Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да помогнат на повредени лица во сообраќајна несреќа кај клучката во Мирковци, објави ТВ Стар. Автобусот со кој се враќале играчите по победата над Македонија ЃП запрел кога забележале несреќа на автопатот, по што дел од медицинскиот персонал и членовите на тимот веднаш притрчале да укажат прва помош на настраданите. ...
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика граѓаните и компаниите да штедат гориво и да работат од дома за да ја намалат потрошувачката на бензин и дизел, бидејќи порастот на глобалните цени на енергијата ги оптоварува девизните резерви на земјата, пренесува БТА. – Луѓето и компаниите треба да дадат приоритет на враќањето на работа од далечина и онлајн состаноци, кои се применуваа за време на врвот на пандемијата COVID-19, што укажува ...
Локва крв на паркингот На паркингот останала голема локва крв откако убиецот бил однесен во болница, но и неговата јакна, пиштолот и шаржерот со преостанатите куршуми. Дали во самото кафуле постоел видео надзор и дали ги забележал критичните моменти не е познато, но важни информации на истражителите им дале и сведоците, почнувајќи од вработените во кафулето до гостите, кои, како и покојниот полицаец, тоа утро дошле во кафулето да ...
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде посредник за решавање на војната во Украина, е неприфатлив за Владата во Берлин, која како потенцијален преговарач го преферира претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, објави денеска весникот „Шпигел“, повикувајќи се на извори во владејачката коалиција. Според „Шпигел“, како идеја не се исклучува и заедничко посредништво на Штајнмаер и Шредер. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека, и покрај прекинот на огнот, војната против Иран не е завршена сè додека не се отстрани збогатениот ураниум од земјата. Во интервју за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Нетанјаху го услови крајот на конфликтот со отстранување на високо збогатениот ураниум од иранска територија и демонтирање на објектите за збогатување во земјата. – Оштетивме голем дел од нивните капацитети – ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека САД на крајот ќе го добијат збогатениот ураниум на Иран, пренесува ДПА. – Ќе го добиеме тоа во одреден момент со што и да сакаме – рече тој во интервју за телевизиската програма „Full Measure“. Трамп вели дека материјалот бил „надгледуван“ од САД. – Ако некој се приближи до местото, ќе знаеме за тоа и ќе го разнесеме – рече американскиот претседател. Во саботата, рускиот ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче од камион со натпис од фирмата „ХСА-Констракшн“. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Од општината велат дека е пријавено во МВР и дека е направен записник. На ...
По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прке“ во Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел дополнително да се превенира против девијантни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од катовите. – Видео надзор имаме во сите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. „Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...
Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека би сакал поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде посредник во евентуални мировни преговори за Украина предизвика бурни реакции во Германија. Додека германската влада настапува со видлива резерва, дел од политичарите од Социјалдемократската партија (СПД) сметаат дека предлогот не треба однапред да се отфрли. Путин на прес-конференција изјави дека, иако САД се обидувале да ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца. – На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу ...
Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички ...
Британски воени лекари се спуштија со падобран на оддалечениот атлантски остров Тристан да Куња за да му помогнат на сонародник кој најверојатно е заразен со хантавирус, објави денеска Би-Би-Си. Тој го напуштил бродот MV Hondius, каде што избувна епидемија на вирусот, на 14 април. Првите симптоми ги добил две недели по напуштањето на бродот и моментално е во стабилна состојба, во изолација, пренесува Бета. Ова е прв пат британската војска да ...
Во Холивуд повторно се отвори старата тема за семејните поделби по разводите на славните двојки, а овојпат во центарот на вниманието се Кит Урбан и Никол Кидман. Според пишувањата на медиумите блиски до семејството, австралискиот музичар е длабоко погоден затоа што нивните ќерки сѐ повеќе се врзуваат за мајката, додека односот со него станува поладен и подистанциран. Наводно, девојчињата во последниот период минуваат значително повеќе време ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од атлетскиот клуб „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 ...
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни својот 65-ти роденден го прослави во гламурозна атмосфера на Француската ривиера, во друштво на сопругата Амал Клуни и блиски пријатели. Славниот пар бил фотографиран во Сен Тропе, каде уживал во релаксиран роденденски ручек покрај морето. Според американските медиуми, Џорџ и Амал пристигнале со брод во познатиот „Club 55“, едно од омилените места на светскиот џет-сет на Азурниот брег. Актерот бил облечен во ...
