуваше да преговара за мир меѓу локалното српско население во Осиек и хрватските власти. Откако беше убиен, меѓу хрватските сили од една страна и Југословенската народна ...

Во пролетта 1992 година, високиот функционер на ДБ Србија, Франко Симатовиќ Френки, пристигнал во тајниот паравоен камп за обука, во близина на хрватскиот град Илок, кој бил еден од многуте, наводно, формирани од тогашните функционери на српската ДБ, во војните што избувнаа при распадот на Југославија. Во пролетта 1992 година, високиот функционер на ДБ Србија, Франко Симатовиќ Френки, пристигнал во тајниот паравоен камп за обука, во близина ...

Политичкиот плурализам во Македонија, за кратко време по независноста, се претвори во двопартиски систем со силна поларизација меѓу спротивставените блокови. Иако овој систем беше одвреме-навреме предизвикуван од некаков трет пат, односно од „неврзани“ партии што освојуваа значителен број гласови, сепак политиките на поделби што се водеа долго време создаваа силен притисок да се избере страна, па третите опции беа истуркувани кон лево или кон ...

Бившите шефови на СДБ на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ Френки. Фото: ММКТ Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) ги осуди денеска Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор, за помагање и поттикнување на воени злосторства во областа на Босански Шамац, во 1992 година. Утврдено е дека и двајцата, кои биле моќни фигури кои влевале страв во времето на владеењето на режимот на Слободан Милошевиќ во 90-тите години, им ...

Минатата недела беше објавено дека првото судење пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг, ќе започне на 15-ти септември – скоро една година по првото апсење во Приштина и повеќе од шест години по формирањето на судот. Поранешниот командант на ОВК, Салих Мустафа, ќе се појави пред судот, кој е формиран за да им суди на поранешните припадници на ОВК за наводни злосторства извршени за време на војната во Косово, од 1998 до 2000 ...

„Луѓето на Милошевиќ за на терен”, беше најчестиот опис на овие двајца водечки српски функционери на државната безбедност, Јовица Станишиќ, шеф на службата на Државна безбедност на Министерството за внатрешни работи и неговата десна рака, Франко Симатовиќ, командант на единицата за специјални операции (ЕСО). Механизмот за меѓународни кривични судови (ММКС), кој работеше на предметите што останаа од Хашкиот трибунал, на 30 јуни ќе ја донесе ...

Три и пол години по затворањето на МКТЈ, неговиот наследник, Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ), ја финализира судската постапка во последниот предмет на Хашкиот трибунал. Случајот против Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, поранешни функционери на Државната безбедност на Србија (ДБ), чија првостепена пресуда ќе биде изречена на 30 јуни, опширно се занимава со улогата на српските паравоени формации, во распадот на ...

Борбените единици кои беа под крајна команда на функционерите на Државната безбедност (ДБ) на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, „ја контролираа ситуацијата на теренот“, во деловите на Хрватска под српска контрола, а во помала мера, и во БиХ, за време на војните во 90-тите, вели за БИРН, долгогодишниот српски новинар, Филип Шварм, во пресрет на изрекувањето на пресудата на Станишиќ и Симатовиќ. Станишиќ (70) и Симатовиќ (71) беа ...

Дражен Ердемовиќ, припадник на Војската на Република Српска (ВРС), беше првиот кој на судиите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во Хаг, во мај 1996 година, им призна дека учествувал во убиствата на заробените мажи и момчиња, Бошњаци, од Сребреница. Ердемовиќ пред Хашкиот трибунал изјави дека пукал во Бошњаците само затоа што му се заканувале: „Кога одбив, ми рекоа: Ако ти е жал, застани и ти за да те убиеме“. ...

Владата на веб-страницата попладнево ги објави имињата на актуелните хонорарци. Станува збор за тековна состојба од први април годинава. На листата се наоѓаат имињата на 55 ангажирани лица, износ и опис на ангажманот. Кај некои од лицата пишува дека се ангажирани од јануари, февруари или март, а датумот до кој се ангажирани е 31 декември 2021 година. Претходно БИРН од Владата ги доби фактурите под контото „други договорни услуги“ за декември ...

