Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ...

Полициски службеници од СВР Велес завчера во 21:15 часот го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која во реплика кон поранешната министерка Јованка Тренчевска упати критики за работењето на претходната влада, оценувајќи дека таа оставила сериозни последици врз институциите и економијата. Петкоска истакна дека Тренчевска денес говори од опозициска позиција, но дека јавноста, како што рече, го памети нејзиниот претходен ангажман како дел од ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени некој скандал и веднаш да се повика правдата и ...

На денешната собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското земјоделство, предупредувајќи на растечката зависност од увоз на храна, падот на домашното производство, уништувањето на сточниот фонд и политиките кои, според ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести. „Искрена да ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го ...

Грчките власти започнаа голема и радикална кампања за чистење на јавните плажи, насочена против туристите кои со часови однапред оставаат крпи и други предмети за да си резервираат место што поблиску до морето. Доколку ве фатат како го правите ова во некое од грчките одморалишта, бидете подготвени за строги парични казни кои се движат од 100 до 300 евра. Мерката ќе се применува во сите популарни туристички места, со посебен акцент на ...

Автоматско усогласување на платите со трошоците за живот, државна поддршка за фирмите кои ги вреднуваат работниците и сериозен раст на пензиите во еден мандат, предлага опозицискиот СДСМ како одговор на тешката социјална состојба во државата. Потпретседателката на партијата Јована Тренчевска денеска ја претстави програмата „Твоја држава – твоја шанса“, нагласувајќи дека фокусот мора да се стави врз социјалната правда и работничките права. ...

„Доблесно ќе беше да излезете, по оние лаги и паники кои што ги ширевте во јавноста за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега гледате дека Брисел го призна нашето добро работење во делот на сузбивање на корупцијата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на опозицијата. Во своето обраќање им посочи дека нивниот принцип на работа е ширење на паника и лага. „Во делот на финансиските ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе ...

Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка. На 08.06.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријави дека на 08.06.2026 на подрачјето на општина Аеродром ...

Нов бран на силна метеоролошка нестабилност попладнево зафати повеќе региони низ државата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за развој на опасни атмосферски процеси во неколку подрачја. Според официјалните податоци, најкритична е состојбата на југот и во централниот дел на земјава. Од УХМР алармираат дека е регистрирана „поинтензивна нестабилност во Мариовскиот регион и источно од Прилеп“. Најновите ...

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без ...

Македонија се соочува со непринципиелен застој во евроинтеграциите, што носи негативни последици за двете држави, порача денеска од Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ), а попладнево е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Шефот на дипломатијата потенцираше дека ...

Вчера во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција. Вчера во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се ...

Нов бран на сериозна метеоролошка нестабилност попладнево е регистриран во североисточниот дел на Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со итно предупредување за силно невреме во поширокиот кривопаланечки регион. Според официјалните податоци од метеоролозите, во моментов во овој крај има опасни атмосферски процеси. Од УХМР соопштија дека е забележан „интензивен пороен дожд, појава на грмежи, засилен ветер и појава на ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието на седницата за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците. „Пред нас овде не е интерпелација само заради него, туку интерпелација во којашто се отсликуваат ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде вонредно предупредување за силна метеоролошка нестабилност која зафати делови од земјава. Според официјалните информации од УХМР, „помеѓу Тетово и Скопје има јака нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град“. Паралелно со ова невреме, промена на времето е регистрирана и во источниот дел на Македонија. Од Управата информираат дека „умерени врнежи има во Крива ...

Усвојувањето на уставните измени е првиот неопходен чекор за започнување на преговорите со Европската Унија, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за време на посетата на Штип. Одговарајќи на прашањето дали француско-германскиот нон-пејпер овозможува почеток на преговорите без промена на Уставот, тој појасни дека документот всушност ги зајакнува веќе договорените чекори. „Се разбира, со усвојување на уставните амандмани, всушност самата ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 14 часот (12:00 UTC) низ земјава, како и количината на врнежи за изминатите шест часа. Според мерењата, Велес е најтоплиот град во Македонија со измерени 33.4 степени. Веднаш зад него се Кавадарци со 32.8, како и Демир Капија, Гевгелија и Скопје (Петровец) со измерени 32.5 степени. Во Штип се измерени 31 степен, во Струмица 31.3, додека во ...

По исклучително топлото утро каде температурите во регионот веќе надминуваат 30°C, метеоролозите издадоа сериозно предупредување за силен временски пресврт и драстично заладување. Многу силен облачен систем во моментов се движи низ северна и западна Европа како дел од изразен студен фронт, кој веќе донесе есенски температури од 15 степени во централниот дел на континентот и снег на Алпите. Овој силен систем се очекува да пристигне во Србија ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...

Завчера во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и ...

Планинските региони во западните делови од Македонија попладнево се зафатени од нестабилна маса која носи врнежи и грмежи, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР информираат за моменталната состојба на теренот и правецот на движење на облачноста: „Според радарската слика нестабилност имаме во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец ...

Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во општина Бутел наскоро ќе прерасне во нов модерен мега парк. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денеска извршија увид во градежните работи на оваа локација. Проектот опфаќа површина од 8.000 м² и предвидува богати зелени површини, нов плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони ...

Собранието во рамки на денешната 104. седница ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Фетаи ја поднесе оставката на 1 јуни, а преку социјалните мрежи соопшти дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. Во официјалното образложение тој наведува дека во сегашните околности веќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност. Во својата објава, сега веќе ...

Поради реализација на планирани технички интервенции во електросистемската мрежа, утре (11 јуни 2026 година) без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од повеќе скопски општини и околни населени места. Во општина Чаир, во периодот од 07:30 до 15:00 часот, прекин ќе има во Старата скопска чаршија, поточно на делови од улиците „Покриена чаршија“ и „Ковачка“. На подрачјето на општина Сарај се планирани неколку прекини. Од 08:00 ...

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства. Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Злато

135639.33