Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите. Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани утринава до 7:30 часот на територијата на државата. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), четири пожари се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 24 се целосно изгаснати. Активните жаришта се лоцирани во повеќе региони: Студеничани и Зелениково: Гостивар и Македонски Брод: Чашка: Струга: Под контрола на противпожарните екипи се три пожари: Општина Кичево ...
Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, ...
Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура низ земјава ќе се движи во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, проследено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 39 ...
Холандија го регистрираше првиот смртен случај од западнонилски вирус по шест години. Лице од покраината Утрехт починало во болница по заразување со вирусот, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина – РИВМ. Вирусот годинава е детектиран во три холандски покраини – Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија. Уште двајца заразени пациенти во моментов се на болничко лекување. Западнонилскиот вирус минатата недела ...
Од 1 септември на Меѓународниот аеродром Скопје стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда. Возачите и понатаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но ова право ќе може да се искористи само еднаш во период од 24 часа за исто возило. Пристапот ќе се контролира автоматски преку систем за препознавање на регистарските таблички. На тој начин ќе се евидентира ...
Од почетокот на годинава до денеска во Грција се изречени 741 административна казна за предизвикување пожари, во вкупна вредност од 1.211.770 евра, а уапсени се 314 лица. Според податоците на грчката противпожарна служба, најголемиот дел од случаите се поврзани со невнимание. Дури 88,85 проценти од пожарите за кои биле преземени мерки биле предизвикани ненамерно, а за нив биле уапсени 279 лица. За намерно предизвикување пожари биле уапсени 35 ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...
Двајца актуелни пратеници имаат пријавена вредност на имот поголема од еден милион евра, а уште неколку се приближуваат до милионската граница, покажува анализата на јавно достапните анкетни листови и податоците од Државната комисија за спречување на корупцијата. Убедливо на врвот е пратеникот Исмаил Јахоски, кај кого може да се пресмета имот во вредност од најмалку 2,287 милиони евра. Реалната вредност на сè што е наведено во неговиот ...
Три лица се заразени со антракс во бугарското село Стефаново, во областа Ловеч, откако консумирале месо од заболено животно. Бугарската агенција за безбедност на храната потврди примарно огниште на антракс во сточарска фарма во која се одгледуваат 205 говеда. Станува збор за сопружници кои се занимаваат со сточарство и нивен близок пријател. Истрагата почнала откако на 24 август биле примени информации за пациенти во здравствена установа со ...
Македонија и Србија утре ќе го потпишат договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод меѓу двете земји, со што треба официјално да почне проектот за ново гасно поврзување кон север. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, соопшти Владата. Проектот е дел од поширокиот план Македонија да стане транзитна точка за природен гас од југ кон Србија и Централна Европа. Според најавите на Мицкоски, земјава до почетокот на ...
Најмалку 95 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по катастрофалната поплава што денеска го погоди северниот дел на Непал, во близина на границата со кинески Тибет. Огромен бран од вода, кал, мраз и карпи се спуштил низ хималајските долини, уништувајќи населби, патишта, мостови и хидроенергетски објекти. Според последните информации, само во Непал 403 лица се водат како исчезнати, а со трите потврдени жртви на кинеската страна ...
„Од твоето Гари до Света Гора! Ни остави наследство и тежок товар — да го чуваме наследството создадено од тебе, да не паднеш во заборав и некои други да не те присвојат! Горди сме што сме твои.“ Овие реченици ги изговорија гарчани на свеченото отворање на спомен-собата на големиот македонски копаничар Петре Филиповски – Гарката, роден токму во Гари, од каде што тргнал да ги живописува црквите ширум Балканот. За гарчани важи правилото: каде и ...
Од почетокот на годинава до денеска во Грција се изречени 741 административна казна за предизвикување пожари, во вкупна вредност од 1.211.770 евра, а уапсени се 314 лица. Според податоците на грчката противпожарна служба, најголемиот дел од случаите се поврзани со невнимание. Дури 88,85 проценти од пожарите за кои биле преземени мерки биле предизвикани ненамерно, а за нив биле уапсени 279 лица. За намерно предизвикување пожари биле уапсени 35 ...
Полицијата во Велес уапсила маж (21) кој, според пријавата, насила ја внел својата поранешна девојка (17) во автомобил и се оддалечил од местото, по што следувала полициска потера. Случајот бил пријавен во полиција, а веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на возилото и осомничениот. По кратка потера, полициските службеници го пресретнале автомобилот и го лишиле од слобода мажот. Поранешната девојка била пронајдена во возилото. Од МВР ...
Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, престојувал во Москва каде што имал разговори со претставници на руските разузнавачки служби, потврди денеска Кремљ. Содржината на разговорите засега останува тајна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Ретклиф не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин, но дека Путин бил информиран за резултатите од контактите на шефот на ЦИА со руските ...
