За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Претседателот на Владата Христијан Мицковски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода, реагираат од Мрежата за заштита од ...

РАДОСТА НА ЕДЕН КРОНОПИО Средба меѓу еден кронопио и еден фама на голема распродажба во продавница за текстил. – Добар ден, кронопио над кронопијата. – Добар ден, фамо. Трегва катала еспера. – Кронопио над кронопијата? – Кронопио над кронопијата. – Конец? – Два, ама еден син. Фама го цени кронопио. Тој никогаш не зборува пред да почувствува дека неговите зборови се соодветни, стрепејќи дека есперансите, тие светкави микроби, кои секогаш се на ...

Кога американскиот претседател Доналд Трамп беше реизбран по вторпат, тој започна политичка револуција која фундаментално ги трансформира идентитетите на цели држави. За само шест месеци, САД преминаа од застапување на либерална демократија и слободна трговија кон промоција на нелиберализам и протекционизам. Сега таа револуција пристигна и во Европа и го менува нејзиниот поглед на светот – и нејзиното место во тој свет. Врз основа на ...

Експерт на Обединетите нации именуваше над 60 компании, вклучувајќи големи производители на оружје и технолошки фирми, во извештај во кој се тврди дека се вмешани во поддржување на израелски населби и воени акции во Газа, што таа го нарече „геноцидна кампања“. Италијанската адвокатка за човекови права Франческа Албанезе, специјален известувач на ОН за окупираните палестински територии, го состави извештајот врз основа на над 200 поднесоци од ...

Од 11 до 13 јули, живописната Преспа повторно ќе биде домаќин на културниот фестивал „Meet Prespa 2025“, осмо издание кое ветува три дена исполнети со уметност, вкусна храна и незаборавна атмосфера. Брајчино - Ресен - Дупени Петок, 11 јули – Поетска магија под ѕвездите (Брајчино) 20:00 – 21:30 „Волкот на љубовта: Поетски катисма“ – поетска изведба на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов (Фолтин) 21:30 – 01:00 DJ Виолета Качакова „Во име на ...

Дваесетина млади хонорарци во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје три месеци немаат земено плата и се очекува наскоро да се затвори бифето, велат извори од оваа институција за САКАМДАКАЖАМ.МК. Плата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето. „На сопствена сметка сме под постојан удар на извршители, а проценката е дека сме минимиум 15 милиони денари (над ...

Од 11 до 13 јули (петок-недела) во културниот центар Јадро ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври. Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата Магма, три разговори во читачкиот клуб Одрадек (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговори во ...

Националната опера и балет го најави настанот „Од #НOБ за Скопје“, гала концерт кој ќе се одржи на 5 јули 2025 година (сабота), со почеток во 21 часот, на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ). Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и ...

Додека на Блискиот Исток постојано се заканува понатамошна ескалација, еден друг конфликт можеби се наоѓа пред завршување. Претставници на Руанда и Демократска Република Конго на 18-ти јуни во Вашингтон парафираа нацрт на мировен договор што треба да обезбеди крај на неколкумесечната посредничка војна на границата помеѓу двете земји. Конечниот мировен договор треба да биде потпишан во присуство на американскиот државен секретар Марко Рубио. ...

Бомбардирањето на Иран од страна на САД беше грубо кршење на меѓународното право. Меѓу оние во Европа кои јасно го истакнаа тоа, беше поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд, но ретко кој од европските политички лидери го стори истото. Со исклучок можеби на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека немаше легалност во тие напади. Тоа донекаде беше уште еден повод за некои аналитичари да забележат дека ...

Мојот тутор на Кембриџ, мошне цивилизиран човек, не веруваше во демократијата. Се восхитуваше на проникливоста и мудроста на управникот на колеџот и сметаше дека на нашата земја би ѝ било подобро под такво патерналистичко управување отколку под сегашниот облик на владеење. Членовите на колеџот, ми рече еднаш, веќе петнаесет години расправаат за важно прашање – како најдобро да се осветли предворјето, како во некој роман од Дејвид Лоџ. Според ...

