Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека нагло го променил ставот и сега брза кон брзи предвремени избори. Од опозициската партија порачаа дека Мицкоски со месеци тврдел дека избори нема да има, но сега најавува дека тие ќе се случат „многу скоро“, со што, според нив, уште еднаш докажал дека неговиот збор не вреди ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС ...
По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село ...
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. Времето утре сончево со мала до умерена локална ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министеротза транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што ...
Вчера во 04:06 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека за време на прослава во куќа во Вевчани бил нарушен јавниот ред и мир со викање помеѓу неколку малолетни лица, при што еден од нив со стаклен предмет удрил негов соученик. По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 04:06 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено ...
На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој ...
На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и ...
На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода М.К.(27) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието, што претставува, како што се наведува, важен институционален чекор кон зајакнување на заштитата на јавното здравје, особено кај децата, младите, непушачите и сите граѓани. Како што појаснува министерот за здравство Азир Алиу во соопштението од Министерството за здравство, законот ја следи актуелната ...
Денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со посебна најава преку корисничките сметки на schools.mk. По електронската пријава, учениците ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во ...
Четири лица, од кои три деца и едно возрасно лице, го загубија животот откако автомобил налета и удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија. Страотната сообраќајна несреќа се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога возило излетало од патот и удрило во група од 14 ученици и двајца возрасни кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале на самото место, додека четири со тешки повреди биле ...
Полицијата во белградската населба Сурчин синоќа уапси триесет и седумгодишен државјанин на Народна Република Кина, кај кого била пронајдена наркотична дрога кетамин. Интервенцијата започнала околу полноќ, откако во дежурната служба било пријавено нарушување на јавниот ред и мир поради силна вика и бучава во станбена зграда на улицата Маслинова гранчица. Откако полициската патрола пристигнала пред станот и затропала на вратата, осомничениот ...
Две лица се повредени во силна експлозија што утрово, нешто пред 8 часот, се случила во ресторан за брза храна во загребската населба Подсусед. Од Полициската управа во Загреб потврдија дека според првичните сознанија, најверојатна причина за инцидентот е истекување на гас. Експлозијата се случила на улицата Стара Самоборска Цеста, а полициските екипи во моментов вршат увид за да ги утврдат сите околности, додека тежината на повредите кај ...
УХМР најавува дека денеска, особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во ...
Токму последиците од Преспанскиот договор и добиеното вето од Франција, а потоа и од Бугарија, за кое, како што беше наведено, не било најавувано од СДСМ, беа во фокусот на изјавата на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостување во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Тој истакна дека, и покрај кампањата за подобрување на животниот ...
Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека постапките за јавни набавки за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...
Туристите кои престојуваат во познатото летувалиште Пефкохори на Халкидики добија предупредување да не се капат во дел од морето кај плажата Акротири. Локалните власти воведоа привремена забрана за користење на овој дел од брегот поради истекување на отпадни води, предизвикано од пукнат канализациски цевковод. Одлуката ја донесе Општина Касандра како превентивна мерка за заштита на јавното здравје. Забраната опфаќа крајбрежен појас во должина ...
Вистински хорор се одвивал утрово во скопската населба Кисела Вода кога околу 5 часот наутро избувнал пожар пред влез на зграда. Според податоците на МКД.МК, пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација пред зграда на Трим и Лум. Станарите биле разбудени од полицијата, како и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии и се слушале дури до повисоките катови на зградата, а силен чад го исполнил влезот ...
Целиот регион е зафатен од нестабилно време, проследено со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во местото Владимирци во Србија вчера, по удар на гром, избувнал помал пожар во семејна куќа. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. На местото веднаш биле упатени противпожарни и спасувачки екипи, кои со брза интервенција го ставиле пожарот под контрола и спречиле негово понатамошно ширење. Од УХМР за денеска ...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031 година, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, информираат од Министерството за локална самоуправа. Министерот Златко Перински, пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно-правната комисија, во своето излагање ...
Британскиот премиер Кир Стармер испрати одлучна порака до јавноста по ненадејната оставка на еден од клучните министри во неговиот кабинет. Стармер нагласи дека владата останува цврсто фокусирана на своите примарни обврски и вети дека внатрешно-политичките превирања нема да ја загрозат стабилноста на земјата. Премиерот ја искористи можноста да ги увери граѓаните дека националната безбедност и заштитата на државните интереси остануваат негов ...
Вистински хорор се одвивал утрово во скопската населба Кисела Вода кога околу 5 часот наутро избувнал пожар пред влезот на објектот. Според податоците на МКД.МК, пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација пред зграда на Трим и Лум. Станарите биле разбудени од полицијата, како и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии и се слушале дури до повисоките катови на зградата, а силен чад го исполнил ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас оствари разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, фокусиран на ескалацијата на воените тензии во регионот и состојбата со преговорите меѓу Иран и САД. Калас преку објава на социјалната мрежа Икс информираше дека, покрај со Арагчи, разговарала и со министерот за надворешни работи на Кувајт, шеикот Џарах Џабер ал Ахмад ал Сабах, при што упати ...
Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени, се наведува во соопштението од СДСМ кое ви го пренесуваме во целост: Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија. Кризата со ...
СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ви го пренесуваме интегрално: Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без ...
ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ. Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ви го пренесуваме интегрално: Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на ...