Вчера околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Алешевце-с.Слупчане, во с.Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на изградба на модерен, функционален и достапен здравствен систем преку инвестиции во клучните здравствени установи, истакна пратеничката Александра Николовска на денешната прес-конференција. Таа посочи дека фокусот е ставен на реализација на Клиничката болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и Факултетот за ...

Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга. Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денешниот ден, 24 август 2026 година, предупредувајќи на промена на временските услови низ земјава. Според официјалното известување од метеоролошката служба, во текот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд, придружен со електрични празнења и засилен ветер. Од УХМР апелираат на зголемена внимателност, особено во регионите каде што атмосферските процеси се очекува да ...

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција го обвини обвинителот за гонење организиран криминал, Ислам Абази, за непокренување обвинение за 19 модуларни болници, со што, според него, правдата не видела бел ден. Лефков истакна дека Абази го искористил својот мандат за заштита на интересите на СДС и ДУИ, наместо за извршување на својата функција. „Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, ...

Општина Кисела Вода и Град Скопје започнаа голема акција за уредување на пешачката зона долж целиот кеј на реката Вардар, на потегот од населбата Лисиче до Влае, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на градежните активности се врши замена на уништените подни плочки, нивелација на нерамните површини и санирање на оштетувањата со цел просторот да биде безбеден и функционален за граѓаните. „Кејот е едно од најпосетените и ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурата на воздухот измерена во 11 часот на мерните станици низ земјава. Највисока температура во претпладневните часови е регистрирана во Гевгелија, каде што живата на термометарот се искачи на 33,9 степени Целзиусови. Веднаш по Гевгелија, најтопло е во Демир Капија со 32,9 степени, како и во Кавадарци каде се измерени 31,9 степени. Во Велес и на мерната ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе ...

Украина верува дека Русија планира да регрутира дополнителни 300.000 војници за војната по парламентарните избори што ќе се одржат кон средината на септември, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Воените сили на Москва продолжуваат со напорите за освојување на остатокот од индустријализираниот регион Донбас во источна Украина, каде што Киев тврди дека неговите сили напредувале со големи загуби. Зборувајќи со новинарите, Зеленски ...

Обилните врнежи предизвикаа сериозни поплави во кинескиот регион Гуангси, каде што голем број населени места се соочуваат со надојдени води и поплавени сообраќајници. Кинеските метеоролошки службы предупредуваат дека временските услови може дополнително да се влошат во наредните денови. Според CCTV, водостоите на 15 реки го надминале нивото за кое се издаваат предупредувања, зголемувајќи го ризикот од нови поплави и излевања. Телевизиските ...

Властите на Тајван наредија затворање на училиштата и сите канцеларии во јужниот дел од земјата поради интензивните дождови и исчекувањето на тајфунот што треба да го зафати северниот дел на островот подоцна оваа недела. Обилните врнежи веќе предизвикаа сериозни проблеми во железничкиот сообраќај. Според информациите, сите експресни возови ќе бидат целосно запрени, додека движењето на останатите возови ќе се одвива редуцирано и во зависност ...

Собранието на Република Северна Македонија ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека институцијата обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во собраниската служба. Од собраниската прес-служба посочуваат дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Како што објаснуваат, јавната набавка за која се известува не се однесува на приватно здравствено осигурување, ...

Најмалку 30 лица загинаа ноќеска во главниот град на Гвинеја, Конакри, откако голема количина отпад се одрони од депонија и затрупа повеќе објекти. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во општината Гбесија, а причина за одронот се обилните врнежи од дожд што го зафатија регионот. Свлечиштето од смет затрупало шатори, импровизирани куќи, а според сведоштва на очевидци, под калта и отпадот завршила и една станбена зграда. Во несреќата ...

Додека многу почитувачи на ликот и делото на Ведрана Рудан, нејзини колеги и јавни личности се простуваа од писателката, Ива Алилoвиќ на својот профил на Инстаграм објави низа негативни забелешки и изјави кои наидоа на остри осуди во јавноста. Со објавена црно-бела фотографија од починатата писателка, сопругата на прославениот хрватски ракомeтен голман Мирко Алилoвиќ, накратко и директно ја нарекла „глупача“. Ива Алилoвиќ отворено ги сподели ...

Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски. Додека за граѓаните обврските се тековни и ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум обвинети во случајот поврзан со злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Според обвинителниот предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август, обвинетите во текот на 2023 и 2024 година, со заедничко дејствување, ги пречекориле своите овластувања и должности, со што, според обвинителството, на „Државна ...

Рано утринава во село Бигла, Општина Делчево, е извршена детална проверка на теренот по големиот пожар што избувна вчера. Од 5 часот наутро на локацијата се присутни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, информира дека заедно со стручни лица е направена проценка на состојбата, при што биле користени и снимки ...

Младата романска спортистка Изабел Сава (19), освојувачка на сребрен медал на Светското првенство во теквондо, ненадејно починала во сон. Талентираната 19-годишна девојка живеела со своите родители во близина на Лондон и била нивно единствено дете. Според изјавите на нејзините роднини, причина за смртта е ненадеен срцев удар што го доживеала во текот на ноќта. Лекарските екипи со часови се обидувале да ја реанимираат, но не успеале да ѝ го ...

Педесетгодишна жена од Индонезија трагично го загуби животот откако била нападната и голтната од џиновски питон додека пешачела низ шума кон локалниот пазар. Несреќната Фарида, мајка на четири деца од селото Калемпанг, тргнала да ги продава своите производи, но откако не се вратила дома до вечерта, нејзиниот сопруг Нони (55) организирал потрага заедно со соседите. Набрзо биле пронајдени нејзините лични работи, што ги потврдило сомнежите дека ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Израел. Во рамки на посетата, Муцунски ќе се сретне со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, со кого ќе разговара за односите меѓу двете земји и можностите за нивно унапредување. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата ќе се разговара и за продлабочување на ...

На 23 август 2026 година во 20:30 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Меџитлија–Старавина. Според пријавеното, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, кој управувал мопед со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Од здобиените повреди мопедистот починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од ...

Пратеничката Славјанка Петровска учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа на 23 август во Киев, во пресрет на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на земјата. Настанот, кој се одржува под покровителство на претседателот на Украина, претставува духовен и дипломатски собир кој ги обединува светските и домашните лидери во напорите за мир и правда. Во рамките на престојот во Киев, Петровска оствари средба ...

Најмалку 37 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,9 степени што рано утринава го погоди поширокото подрачје на Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај. Земјотресот бил регистриран околу 2 часот по локално време, а епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, недалеку од Токио, на длабочина од околу 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба. Потресот предизвикал прекини и доцнења во ...

Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави. Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одржувањето избори додека трае војната би претставувало огромен ризик за Украина и би можело да доведе до поделби во земјата. Зеленски ова го изјави коментирајќи го повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски. Според ...

Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти. Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот . Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност на сообраќајот и други партнери, започна сообраќајно-превентивна кампања за информирање на граѓаните за функционирањето на системот „Безбеден град“. Кампањата „Безбеден град – за безбедни учесници во сообраќајот“ има за цел да ги запознае граѓаните, особено возачите, со начинот на кој ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во градот е безбедна и исправна за употреба, што го потврдуваат резултатите од редовните лабораториски анализи. Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил испитувања на 206 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа, земени од 47 мерни места на територијата на Скопје. Од „Водовод и канализација“ ...

Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија. Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Особено значаен е месец јули, кога и ...

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ, наведува „Вреди„ во соопштение. -Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ. Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34