Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче во однос на прашањето за уставните измени. Според него, опозицијата работи директно против волјата на сопствениот народ и одработува за туѓи интереси. Лефков истакна дека огромно мнозинство од македонското општество не го прифаќа менувањето на Уставот под тековните услови, посочувајќи дека СДСМ го става ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска поднесе ургенција до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со барање да се овозможи одржување на надзорна расправа за нефункционирањето на Законот за употреба на македонскиот јазик. На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска обвини дека власта воопшто не покажува грижа за спроведување на законската рамка. Костадиновска-Стојчевска истакна дека нивната пратеничка група ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, туку станува збор за истите услови од 2022 година кои претходната власт ги прифатила. Тој потенцираше дека е оптимист по неговите средби со европските лидери, нагласувајќи дека тие разговори се сосема различни од она што беше тема на средбата меѓу претседателката Сиљановска Давкова и бугарската потпретседателка Јотова во Софија. ...

Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, предупредувајќи на бранот нестабилно време што ќе ја зафати земјава. Според синоптичарите, во овој период се очекуваат повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат проследени со невреме. Временските услови локално ќе бидат изразено нестабилни. Од УХМР најавуваат појава на пороен дожд, електрични празнења и засилен ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...

Времето во соседна Грција радикално ќе се промени во рок од само 24 часа. Додека денес граѓаните и туристите сè уште чувствуваат високи температури и влажност, метеоролозите најавуваат привремено заладување од петок, придружено со локални бури, град и пад на температурата. Според најновата прогноза на познатиот грчки метеоролог Јоргос Цаторфилијас, тропскиот бран ќе биде накратко прекинат претстојниот викенд, а нестабилноста ќе го зафати ...

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) утрово издаде предупредување за силни грмотевици во текот на денот, кои во одредени региони ќе преминат во силно невреме. Како што е наведено во официјалното предупредување, врнежите и грмотевиците што се очекуваат во текот на денот во југозападна, јужна и југоисточна Србија локално ќе бидат придружени со град и бурен ветер. Од таму нагласуваат дека итните предупредувања за одредени локации ќе бидат ...

Седум лица загинаа, а 17 се повредени во силна експлозија што се случи околу 1:40 часот наутро во четврток во округот Синган, во автономниот регион Гуангси Жуанг во јужна Кина, соопшти локалната полиција во Синган. По инцидентот, високи претставници од партиските комитети и владите на градот Гуилин и округот Синган веднаш излегоа на местото на настанот за да координираат брза акција. Организирани се масовни спасувачки и итни активности во кои ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршил напади врз 18 американски воени цели во Кувајт и Бахреин, како одговор на најновите американски напади врз јужен Иран. Паралелно со ова, иранската војска соопшти дека целосно го затвора Ормутскиот теснец за сите видови поморски сообраќај. Според официјалното соопштение на ИРГЦ, два брана напади погодиле цели во воздухопловните бази „Али ал-Салем“ и „Ахмад ал-Џабер“ во ...

Канадскиот министер за култура Марк Милер воведе нов Предлог-закон за безбедност на социјалните медиуми, со кој се предвидува целосна забрана за пристап до овие платформи за лица под 16 години. Технолошките компании ќе можат да ги избегнат ваквите рестрикции само доколку докажат дека ефикасно ги штитат малолетниците. Новиот предлог-закон, заведен под шифрата C-34, дефинира седум категории штетна содржина, вклучувајќи материјали кои ...

Словенија синоќа беше погодена од силен бран на невреме со урагански ветер и силен град, што предизвика колапс во електроенергетската мрежа и поплави во повеќе региони низ земјата. Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија соопшти дека се извршени повеќе од 400 спасувачки интервенции, со учество на дури 161 пожарникарска единица на критичните точки. Најкритично било во главниот град Љубљана со 152 ...

На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен ...

ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВРЕДИ го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. ...

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...

Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушнс“, кои се однесуваат на организацијата на обезбедувањето на објектот, плановите за надзор, како и на извршените и неизвршените ...

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лице со иницијали С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик. Како што ...

