Шкотски форензичар пред споменикот на жрвтите на Сребреница | Фото: https://www.robertmcneil.co.uk/ Во извештајот кој ги анализира екстремистичките содржини и говорот на омраза на ТикТок, објавен од ИСД, се предупредува дека некои креатори на содржини ја користат оваа платформа за да ги величат воените злосторници, да го промовираат геноцидот, да го негираат холокаустот и за да шират расистички и антисемитски идеи. „Две од десетте најгледани ...

Околу 55 проценти од ковид-вакцините што досега се употребени во Македонија потекнуваат од Кина, од производителите „Синовак“ и „Синофарм“. Овој податок произлегува од податоците што БИРН ги доби од Министерството за здравство. Заклучно со 21 август годинава, искористени биле нешто повеќе од 382.000 дози од вакцината на „Синовак“ и речиси 300.000 од онаа на „Синофарм“. По поединечен производител најмногу аплицирани дози има од вакцината на ...

Учесници на комеморативниот настан, со транспарент на кој пишува „Каде се нашите најблиски?“. Фото: ИИЛ БиХ Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (ИИЛ БиХ) и здруженијата на жртви на војната, вчера одржаа комеморативен настан, во спомен на луѓето исчезнати за време на војната 1992-1995, а по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица. „Во ‘пет до 12’ од Стариот мост во Мостар, во чест на жртвите, односно на исчезнатите лица по ...

Вјоса Османи, Албин Курти и други косовски функционери пред споменикот на исчезнатите. Фото: Кабинет на претседателката на Косово. Курти денеска побара од Србија да ги отвори своите државни архиви поврзани со војната во Косово (1998-1999), нагласувајќи дека „што се однесува до исчезнатите лица, одговорот лежи таму (во Белград)“. Тој ова го изјави на одбележувањето на Меѓународниот ден на исчезнатите лица во Приштина. Заедно со Курти, ...

Теодора Грнчаровска, државната советничка за климатски промени во Министерството за животна средина, е единствениот член на стоилјадниот јавен сектор, на која справувањето со климатските промени ѝ е примарна работна обврска. Во анализата за институционалните капацитети изработена во 2020 година, во која БИРН имаше увид, се вели дека во десетина клучни институции, како министерствата за животна средина, земјоделство и шумарство, економија, ...

Неколку пати неделно, Спомен-подрачјето Доња Градина, место во кое секојдневно се носеле затвореници од комплексот логори Јасеновац-Стара Градишка, кој го воделе усташите, на Твитер објавува сеќавања за жртвите од овој логор. Објавата од 23 октомври 2020 година, му е посветена на Раде Шувак, 16-годишно момче од детската работна група во логорот. „Драга мајко“, напишал тој. „Здрав сум, ја добив картата. Не грижете се за мене. Грижи се за себе ...

Иван Тодосијевиќ. Фото: Министерство за локална самоуправа Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека потврдувањето на двегодишната затворска казна на косовскиот пратеник и поранешен министер, Иван Тодосијевиќ, е „срамна, неприфатлива и политичка пресуда“. Апелацискиот суд на Косово ја потврди пресудата што на Тодосијевиќ му беше изречена во 2019 година, со која тој беше осуден за ...

Младиќ во судницата во Хаг, за време на жалбениот процес, во август 2020 година. Фото: ММКТ/Лесли Хондебринк-Хермер Миодраг Стојановиќ, член на адвокатскиот тим на Ратко Младиќ, денеска за БИРН изјави дека здравствената состојба на поранешниот командант на ВРС, кој во единицата за притвор на ММКТ во Хаг чека да биде префрлен во друга држава на отслужување на доживотна казна затвор, е влошена. „Шеќерот во крвта му е многу висок и тоа се одрази ...

Фото: Wikipedia.org Албанската полиција денеска соопшти дека уапсила 21-годишно момче, кое се сомничи дека на фестивал во Корча фрлило солзавец на концертот на Горан Бреговиќ и неговиот бенд, на чиј настап се спротивставија албанските националисти, поради наводната улога на овој музичар, во конфликтот во Косово. „На 22 август 2021 година, за време на Фестивалот на пивото, 21-годишниот Редон Лека фрли канистри со солзавец, со намера да го ...

Андин Хоти се сеќава на студениот ден кон крајот на декември 1998 година, кога неговата тетка го одвела во Сремска Митровица да го посети неговиот татко, Укшин, во тоа време познат албански политичар од Косово. Имено, Укшин Хоти бил лидер на партијата која се залагала за обединување на Албанците во единствена држава – Партијата за албанско национално единство (УНИКОМБ), а во затвор се нашол откако бил осуден за „загрозување на уставниот ...