Од „Кинотека“ најавија „исклучително богата и естетски разновидна филмска програма“ во месецот што следува – јули. – Со внимателно куриран репертоар што ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, „Кинотеката“ уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите кинематографски визии, се наведува во денешното соопштение. Според ...

На 22 јуни 2025 година, САД отворено го потврдија она што внимателните набљудувачи го претпоставуваа со недели: дека нападот врз Иран не бил ненадеен израелски одговор, туку дел од поширок, координиран американски план. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни локации во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор,“ напиша Доналд Трамп на својата платформа Truth ...

Годинешната Парада на гордоста заврши пред Владата со одличниот говор на Славчо Димитров. Одбиваме да бидеме деполитизирани изведени на поворка за промоција на корпорациски компании, да шетаме како испразнети, весели, насмеани машини без глас. Насилството кое што го трпиме, болките кои што стојат врежани во нашите тела, срамот што нè прогонува во општеството целите наши животи, понижувањето и навредите, како и нашите колективни преживувања, ...

Преземено од Дојче веле Многу врева се дигна околу усвојувањето на извештајот за Македонија во Eвропскиот парламент. Толку, што го подигнавме на ниво на една исконска, монументална борба за битието на нашиот идентитет. Не сум сигурен дека големите очекувања и надежи, кои ги „товариме“ на овој извештај, имаат објективна реална поткрепа. Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, ...

Мене ми е интересно како низ целиот процес против Палчо никој не седна да изгледа макар дел од неговите подкасти. Убиството немало смисла? Ја киднапирале и наместо да ја вратат за пари, ја убиле? Детето е од влијателна Влашка фамилија. Палчо посвети илјадници саати на неговите емисии развивајќи секакви теории за Влашкото лоби, колку тоа Власите сакаат да го контролираат, убијат, замолчат итн. Не само него туку и сите "вистинитољубиви ...

Како дел од проектот ,,Градот како сцена: еколошки иднини” организацијата Факултет за работи што не се учат ве поканува на јавното предавање на светски познатите архитекти Миодраг Куч (ЗК/У) и Конрад Браун (Haus der Statistik) во киното на Железничката зграда. Настанот ќе се одржи во петок во 20 часот за крај на јунската програма, а предавањето носи наслов ,, Ре-адаптација на културните чинители”. Предавањето „Ре-акомодација на културните ...

Ако го отстраните Садам – Садмовиот режим – ви гарантирам дека тоа ќе има огромно позитивно влијание врз регионот – му порача во 2002-та година на американскиот Конгрес тогашниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Потоа, во 2003-тата година, „Коалицијата на волните“ изврши инвазија врз Ирак, користејќи ги како алиби лагите за оружјето за масовно уништување на Хусеин и бранот ентузијазам за политичка трансформација на Блискиот Исток. Како ...

Синдикатот на културата на Република Македонија обвини дека Министерството за култура и туризам системски го прекршува правото на плата на вработените во културните институции, оставајќи ги без исплата за месец мај. Професионалната организација тврди дека ресорното министерство упорно ги игнорира одлуките на Управните одбори во две институции и преку телефонски инструкции наметнува пресметки што се спротивни на колективните договори и ...

Homo sapiens-от е најуспешниот вид цицачи во историјата на Земјата – и тоа убедливо. Видот напредува на речиси секој континент, во најразлични неповолни услови, и го надминува вториот по бројност – стаорецот – за најмалку една милијарда. Сепак, нова студија сугерира дека импресивниот раст на човештвото можеби е сериозно потценет. Повеќето проценки ја поставуваат глобалната популација на околу 8,2 милијарди, но Јосијас Ланг-Ритер – ...

Иницијативата Сите за Палестина, социјалниот центар „Дуња“ и Социјалистичка зора вчера организираа протестен марш низ улиците на Скопје за да се спротивстават на, како што рекоа, глобалната милитаризација, капиталистичката репресија кон народот и геноцидот кој секојдневно се случува врз палестинскиот народ. Маршот, под мотото „Од Скопје до Газа – народот вели НЕ!“, беше дел од глобални и регионална собири кои истовремено се одвиваа во ...

