Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
За две години ќе се продолжи рокот за изградба на автопатското поврзување Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни, информира денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски за време на увидот на работите на автопатот направен заедно со премиерот Христијан Мицскоски и директорот на ЈП Патишта, Коце Трајановски. Николоски рече дека притоа очекува да не се зголеми цената на чинење на автопатот што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. ...
Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за РТС изјави дека одлуката за привремено суспендирање на системот за дополнителна контрола на границите не може да се употребува на национална основа, ќе важи за сите оние кои се на границата во тој момент и кои треба да се регистрираат во системот EEС. – Затоа, не е утврдена стандардна постапка, иако од Европската комисија е сосема јасно. Сепак, самите ...
Полицијата во Мајами ги тужи Мет Дејмон и Бен Афлек поради нивниот најнов филм „The Rip“, кој е достапен на стрим-платформите од јануари, а почнува со забелешка дека се заснова на вистински настани. – Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како ...
Американка и Французинка од крузерот MV Hondius се заразесни хантавирус. Уште еден патник од САД покажува „благи симптоми“, соопшти Американското Министерство за здравство. Сепак, висок американски здравствен службеник претходно изјавил дека американските патници нема задолжително да бидат ставени во карантин, но ќе бидат под надзор уште неколку недели. Запрашан за оваа разлика во споредба со другите земји, шефот на Светската здравствена ...
Тиркизниот тепих по кој вчера, 10 мај, продефилираа сите учесници на 70-тото издание на Евросонг, го означува официјалниот почеток на Евровизиската недела. Ова е единствена можност да ги видите сите 35 делегации заедно пред почетокот на натпреварувачкиот дел кој ќе трае од 12 до 16 мај. Тиркизниот тепих служи како голема сцена и модна писта, а самата рута на поворката поминува низ некои од најубавите делови на Виена. Клучен настан е изведбата ...
Американка и Французинка од крузерот MV Hondius се заразесни хантавирус. Уште еден патник од САД покажува „благи симптоми“, соопшти Американското Министерство за здравство. Сепак, висок американски здравствен службеник претходно изјавил дека американските патници нема задолжително да бидат ставени во карантин, но ќе бидат под надзор уште неколку недели. Запрашан за оваа разлика во споредба со другите земји, шефот на Светската здравствена ...
Апелацискиот суд во Скопје денеска ја почна јавната расправа на која ќе се разгледаат жалбите за доживотниот затвор на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кои од страна на првостепениот суд беа осудени за грабнување и свирепи убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството се жали на тоа што таткото на Вања Ѓорчевска Александар, беше ослободен од обвинението дека помогнал при планирањето на грабнувањето ...
Имам јасна порака, во Европската Унија има место за сите земји од Западен Балкан, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел, пренесе „Н1“. Таа повтори дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати. – Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. ...
Високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник. Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот и побарал да почне процедура за избор на наследник. Сепак, тој нема веднаш да ја напушти функцијата и ќе остане до именување нов висок претставник. ...
Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) биле издадени вкупно 1.433 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци низ целата земја. Од нив, 861 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. – Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...
Новата Директива на ЕУ за третман на комунални отпадни води (UWWTD) може да доведе до зголемување на цената на лековите, а сегментот на генерички лекови може да биде најпогоден, предупредуваат фармацевтските компании. Според Директивата, фармацевтската и козметичката индустрија, преку моделот на проширена одговорност на производителот (EPR), треба да сноси најмалку 80% од трошоците за дополнителната, кватернерна фаза на третман на отпадни ...
Неидентификувано летало во 2023 година изведувало „повеќекратни вртења од 90 степени“ над Егејското Море со проценета брзина од 130 километри на час, стои во нов декласифициран воен извештај на Пентагон. Ова е само дел од 162 нови фолдери со документи за НЛО кои ги објави Пентагон на веб-страница по налог на претседателот на САД, Доналд Трамп. „Според објавените информации, два од извештаите поврзани со Грција снимени на видео се од крајот ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска го обвини сенаторот од Аризона, Марк Кели, за „можеби прекршување на својата заклетва“ со коментари на „Face the Nation“ по доверлив брифинг. – Капетанот Марк Кели е повторно во акција. Сега на телевизија изнесува (лажни и глупави) тврдења за класифициран брифинг од Пентагон што го примил. Дали повторно ја прекршил својата заклетва? Правниот оддел на Министерството за одбрана ќе го разгледа ...
Овен Купер, ѕвездата на серијата „Адолесценција“ ја доби телевизиската награда БАФТА за најдобар спореден актер, победа со која се заокружува невидениот број големи признанија за неговата прва улога. View this post on Instagram A post shared by BAFTA (@bafta) 16-годишникот од Ворингтон сега ги освои сите значајни телевизиски признанија достапни за една улога, откако претходно стана најмладиот изведувач што ги освои четирите главни ...