Заклучно со вчера околу 40.000 граѓани, што имаат 60 или повеќе од 60 години, сè уште не примиле ниту една доза од вакцините против ковид, а изразиле желба за имунизација преку системот vakcinacija.mk, информираат за БИРН од Министерството за здравство. Станува збор за популацијата граѓани што е една од најзагрозените од корона-вирусот, причинителот на болеста ковид-19. Сепак, од Министерството за здравство очекуваат во наредните 15 или 20 ...

Одлуката на Црна Гора за усвојување на парламентарна резолуција за забрана на негирањето на геноцидот во Сребреница, предизвика незадоволство во Република Српска и во Србија, а српските власти побараа и дипломатски одговор. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека усвојувањето на резолуцијата, со која масакрите во Сребреница се признаваат како геноцид, „остава стигма на целиот народ“. „Мене ме интересира, на нашиот народ, а јас ...

На 27 јуни 1991 година, на првиот ден од вооружениот конфликт во Словенија, словенечките трупи соборија, како што првично објавија, два „непријателски“ хеликоптери. Едниот беше соборен над населбата Иг, во близина на Љубљана, а другиот над населбата Рошна Долина во Љубљана. Словенија беше прва од шесте југословенски републики, која официјално ја напушти федералната држава. Двата хеликоптери ѝ припаѓаа на ЈНА, но оној што беше соборен над ...

Гледавме како паѓаат бомбите … и кога ја слушавме сета таа бука, немавме излез, мораше да заминеме …“ Ова се зборовите на Мерсие Камери, 50-годишна Ромка, која скоро половина од својот живот го поминала како бегалец. Камери е родена во Урошевац. Таа, за време на војната во 1999 година, со нејзиниот сопруг и петте деца, побегнала во соседна Северна Македонија, во потрага по побезбеден живот, како и стотици илјади други цивили. „Ни требаше ...

Црногорскиот Парламент го разреши министерот за правда, човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ, откако министерот изрази сомнеж во пресудите на меѓународните судови, кои ги класифицираат масакрите во Сребреница, извршени од силите на босанските Срби во 1995 година, како геноцид. Неговата смена беше поддржана од 43 пратеници од опозицијата и од владејачката коалиција, Црно на бело. Другите два владејачки блока, За иднината на Црна ...

За повеќето луѓе во Европа, војната во Босна и Херцеговина беше претежно настан кој го гледаа на телевизија; многумина сметаа дека тоа всушност нив не ги засега или дека ништо не може да се стори во врска со тоа. Но, во исто време, имаше десетици илјади поединци во земјите низ Европа, кои решија дека нема да бидат набљудувачи, да следат само што се случува, туку беа решени да направат нешто“. Ова е дел од воведот на новата книга „Солидарноста ...

Начинот на кој пропадна првиот обид да се суспендираат важечки урбанистички планови отвори сомнежи за подготвеноста и за желбата на властите на сите нивоа, од централни до локални, да се справат со прекумерното градење. Министерството за транспорт и врски и Општина Центар, чии ДУП-ови (вкупно 22) беа предложени за суспензија, се заплеткаа во толкувањето детали и формалности од Законот за просторно и урбанистичко планирање за да утврдат кој е ...

Холандската комисија за надокнада на штета Поточари, денеска, за потенцијалните баратели, ја отвори вратата на својата канцеларија во Сараево, а и нејзината веб-страница е отворена за пријави на членовите на семејствата на луѓето кои беа убиени откако беа земени од базата на холандските мировници на ООН во Поточари, крај Сребреница, во јули 1995 година. Но, некои роднини на жртвите одбиваат да поднесат барање, затоа што се незадоволни од ...

Пријателите и сограѓаните на Горан Ченгиќ, ракометар од Сараево, кој беше убиен во војната 1992-1995, додека се обидуваше да го спаси својот сосед, со задоволство ја дочекуваат 29-годишнината од неговата смрт. Конечно, по долгогодишна кампања, на Ченгиќ ќе му биде оддадено признание, со именување на спортска сала по него, иако се поставува прашањето, зошто целиот овој процес мораше да трае толку долго. Поранешниот ракометен репрезентативец на ...