Денот на Европа ме инспирира емоциите да ги тргнам настрана и да си поставам едно прашање: кога велиме „Европа“, дали мислиме на сон или на стандард кој ја исполнува реалноста во нашите животи? Идејата за Европа не може да се исцрпи со романтични приказни, таа подразбира ред на нештата во кој законите важат подеднакво и за силниот и за слабиот, институции што не подлегнуваат под неформални канали на влијание, јавни пари што не исчезнуваат во ...
Седум лица се лишени од слобода за семејно насилство, а со еден е извршен службен разговор во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. На 09.05.2026 полициски ...
Идентификуван е нултиот пациент заразен со хантавирус на крузерот Хондиус – станува збор за седумдесетгодишен Холанѓанец кој бил орнитолог, како и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, јави денеска телевизијата BFM. Двајцата починале, а наводно двајцата посетиле аргентинска депонија за да набљудуваат ретка птица. Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажал симптоми на хантавирус, починал на 11 април на бродот ...
Првиот светски рекет Арина Сабаленка објасни зошто побарала физикална терапија за време на натпреварот со Кирстеа. Таа го коментираше нејзиниот пораз во третото коло од Мастерсот 1000 во Рим со резултат 6:2, 3:6, 5:7. Во решавачкиот сет, Белорусинката направи медицинска пауза поради проблеми со долниот дел од грбот. – Мислам дека играв лошо од самиот почеток до самиот крај. Го започнав натпреварот добро, но потоа моето ниво нагло падна. ...
Во јули 2021 година, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со огромно мнозинство од 95 гласови, македонскиот парламент усвои документ со наслов „Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции“. Тогаш владејачкиот СДСМ, веројатно со калкулација дека тоа може да му помогне да се спаси од очекуваниот пораз на локалните избори што претстоеја, ја прифати иницијативата и така беше постигнат широк ...
Венко Филипче чекори по стапките на Зоран Заев, подготвен е да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија. Тој повторно докажа дека е спремен да ја продолжи политиката на Заев, а тоа е политика на попуштање пред Бугарија и прифаќање на барања кои директно задираат во македонските национални и државни интереси, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, не е ...
Во Хрватска во периодот 2013 – 2017 година е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога биле евидентирани повеќе од 7.500 случаи. Највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита. „Податоците за хоспитализациите поради намерно самоповредување во ...
Израел изградил тајна воена база во пустина во западниот дел на Ирак пред почетокот на војната со Иран и ги нападнал ирачките сили кои за малку ќе ја откриеле, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори, вклучувајќи и американски претставници. Според американскиот весник, тајната база е изградена непосредно пред почетокот на војната во Иран и со знаење на САД. Ја користеле израелските специјални сили и како база за ...
Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми. Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот. Напаѓачот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава. ...
Денешното општество сѐ повеќе живее во култура каде вниманието станува поважно од вредноста. Наместо знаењето, карактерот, чесноста, достоинството, вредностите и вложениот личен труд да бидат мерило за успех, медиумскиот простор сѐ почесто го освојуваат најгласните, најконтроверзните, најскандалозните и најповршните личности. Денес живееме во време кога вниманието стана повредно дури и од знаењето, карактерот и достоинството. Во свет каде ...
Тоа што Венко Филипче се обидува да го наметне како нормално, односно уставните измени без гаранција, нема да му пројде затоа што народот знае кои се Филипче и СДСМ и дека никогаш не работеле за интересот на Македонија и на македонските граѓани. Македонија заслужува опозиција која се бори за интересите на граѓаните, а не опозиција која коленичи пред странски премиери, затоа народот и трет пат ќе му ја испрати истата порака на СДС, реагира ...
Мајката како симбол на љубовта: Денеска светот го одбележува Денот на мајките Денеска во голем дел од светот се одбележува Денот на мајките – празник посветен на жените кои за многумина се првата љубов, првиот учител и најголемата поддршка во животот. Иако не е државен празник во многу земји, овој ден одамна прерасна во глобална традиција што се слави со подароци, цвеќе, семејни ручеци и мали гестови на внимание. Корените на Денот на мајките ...
Жичницата на Водно, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и омилена рута за туристите и рекреативците, е запрена поради сериозни безбедносни сомнежи. Градските власти тврдат дека системот не бил комплетно сервисиран цели 15 години, а експерти од производителот „Допелмаер“ утврдиле неисправности кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, можеле да доведат и до откачување на гондола. Предупредувањето звучи драматично, но светските ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него, украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. – Мислам дека прашањето се ближи кон крај – изјави Путин за војната во Украина. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го ...