Детските фестивали во Универзална сала повторно се враќаат, а парковите, кејовите и плоштадите ќе бидат ослободени од закани по безбедноста на најмладите. Ова е напишано во предизборната програма на Петре Шилегов од 2017 година, кога како кандидат на СДСМ го предизвика, а потоа го победи претходниот градоначалник Коце Трајановски. Потсетувајќи дека салата била омилената културна институција за многу скопјани, а за многу деца била местото каде ...

На 18 јули, Северна Македонија најави дека примила назад 23 свои граѓани што ги поминале последните неколку години на боиштата во Сирија и во Ирак, а биле и членови на Исламската држава, ИСИС. Четворица од овие 23 се барани за тероризам и ги очекува судење. Од другите, пет се жени и 14 се деца. На сличен начин, соседно Косово објави дека вратило 11 свои државјани од Сирија, додавајќи дека станува збор за една жена и за нејзините деца. На 1 ...

Дождот што заврна, барем за кратко ги стивна огнените стихии кои се беа распламтиле на неколку места низ државата. Проценките за штетите веќе се прават, и постојано растат. Додека тоа се случува, полицијата и обвинителството собираат докази и распрашуваат луѓе за да утврдат дали некој може да сноси кривична одговорност, ако се утврди дека штетите ги предизвикала човечка рака. Противпожарни екипи од странство гаснат пожар во Македонија | Фото: ...

Среде лето и годишни одмори и на два месеца пред изборите, во електронските сандачиња на еснафските здруженија на медиумите, на граѓански организации, академската заедница и на поединци, деновиве им стигна имејл-покана од Министерството за информатичко општество и администрација-МИОА. Со текст на една страница, Министерството кани организации и поединци да номинираат претставници во, како што пишува, „Националниот совет за реформи во ...

Жена полнела вода од длабокиот и богат бунар прецизно затворен со капак на широка и бујна ливада. Еден ден заборавила да го затвори капакот. До утрото, од бунарот се излеала толку вода, што ливадата и целата околина се претвориле во мочуриште. Следните денови, водата само истекувала и растело нивото, така што веќе никој не можел да ја запре. Така настанало Охридско Езеро во Македонија. Така барем вели еден од митовите. Фантазмагорична Црна ...

Нема медицинска логика во рестриктивните мерки за граѓаните што не се вакцинирани, вели во интервју за БИРН професорот на Медицинскиот факултет и микробиолог, Никола Пановски. Од следниот понеделник, во отворените делови на рестораните и на објектите каде што присуствуваат повеќе од 30 лица ќе може да влегуваат само тие што имаат потврда (сертификат) дека примиле барем една доза од ковид-вакцините. Истото важи и за друг тип настани на ...

Додека во мај 1992 година водел радиоемисија во Приедор, град во северозападна Босна и Херцеговина, во кој што се родил и израснал, Резак Хукановиќ првпат го слушнал звукот на граната што паѓа. Слушајќи ги извештаите од другите градови во Босна и Херцеговина, тој се надевал дека војната наскоро ќе заврши. Но, во војната, која наскоро се проширила и во Приедор, Резак и неговиот малолетен син, на 30 мај биле уапсени во семејниот дом и однесени ...

Небојша Павковиќ, лево, и Владимир Лазаревиќ, десно, во 2011 година присуствуваа на воена вежба во Пирот, Србија. Фото: Бета Одлуката на собранието на Пантелеј, општина во Ниш, најголемиот град во јужна Србија, да го прогласи осудениот воен злосторник, Владимир Лазаревиќ, за почесен граѓанин, не е изненадувачка и е дел од „ситната политичка игра“ на владејачката партија, велат за БИРН активисти на невладини организации. Денес пензионираниот ...

Лулзим Адеми, Албанец од Митровица, во 1999 година беше обвинет дека како парамилитарец, извршил воени злосторства над цивили, дејствувајќи во соработка со припадници на Војската на Југославија, на српската полиција и на српските паравоени формации. Адеми е обвинет за учество во протерување на Албанци од нивните домови и за убиство на најмалку 12 лица. Тој беше уапсен и држен во притвор до февруари 2000 година, кога избега. Судот одлучи да му ...

Името на младиот програмер Горјан Јовановски, кој лани се врати од Холандија, за првпат би можело да се најде како предлог за советник во Градот Скопје на претстојните локални избори закажани за во октомври. Роковите веќе почнаа да течат. Идејниот творец на популарната апликација за проверка на квалитетот на амбиенталниот воздух „Мој воздух“ и дел од иницијативата Зелен хуман град има јасна визија за развој, која е во основа политичка, но не ...