Kон крајот на минатата година, 93-годишната, Владица Дичиќ, била последната жителка која го напуштила својот дом во Ваганеш, зафрлено село лоцирано во ридските делови на општина Каменица, источно Косово, кое оттогаш е ненаселено и, како и многу други, денеска е ‘село на духови’. Дичиќ е мајка на пет деца. Четри од нив го напуштиле Косово и заминале во Србија во потрага по подобар живот. Кога нејзиниот најмлад син го напуштил селото и заминал ...

Спортските екипи од Македонија, дали на репрезентативно или на клупско ниво, учествувале на големи натпреварувања и постигнувале успеси. Понекогаш и се качувале на врвот од спортска Европа, како што направија машкиот ракометен клуб Вардар и женскиот Кометал Ѓорче Петров, кога стануваа европски шампиони. На национално ниво, возбудувања предизвикаа настапите на кошаркарската и на ракометната селекција, меѓутоа самиот факт дека фудбалската ...

Поранешниот командант на деветтата брдска бригада на Армијата на Босна и Херцеговина, Незир Казиќ беше осуден на десет години затвор, додека по осум години затвор, добија поранешниот началник за станицата за јавна безбедност во Хаџиќи, Фадил Човиќ, како и управникот на логорот „Силос” (до август 1994 година), Беќир Хујиќ. Командирот на полициската станица Пазариќи, Мирсад Шабиќ, беше осуден на шест години затвор, додека поранешниот управител ...

Група студенти од Универзитетот во Приштина, протестираа пред незавршениот храм во кампусот, откако еден ден претходно, СПЦ одржа литургија во црквата, која е предмет на спор, уште од нејзината изградба во 90-тите години. Ерблин Хоџа, член на Студентскиот парламент, ги повика косовските институции да одговорат на, како што рече, „провокациите во универзитетскиот кампус“. „Ги повикуваме институциите да го отстранат овој објект од кампусот или ...

На 11 јуни 2001 година, српскиот весник „Вечерње новости“, објави текст под наслов „Акции во лер“, за проблемите со приватизацијата во сливот на реката Морава. Автор на текстот беше Милан Пантиќ, дописник на „Вечерњи новости“ од Јагодина, град лоциран околу 130 километри јужно од Белград, од каде Пантиќ редовно пишуваше за приватизацијата и корупцијата. Но, додека повеќето читатели го прочитаа овој текст, Пантиќ веќе беше мртов. Тој беше ...

Изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ, помина како што се очекуваше, без изненадувања, освен бранот различни мислења на судијата претседавач. Со оглед на тоа што правниот исход остана во основа непроменет, во однос на првостепената пресуда, нема ништо ново, што може да се каже за тоа. Тоа и не е толку лошо. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, МКТЈ, и неговиот наследник, Резидуалниот механизам, оставија мешани ...

Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг денеска му ја потврди казната доживотен затвор на Младиќ, за улогата што тој ја имаше во најлошите злосторства во Европа, по Втората светска војна. Жалбениот совет ја потврди првостепената пресуда со која Младиќ беше осуден за геноцид во Сребреница во 1995 година, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ цела земја, за тероризирање на граѓаните на Сараево со гранатирање и снајперски оган ...

Еден ден пред изрекувањето на конечната пресуда на Младиќ, БИРН објавува фотосторијата која содржи нови фотографии од локациите на логорите и од местата на масовните убиства во војната во Босна и Херцеговина. Фотографиите се придружени со цитати од клучните сведоци, кои сведочеа за тоа што се случило на тие локации, во текот на десетгодишното судење на Младиќ. Фотосторијата „Сцените на злосторствата“, можете да ја погледнете овде. Денис ...

Откако во понеделникот, на 31 мај, беше откриена нова масовна гробница во општина Калиновик, на локалитетот Добро Поље, Самир Врановиќ, претседател на Здружението на членови на семејствата на исчезнатите лица, „Вистина – Калиновик ’92“, изрази желба да присуствува на ексхумацијата на теренот. Досега, на споменатата локација се ексхумирани посмртни останки од најмалку четири лица, за кои Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (ИИЛ ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
39%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
41%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
52%
1026
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.66
40%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.71
55%
1026
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
42%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
48%
1030
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
35%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
38%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Бакар

11.73

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Калај

50.64