Нацистичката кариера на Адолф Ајхман започна на позицијата „шеф на бирото за еврејски прашања и преселување“ во рамки на Министерството за одбрана на Рајхот. Јозеф Брунер, татко на сегашниот шеф на Мосад, Дади Барнеа, имал три години кога со родителите побегнал од нацистичка Германија, пред да стапат на сила нацистичките планови за „преселување“ на Евреите. Минатата недела, Дади Барнеа отпатува во Вашингтон за да преговара за „евакуацијата“ ...

Ози Озборн, мрачниот, демонски главен пејач на пионерскиот бенд „Блек Сабат“, кој стана грлестиот, ‘ржечки глас на хеви металот (и опустошен од дрога и алкохол), почина денеска, само неколку недели по неговата проштална свирка во Бирмингем, Британија. Имаше 76 години. Во 2020 година, тој откри дека има Паркинсонова болест откако доживеал пад. „Со поголема тага отколку што можат да пренесат само зборовите, мораме да објавиме дека нашиот сакан ...

„Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival) започнува од утре и ќе трае до 27 јули во Охрид. Како што информираат организаторите, повеќе од 60 европски филмови на отворено. „Осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска ...

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата Хоризонти на првиот натпреварувачки ден на годинешното издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Македонија повторно ќе биде дел од еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали во светот, а со „МАЈКА“ ќе се натпреварува за награди во повеќе категории – режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања и други. Ова е трет пат како Теона Стругар ...

Чувството за праведност и еднаквост е во вистинската смисла на зборот еволутивна придобивка на човечкиот вид. Тоа е резултат на генетските мутации и природната селекција исто како што се тоа и органите од анатомската граѓа на хомосапиенсот. Тврдењата дека етичките норми и принципите на рамноправност и праведност потекнуваат од религиските системи, или од политичките движења се голо бладање што им противречи и на разумот и на фактите. Вистина ...

Неодамна една млада жена ми се пожали дека најголем бес во неа не предизвикува постоењето на злото во неговата чиста форма, туку фактот што луѓето и институциите што би можеле да направат добро – не прават ништо, со што го загрозуваат целото човештво. Тие зборови ме потсетија на Карл Маркс. Неговиот проблем со капитализмот беше од слична природа. Експлоататорскиот карактер на капитализмот за Маркс беше помалку важен од дехуманизацијата и ...

Граѓаните-чувари на Дошница вчера одбележаа 25 денови откако ги блокираат пристапите до оваа река, притоа кревајќи го гласот против изградба на хидроцентрали. „Луѓе од цела Македонија доаѓаат на Кожуф и ја чуваат планината и реката, а во меѓувреме владата го одби амандманот за одвојување средства од буџетот за студија, со која Кожуф ќе се прогласи за национален парк. Го одби амандманот за течението на реката Дошница да се прогласи за ...

Илан Папе е израелски историчар и политиколог, од 2009 година вработен на англискиот Универзитет во Ексетер, каде што дојде откако беше протеран од Израелскиот универзитет во Хаифа поради критикување на ционистичките политики. На Универзитетот во Ексетер го основа Интердисциплинарниот Европски центар за палестински студии (ECPS). Проблемите на Папе ескалираа кога поинтензивно почна да предава за периодот на основањето на израелската држава во ...

Фашизмот личи на чмар. На сите можеш да им го видиш, ама својот - не! За градот Градот не е прост збир на инфраструктури и дијаграми со човечки движења. Тој е во постојан процес на создавање; се обликува од односите што ги живееме, вредностите што ги поддржуваме и конфликтите што одбиваме да ги избегнеме. Тој е простор каде што преговараме како да живееме заедно, како да се разликуваме, како да се движиме и како да се грижиме. Затоа тој е ...

Во главниот град на Колумбија, Богота, во вторникот на 15 јули започна дводневна конференција за Палестина во организација на Хашката група — асоцијација на повеќе од триесет земји од глобалниот Југ, чија цел е поддршка на одлуките на меѓународните институции во однос на израелскиот геноцид во Палестина. Хашката група е основана во јануари годинава по иницијатива на Прогресивната интернационала — глобално здружение на левичарски партии, ...

Во рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва (17 јули) со почеток во 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. „12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу ...

Во октомври 1989 година, Муслиманскиот институт организираше собир за случајот со Салман Ружди во градскиот совет на Манчестер. Тоа се случи осум месеци по издавањето на фатвата од иранскиот ајатолах Хомеини, со која повика на убиство на Ружди поради неговиот „богохулен“ роман Сатански стихови, што го натера писателот да се крие со децении. На бината беше основачот на Институтот, Калим Сидики, страствен поддржувач на иранската теократија. ...

Третиот ден, последен, на фестивалот Друга приказна донесе три програмски содржини: изложбата на плакати 10 ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА; ПОМЕЃУ ДВАЈЦА (цел еден свет) ‒ разговор за преведувањето меѓу Марија Џонс и Милан Дамјановски; нова епизода на читачкиот клуб ОДРАДЕК: ЏЕК ЛОНДОН и „МАРТИН ИДН“ ‒ разговараа Наташа Атанасова, Марија Џонс, Калина Малеска и Никола Гелевски. Како и претходните денови на настаните присуствуваа 30-40 луѓе, а ...

На само две и пол недели од одењето на пратениците на колективен одмор и три недели до распишување на изборите, имаме правна несигурност и доведување во прашање на уставно загарантираните права на илјадници граѓани и преседан во историјата на државта, со недефинирање на учеството на независните кандидати на претстојните избори. Ова претставува повреда на уставно загарантираното пасивно избирачко право и на правото да учествуваат во вршењето ...

Јубилејното 20. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна програмска селекција. Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски. Добитник на почесното признание на „Астерфест“ за особени достигнувања на полето на филмската и ...

