СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на селото Стримница, Општина Желино, поради сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите од полицијата, на 24 јули 2026 година, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот управувал патничко возило „мерцедес“, но не застанал и покрај наредбата од полициски службеник. Наместо тоа, продолжил да се движи и со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс. Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат ...

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали денеска порача дека напредокот кон Европската Унија бара спроведување реформи и резултати што граѓаните ќе ги чувствуваат во секојдневниот живот. -Напредокот кон Европската Унија бара реформи што се спроведуваат и резултати што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот – напиша Сали на Фејсбук статусот по состанокот во Владата со кој претседаваше премиерот Христијан Мицкоски ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица, додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи информира дека десет лица управувале возило без положен возачки испит – Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и ...

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина. – Сите посакуваме наскоро да биде постигнат мировен договор, но претстои уште многу работа за да се стигне до тоа – предупреди портпаролката на Европската комиси комисија Паула Пињо во пресрет на средбата меѓу Москва и Киев, која со посредство на САД треба да се одржи следната недела во Абу Даби. Преговорите меѓу руската и ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ согласно член 420 став 4 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, на 4 ноември 2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во Македонија и на странски јазик упатил сериозни закани кон ...

Ирските безбедносни служби излегоа со сериозни предупредувања дека бранaта лажни дојави за поставени експлозивни направи, кои во изминатиот период ги зафатија авиокомпаниите, аеродромите и медиумските куќи низ европските земји, најверојатно претставуваат координирани хибридни напади. Според надлежните институции, зачестените анонимни закани предизвикуваат огромни нарушувања во секојдневниот сообраќај, активирање на вонредни безбедносни ...

07 Ное 2026by Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека ...

Неколку лица загинаа во тешка автобуска несреќа што утрово се случи во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, потврдија локалните власти. Во однос на типот на возилото што учествувало во сообраќајката, локалните официјални претставници излегоа со спротивставени информации. Министерот за образование Едуар Жефри соопшти дека станува збор за училишен автобус, додека префектот на административниот регион тврди дека во несреќата ...

Голема опасност од истекување на азотна киселина предизвика вонредна состојба во германскиот град Крефелд, откако камион со таков товар се преврте на автопатот А57. Несреќата предизвика масовна интервенција на итните служби, затворање на патот и прекин на повеќе железнички линии кон Диселдорф. Инцидентот се случил во текот на ноќта во близина на клучката „Крефелд-Центрум“. Возачот на камионот бил повреден и пренесен во болница, додека од ...

Повторени пријави за поставени експлозивни направи предизвикаа нова безбедносна интервенција на меѓународниот аеродром „Вацлав Хавел“ во Прага. Чешката полиција денеска изврши детални проверки на девет летови, при што на терен беа ангажирани пиротехнички екипи и специјално обучени кучиња. Лажните закани се однесуваа на авиони што пристигнувале од Велика Британија, Шпанија и Данска, како и на летови кои требало да полетаат од Прага кон ...

Силни детонации ги вознемирија жителите на повеќе градови во централна Србија откако српската воена авијација проби звучен ѕид при итна операција за пресретнување патнички авион. Од Министерството за одбрана на Србија информираат дека реакцијата следувала по известување од Контролата на летање (SMATSA) за можна експлозивна направа во авион на „Виз ер“ кој сообраќал од Брисел кон Софија. Борбените авиони го следеа патничкиот авион низ целата ...

Федерален судија донесе одлука со која привремено ја блокира контроверзната иницијатива за изградба на споменик сличен на „Триумфална капија“, идеја која се поврзува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а чија локација е предвидена во Вашингтон. Одлуката уследи по правните предизвици и тужбите поднесени од противниците на проектот, кои тврдат дека планот за подигање на ваков монументален објект ги заобиколува законските ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оствари значајни разговори за обезбедување стабилна и континуирана воена поддршка од Соединетите Американски Држави, нагласувајќи ја потребата од цврсто двопартиско единство во Вашингтон. Во фокусот на барањата на украинското раководство се наоѓаат итни испораки на дополнителни ракети и пресретнувачи за американските противвоздушни системи „Патриот“. Овие системи се покажаа како клучни во одбраната ...

Светот остана без еден од највлијателните финансиери и претставници на познатата семејна династија – американскиот милијардер, банкар и филантроп Дејвид Рокфелер почина во својот дом. Рокфелер беше последниот преживеан внук на легендарниот нафтен магнат Џон Д. Рокфелер, основачот на компанијата „Стандард Оил“. Низ децениската кариера, тој раководеше со банкраскиот гигант „Чејс Менхетен“ (Chase Manhattan), а остана запаметен и по неговата ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, испрати порака дека рускиот претседател Владимир Путин нема право на вето кога станува збор за прашањата поврзани со европската безбедност. Според неа, какви било идни мировни договори или решенија за завршување на војната во Украина мора да гарантираат дека Русија нема да биде во состојба повторно да се вооружува и да изврши нова агресија. Калас ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се најде на мета на потсмев и вирални коментари на социјалните мрежи по нејзиниот говор во Белата куќа, откако повторно привлече внимание поради нејзиниот препознатлив акцент и тешкотиите при изговорот на англискиот јазик. Имено, за време на обраќањето, Меланија наиде на видлива препрека кога се обиде да го изговори англискиот збор за бор, односно pinecones (борски шишарки) или pine (бор), при што нејзиниот ...

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека се планира значајна дипломатска средба на која треба да се најдат претставници од Москва, Киев и Вашингтон, со цел изнаоѓање решенија за актуелната криза. Според најавите, разговорите треба да се одржат во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, што претставува редок и важен формат на директен дијалог меѓу спротивставените страни. Она што дополнително ја привлекува јавноста е информацијата дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски, соопшти Град Скопје. -Постојат места на кои секогаш им се ...

Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -3 степени Целзиусови Лазарополе, -2 во Попова Шапка, Маврови Анови и Битола, -1 во Скопје кај Петровец, Тетово и во Крушево, 0 степени во Крива Паланка, Прилеп, Штип и во Струмица, 1 Охрид, Виница, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, 2 во Претор, Куманово, Кавадарци и Велес и 3 степени во Гевгелија. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Новата власт во Србија побара итна истрага од надлежните обвинителства врз основа на пораките од апликацијата „Sky“, во кои поранешниот српски врв е поврзан со организирани криминални групи. Од СДСМ порачуваат дека со евентуалното паѓање на структурите на Александар Вучиќ, политичките последици ќе се рефлектират и во Македонија. Од СДСМ информираат дека од врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и од Обвинителот за организиран криминал ...

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот ...

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание обедини 40 учесници од Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан, кои преку менторство, предавања, работилници и групни проекти ги развиваа своите лидерски вештини и работеа на практични ...

Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот посочи ...

Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија, изјави Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во ...

Мицкоски призна дека лично тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија. Тој одлучувал за нејзиниот влез во земјава, тој сега одлучува и за нејзината продажба. Толку од независноста на Народната банка, обвини портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека ова е второ признание пред јавноста, по признанието на Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во ...

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар упатија остри критики кон актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, обвинувајќи го за манипулации и самоволие при доделувањето на јубилејните општински награди. Според наводите, Герасимовски ги игнорирал одлуките на стручната комисија и доделил признанија на лица кои не ја добиле потребната поддршка. Како што истакна Сузан Хасан од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, актуелната локална власт ги прекршила ...

Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДС и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35