Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Купишта пластичен отпад, градежен шут, дрвја, грмушки и различно ѓубре, се голем дел од причината зошто дождовите кои минатите денови ја зафатија земјава во некои делови предизвикаа катастрофални поплави и оставија стотици луѓе без кров на главата. Одржувањето на проодноста на речните корита повторно е прашање кое се актуелизира само во кризни состојби, иако треба да е редовна активност на локалните самоуправи и државните институции. Фактот ...
Последниве неколку години се меѓу најлошите не само во седумнаесетгодишното постоењето на порталот Окно, туку и во триесетипетгодишното постоење на Темплум (чиј дел е Окно). Окно го уредуваме волонтерски веќе неколку години, а и Темплум е тука некаде. Всушност, целата сериозна македонска културна продукција, комплетно со медиумите, е тука некаде — на пат кон провалија. Главната причини за тој пад се катастрофалните културни политики што се ...
Лудилото во цивилизацијата? Зарем лудилото само по себе не е негирање на цивилизацијата? Просветителските мислители, најпосле, обично тврдеа дека разумот е способност што ги разликува човечките битија од ѕверовите. Ако е така, тогаш јасно е дека безумието е она што почива отаде тие граници и во одредена смисла одговара на точката во која цивилизираните стануваат диви. Лудилото не е во цивилизацијата, туку е нешто сосема надвор од неа и што ѝ ...
Моето дете може да го наслика тоа. Кога велам дека денешната младина не е добра, веднаш ми се појавува сликата на оние древни папируси од стариот Египет. Пред 4.600 години некој писар со трска во раката запишал дека светот ќе пропадне зашто младите се непослушни и мрзливи, и дека не ги почитуваат постарите. Очигледно, со текот на годините сум влегол во тој клуб на стари и нетолерантни луѓе, скептичен кон сè што е ново и поинакво. Но, ако ги ...
Тврдењето на премиерот Мицкоски дека „ВМРО-ДПМНЕ е народна и партија од народот“ односно дека само една политичка партија го претставува „народот“ е класична популистичка реторика со цел да ја изедначи својата политичка организација со целата нација, практично обидувајќи се да ја делегитимизира опозицијата и нејзините гласачи. Еве еден проширен контрааргумент на тврдењето на Мицкоски дека гласачите на опозицијата не се дел од „народот“: 1. ...
Изминативе денови јавноста со будно внимание ја следи ситуацијата околу доброволното појавување на бегалецот од правдата, Артан Груби. Новинарите со драматични вклучувања од пред истражниот затвор известуваа за секој негов чекор - од неговата здравствена состојба и „цимерите“ во ќелијата, па сè до информацијата за негово префрлање во домашен притвор. Паралелно, министри со помпезни обраќања го коментираат неговото „апсење“, кое во суштина е ...
Откако безброј интелектуалци, аналитичари, публицисти, новинари... во децениите по Втората светска војна до точка на бесмисленост го развлекуваа argumentum ad Hitlerum, прогласувајќи го секој провинциски сатрап за Хитлер, Доналд Трамп за кратко време направи нешто што изгледаше невозможно – му вдахна нов живот на тој аргумент и го направи валиден во проценките на делувањето на првиот човек на САД. Проблемот со тој аргумент, познат и како ...
Наградата Горан Стефановски повторно ги повикува младите драмски автори од Северна Македонија да аплицираат на конкурсот за најдобар, досега неизведен драмски текст, кој НУ Драмски театар – Скопје го држи отворен до 28 февруари 2026 година, со цел да поттикне ново домашно драмско писмо и да им даде сцена на автори до 30 години. Според условите, право на учество имаат автори државјани на Северна Македонија кои до истекот на рокот за ...
Сојузот на Синдикатите денес ја одржа првата блокада која започна во 9:00ч. пред Собранието. На блокадата беа упатени критики кон работата на пратениците и нивната неажурност по однос на како што велат од синдикатот најважното прашање за работниците, а тоа е зголемувањето на минималната плата на 600 евра, како и линеарно зголемување на останатите плати за 6000 ден. Од синдикатот најавуваат дека блокадите ќе продолжат веќе во четврток, за кога ...