Самитот на Северноатлантската алијанса, одржан во средата во Хаг, покажа дека огромното мнозинство земји-членки, предводени од сервилниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, се обидуваат по секоја цена да му се допаднат на американскиот претседател Доналд Трамп, или да го придобијат и покрај очигледниот факт дека САД под сегашната администрација суштински не се заинтересирани за НАТО, односно за јакнење на оваа безбедносно-политичка ...

Кога диктаторите што ги заробиле и заблуделе своите народи ќе бидат доведени во јасна губитничка позиција, и кога патот во пораз или друг безизлез ќе почне сосем недвосмислено да застрмнува удолу пред нив, тие како по правило – наместо да се освестат и да направат некаков рационален потег кон спасението – помислуваат на самоубиство, но такво во коешто во смрт ќе повлечат што е можно повеќе народ, ако не и целиот свет. Просто е неверојатно ...

На 26 јуни во 20:30 часот, во киното на Железничката зграда во Скопје ќе се одржи изведбата на перформативниот шетачки есеј – радио драма во три чина насловена како „Градот е јавност – #2 дел, Случајот Скопје 1945-2025“. Тој е колаборативен уметнички проект на Филип Јовановски, куриран од Владимир Јанчевски, а како актерка/изведувачка се јавува Мартина Даниловска. ,,Низ својата долгогодишна пракса на градење платформи и искуството, Филип ...

Мој стар говор, адаптиран и реинтерпретиран во контекст на новите ужаси, особено во Газа. Да се потсетиме на изведбата на „Јуришот на Зимскиот дворец“ во Петроград, на третата годишнина од Октомвриската револуција, на 7-ми ноември 1920-тата година. Десетици илјади работници, војници, студенти и уметници работеле без престан, се хранеле со блуткава пченкарна каша, чај и замрзнати јаболка, подготвувајќи ја претставата на местото каде што ...

24/06/2025 01:33 - Окно

Нема голема разлика помеѓу лагите изречени за да се запали искрата за војната со Ирак и оние што сега се изговараат за да започне војна со Иран. Исто како во времето на повиците да се нападне Ирак, проценките на нашите разузнавачки служби и на меѓународните тела повторно лежерно се отфрлаат како халуцинации. Сите стари тропи се воскреснати за да нè турнат во уште едно воено фијаско. Земја која не претставува закана ниту за нас, ниту за своите ...

На 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“, се одржа Парадата на гордоста – протестниот марш за правда и заедништво. Подемот на антиродовите политики во Македонија и ширум светот ги вратија ЛГБТИ+ луѓето, нивните пријатели и семејства, активистите и останатите граѓани-поддржувачи кон протестната форма на изразување несогласување. Повеќе за прајдот овде (+ други фотографии). „Ќе (оп)стоиме заедно“ - Скопје Прајд 2025 | Окно.мк ...

Во Културно социјалниот простор Центар – Јадро вечер ќе се одржи промоција на книгата „Anarchic bodies: Corporeal materialism, affects and the political“ на Славчо Димитров, во рамки на Фестивалот на критичка култура КРИК, кој тематски е насловен како „Преобразби“. Фестивалот е во организација на Контрапункт. Промотори на книгата се професорката Јелисавета Благојевиќ од Белград и професор Љубомир Данаилов Фрчкоски. Книгата е објавена на ...

Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред. Проекцијата ќе се одржи во понеделник, 23 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (ул. Никола ...

Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома, Билал Јилмаз Кураторка: Лидија Хатсијакову Датум: среда, 25 јуни, 2025 Отворање: 20:00 часот Курирано водење: 20:10 – 20:40 Модерирана дискусија: 20:40 – 21:20 Место: Музеј на современа уметност во Скопјe Времетраење на изложбата: 26 јуни - 17 август 2025 година Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „ Парадоксот на Грејсленд: навигирање на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
55%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.43
68%
1026
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
75%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.68
63%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
59%
1027
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
0.0
50%
1026
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
49%
1026
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Родиум

368126.05

Иридиум

229769.28

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.29

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Калај

50.04

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51