Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Вистинска бура на социјалните мрежи по интервјуто на Александар Маленко. На неговите тврдења за тоа каде и како поранешниот премиер Никола Груевски ги поминал деновите пред експресното заминување од државата, со остар статус од Будимпешта возврати самиот Груевски. „Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што. Лага е дека последните неколку дена пред моето ...
Учениците од прво до трето одделение од оваа година ќе добијат дигитални свидетелства, додека од следната година овој процес ќе се прошири и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерството веќе ги обезбеди потребните електронски печати и потписи, но со цел да се избегнат технички проблеми во помалите или руралните средини, годинава ќе се применува комбиниран модел. „За ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) штотуку издаде вонредно известување за моменталната состојба со времето во државата. Иако главниот бран од силниот студен фронт се најавуваше за утре, најновите радарски снимки покажуваат дека атмосферата веќе е сериозно дестабилизирана во делови од Македонија. „Според најновата радарска слика, во западните и југозападните планински региони во моментов има појава на нестабилност проследена со пороен ...
Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност ...
Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за ...
Македонија самостојно ќе ја реализира изградбата на капиталните хидроенергетски капацитети „Чебрен“ и „Галиште“, инвестиција вредна 1,5 милијарди евра за која моментално се изработува финалната физибилити студија. Оваа стратешка одлука ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, ставајќи крај на триесетгодишниот лавиринт во кој пропаднаа дури 14 меѓународни тендери. Двата проекти лоцирани во клисурниот дел на Црна Река, узводно од постојната ХЕ ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави најновиот извештај за температурите измерени во 11:00 часот низ земјава. Податоците јасно најавуваат дека не очекува екстремно топол ден, бидејќи во најтоплите градови температурата веќе се приближи до 30-тиот степен. Југот на Македонија и Повардарието традиционално се најжешки во овој дел од денот. Највисоки температури измерени во 11:00 часот: Гевгелија – 29,6°C Демир Капија – 29,5°C ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика кон Бугарија со цел да се добере до власт. Според Лефков, демагошката програма на СДСМ не го дава посакуваниот ефект на анкетите, поради што опозициското раководство се врти кон надворешни отстапки. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка ...
Лишени од слобода две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило, следува пријава На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело ...
Северните и западноевропските градови, предводени од Швајцарија и Луксембург, рушат нови историски рекорди кога станува збор за пазарот на недвижности. Во овие метрополи, купувањето на само еден квадратен метар стан веќе бара петцифрена сума во евра. Кризата со домувањето стана толку сериозна што Европската комисија неодамна усвои посебна стратегија за зголемување на достапноста на станови. Високите трошоци, инфлацијата и растечките каматни ...
Проширувањето на ЕУ не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, во рамки на бугарското претседавање со ...
Министерството за локална самоуправа става силен фокус на полицентричниот развој на државата преку директна поддршка на сите општини, бидејќи напредокот не смее да биде концентриран само на едно место или во еден регион. Ова го истакна ресорниот министер Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа, образложувајќи го Предлогот за измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година. ...
Силна бура проследена со историски незапаметен дожд ја погоди Словенија, со посебен акцент на областа Халозе и општината Жетале, каде што се предизвикани огромни материјални штети на јавни и приватни објекти. Градоначалникот на општина Жетале, Матјаж Копше, излезе со застрашувачки првични податоци од терен кои ја покажуваат силината на невремето. За краток временски период наврнале дури 117 литри дожд на квадратен метар. „Бурата активираше ...
Министерка за образование и наука, Весна Јаневска, упати честитка по повод крајот на учебната година. -Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме ...
Вистинска паника се рашири на социјалните мрежи откако масовно почнаа да се споделуваат фотографии од морето во Солунскиот Залив (Термаикос) кое преку ноќ ја промени бојата во зелено-жолтеникава и почна да шири исклучително непријатен мирис. Иако паничните објави во туристичките Фејсбук групи експресно беа избришани од администраторите за да не се бркаат туристите, научниците потврдуваат дека овој феномен се јавува од време на време. За ...