„Евровизискиот натпревар“ во Виена се соочува со силен политички притисок уште пред стартот на шоуто, но љубителите на музиката најмногу ги интересира прашањето кои земји се фаворити за победа, пишува „Дојче Веле“. Јубилејното, 70. издание на „Евровизија“ се враќа во Виена, град кој веќе бил домаќин во 1967 и во 2015 година. Организаторите најавуваат порака за обединување и различност под слоганот „Обединети од музиката, во срцето на Европа“. ...
Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР. Според полициските информации, во саботата вечерта во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот истиот ден нивните малолетни деца биле физички малтретирани, откако наводно биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко од маркет во градот. Во пријавата се наведува дека по ...
Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство и гордост продолжува да ги поддржува македонските спортисти. Тие се нашите најдобри амбасадори кои со своите успеси достојно ја претставуваат Македонија на светската спортска сцена. Денеска ја споделуваме одличната вест за новиот успех на мотоциклистот Христијан Бузалковски, со кого Видеолотарија Касинос Австрија успешно соработува веќе пет години. Бузалковски изминатиот викенд оствари ...
Во соопштение, директорот на Евровизискиот натпревар, Мартин Грин, рече дека видеата на израелскиот радиодифузер КАН не се во согласност со правилата или духот на натпреварот. Грин рече дека организаторите биле известени во петок, 8 мај, дека видеа со упатство на екранот „гласајте 10 пати за Израел“ биле објавени од уметникот што го претставува КАН. – Во рок од 20 минути, контактиравме со делегацијата на КАН за да ги замолиме веднаш да ...
Светот изгуби околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им треба време да се стабилизираат дури и ако се обноват залихите, изјави Амин Хасан Насер, извршен директор на „Сауди Арамко“, додека прекините во превозот го задушија сообраќајот низ Ормускиот теснец. Сепак, и покрај сето тоа, тој нагласи дека компанијата има јасна цел. -Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога ...
Обединувањето на 5 партии во ВРЕДИ е историско достигнување и нова епоха за еднаквост за Албанците, соопшти партијата велејќи дека ја разбира паниката кај опозициската ДУИ. „На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила“, соопшт ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Филипче, уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден ...
Проширување е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати и затоа Западен Балкан не смее да биде сива зона на Европа. Ова е пораката на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски од Брисел. Муцунски даде изјава пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ со кој претседава Каја Калас, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика. Според Муцунски државите од Западен Балкан треба да имаат јасен и ...
Една од најголемите филмски ѕвезди на 20 век, Феј Данавеј, повторно се појави во јавноста по речиси две години надвор од медиумското внимание. Легендарната актерка беше видена на филмскиот фестивал TCM Classic 2026 во Холивуд, каде што присуствуваше на специјална проекција на култниот филм „Network“, кој ѝ донесе Оскар за најдобра актерка во 1977 година. 85-годишната актерка се појави во кинескиот театар TCL IMAX во елегантен црн костум ...
Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус. Како што соопшти шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, станува збор за државјани на 19 земји, кои вчера со осум специјални лета ги напуштиле Канарските Острови. За денеска е најавена евакуација на уште шест лица за Холандија и 18 лица за Австралија. Евакуацијата се случува една недела откако Светска здравствена ...
Американската армија се соочува со сериозно намалени залихи на муниција и ракети, предупреди американскиот сенатор Марк Кели. Пратеникот на Демократската партија во Сенатот во интервјуто за „Си-Би-Ес“ рече дека не е воопшто претерување да се каже дека е „шокантно колку длабоко влеговме во армиските складишта“. Кели уште посочи дека претседателот Доналд Трамп ги вовлекол САД во војна со Иран „без стратешка цел, без план и без временска рамка“, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. – Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме – рече Нетанјаху во емисијата „60 ...
Цената на нафтата силно порасна, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот на Иран за прекин на војната е неприфатлив. Фјучерсите на суровата нафта Брент скокнаат за 4 % на 105,2 долари за барел а американската WTI поскапи за 4,5% на 99,8 долари за барел. Трамп го отфрли најновиот одговор на Иран на неговиот предлог насочен кон прекин на 10-неделниот конфликт, оставајќи го Ормускиот теснец ефикасно затворен. Во ...
Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА. Од друга страна, планот на ...
Во понеделник и во вторник (11-12 мај 2026) ќе дува засилен до повремено силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час. По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Особено во вторник на 12 мај 2026 локално атмосферските процеси ќе ...