Лекции по психоанализа (12). Случаите коишто уште од самиот почеток се посветени на научни цели и се третираат во таа насока, страдаат во својот исход; најуспешни се оние случаи во кои, така да се каже, се постапува без претходно поставена цел, кои дозволуваат да се изненадиш од секој нов пресврт во нив, и секогаш се прифаќаат со отворен ум, слободен од било какви претпоставки. Сигмунд Фројд, „Препораки за лекари кои практикуваат ...
Во својот есеј од 1935 година, „Уметничкото дело во векот на својата техничка репродукција“, влијателниот германско-еврејски критичар Валтер Бенјамин го воведе терминот „аура“ за да го опише автентичното доживување на уметноста. Аурата се однесува на физичката близина помеѓу предметот и неговиот набљудувач. Бенјамин тврдеше дека нејзиното губење беше истакнат феномен на 20. век, предизвикан од наметнувањето на дистанцата која ја вршат ...
Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела. Во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се комплетира идејата за Прилеп како град театар, вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот. ...
Да, Трамповото киднапирање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, како и неговата желба за Гренланд, придонесуваат за рушење на постоечките меѓународни норми. И, да, секое присилно окупирање на Гренланд би значело, според зборовите на данската премиерка Мете Фредериксен, дека „сè престанува, вклучувајќи го и НАТО“.. Но, акциите на Трамп не се „без преседан“, како што тврдат многумина. Само се случуваат во нов контекст, кој од корен ги ...
На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...
Часовникот на катастрофата (Doomsday) секоја година го издава Bulletin of the Atomic Scientists, непрофитна платформа фокусирана на следење на загрозувачките активности во областите на нуклеарното вооружување, климатските промени и технологиите опасни за човештвото. Платформата функционира во различни облици од 1945 година, откако последиците од експлозиите на атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки ги згрозија и самите нивни творци. ...
Минатата година во светот е забележан рекорден број милијардери, а нивното заедничко богатство достигна 18,3 билиони долари. Истовремено, запрено е намалувањето на сиромаштијата кое во претходните децении постепено се случуваше, а во некои региони сиромаштијата е во пораст. Ова се заклучоците од годишниот извештај за глобалната нееднаквост што го спроведува организацијата Oxfam International, а кој покажува дека лани во светот живееле повеќе ...
Господар на катастрофите Прв и веројатно последен пат аплицирам на конкурсот за годишна програма на Министерство за култура / Ministria e Kulturës. Мојот проект, книга, е одбиен. Поддржани се проекти од типот Бадникови поворки, Денови на Света Сава, фестивали за локуми и пастрмајлии итн. ‒ во категоријата мултидисциплинарна уметност. Тоа добро го илустрира комплетното урнисување на односот на нашата држава спрема културата. Еве неколку мои ...
Тумрук Јас сум намуртен човек, тумрук како главен јунак од црно-бел историски филм со свиткани веѓи и две длабоки брчки на челото Ова е мојата маска кога во мислите терам правда или просто, сакам да ме прашаат што ми е или зошто сум таков? Осама Толку се зближив со својата осама што престанав да ја одбегнувам и ми стана мила, како жив човек или немо животинче Ми доаѓа дури и да зборувам со неа но тоа не го правам зашто таа нема да одговори ...
Деновиве со светлосна брзина се одвиваат настаните во Сирија, каде централните власти зазедоа големи делови од североистокот на земјата. Таа територија досега ја надгледуваа припадниците на Сириските демократски сили (SDF), курдско-арапска коалиција под водство на сириските Курди. За време на сириската граѓанска војна, SDF – како способна и секуларна паравојска спротивставена на таканаречената Исламска држава (IS) – започнаа да ги поддржуваат ...
Отсекогаш живеев во страв дека ќе бидам изненаден од најлошото; затоа во секоја ситуација се обидував да имам почетна предност – пуштајќи се себеси во неа многу пред таа да се случи. Е. М. Сиоран За непријатноста да се биде роден „Целиот правец на вашето досегашно образование и сите ваши навики на мислењето неизбежно ќе ве направат противници на психоанализата“, напиша Фројд во Уводни предавања по психоанализа (1916). Современата култура ...
Прекин на огнот е кога не гинат Израелците. Прекин на огнот го нарекуваме и кога Израелците не гинат, а во Газа има преку 400 мртви, од кои многумина се деца. И кога Израел среде примирје ќе сруши 2.500 куќи во Газа, а министерот за одбрана Израел Кац им честита на војниците за нивните акции, ние тоа и понатаму го сметаме за прекин на огнот. Прекин на огнот е и кога стотици илјади жители на Газа, заглавени во кал, се смрзнуваат од студ. ...
