Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Уништено корито, загадена вода, брани од градежни материјали среде тек, наместо кеј – брегови од депонија. Ова е сликата за нашата најголема река Вардар, за нашиот симбол опеан во стотици народни песни, слика која се пресликува речиси во секој град низ кој минува нејзиното корито. Ништо подобра не е состојбата на Вардар во Велес и велешкиот регион: валкан, токсичен и претворен во голема канализациска цевка во која завршуваат фекалиите од ...
Драмски театар Скопје ja отвора сцената за најиновативните и најкреативните проекти од независната театарска продукција. Од 11 до 20 септември, публиката ќе има уникатна можност да ги проследи претставите кои ја дефинираат новата генерација уметници – од драмски драми до неконвенционални експерименти што внесуваат свежина и динамика во македонскиот театар. Отворањето е со „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска, а во текот на деновите ќе ...
Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ бара волонтери и волонтерки кои ќе им помогнат сите настани на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ да се одвиваат навремено и непречено. Фестивалот ќе се одржива на 26 и 27 септември, во кафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ и предвидена е дводневна програма што вклучува базар, свирки, изложби, панел-дискусии, предавања и поетски читања. „Поради ...
Оксфордскиот речник на англискиот јазик го дефинира тероризмот како „неформална или неовластена примена на насилство за постигнување политички цели“. „Неформална и неовластено“ е таму за да го заштити секој војник на планетата од судско гонење за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Израелските одбранбени сили можат да масакрираат деца и да претвораат болници во урнатини, но позицијата на државната војска на Израел е дека на тие ужаси ...
Пејачот Род Стјуарт неодамна имаше неколку изненадни гости на концертот во Северна Каролина. Се појави неговиот починат пријател Ози Озборн, во друштво на неколку претходно починати музички ѕвезди, меѓу кои Мајкл Џексон, Тина Тарнер и Боб Марли. Сите беа вратени во живот преку вештачка интелигенција. Во исто време, поранешниот дописник на Си Ен Ен од Белата куќа Џим Акоста интервјуираше дигитално создаден лик на Хоакин Оливер, кој беше убиен ...
На 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе бидат одиграни две претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар (МНТ). На 9 септември, во Центарот за култура „Антон Панов“, публиката ќе може да ги погледне претставите „Народен пратеник“ од 20 часот и „Бели ноќи“ од 22 часот. Фестивалот свечено беше отворен на 8 септември – Денот на независноста, а ќе обедини претстави од Македонија, Србија, Бугарија и ...
Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Како што објаснува Весела Моловска, основач и оргнизатор на фестивалот, „Еволуција на сонот“ носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма ...
Зошто ни е потребна вашата поддршка, почитувани читатели на Окно. Книгоиздателството Темплум годинава одбележува два значајни јубилеи: 10 години од регионалниот книжевен фестивал Друга приказна; 20 години од наградата Новите! – за најдобар дебитантски прозен ракопис. ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОДДРШКА Двата важни јубилеи, поради подобра видливост и поголем интензитет, ќе ги одбележиме од 10 до 12 октомври, во рамките на десеттото тридневно ...
Вчера нејзината блага насмевка на фотографијата на ФБ-профилот на Кинотеката по повод нејзината смрт, ме трогна, ме растажи и ме врати во едно неповторливо време во македонската култура во 70-те, чиј фокус, барем за мене, тогаш беше токму таа, нашата Илинка. Така ја викавме Илинденка Петрушевска сите ние што ја знаевме и сакавме како блиска пријателка, како вљубеница во филмот или како најхаризматичниот дух во Кинотеката. Нејзиното име ...
„Не е работа на филмскиот критичар да покаже колку е паметен, туку да ги натера филмските консументи да научат нешто повеќе“ Илинденка Петрушева Кинотеката на РС Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејството заради загубата на многупочитуваната Илинденка Петрушева, неуморен истражувач на историјата на македонската кинематографија, посветен филмолошки работник, филмски критичар, голем вљубеник во филмската уметност и ...
Во поимите од книжевната теорија кои барем со половина чекор зачекориле во „реалниот свет“ спаѓа и оној на имплицитниот читател. Станува збор за замислен читател кој авторот на некој роман, овој напис или, ако го прошириме медиумскиот репертоар, контент креаторот, „го има во глава“ кога пишува или создава производ што сака да го пласира пред јавноста. И во ситуација кога само разговараме со помал број луѓе во WhatsApp група, свесно, несвесно ...
Агенцијата за филм ја информира јавноста дека два македонски филма – „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски и „Мајка“ на Теона Стругар Митевска – се селектирани во официјалната програма на престижниот 69. BFI London Film Festival, што ќе се одржи од 8 до 19 октомври 2025 година. Ова претставува историски момент за македонската кинематографија, бидејќи за првпат два домашни наслови ќе имаат проекции на еден од најзначајните и најценети филмски ...
Секојдневно сме преплавени со ужасни слики од Газа, Украина, Судан. Не треба да нè чуди што стануваме неосетливи на овие вести и што тие повеќе не нè шокираат. Десет деца убиени во Газа – па што, вчера беа дваесет. И обемните анализи станаа здодевни. Иако се појавуваат нови важни детали, како оној дека израелските служби изгледа знаеле за нападот на Хамас на 7-ми октомври и го дозволиле да се случи за да се оправда создавањето на Големиот ...
Почнувајќи од септември, па се до крајот на годината, „Јуроп хаус“ ќе реализира низа активности во Кочани кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта. Активностите започнуваат на 4 септември со настапот на „Биби и Боби“ на градскиот плоштад, пред Домот на култура. „Настанот се организира по повод почетокот на учебната година, со посебен акцент на најмладите, првачињата“, велат од „Јуроп хаус“. Следната активност, под ...