Секоја година во месец август, односите меѓу Хрватска и Србија се заладуваат, а претставниците на двете земји разменуваат остри зборови за настан од 1995 година – операцијата на Хрватска војска (НВ) „Бура“, со која беше ослободена територијата што беше под контрола на бунтовничките Срби од Хрватска, со која и ефективно заврши војната во оваа земја. Маријана Стојчиќ, социолог и истражувач на белградскиот Центар за применета историја, смета ...

Две недели по победата на хрватската војска во операцијата „Бура“, спроведена на почетокот на август 1995 година, со што практично заврши војната во Хрватска, претседателот, Фрањо Туѓман, ги собра државните функционери во претседателската палата во Загреб, за да разговараат за неговите следни политички потези и за новата стратегија за промовирање на неговата партија, Хрватската демократска заедница (ХДЗ). „Господа, сакав малку да разговараме, ...

Откако минатата година стапија во сила измените на законот за добивање на хрватско државјанство, конечно почнаа да се решаваат проблемите на хрватските Срби, кои, по распадот на Југославија во 1991 година, не можеа да добијат хрватски документи. Со законските измени се решаваат проблемите на околу 5.000 луѓе, чии родители се Срби од Хрватска, и кои, во времето кога Србија и Хрватска беа дел од Југославија, живееле во Србија кога тие се ...

Извештајот објавен минатата недела од Независната меѓународна комисија за истражување на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница помеѓу 1992 и 1995 година, формирана од Владата на Република Српска (РС), дојде до заклучок кој можеше да се предвиди, дека масакрите извршени од силите на босанските Срби, не се геноцид. Заклучокот на Комисијата ги одразува ставовите на политичките лидери на Република Српска (РС), кои ги отфрлија ...

Скопска Апелација на веб-страницата ја објави пресудата со која што ја потврди првостепената пресуда во мегаекспонираниот случај „Рекет“. На 17 од 25 страници, колку што има пресудата, петтемина судии образложиле зошто сметаат дека Катица Јанева и Бојан Јовановски се виновни за кривичните дела кои им беа ставени на товар и со кои беа осудени на седум, односно девет години затвор. За судиите постапката е законита, а фактите правилно биле ...

Повторената постапка за избор на нови членови во советите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) и на Македонската радио-телевизија (МРТ) ќе го почека крајот на летото, иако, по сѐ изгледа, тешко дека и тогаш ќе се направи некаков исчекор. „По одморите, по 20 август очекувам да ја свикам првата седница за избор на нови членови, по што ќе следат јавна расправа и изборот“, вели во изјава за БИРН, Костадин Костадинов, претседател ...

Иако поминаа повеќе од две децении, откако со војна се одвои од Србија, Косово сè уште се бори да добие сопственост на над 160 имоти низ поранешна Југославија. Досега се покренати постапки за два имоти во соседна Црна Гора, поточно во општина Будва, со вкупна површина од околу 37.500 квадратни метри. Иницијативата ја предводи Косовската агенција за приватизација (КАП), но институцијата се соочува со предизвик, со оглед на тоа што од седумте ...

Гојко Кнежевиќ, го поминал најголемиот дел од својата новинарска кариера, истражувајќи го масакрот што се случил уште пред тој да биде роден. Убиствата на луѓето извршени пред повеќе од 70 години во селото Велика, северна Црна Гора, каде денес живее и самиот Кнежевиќ, го прогонуваат долго време. Според историчарите, околу 550 српски жители на селото Велика, биле масакрирани за време на нацистичката СС операција Драуфгенгер, спроведена на 28 ...

Судбината сакаше истиот ден кога Никола Груевски стана слободен граѓанин на европска Будимпешта, неговиот братучед и човекот обвинет за второто „Големо уво“ да заврши во Шутка. Порталите пренесоа дека ќе ја дели ќелијата со уште неколку смртници, во обид што посликовито да го доловат падот на моќникот. По Фејсбук и по кафулињата во скопско Дебар Маало, каде што не ја есапат кармата при политичките анализи, цинично се коментира дека Мијалков е ...

Споменикот во Срб, подигнат во знак на сеќавање на антифашистичкото востание. Фото: БИРН Српскиот народен совет (СНС) кој ги застапува интересите на српската заедница во Хрватска, денеска соопшти дека во пресрет на годишнината од антифашистичкото востание кренато во 1941 година, активисти на крајно десничарската Автохтона хрватска партија на правата (А-ХПП), поставиле камп-куќичка во селото Срб, како и симболи на фашистичкото усташко движење. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28