„Протестираме за плата“, со ваков голем транспарент, со знамиња и стихови од песната „Буџав лебац“, како и со скандирање „Уа, лопови!“, илјадници граѓани денеска протестираа низ скопските улици. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, по што илјадниците работници од сите градови на Македонија се упатија кон Собранието и Владата. Ниските температури не ги спречија граѓаните да излезат и да го искажат својот револт поради ...
Оној кој треба да слушне, најпрво мора да почувствува дека бил слушнат. Природниот нагон за сопственост Кога некој во едно друштво го нарекол нагонот за сопственост природен, господинот Којнер ја раскажал следнава приказна за рибарите староседелци: На јужниот брег на Исланд има рибари кои морето го поделиле на парчиња со помош на цврсто закотвени бови и го распределиле меѓу себе. Кон „водните ниви“ рибарите се приврзале како да се нивна ...
Еднаш „реалистот“ Славко Јаневски се камуфлирал во Димитар Митрев и легнал под клупа на булеварот ЈНА, негде карши Сојузот на борците, во бусија да го чека и да го исплаши незгодниот водач на „модернистите“ Владо Малески Тале. Кога Тале се појавил Славко ненадејно изрипал од под клупата и гласно викнал: ‒ Славко Јаневски е најголемиот македонски модернист! *** По урнек на Славко, еднаш Димитар Солев се камуфлирал во Владо Малески и легнал ...
Што се случува кога вештачката интелигенција ќе го надмине човекот не само во брзина, туку и во разбирање, креативност и решавање сложени проблеми? Ова прашање веќе не е научна фантастика, туку сериозна тема на глобалните политички и економски маси. На Светскиот економски форум во Давос, двајца од највлијателните луѓе во светот на вештачката интелигенција се соочија токму со тоа прашање во разговорот насловен „The Day After AGI“. На сцената ...
Внатрешната и надворешната политика на Трамп – од обидот за пуч пред пет години, преку упадот во Венецуела минатиот викенд, до новите закани кон Куба, Колумбија и Гренланд – ги поткопуваат внатрешното и меѓународното право. Но тоа не е сè. Тие го загрозуваат она што го подразбираме под цивилизација. Моралната цел на цивилизираното општество е да ги спречи посилните да ги напаѓаат и експлоатираат послабите. Во спротивно, би биле трајно ...
„Ајкулите да беа луѓе“, го прашала господинот Којнер малата ќерка на неговата газдарица, „дали би биле попристојни кон малите риби?“ — „Секако“, рекол тој. „Ајкулите да беа луѓе, ќе изградеа во морето големи сандаци за малите риби, полни со секаква храна, растителна и животинска. Би се погрижиле сандаците секогаш да имаат свежа вода, и воопшто би преземале разни санитарни мерки. На пример, ако некоја рипка ја повреди перката, веднаш би ѝ ...
Во последните месеци, граѓаните сè почесто реагираат на значителното зголемување на цените на билетите во клучните културни институции во Скопје – Драмскиот театар, Македонската филхармонија и Националната опера и балет. Станува збор за установи кои целосно се финансираат од државниот буџет, а чие постоење, по дефиниција, треба да служи на јавниот интерес и културната достапност. Наместо тоа, новите ценовници отворија сериозна дебата: дали ...
Задоволство е – и должност – да бидам со вас во оваа пресвртница за Канада и за светот. Денес ќе зборувам за распадот на светскиот поредок, за крајот на една убава приказна и за почетокот на една брутална реалност во која геополитиката меѓу големите сили не подлежи на никакви ограничувања. Но, исто така ви посочувам дека другите држави, особено средните сили како Канада, не се немоќни. Тие имаат капацитет да изградат нов поредок што ги ...
Додека администрацијата на Трамп ги интензивира напорите за преземање на Гренланд од Данска — или негово заземање со сила — некои технолошки инвеститори од Силиконската долина го промовираат замрзнатиот остров како локација за таканаречен град на слободата, либертаријанска утопија со минимална корпоративна регулатива. Дискусиите се во рана фаза, но идејата сериозно ја разгледува Кен Хауери, изборот на Трамп за амбасадор во Данска, кој се ...