ЦРВЕНО Летата доаѓаме во Скопје. Сите, без исклучок, ако не се смета годината на пандемијата. И во неделите од скопските лета вообичаено излегуваме со Илак и моите пријателки некаде во природа, дали Градскиот парк, дали Скопска Црна Гора, Матка или Водно, сеедно. Минатото лето во еден пеколно жежок ден излеговме до реката Треска во истоимениот широк ресторански простор распростран долж реката. До реката и под сенките на столетните дрвја ...
Да го заборавиме за момент тековното препукување помеѓу Трамп и претседателот на Федералните резерви. Да се вратиме на состојбата од пред шест месеци, состојба што траеше изминативе педесет години. Од едната страна се наоѓа големиот и моќен табор на неолибералите. Како што покажува Квин Слободијан во својата извонредна книга Глобалисти: падот на империјата и раѓањето на неолиберализмот, неолибералите собрани околу друштвото „Мон Пелерин“ беа ...
Кинотеката на Македонија од 13 септември ја започнува новата Филмска училница – едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. „Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат ...
На 4 септември, во 20 часот, во обновената кино-сала во Валандово ќе се одржи промоција на винил изданието на ансамблот„Распеани Валандовчани“. Промоцијата е во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот. Влезот на настанот е отворен и организаторите ги покануваат сите заинтересирани граѓани да дојдат на промоцијата. Во рамки на промоцијата, ансамблот ќе настапи во живо со дел од нивниот репертоар кој ќе вклучи и песни ...
Независниот театар „Штрих“ го организира „Under 600“ – фестивал што ќе ги обедини независните театри од Западен Балкан, од 25 до 28 септември на различни локации во Скопје, каде ќе се одиграат репрезентативни претстави од независната сцена од регионот. „Преку овој ревијален фестивал, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар, како и предизвиците со кои тој се ...
Бранко Тричковски му раскажувал виц на Бранко Героски: ‒ Никола Груевски дал оглас дека продава трактор. „Зашто го продаваш тракторот?!“, зачудено го прашале пастирот неговите верни соработници. „Ја продадов земјата и трактор веќе не ми треба“, искрено одговорил Груевски. Додека Тричковски гласно си се смеел на сопствениот виц, Героски сериозно возвратил: ‒ Не ми се свиѓаат вакви вицови, со предавници и патриоти. Сè си има свое, сè си има ...
Политичкиот систем на Соединетите Држави одамна се темелен на владеењето на привилегираната елита и капиталот, но од враќањето на Доналд Трамп многу нешта укажуваат на трансформација насочена кон воспоставување покласичен авторитарен режим. Минатата недела Трамп најави дека ќе ја распореди Националната гарда на улиците на Чикаго, Њујорк и други градови – воена формација која веќе ја испрати на улиците на Лос Анџелес и Вашингтон. Формалната ...
Синоќа заврши 16-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“. Традиционално на „МакеДокс“ се доделуваат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваа 15 интернационални ...
Земјите на НАТО за воени потреби планираат да трошат 2,3 илјади милијарди долари секоја година! Последните денови на сите империи во умирање се сцена во која доминираат идиоти. Вака отприлика, под наслов безмалку како горниот, пулицеровецот Хеџис пишува за одумирањето на американската империја, споредувајќи ја со римската, мајанската, хабзбуршката, француската, руската, османлиската и советската империја, кои сите без исклучок на крајот беа ...
Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9 септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12 септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“ на 13 септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, ...
Фразата „нов капитализам“ ја употребив во мојата книга „Capitalism, Alone“ од 2019-тата година. Што е тука ново? Во класичниот капитализам од 19-тиот век европските економисти го делат општеството на две класи: една која поседува капитал (или со марксистичка терминологија „средства за производство“) и друга која не поседува капитал и за да преживее ја продава својата работна сила на капиталистите. Тоа беше груб, но точен приказ на светот на ...
Демократијата не може да постои без жени, бидејќи нивното исклучување од политиката значи нејзино уништување од самите темели, порача синоќа Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир и еден од лидерите на Вреди од собирот на Форумот на жени на коалицијата. Сепак, Вреди на претстојните локални избори, закажани за 19 октомври, не номинира ниту една кандидатка за градоначалничка во 16 општини каде претендира да раководи со локалната власт. ...
Мила моја, добра и несреќна ж, Еве ме среде Мароко (среде најмрачната мароканска внатрешност, како што би рекле Сервијанците), а времето лудо лета, ова ми е веќе сто дваесет и третиот ден од робувањето во централната армиска печатница. Еве ме, каде што кулучам (fornarbeit, тлака) или аргатувам (diurno, diurnista), зависи како ќе земеш, дали робувам или надничарам за мазда, а освен тоа, прости ми што се расфрлам со турцизмиве, ама како што ...
Неодамна заврши големиот меѓудржавен состанок на Обединетите нации во Женева, на кој учествуваа вкупно 184 држави, со цел конечно усвојување на првиот обврзувачки меѓународен документ што требаше да го ограничи загадувањето со пластика на глобално ниво. Меѓутоа, по десет дена преговори, состанокот во Женева заврши со неуспех. Не беше усвоен никаков документ, а камоли обврзувачки, пред сè поради отпорот на таканаречените петрохемиски држави. ...
Изминативе осум години работев како хонорарен соработник за новинската агенција Ројтерс. Моите фотографии што ги покриваат приказните од прериските провинции беа објавени во „Њујорк тајмс“, „Ал Џезира“ и други медиуми низ Северна Америка, Азија, Европа и на други места. Во моментов, за мене е невозможно да ја одржувам врската со Ројтерс имајќи ја предвид нејзината улога во оправдувањето и овозможувањето на систематското ликвидирање на 245 ...
Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...