Кабинетот на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, објави јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на Претседателката. Повикот е согласно член 4 од Програмата за волонтирање за 2026 година и предвидува ангажирање на 10 волонтери за извршување на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија и ...
Властите во Париз се соочуваат со голем скандал откако беше откриено дека од почетокот на годинава се суспендирани дури 52 лица кои воделе воннаставни активности, под сомнение за сексуално насилство врз малолетници. Шокантните податоци ги соопшти новиот градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, а веста ја пренесе угледниот француски весник „Ле Фигаро“. За време на неговата посета на едно училиште во северозападниот дел на градот, Грегоар ...
Антиимигрантските немири во Северна Ирска целосно излегоа од контрола во текот на изминатата ноќ, откако почетните протести прераснаа во брутално улично насилство, палење на приватни домови, автомобили и целосен колапс на јавниот превоз. Најновиот извештај на британскиот сервис „Би-Би-Си“ открива шокантни детали за масовната деструкција низ повеќе градови во земјата. „Групи маскирани лица палеа куќи во неколку делови од Белфаст преку ноќ, ...
На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки и активности ...
Сообраќајна несреќа утрово ја разбуди Македонија, откако возила се судриле во близина на бензинските станици кај населбата Три Чешми во Штип. Како што објави Мнет телевизија, во инцидентот е причинета материјална штета на возилата кои учествувале во сообраќајката, а засега нема податоци за тоа дали има повредени лица. На местото на несреќата излегла екипа од СВР Штип, која врши увид. Сообраќајна несреќа утрово ја разбуди Македонија, откако ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. -Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, ...
Најмалку девет лица беа брутално убиени, а уште 10 се тешко повредени во масовна пукотница што ја потресе областа Бекерсдал во западниот дел на Јоханесбург. Трагедијата се случила во текот на ноќта во локалниот паб „КваНоксоло“, а веста ја пренесе националниот сервис „SABC News“. Очевидци пренесуваат дека нападот бил целосно ненадеен и без никаков повод. „Според извештаите, непознати вооружени лица отвориле оган на случаен избор врз гостите ...
УХМР издаде предупредување за попладнево за невреме во Македонија, а од петок се најавуваат уште пообилни врнежи и намалување на температурите. Цел Балкан го очекува невреме. Во Србија денеска ќе биде претежно сончево и топло во поголемиот дел од денот, додека околу пладне и попладне, со локален развој на облачноста, ќе се појават краткотрајни поројни дождови со грмежи и град, кои ќе бидат поизразени во планинските и брдовитите области, ...
Приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови за работење на компаниите и ...
Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување, се вели во соопштението од СДСМ. Ви го пренесуваме текстот интегрално: Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од ...
Дрска и несекојдневна кражба е евидентирана во белградската населба Земун, каде непознати сторители ограбиле паркирано возило среде бел ден. Крадците го искористиле моментот кога автомобилот не бил под надзор на сопственикот, по што со тврд предмет го скршиле стаклото. „Се чини дека крадците го искористиле моментот кога возилото не било под надзор, по што го скршиле стаклото и го зеле електричниот тротинет одвнатре. По кражбата, тие заминале ...
Метеоролозите од Државниот Хидрометеоролошки Завод на Хрватска предупредуваат дека локално се можни силни удари на ветер, град и бујни поплави и ги повикуваат граѓаните на претпазливост. „Бидете подготвени за посилни невремиња со грмотевици кои можат да предизвикаат голема штета и заштитете се од громови. Можни се оштетувања на имотот и на дрвјата. Локално се можни бујни поплави, силни удари на ветер и град. Можни се прекини во активностите ...
Воените сили на Украина во текот на ноќта и утринските часови извршија координирани напади со дронови и ракети врз повеќе руски градови и стратегиски региони, соопштија официјалните руски власти. Според првичните извештаи, на удар се најдоа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и витални инфраструктурни објекти во Владимирската област. Соборени летала во околината на Москва Силите за противвоздушна одбрана на руското ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што ви го пренесуваме интегрално. Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема ...