Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Театарот „Чекори“, сабота 22.11 2025 во 20 часот, во Makka bar, ќе ја изведе претставата „Ехо на заборавот“, која, како што велат од театарот, припаѓа на жанрот модерна трагедија. Според информациите, „Ехо на заборавот“, ја истражува темата на менталното здравје, идентитетот и општествената стигма преку приказната на млад геј маж што живее со шизофренија. Од „Чекори“ укажуваат дека претставата содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки ...
Извор: Дојче Веле Утре, среда (19.11), почнува најважното судење во државата. Семејствата на 63 жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ доаѓаат по правда за прекинатите животи на нивните најмили и за болката што им е нанесена на повредените и на сите засегнати од трагичниот настан. Најавено е дека ќе се одржуваат по две рочишта неделно за судењето да добие навремена и квалитетна разрешница. На обвинителна клупа ќе седнат 38 обвинети, ...
Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам од денес започнува со серија информативни сесии што ќе се одржуваат во „Europe House“ низ повеќе градови во земјава. Целта е поблиску да се претстават актуелните и претстојните повици од програмата „Креативна Европа“ – компонентите „Култура“ и „МЕДИА“. Информативните сесии ќе се одржат според следниот распоред: • Струга – 18.11.2025 (12:00–14:00) • Крива Паланка – ...
Денес се навршуваат 105 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните интелектуалци во македонската културна историја и авторот кој со својата визија, научна прецизност и национална свест ги постави темелите на современиот македонски литературен јазик. Роден во 1874 година во селото Постолово, Мисирков многу рано го насочува својот интерес кон јазикот, културата и идентитетот на македонскиот народ. Неговиот капитален ...
Мировниот план на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Појасот Газа се претвора во примирје со непознат рок на траење. Шестмина неименувани европски функционери директно вклучени во обидот за спроведување на планот за Ројтерс изјавија дека напорите всушност застанале, што би можело да резултира со повеќегодишна поделба на Појасот Газа на два дела. Моменталната фактичка состојба е таква што Израел контролира 53 проценти од територијата, што ...
Иднината е веќе овде – само не е подеднакво дистрибуирана. - Вилијам Гибсон За почеток, своевидна тривија Филмот Диџеј Ахмет, е прв долгометражен филм на режисерот и сценарист Георги Унковски, кој е снимен во октомври и ноември 2024 година, за 36 дена, во радовишките јуручки села Коџалија и Али Коч, како и во Скопје. Филмот е на турски и македонски јазик. Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер ...
18.11.2025 / 19:00 / Театар за деца и младинци слободен влез бројот на места е ограничен – пријавете се на lokomotivaskopje2015@gmail.com Есенското издание на Перформанс Платформа фестивал (ППф) 2025 го затвораме со CODOMESTICATION на Крот Јурак и Алекс Бејли (Естонија/Велика Британија, во моментов живеат и работат во Австрија) – перформанс првично создаден заедно со нивното мало дете, а денес се претставува преку работилници и испробувања ...
Еден убав пролетен ден, околу пладне, во осумдесеттите години на дваесеттиот век, Блаже Конески ведро и полетно зачекорил во бавчата во „Јоле“ носејќи го под мишка загрепското списание за култура, „Око“. ‒ Многу убаво роденденско интервју со Весна Парун ‒ му рекол Блаже на Гане Тодоровски, спуштајќи го весникот на масата, и седнувајќи крај него. ‒ Слушни го ова, Гане, што вели драгата Весна: „Да умреш непознат. Да се истопиш. Да одлеташ. Да ...
Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција! Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата има висока цена за жените, за семејствата и за целиот здравствен систем. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со партнерските организации Здружение ...
Принтскрин од објави на Профилот на Слободен печат на Инстаграм Еден од најпрофесионалните медиуми во Македонија, Слободен печат, кој покрај тоа што сè уште печати и продава дневен весник, стои зад, слободно може да се рече, еден од најчитаните онлајн медиуми, но и следените Инстаграм профили во државата со речиси 70.000 следбеници. Но, за жал последната седмица, нивниот профил е заклучен. А, тоа значи не може да се види јавно, освен ако не ...
Поставувањето на дванаесет ора од првата касета од Колекцијата Фирфов, дигитализирана во ИРАМ/Бужар во 2002 година, постепено прерасна во битка за чување на достоинството на македонскиот музички фолклор и штитење од кражби и злоупотреби. Уште при поставувањето на орото „Поступано“ пред повеќе од еден месец, ние се соочивме со рестрикции во врска со сродните (продуцентски) права од Кроациа Рекордс (наследник на Југотон), за што напишавме во ...
Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли ...
Во пресрет на почетокот на триесеттиот меѓународен климатски самит (ЦОП 30), што се одржува во бразилскиот град Белем, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, неуспехот во ограничувањето на глобалното затоплување го нарече „морална пропаст и смртоносна негрижа“, додека претседавачот на конференцијата, Андре Кореа до Лаго, констатираше дека „богатите земји го изгубиле ентузијазмот за борба против климатската криза“. На ...
Овој викенд, Интеркултурен хаб Скопје ja организира мултимедијалната вечер „Години на опасно живеење“ — програма која ги спојува перформансот, филмот, видеото, графичкиот дизајн и електронската музика во едно урбано искуство. Учествуваат шестмина млади авторки и автори кои се дел од најживата и најпрогресивна линија на скопската културна сцена: критички настроени кон стварноста, бескомпромисни во експериментот и отворени кон деконструкција на ...
Со премиера на „Макбет“ и гости од Полска, САД, Хрватска, Англија и Бугарија, фестивалот го слави денот на првиот македонски театар. Театри од Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и Македонија ќе настапат на 11. издание на „Битола Шекспир фестивал“, што ќе се одржи од 14 до 21 ноември во организација на Народниот театар – Битола. Ова издание на фестивалот се совпаѓа со 14 ноември – денот на основањето на првиот македонски театар, што ...
Денес Скопје го одбележува 13 ноември – Денот на ослободувањето на градот, еден од најзначајните датуми во неговата историја. На овој ден, во 1944 година, единиците на Народноослободителната војска влегле во главниот град и ставиле крај на четиригодишната германска окупација. Денот се слави како симбол на отпорот, достоинството и жртвата на генерации кои го изградиле Скопје што го знаеме денес. Борбите за ослободување на Скопје Во текот на ...
Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го најавува новото, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ од 19 до 25 ноември. „Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти“, соопштуваат од МКЦ. Под насловот „Нашите во светот“, велат оттаму, ...
Оваа власт, која некогаш ветуваше развој и независност, денес ја претвори државата во резерват на зависност и манипулација. Ги подари нашите природни и енергетски ресурси на странски приватни компании, за да истите тие ни ја продаваат струјата што требаше да биде наша. Иронијата е што тоа го нарекуваат „енергетска независност“. Истата власт се подготвува да нè задолжи со милијарди евра за загубарскиот проект наречен „брза пруга“, без никаква ...
Еманципаторските движења ширум светот со право се израдуваа на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк. Се покажа дека современата популистичка десница нема монопол врз мобилизацијата на масите и привлекувањето нови или разочарани гласачи. Тоа можат да го направат и демократските социјалисти. Но, како што добро знае Мамдани, неговата победа ќе биде проследена со обиди за економска и финансиска саботажа. Американскиот ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“. Обвинителниот акт опфаќа 34 лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, ...
Кога ќе ги земеме предвид сите ужаси на втората администрација на Трамп, рушењето на Источното крило на Белата куќа тешко дека би се нашло меѓу првите десет. Но тоа претставува моќен симбол на слепото уништување – а како што добро знае самиот Трамп, сликите во политиката се исклучително важни. Ова рушење на необичен начин ги обединува многуте елементи карактеристични за типично трамповскиот пристап кон власта: бесрамните лаги за проектот на ...
„Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од 12 до 19 јуни 2026 година. Ова мото е поткрепено и со визуелен идентитет на фестивалот за кој и годинава се погрижи дизајнерката Ема Велковска. Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот ја споделува нејзината експликација за визуелниот идентите на јубилејното издание на МТФ „Војдан ...
Припадници на Полисарио Во сенка на актуелните геополитички кризи, речиси незабележано помина резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Западна Сахара, изгласана на 31 октомври по предлог на САД. Во документот стои дека „вистинската автономија под марокански суверенитет претставува најизгледно решение“, што е првпат во половина век долгата историја на овој конфликт ОН да заземат ваков став, очигледно благодарение на ...
Државата каска во имплементирањето на регионални центри за третман на отпадот и покрај тоа што добива пари од ЕУ, а општинските комунални претпријатија не работат ефикасно. Властите не направија напор да ги донесат законот за вода и за клима, да ги заштитат Охрид, Матка и Маврово, ниту пак да ја подобрат состојбата со неефикасната и неквалификувана јавна администрација, стои во најновиот Извештај за напредокот на Македонија на европскиот пат, ...
Грешка е младите да се сфаќаат како некој монолит и да им се припишува некаква позитивна есенција. Прво, денешните стари биле некогашните млади. Претходни генерации во свое време успеале да се ослободат од Отоманската Империја, да го победат фашизмот, и да ја создадат Југославија. Значи, од религиозна закрепостеност преминале во секуларна, индустриска цивилизација со родова еднаквост, работнички права, пензии итн. И од тоа што сум видел, ...
„Операта и балетот се во сржта на културата на многу луѓе кои живеат во Лондон и на југот на Англија“, рече еднаш во парламентот поранешниот конзервативен министер Џејк Бери (сега член на партијата Реформ УК). „Но, за многумина од нас на северот, тоа место го зазема нашиот локален фудбалски клуб – нашите Глајдборн, Кралскиот балет, Кралската оперска куќа или Ројал Шекспир Компани се Блекбурн Роверс, Акрингтон Стенли, Бароу, Карлајл или ...
Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) на 4 ноември го објави новиот годишен извештај за состојбата со глобалните емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Извештајот Emissions Gap Report нуди две клучни перспективи: од една страна, колкаво глобално затоплување ќе предизвикаат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, а од друга – колку сегашните климатски политики, стратегии и цели се далеку од тоа да го ...
Франција, Велика Британија, САД па дури и Германија, се соочуваат со сериозни фискални проблеми поради растечките обврски за пензии, социјални програми и воени расходи кои политичарите не сакаат да ги намалат, додека истовремено одбиваат да ги зголемат даноците. Има луѓе кои веруваат дека демократијата лошо влијае врз фискалната разумност, бидејќи на демосот не може да му се објасни дека мора да живее според своите можности. Но постои и друго ...
Во Грејси Меншн, резиденцијата на градоначалникот на Менхетен, наскоро ќе има прва дама од Генерација Z. Тоа е Рама Дуваџи (28), сопругата на новоизбраниот градоначалник Зохран Мамдани, која обично се држи подалеку од светлата на рефлекторите, но беше на бината со него при прогласувањето на победата над поранешниот гувернер Ендру Куомо. Биографија и образование Рама Дуваџи е родена во 1997 година во Хјустон, Тексас, во семејство на сириски ...
Во оваа лекција накусо ќе ги разгледаме трите основни поими на Фројдовата теорија: несвесното, потиснувањето и преносот. Овие поими се во сржта на психоаналитичката револуција и се темел на клиничката практика. Несвесното е можеби најемблематичниот поим на психоанализата. Фројд го дефинира како посебна психичка инстанца, различна од свесното и претсвесното. Несвесното е просторот на нагони, потиснати желби и психички конфликти кои го ...