Во среда попладне, мирната површина на Охридското Езеро ќе се претвори во жива чаршија: локални занаетчии и европски дизајнери ќе ги наместат своите дуќанчиња на чамци и ќе впловат кон платформата кај Пливалиште. Настанот, најавен за 17 часот, е финалето на меѓународната резиденција „Lakescape“, проект што паралелно се реализира на езерата Ванерн во Шведска, Балатон во Унгарија и тука, во Македонија. Организаторите од иницијативата ИНКА, со ...

Иако во некој момент од животот развив страв од летање и гледам да го избегнам, сепак, по желба на син ми, кој никогаш претходно не побарал ништо, отидовме на почетокот од јули со авион до Братислава, па оттаму во Виена. На враќање, од причини што не се важни за овој текст, место со авион, се вративме со комбинација од воз, комбе и автобус. На ова патување увидов многу повеќе работи од она што може да се каже со неколку зборови за местата што ...

На книжевниот фестивал Друга приказна на 11 јули во Јадро беше промовиран вториот сет, Фамилија, на психолошката игра со карти Добро прашање. Сетот се состои од три кутии (три нивоа), секоја со по 60 карти. Сетот го промовираа Ива Михајловска, социјална работничка и активистка, и четири писател(к)и: Николина Андова Шопова, Симона Јованоска, Стефан Алијевиќ и Никола Гелевски, кој беше модератор. Во весела и ослободувачка атмосфера, пред ...

Специјалната известувачка на ОН, Франческа Албанезе, минатата недела се најде во центарот на вестите на светските медиуми поради откритието дека десетици организации, како што наведува, профитираат од израелскиот геноцид во Газа. Извештајот што го претстави во Обединетите нации, со наслов „Од економија на окупација до економија на геноцид“, покрај добро познатите виновници од индустријата за вооружување, именува и финансиски и образовни ...

Викендов, одд 11 до 13 јули, во културниот центар Јадро ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври. Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата Магма, три разговори во читачкиот клуб Одрадек (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговори во ...

Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран. -По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата „Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер Лазар Ристовски. Човек кој во својата речиси петдецениска кариера беше и сеуште е дел од ...

Со речиси пет милиони жители и сè поплитки извори на питка вода, Кабул е на пат да стане првиот модерен град што би можел целосно да остане без вода до 2030-тата година. Во главниот град на Авганистан – земја со која од 2021-та година повторно управуваат талибанците – пресушија повеќе од половина бунари, а 80 проценти од подземните води се загадени, соопшти невладината организација Mercy Corps на почетокот на јуни годинава. Нивото на вода во ...

Петро Алексовски е филмски режисер и документарист од Полска со македонско потекло, чие творештво се движи меѓу личното сведоштво и колективната меморија. Роден во Гдањск, но со корени од Егејска Македонија, Алексовски преку своите филмови отвора прашања кои долго време биле премолчувани – за идентитетот, за прогонството, за заборавените траги на историјата. Неговиот документарец „Македонецот“ е посветен на судбината на неговиот татко, кој ...

Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува сè потешко да се разликува вистината од вештачката интелигенција и сè понеподносливо да се прифати дека постојат повеќе истовремени – а најчесто и неверојатно различни – реалности. Но, дури и во свет на контрадикторности, има нешто што човек, сепак, може беспогрешно да го разликува, иако се чини дека го снемува додека сè наоколу незапирливо тече. Тоа е ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на ...

Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам 2025“ ќе започне на 15 јули во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. На програмата се ревијалната изложба на алтернативни фотографски техники „ФотоСинтеза“ која ќе се отвори од 20 часот во Империјал 2 во КИЦ, како и премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – Приказна во слики“ од 21 часот во Салонот 19:19. Како што велат од КИЦ, во ...

Премиере, вчера Ве слушав на прес-конференција како изнакажавте еден куп глупости и празни зборови, откако ретериравте од „брилијантната“ идеја за даноци за немажени и неженети. Зборувавте дека сте загрижен за „демографската иднина на Вашата татковина“, од аспект на тоа што во Македонија снемува деца и набројавте како во 2016 година се родени 23.000 бебиња, додека во 2024 – 16.000, што е рецесија од 30 отсто. Зборувавте и за фертилитетот во ...

Веројатно беше неизбежно тоа што одбивањето на Шпанија да се покори на барањата на Доналд Трамп и НАТО – и да ги зголеми воените трошоци на 5 проценти од БДП заедно со останатите сојузници – ќе ја разгневи американската администрација. Трамп веднаш му се закани на шпанскиот премиер Педро Санчез со построг трговски договор, вклучително и тоа дека Шпанија ќе плаќа „двојно повисоки“ царини во споредба со земјите што покорно ги следеле неговите ...

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Претседателот на Владата Христијан Мицковски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода, реагираат од Мрежата за заштита од ...

РАДОСТА НА ЕДЕН КРОНОПИО Средба меѓу еден кронопио и еден фама на голема распродажба во продавница за текстил. – Добар ден, кронопио над кронопијата. – Добар ден, фамо. Трегва катала еспера. – Кронопио над кронопијата? – Кронопио над кронопијата. – Конец? – Два, ама еден син. Фама го цени кронопио. Тој никогаш не зборува пред да почувствува дека неговите зборови се соодветни, стрепејќи дека есперансите, тие светкави микроби, кои секогаш се на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
74%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.2
69%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
72%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
50%
1025
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
3.58
53%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1025
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Платина

69606.37

Бакар

11.80

Родиум

368126.05

Цинк

3.28

Сребро

2704.52

Калај

51.64

Рутениум

45750.51

Кобалт

66.14

Паладиум

52823.68

Алуминиум

3.35

Иридиум

221848.72

Злато

166049.28