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, на 11 јуни 2026 година, во 08:48 часот, во јужниот дел на Иран. Според официјалните сеизмолошки извештаи, епицентарот на силниот потрес бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 30,2845 и географска должина 50,9539. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека хипоцентарот на овој земјотрес се наоѓа на длабочина од приближно ...

Петстотини шеесет и девет ученици од деветто одделение од сите основни училишта на територијата на Општина Кисела Вода синоќа заеднички ја одбележаа својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа организираше бесплатна забава со која симболично се означи крајот на основното образование за оваа генерација, информираат од општината. За музичкиот дел настапиле популарното дуо „2Бона“ и диџеј Марио Трампет, а ...

Од Софија до Атина за шест часа – брз воз ќе јури низ Европа. Скопје не е на картата. Ваква е изолацијата што ја водат Мицкоски и неговата банда, се вели во соопштението од СДСМ кое ви го пренесуваме интегрално. Додека најавуваат нови инвестиции во железницата, Македонија останува исклучена од европските инфраструктурни планови. Целиот проект што моментално се реализира е во интерес на Вучиќ и на Кинезите. Само тие имаат корист од овие ...

Земјотрес со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, на 11 јуни 2026 година, во 09:21 часот, во соседна Србија. Според првичните сеизмолошки податоци, епицентарот на овој потрес се наоѓал во близина на Соко Бања, на оддалеченост од околу 10 километри од центарот на градот. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека хипоцентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од приближно 2 километри под ...

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации официјално соопшти дека започнал нов циклус на Ел Нињо – природен феномен кој се јавува поради затоплување на водите во Тихиот Океан и има влијание врз времето низ целиот свет. Научниците предупредуваат дека враќањето на Ел Нињо најверојатно ќе донесе натпросечни температури во речиси сите делови на планетата. Во период кога Земјата веќе се соочува со последиците од климатските промени, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево најави дека за три до четири месеци, а можеби и порано, ќе поднесе оставка од претседателската функција. Тој во изјава за Радио Белград откри дека веќе започнал со подготовките за заминување од кабинетот. Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека ...

Почнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ви го пренесуваме текстот од ВМРО-ДПМНЕ интегрално: Во таа насока, законската рамка во земјава е ...

Авион на компанијата „Рајанер“ на летот од Лондон до Осиек поминал околу 20 минути кружејќи на небото над Славонија, откако се појавил проблем со неговиот прием на аеродромот, пренесуваат хрватските медиуми. Како причина за овој несреќен инцидент се посочува доцнењето на вработен во Хрватската контрола на летање (HKZP), кој не стигнал навреме да ја започне својата смена. Проблемот предизвикал сериозен застој во воздушниот простор, при што ...

Пожарот што беснееше над градот Штип е целосно изгаснат, потврди за МИА градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Според пожарникарот водич во Територијалната противпожарна единица – Штип, Дарко Коцев, околу полноќ огнот бил ставен под контрола, по што екипите во текот на ноќта спроведувале континуирани контроли за да се спречи повторно разгорување на пламените јазици. Тој појасни дека веднаш по пријавата за пожарот на терен излегле 23 ...

Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите, се наведува во партиското соопштение. Ви го пренесуваме текстот интегрално: Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните ...

Возачите кои претстојниот викенд планираат да патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим. Причина за ова се градежните работи кои се изведуваат на обиколницата околу Солун. Според официјалните најави, сообраќајните измени започнуваат уште вечерва, 10 јуни, во периодот од 23 часот до 5 часот наутро, кога дел од обиколницата во правец кон Халкидики ќе биде целосно затворен за сообраќај. Клучниот прекин е ...

Демагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ви го пренесуваме текстот интегрално: Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДС, Филипче се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните. Така, Венко ...

Во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на функцијата министер за здравство, Азир Алиу посочи дека во изминатиот период е поставена нова насока во здравствениот систем – систем кој планира, мери, дигитализира и реагира. Тој нагласи дека пред една година ја презел одговорноста за раководење со Министерството за здравство во период кој, како што рече, не дозволува брзи и лесни решенија. „Здравството е еден од најсложените и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54