Македонија ја очекува уште еден период на многу топло и претежно сончево време, со температури кои за време на викендот ќе достигнуваат до 39 степени. Во петок се очекува сончево и многу топло време со максимална дневна температура до 39 степени, додека утринската ќе се движи околу 18 степени. Веројатноста за врнежи е минимална. Слично време ќе продолжи и во сабота. Ќе има висока облачност, но дневната температура повторно ќе достигне до 39 ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар потпиша документ со насоки за работата на делегацијата на Унгарија во Генералното собрание на ОН, во кој Русија за првпат официјално е прогласена за закана. Во документот се истакнува јасната поддршка за територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право на одбрана. Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините ...
По најмалку 15 години изборни ветувања, неколку влади, повеќе тендери и рокови кои поминуваа без автопат, денеска повторно официјално почна изградбата на главниот дел од автопатот Скопје–Блаце. Камен-темелникот е поставен за делницата од 10,5 километри од Стенковец кон Блаце, која треба да се спои со веќе изведениот кус дел кај границата со Косово. Рокот за изградба е четири години. Идејата за автопатско поврзување на Скопје со Косово е стара ...
Ненадејни поплави предизвикани од земјотрес и лавина направија пустош во планинските региони на Непал и Тибет, оставајќи зад себе десетици жртви и стотици исчезнати. Во Непал досега се потврдени 19 загинати, додека кинеските власти соопштија за сериозни жртви во регионот на Тибет. „Има пустош каде и да погледнеме. Населбите покрај реката се целосно однесени. Петмина мои роднини се водат како исчезнати“, сведочи Тула Бахадур Б.К., здравствен ...
Полицијата уапсила 61-годишен маж од село во општина Маврово и Ростуше, откако било пријавено дека ја заклучил својата сопруга во семејната куќа, физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 август, а полициски службеници од Полициското одделение Ростуше интервенирале околу 19:30 часот. Во куќата ја пронашле 49-годишната жена, која била ослободена од полицајците. ...
Западнонилската треска во Македонија конечно покажува знаци на смирување, но бројките од ова лето се без преседан. Здравствените власти велат дека пикот бил достигнат во 33. недела од годината, кога биле регистрирани 11 нови случаи, а во 34. недела веќе се бележи намалување. Сепак, само годинава во земјава се потврдени 50 случаи, уште три се сомнителни, а пет лица починаа. Шест пациенти се на интензивно лекување. Колку е невообичаена оваа ...
Европската унија се подготвува за промена на начинот на кој ќе ги прима идните членки. Наместо досегашниот модел во кој земјата кандидат со години ги исполнува условите, а придобивките од членството главно ги добива на крајот од процесот, Европската комисија најавува постепена интеграција, помал простор за блокади и посилни механизми за заштита на владеењето на правото. За Македонија, која повеќе од две децении е на европскиот пат, промените ...
Дебатата за изградба на дата-центри во Македонија продолжува по одлуката на Советот на Општина Пехчево да не даде зелено светло за иницијативата за ваков објект. Професорот Орце Симов, претседател на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, смета дека државата не треба однапред да ги отфрла ваквите инвестиции, туку да создаде услови тие да се градат според строги еколошки и енергетски стандарди. Според Симов, дата-центрите ...
Загрижувачки податоци за безбедноста на децата на интернет открива новото истражување „Disrupting Harm“. Во период од само една година, едно од десет деца на возраст од 12 до 17 години кои користат интернет во Македонија било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба со помош на технологијата. Проценката е дека станува збор за околу 12.000 деца. Речиси половина од жртвите – 48 проценти – биле изложени на повеќе од една форма на ...
Бројот на жртвите од катастрофалните земјотреси што пред два месеца ја погодија Венецуела достигна 6.509 луѓе. Ова е зголемување за 71 лице во споредба со податоците објавени минатата недела, пренесува шпанската новинска агенција „ЕФЕ“. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, изјави дека во болниците досега биле лекувани 226.696 лица, што претставува пораст за 140.338 од 17 август. Според официјалните податоци, ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната ...
Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. (21) од Чашка. Според пријавеното од очевидци, 21-годишникот без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, информираа од МВР. По кратко време, полициските службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица. За настанот бил известен ...
Триесет и двегодишен пожарникар почина во австриската општина Метмах откако бил каснат од стршлен. Според информациите од австриските медиуми, тој набрзо развил тешка алергиска реакција и и покрај брзата интервенција на медицинските служби, не успеал да преживее. Човекот доживеал анафилактичен шок по убодот, по што неговата здравствена состојба брзо се влошила. Меѓу првите симптоми кои се појавиле биле тешкотии со дишењето и губење на свеста. ...